Ќе ми каже ли некој зошто го славиме 23 октомври - т.н. ден на македонската револуционерна борба?
Иако Владата тврди дека во 1893 г. на тој ден било основано ВМРО, историски тоа не може да се поткрепи. Според спомените на Татарчев, за името на организацијата се расправало дури на средбата пред Водици во 1894: „На истата седница долго се разгледуваше прашањето какво име да носи Револуционерната организација и Комитетот. Ова прашање ни одзеде прилично време, и најпосле, колку што се сеќавам, усвоивме да се наречат: „Македонска револуционерна организација“, а Комитетот - „Централен македонски револуционерен комитет“, а скратено „Ц.М.Р.К.““
Значи, името ВМРО не се користело во 1893 г., а почнало да се користи дури во 1920 г., откако Организацијата била возобновена (претходно, од 1905 била ВМОРО).
Уште еден куриозитет: Ако „Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври 1893 година според стариот календар)“ (тетка Вики), тогаш зошто Илинденското востание не го славиме на 20 јули, туку на 2 август?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
23 коментари:
Да потсетиме и што напиша Мисирков, во статијата „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“:
„И така револ'уциониiо комитет беше чисто македонцка организациiа по произлез и по состаот му, но тоа беше само работа на iедна част од iедна од македонцките нацiоналности, врзана по име и ло црковно-сколиiцките работи со бугарцкиiо народ и држаа и нивните интереси. Тоiа комитет, во сашност македонцки, за надворешниiо свет и за рисiаните во Македониiа не екзархисти, беше комитет бугарцки.
Комитето не можа да докажит ни на надворешниiо свет, ни на самите македонци не екзархисти, оти он не iет бугарцки.
Радев со своiот „Mouvement Macedonien" мислеше да убеди Европа, оти движен'ето iет чисто македонцко, и немат нишчо обшчо со Бугариiа. Истото сакаа да докажат и „Право" и друзите македонцки и бугарцки ноини. Но достигнаа ли они цел'ата? - Не.
Покоiниiо А. А. Ростковцки не iеднаш кажуаше: „Бугарите мисл'ат, оти само они имаат ум на светов, а сите друзи сет будали. Кого мисл'ат они да излажат со статиiите во „Право" и друзите ноини, оти македонците сакаат Македониiа за македонците? Знаеме ниiе многу арну, шчо сакаат они"! А какво впечатлеiне праеа на дипломатцкиiо свет ноинарцките уверуаiн'а на комитето и бугарите за македонцкото движеiн'е? Не требит да се забораат и то, како се изражуваа во европеiцките ноини за стражеiн'ата на четите со турците: четите се викаа банди и то бугарцки а не македонцки. За убитите четници не кажуваа: „убити сет толку души македонци, ами толку души бугари".
Се прашат кого убедиiа: „Mouvement Macedonien", „Право", „Автономиiа" и др. во тоа, оти ратуваат за слободиiа македонците, а не тиiе, шчо се викаат „бугари" и сет от Македониiа и Бугариiа? - Никого.
Можит да бидит, комитето успе во самата Македониiа да се чинит обшче македонцки, само не доби признааiн'е од надвор, во Европа? - Одваi ли.
Револ'уциiата требит да бидит работа на сите македонци, или на болшинството од ниф, за да можит да се наречит обшча. Во самиiо комитет требит да бидат застапени сите, или неколко народности. Интелегенциiата на тиiе народности требит да си подадит iедна другиму рака и секоа од ниф да земит да попул'аризират идеiата во своiо народ. А шчо видиме во деiствителност? Не само интелегенциiата на сите народности, не и на болшинството од ниф, ами па и интелегенциiата на наi силната македонцка народност - словените, не сета беше застапена во комитето: србоманствуiук'ата и гркоманствуiук'ата македонцка словенцка интелигенциiа беше на страна от комитетот па и враждебна. Значит комитетот во патриархиските села и градои, и части од села и градои, беше не канет гост.“
Илинденското востание го славиме на 2 август затоа што нашата црква, заедно со Српската се уште работат според стариот календар и според црквата на 2 август е Свети Илија. Па нели имаме проблеми и со Божик, а имаме и уште една нова година наречена Стара Нова Година. Време е и нашата црква да размисли за промени на календарот. Илинден треба да биде на 20 јули, онака како што си бил.
Ако го цитираме Мисирков треба да го цитираме и неговиот напис од 1924 година кога пак напишал - „Се нарекуваме ли ние блгари или македонци, ние секогаш се осознаваме како една целина различна од србите и со блгарско сознание народност“. Не може Мисирков да го цитираме по потреба и според тоа што ни се допаѓа од него. А, да не заборавиме и на неговиот потпис „македонски блгарин“, како и сите други написи каде што тој јасно пишува за своето блгарско потекло, за „македонски блгари“ итн.
Тука Мисирков беше цитиран во контекст на темата, односно за македонското револуционерно движење.
Во мојот пост "Ересите на Мисирков", го имам цитирано К. Мисирковъ-македонецъ од 1924 - Македонска култура, „Миръ“, XXX, 7155, 19.IV.1924, 1.
Еве тука уште еден цитат, ко за тебе :)
„За среќа, можеме да дадеме потврден одговор: да, македонска национална култура и македонска национална историја, одделни од тие на Србите и на Бугарите, има, и покрај сето тоа што и едната и другата досега не биле предмет за опстојно и непристрасно проучување: Србите и Бугарите еднострано и со голема пристрасност го одбирале од македонската култура и историја само она што го прославува нивното национално име, игнорирајќи прашања од капитална важност само затоа што тие не ги засегнуваат или им противречат на националните стремежи на одбирачите и нивните соплеменици.“
Do -Anonimus-Misirkov nema sansi da e bugarin,posto,koe ke e objasnuvanjeto za imenuvanjeto na negovata "Za Makedonckite raboti",zosto ne ja imenuval knigata za bugarskite raboti,mora da se zeme vo obzir za ogromnite represii na bugarskata vlast vo toa vreme..........vidi,vidi dodeka pisuvav,Zarko se javi pak.....batka pak te bunat ovie od VMRO-to,kolku se zaebani ovie se sobraa sve kopuci vo partijata,neli batka,pa vidi cuda velikoga epten im izbegaa na ovie tvoite,na onoj tvojon kopukot strumicki ili za Braneta si navivas.
Можеби грешам, но мислам дека Илинденското востание се случило на 2.август според новиот календар.
Затоа и некои неќат да се менува календарот, бидејќи тогаш денот на востанието нема да се поклопи со „Св. Илија“.
Знае некој кога во Македонија почнал да се користи грегоријанскиот календар?
Денот на востанието секогаш ќе се поклопува со празникот свети Илија, но кога ќе се смени црковниот календар. Востанието било дигнато на 20 јули.
http://tinyurl.com/5cxgh3
Токму на тој ден бил и свети Илија (Илинден), на 20 јули.
Кога МПЦ ќе започне да го употребува другиот календар, тогаш и Илинден ќе биде на 20 јули, а со тоа и денот на Илинденското востание ќе биде на 20 јули.
Многу нешта во македонската историја немаат логика, не е само ова.
Така е, илинденец. На знамето на крушевската република пишуе 20 јули, а ние го славиме 2 август. Македонците во Овчарани кои го слават Илинден на 20 јули, треба да го слават 23 октомври, а ние 5 ноември, и тоа не како ден на ВМРО - туку, евентуално, како ден на МРО.
И да го смени Црквата календарот и Св. Илија го слави на 20-ти јули, Илинденското востание ќе си остане на 2-ри август. Како што Октомвриската револуција се славеше на 7-ми ноември, а пак беше октомвриска. Затоа според мене логично би било Денот на македонската револуционерна борба да се слави на 5 ноември.
Еве бе Жаре, го славиме денот на македонската револуционерна борба, а не денот на МРО, ЦМРК, ТМОРО, ВМОРО или ВМРО. Понекогаш и сам со себе почнуваш да спориш...
Погледни ја поубаво владината кампања, и ќе прочиташ „115 години историско ВМРО“.
Тоа е партиско присвојување на државниот празник.
Празникот секако дека треба да се празнува. Но, тоа што под итно треба да се смени е името на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Тие ниту се, ниту пак наликуваат на некакви наследници на историското ВМРО. ДПМНЕ врие од бивши комунисти, демократскоалтернативци, југоносталгичари и србомани. Па кој нормален ВМРО-вец би дозволил главниот „гласноговорник“ да им биде потомок на српски колонист по име Павловиќ Латас или пак медиум како Сител раководен од Ѕинго кој до вчера се самоопределуваше како Југословен. ДПМНЕ се најголемото сквернавење на историското ВМРО.
Нема никаква потреба да се менува името на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Треба само партијата да престане да го монополизира името „(Т/)ВМ(0)РО“, кое во различни историски периоди имало различни значења.
Процесот на политичко-идеолошко диференцирање внатре револуционерна организација може да стане многу повидлив ако покрај Музејот на жртвите на комунизмот се изгради и Музеј на жртвите на ВМ(0)РО.
Повторно се покажуваш како врвен аматер и воедно сам себе се разоткриваш на која страна влечеш. Ако само малце се заангажираш можеш и преку интернет да видиш дека официјално според закононот за празниците 23ти Октомври се слави како „Ден на македонската револуционерна борба“ и никаде не се споменува никакво ВМРО. Тоа што во нивната програма си го присвојуваат за нивен празник кажува многу за нив како партија а богами и луѓе (тешка малограѓанштина) но тоа никако не треба да се меша со фактите, а тие кажуваат дека празникот официјално не е вмровски. Не знам што ти требаше да се истрчаш со ова? Има уште доста до изборите, мислам дека сеуште треба внимателно да ги дозираш партиските напади.
После ова мислам дека и самата тема на овој пост ти е апсолутно утната и може најпаметно ќе ти биде да ја избришеш за да не се бламираш понатака. Се дефинираш себеси како „истражувач“, но истражувач што не знае да истражува подалеку од Wikipedia и google и не е вистински истражувач. Тоа може секој од нас да го направи. Дали ти си бил во релевантните архиви да побараш документација за тој датум па да речеш дека „историски не може да се поткрепи“? Или и тој податок си го сретнал некаде на интернет? Можеби на некој бугарски блог? Ништо чудно. Минатиот пост ме натера да си помислам дека конечно го фаќаш вистинскиот правец и ќе почнеш да ја трошиш енергијата за доброто на својот народ и држава но очигледно сум бил во заблуда.
Велиш - „никаде не се споменува никакво ВМРО“.
Прееска ја прашав ќерка ми, зошто не учат во четврток - ми рече: бил денот на ВМРО.
Тоа го тврди и владината пропаганда.
Пошто гледам дека си љубител на историски референци, пријателе, решив да подготвам уште еден поопсежен пост на темава, кој ќе биде објавен токму на 23 октомври.
Не ли беше ти тој кој што на повеќе пати инсистираше на точност и прецизност во ситуации кога практично цела држава мисли поинаку (пример кога некако успеа да „докажеш“ дека во некој поглед грција не е виновна за спорот туку ние, иако јасно е мислењето на плебусот)? А сега го правиш токму спротивното. Па никому ништо. Треба еднаш машки да кажеш дали планираш во иднина да се држиш на страната на законите на државата во која живееш (Северна Македонија) или да ги толкуваш и ти како ти одговараат? Такви експерти има стварно премногу и навистина не е потребен уште еден.
И еве малку да се спуштам на твое ниво и да го употребам мислењето на јавноста: според последните анкети (а богами континуирано и според тие пред нив) народот со огромно мнозинство го поддржува овој празник. Така? Логиката е иста.
И ќе заборавев. Ти навистина мислиш дека е поисплатливо во овој момент да копаш по историјата и да вадиш прљави алишта отколку тоа време да го употребиш на нешто што би ни било во корист во спорот со грција?
Северна Македонија или БЈРМ?
Кое е подобро?
И зошто некои сакаат да се викаат БЈРМ? Бивша Југословенска Република Македонија?
Веројатно сонуваат дека Југославија пак ќе се роди од мртвите.
Мала исправка:
"Денес веќе нема никави дилеми од формална гледна точка, т.е. спрема Уставот и Правилникот, како во почетокот била именувана, од основачите, Македонската револуционерна организација. Како што соопштуваат Дамјан Груев и д-р Христо Татарчев под влијание на бугарската револуционерна литература таа „била оформена според образот на статутот на Револуционерната организација во Бугарија пред нејзиното ослободување“. Иако ниту Груев ниту Татарчев ниту пак другите спомнуваат како формално била именувана, тоа денес веќе се знае. Постоечките документи говорат дека таа била наречена „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“. Оваа име Организацијата го добила на својот прв Конгрес одржан во летото (15 август 1894) во Ресен." - академик Иван Катарџиев, Кон спомените на И.Х.Николов.
Еве и едно поинакво мислење - „ВМРО никогаш порано не се викало БМОРК“, од Александар Донски, објавено во Утрински весник по повод текстот на Антонио Милошоски за Христо Татарчев објавен во "Утрински весник" на 18.12.32004 година:
„Милошоски тврди дека ВМРО отпрвин се викало БМОРК (Бугарско-македонско-одрински револуционерен комитет). Но, ниту ова не е вистина и ваквото тврдење претставува чиста артикулација на големобугарската антимакедонска пропаганда. Дека ВМРО порано, наводно, се викало БМОРК е измислица од поново време (конкретно од пропагандната машинерија на режимот на Тодор Живков). Но, од каде знаеме дека ВМРО никогаш порано не се викало БМОРК? Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Денес се зачувани мемоари на основачите на оваа организација, па доколку ВМРО отпрвин се викало БМОРК, зошто тогаш ниту еден од нив не го спомнува ваквото име во своите спомени? Како е можно некој да пишува спомени за организација што самиот ја создал без да го спомне ваквото нејзино име?“
Ова го цитирав и во постот „Охридскиот Антарктик“.
На блогот Македонска историја
може да се прочита следново:
„За жал, од спомените на основачи и дејците на Организацијата не може точно да се утврдат датумите кога МРО станала БМОРК, и кога БМОРК е преименувана во ТМОРО.“
Еве уште еден мошне интересен цитат од таму:
„"Во рамките на ова истражување не е можно дефинитивно да се објасни горе изложеното комплексно прашање. Сепак треба да се укаже на тоа дека австроунгарскиот конзул во Скопје, Пара, на својот извештај бр.225 од 14.11.1902 г. му придодава документ во превод, кој го назначува како нов Статут на Револуционерната организација. Овој документ го носи насловот: "Статут на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација" и во секој поглед е идентичен со документот објавен 1902 г. според Пандев, како и со Статутот, кој според мислењето на Катарџиев бил составен уште во 1897 г. Врз основа на оваа фактичка состојба треба да се претпостави, дека вистинската дата на документот е онаа на Пандев, а не онаа на Катарџиев. Во изложеното истражување потпирајки се врз Пандев се тргнува од тоа дека Револуционерната организација до 1902 г. се вика: "Бугарски македоно-одрински револуционерен комитет" (БМОРК). Во 1902 г. следувало прекрстувањето во "Тајната македоноодринска револуционерна организација". Од 1905 г. конечно станува ВМОРО, а нешто подоцна ВМРО." (Fikret Adanir, DIE MAKEDONISGHE FRAGE ihre entestehung und etwicklung bis 1908. Wiesbaden Германија 1979. 112)“.
Вест е за ,празнично помирување
„Русокосата прилепчанка Стефанија Биноска (19) и скопската бринета Ирена Танеска (18), манекенки од модното студио "Црнокрак", ги споија српот и чеканот и пиштолот и камата на фотосесијата по повод 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.
Стефанија и Ирена со задоволство се согласија со своите тела да ги помират навидум непомирливите симболи од нашата историја.
"Македонија ни е се што имаме", велат тие и нагласуваат дека политички не се определени.“
жарко,
Прво Донски е шкљ класа историчар, кој потфрла во сите критериуми кои важат за добрите историчари (мижи пред фактите и пристрасен е). И во изјавата што а цитираш, внимавај на изборот на зборови: „Знаеме дека ВМРО не се викало БМОРК, поради тоа што такви нешто нема во мемоарите на основачите.„ Да, тоа е точно (имено, истите мемоари на Татарчев кои и ти ги цитираше), но во нечии мемоари може да нема многу работи. Тоа не значи дека не постојат. Во оригинали од Првиот Устав организацијата се нарекува „Бугарско-македонски-одриснки револуционерни комитети„, и тоа треба да е доволен доказ. (Зошто било решено непосредно пред составувањето на Уставот името да се преиначи од МРО (како што вика Татарчев) во БМОРК е веќе друго, интересно прашање. Но фактите си се јасни.)
И Катарџиев што го цитирав не е нешто многу пообјективен историчар од Донски (како што се гледа од неговата пристрасност кога се ценка за годината на преименување со Германецот), но Донски е карикатура невидена.
На 23 октомври 1893 г. в Солун са положени основите на Вътрешната македоно-одринска революционна организация (ВМОРО). Нейни инициатори са Дамян Груев, д-р Христо Татарчев, Иван Хаджиниколов, Петър Попарсов, Антон Димитров и Христо Батанджиев. ВМОРО е организация на българското население в Македония и Одринско, бореща се за освобождението на двете области, които по силата на Берлинския договор (1878 г.) остават в пределите на Османската империя.
През януари 1894 г. е избран Централен комитет, начело на който застава д-р Христо Татарчев. Дамян Груев заема поста секретар-касиер, но в действителност той става истинският ръководител на комитета. В програмата на организацията се изтъква, че тя ще се бори по революционен път за осъществяване постановленията на член 23 от Берлинския договор - предоставяне на политическа автономия на Македония и Одринско, които да се обособят в отделна област, въвеждане на административни и други реформи. Във ВМОРО (Вътрешна македоно-одринска революционна организация) се привличат само българи, предимно екзархисти, тези, които признават църковното върховенство на Българската екзархия в европейските предели на империята.
Објави коментар