Бре, бре, чудо големо. Даночници влегле во МПЦ. Да не проверуваат случајно колку коњски сили има возниот парк на владиците? Да не го проверуваат потеклото на нивниот имот? Или, пак се во тек преговори за „паушалот“?
„Македонската православна црква и останатите верски институции не се дел од системот на фискално работење. Тие годишно на државата и плаќаат данок, врз основа на утврден паушал.“ (Ексклузивно: УЈП влезе во храмовите на МПЦ)
Ма, кај се чуло и видело: „дај ми попе фискална за лопата од 3.800 евра“. Ако утврдениот „паушал“ добие благослов од МПЦ, тогаш камбаните паушално пак ќе бијат за „Преродбата“. И пак ќе ИЗГРЕВа ново сонце на слободата на лицитација на златни лопати!
0 коментари:
Објави коментар