„Нов бран“ пропаганда

6/12/2012

Вчера, случајно на маса се постави прашањето: „Која е најразвиена индустрија во Македонија?“
Без двоумење, одговорив: „Пропагандата“. Денеска ми се потврди впечатокот гледајќи ги најновите пропагандни спотови на ДПМНЕ за „новиот бран“.
На времето, во „комунизмот“, најуспешните ученици и студенти беа јавно примани во „партијата“ која се грижеше за нивната професионална кариера. Носителите на црвени книшки стануваа пропагандни орудија на „партијата“ која, за возврат, ги претвораше во „привилегирана каста“.

Денес, како ништо да не се променило. Божемните анти-комунисти јавно регрутираат успешни студенти кои стануваат пропагандни орудија во кампањата за „новиот бран“ со слоганот: „Македонија ќе успее“.
Бре, со кого ќе успее Македонија? Со новата „привилегирана каста“ партиски војници? Ќе успее со „бубалици“ кои пелтечат пред камери штапски соопштенија и слогани? Со луѓе кои го продале својот глас на „Центарот за комуникации“, а својата сенка на каналот „ВМРО-ДПМНЕ ТВ“?
Не очекувам некој од „продадените студентски души“ да го постави логичното прашање: Ако слоганот на ВМРО-ДПМНЕ после 6 години власт е дека допрва „Македонија ќе успее“, тогаш, има ли појасно признание за тезата - „Преродбата во 100 чекори“ ја претворила Македонија во неуспешна држава?
Пропагандата е индустрија со краток рок на траење. Пропагандните орудија бргу се „абат“ или стануваат технолошки вишок. Како што комунистичката револуција ги јадеше сопствените деца, така и „Преродбата“ ќе ги изеде партизираните „студенти“ од „новиот бран“. А стариот бран ќе си продолжи да владее – на чело со ветераните Ѕинго, Амди Бајрам и „младичот“ Грујо кој истера цела деценија на власт, сурфајќи на „новите пропагандни бранови“.

1 коментари:

Анонимен рече...

Да и јас баш ги видов младите скоевци и се запрепастив. А и многу ме интересира на кој начин се случило претопувањето на „младите македонски студентски надежи“ со движењето ДПМНЕ. Дали сите они онака самоинцијативно се приклучиле или добиле покана од штабот. Бидејќи е малку чудно сто души со ептен високи просеци да се приклучат во ДПМНЕ одеднаш, веројатно биле повикани од штаб. Е тогаш останува прашањето по кој критериум биле викани, оти откако ги видов рекламите се јавив на двајца познаници што беа избрани за најдобри студенти на своите катедри и за чудо на ниеден не му се јавиле од ДПМНЕ. Во секој случај, повеќе ги сожалувам дечкиве и искрено ми се згади кога ги гледав спотовите.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week