Дилемите и фактите од нашето минато

10/28/2008

Еве постирам уште една реакција објавена во денешен Утрински весник, од Васко Попоски, новинар-писател:

Во колумната на весникот „Дневник“ од 15 октомври годинава, објавен е текст со наслов „Митот за 11 Октомври“, чиј автор е почитуваниот колега Жарко Трајановски.

Во него, меѓу другото, се полемизира и со некои прашања од нашата неповторлива и славна НОБ. Мојата намера не е да ги негирам мислите и фактите содржани во објавениот текст, туку да приложам некои дополнителни и не безначајни објаснувања, со цел да ја потврдам и нагласам вистината.

На почетокот сакам да предочам дека секое недоволно познавање на тоа време лесно може да не' заскита во непожелни и непотребни импровизации. Со таа намера ќе се послужам и со неколку позначајни факти. Како што е познато, во 1941 година, по налетот на фашистичките орди на Германија, придружени и потпомогнати од нивните слуги (Италија, Бугарија), тогашната Кралска Југославија се распадна за многу кусо време. Со тој распад згасна речиси целиот дотогашен политички систем и живот, а на политичката сцена остана да дејствува само Комунистичката партија и тоа во илегални и многу тешки услови. Тоа е факт што никој не може да ги негира. Во тие мошне сложени услови, членовите на оваа партија продолжија организирано да дејствуваат. На нив им се падна таа историска улога да го повикаат својот народ на сенародно востание за создавање сопствена држава по толку поминати години. Во тоа време, во веќе развиеното партизанско движење се приклучија и повеќе видни граѓани, афирмирани и докажани во одделни области од животот. Сето ова заедно не е мит, туку една историска реалност, која не може никој да ја негира, ниту да ја искривува.

21 коментари:

SaskoM рече...
Авторот го отстрани коментаров.
SaskoM рече...

Koe objasnuvanje, Wilhelm Dilthey da mu pozavidi.
'Na niv im se padna taa istoriska uloga ...' - pa koj go praese kastingot be druze?!? ;)

Анонимен рече...

Мајка ти го правеше бе Сашко....

Анонимен рече...

Што ти е македонски дијалог - одма мајката, шајката или мме кој прв почна.

SaskoM рече...

Majkami go praese u Hrvatska, Lika, tamu sepak bese nesto podobro organizirano. ;)

Анонимен рече...

Аферим, Жаре, за куража!

Анонимен рече...

Dobar si batka,pa ti ako prodolzis vaka,so ova tempo na soznavanje,ti na kraj moze i Amerika da ja otkries.Leeele zakon si.Sto li ne krepi ovaa zemja.

Анонимен рече...

Кои и колку партизани имаше во Македонија и какво „востание“ имало на 11 октомври?!

Силни партизански движења биле создадени во Србија, Црна Гора, Босна, но и покрај напорите на Комунистичката Партија на Југославија (КПЈ) да создаде партизанско движење во Македонија, напорите биле безуспешни. За тоа сведочи и рефератот на Светозар Вукмановиќ - Темпо испратен до ЦК на КПЈ на 8 август 1945 година. Во него Темпо пишува: „Во почетокот на март 1943 г. пристигнав во Македонија каде што ја затекнав следната ситуација: Партиските организации во организационен однос беа речиси во целосно разделување... а, тоа пред се се должи на бугарското народносно сознание на мнозинството од населенито во Македонија коешто не ги поднесува антибугарските пропаганди и не дозволува да се крене рака против Бугарија“.

Во еден документ од архивите на Тито стои напишано: „Македонскиот Покраиснки Комитет откажува врска со нас (КПЈ) и се сврзува со Комунистичката Партија на Бугарија (КПБ)“. КПЈ нема успех во Македонија, па затоа Тито подготвува нова стратегија - испраќање на кадри од Србија и Црна Гора во Македонија. Прв го испраќа инспекторот на ЦК на КПЈ Добривое Радосавлевиќ, а во февруари 1943 г. стигнува и Светозар Вукмановиќ - Темпо, како делегат на ЦК на КПЈ. И двајцата согледуваат дека е невозможно да се организира вооружена борба на месното население против бугарската власт. Затоа, Темпо решава да замине во Тетово, коешто е под окупација на Италија, и на 19 март 1943 г. успева да издејствува набрзина заседание каде се избира ново раководство на македонските комунисти, а на чело на новооформениот ЦК го поставуваат Лазар Колишевски којшто дури и не бил присутен на заседанието. Меѓу присутните се и: Мара Нацева, Цветко Узунов, Кузман Јосифовски, Страхил Гигов и бане Андреев. Со тоа Тито си создава свои послушни слуги во Македонија коишто после 1945 година илјадници Македонци ќе протераат, убијат, испратат на Голи Оток.

Согледувајќи дека не можат да создадат поддршка кај месното население во Македонија, КПЈ решава да донесе борци од Србија. Темпо во едно свое известие пишува: „Во текот на 1942 г. имало само шест партизански одреди со по 10-15 борци и сите тие биле разбиени, освен Битолскиот којшто сам на своја глава преминал на албанска територија и така успеал да се запази“. Мнозинството од партизаните во Македонија се странци, главно Срби, Црногорци како и Власи и по некој србоман од Македонија.

За тоа сведочи и Михајло Апостолски којшто во 1945 г. се оправдува за неуспесите со зборовите: „Што да правам бре... кога излеговме во шумата само јас бев од Македонија, а другите беа Срби у Цинцари“.

Какво „востание“ беше тоа од 11 октомври?!
Не можејќи да најдат доволно антибугарски настроени приврзаници во Македонија, па дури и меѓу комунистите, Тито испраќа свои луѓе од Шумадија меѓу кои и Лазар Колишевски. Тој е еден од верните српски воспитаници кој е одгледан во српско сиропиталиште како сирак и завршува средно образование во крагуевац, во срцето на Шумадија. На 8 октомври 1942 година, тој пристига во Прилеп со специјална задача дадена од Тито - да организирала каква и да е провокација против бугарската власт. Тоа „востание“ Колишевски го спроведува со помош на други српски воспитаници од Македонија. Но, дали е тоа некакво востание?! - Секако дека не. Тоа е еднатерористичка акција при што е исечен еден електричен кабел и е пукано во стражарот пред седиштето на полицискиот участок во Прилеп.

Ете, тоа е „големото востание“ коешто го славиме како празник. Главниот извршител на овој терористички чин е Душко Наумовски. Но, кој е тој?! - Уште во турско време неговото семејство се преселило во Србија, и тој е роден и израснат во Крагуевац во српски дух.

Се до 1944 г. партизанско движење во делот од Македонија којшто бил под Царска Бугарија речиси и немало. Мали партизански групи дејствувале само во западниот дел од Македонија, главно во Дебрца, којшто бил под италијанска, т.е. балистичка (албанска) окупација.

Анонимен рече...

Исправка, грешка при пишување :)
Значи, не е 1942, туку 1941 година, во делот:
„На 8 октомври 1942 година, тој пристига во Прилеп со специјална задача дадена од Тито...“

Анонимен рече...

За 11-ти Октомври и “партизаните“.
Прочитај на спомениците на паднатите борци од 1941-ва иминњата во Прилеп и Куманово, изброј колку се загинати и види си колку се Македонци, а колку Срби и Цинцари. Или и гробниците и коските внатре ги фабрикувал Тито?????

Анонимен рече...

@ 11 октомври

И? Што со ова?

Контекстот во кој е напишан овој коментар ме упатува да го заклучам следното:

„Не можејќи да најдат доволно антибугарски настроени приврзаници во Македонија, па дури и меѓу комунистите, Тито испраќа свои луѓе од Шумадија“

Поради про-бугарството во Македонија, не можело да се организира борба против фашизмот. Дури и помеѓу „комунистите“, т.е оние „пробугарските комунисти“, неможело да се организира антифашистичка борба. Дали може да се констатира тогаш дека пробугарството било пречка во организирање на било каква борба против фашизмот? Така барем пишува во коментарот (нема востание додека србоманите не дојдат).

Ако тоа е така, а дури и да не е, тоа уште повеќе, барем за мене го оправдува тој екстерен интевенционизам на КПЈ во организирање на отпорот со „увезување“ кадри од Србија и Црна Гора.

Од контекстот на коментарот, може да се извлече заклучокот дека било каква борба била против фашизмот била србоманство, и дека антифашизмот неможе да биде „македонски производ“

Анонимен рече...

Ovoj 11 Oktomvri epten go utupi,bivase do tolku da mu e..m majkata,vo eden del tvrdis deka nemalo covek da se najde da se bori,makedonec demek, epten site bile bugarofili......a posle jades burek kako iljadnici ke bidat zatvoreni od komunistive,od kade pak tie izlegoa.........daj ne se glupiraj ziti majka.

Анонимен рече...

do posledniot zabegan Anonymous

slabo razbiras makedonski ti a?
pa srbomanite kako tebe i supcite pogore ubivaa makedonci ... kade procita partizani ti? makedonci i partizani ne e isto

dobro e sto vistinata malku po malku se rasvetluva, i na drugo mesto sum cital deka 11 oktomvri ne e nikakvo vostanie

Анонимен рече...

Браос за мајка ти Шашко...

Анонимен рече...

Интересно е што овие теми се отвараат сега кога има се помалку и помалку очевидци од тие времиња. Мислам дека авторот на блогот не е толку млад да не можел да ги покрене прашањава пред 5-10 години кога имало многу повеќе можности да се дознае од прва рака што точно се случувало, можеби да се дојде и до повеќе документи кои сега скапуваат по нечии подруми или тавани и за кои никој не знае дека постојат. Но тогаш не било модерно да се чепка по македонската историја ниту пак било финансиски исплатливо. Живееме во интересни времиња...
Мој предлог - кога ќе ја прифатиме промената на името наместо 11 Октомври да почнеме да го славиме тој ден како почеток на народното востание, што впрочем тоа и е! Востание против заостанатите категории како што се: националност, народ, патриотизам, традиција,... Денот кога северномакедонецот ќе се објави пред целиот свет дека е спремен да го примат. А каде... којзнае!

Анонимен рече...

Хех, Шашко, токму така :) Бравос колега анонимус.

Unknown рече...

Еве уште еден цитат, кој оди во прилог на мојата теза дека немало народно востание до 1943:
„...до 1943, во почетокот, ние комунистите не можевме да собереме народ, не поради нашата плашливост, поради отсуството на организација, поради отсуството на ставови, туку поради тоа што на македонскиот народ ние не можевме да му дадеме јасна гаранција што ќе биде со неговата судбина, откако ќе се бориме и откако ќе ја извојуваме битката“ (Борко Темелковски, Скопје во НОВ 1941-1945, книга 1, стр. 58).
Ако до 1943 не можеле да соберат народ, значи, до 1943 немало народно востание.
Но, уште еднаш да потсетам, тоа не значи дека немало вооружен отпор, раководен од ПК КПЈ. Цветко Узуновски, во истата книга, истакнува дека во септември 1942 г. имало девет партизански одреди, „650 членови на Партијата и 1700 членови на СКОЈ“.

Анонимен рече...

Македонија не била поделена меѓу Бугарија и Италија, туку меѓу Бугарија и Голема Албанија.

Анонимен рече...

Лазар Колишевски работел за интересите за Србите и не е чудно тоа, зашто нели како што пишува погоре тој е ирзаснат како сирак во Крагуевац, Србија. Еве што за него има кажано познатата комунистка Вера Ацева:

„Тој којшто растел и живеел надвор од Македонија до 1941 година, не го почувствувал ропството на македонците во Кралството Југославија и денес не може или не сака да разбере дека неговата положба како српски комунист е различна од нашата“.

Да не заборавиме, Колишевски и неговите соработници го затворија Ченто затоа што Ченто не сакаше Македонија да стане дел од некаква Велика Србија, т.е. Нова Југославија.

По се изгледа дека овој „празник“ е еден натурен србомански датум и ние до ден денес го празнуваме без да се информираме подетаљно што навистина се случувало, кој бил организаторот и со каква цел. Целта во никој случај не била автономна Македонија, туку Македонија како дел од Југославија.

Комитата рече...

Я да туриме и татарската версия на НОБ

Unknown рече...

Комита, позната ми е и таа верзија.
Еве уште една бугарска верзија, што ја најдов на еден форум:
„Наместо слобода, бугарските управници донесоа масовни пребивања, затвори, убиства, бесилки од кои денеска пропиштеа целото македонско, шиптарско и турско население. Цели градови и села се блокираат во Македонија со денови, и секој еден кој ќе се најде на улица, тепан е со кундаци. Населението е подлегнато на нечовечни малтретирања и мачења, какви што имало само во султан - Хамидова Турција. И фашистичка Бугарија ги има за Македонците Куршумли-ан, Беас-куле, Диар-Бекир, Фезан и други каде што младите македонски синови го оставаат здравјето и животот. Ако се осмелите да се наречете Македонци, вас ве гонат, ве тепаат, не добивате служба, па дури ни пропусница. Во институциите не смеете да зборувате на македонски јазик, и секој македонски разговор се обележува како србоманство. Целата Македонска историја, култура и борбите се изопачуваат од страна на бугарските фашисти и шовинисти, против вољата и протестите на бугарскиот работен народ, како што до вчера тоа се правеше од страна на големосрпските шовинисти против вољата и протестите на српските работни народни маси и најкултурните и најнапредните елементи на братскиот српски народ. (Прогласот на ЦК на БРП „За слобода, рамноправност и самоуправување на Македонија“. Декамври 1941. година, Историски архив на КПЈ, том VII, Белград 1951.)“
Инаку, учев во основното училиште „Невена Георгиев - Дуња“, каде што не учеа дека 16-годишната Дуња е убиена од Бугарските окупатори. Неодамна го прочитав следниот интересен демант (објавен во „Утрински весник“), кој фрла повеќе светлина за некои настани од 1942:
„Ова е вистината за
Невена Георгиева-Дуња
Одбор на семејствата на загинатите борци осуденици, интернирци и жртви на фашизмот од НОАВМ - Велес
Во вашиот весник од 25 јули 2005 година во рубриката "Времеплов° има една неточност. Невена Георгиева-Дуња, млада македонска партизанка-борец во Велешкиот партизански одред - учесник во НОВ, не е убиена од бугарската полиција, туку од велешката контрачета, којашто се бореше заедно со бугарскиот фашистички окупатор против народноослободително движење.
Велешкиот партизански одред "Димитар Влахов° беше нападнат од велешката контрачета во близина на селото Папрадиште, и таа е убиена од контрачетниците во борбата што се води на 6 декември 1942 година. Еве што кажува командирот на велешката контрачета, Пано Николов-Мане од село Ветерско, Велешко, покрај другите злосторства што ги правел, еве што кажува за ова злосторство. "Во тоа време почнаа да пукаат одозгора и ми кажаа дека имало шест души и побегнале кон Јакупица. По малку дојде во Нежилово групата што се бореше и П. Г. од Велес ја донесе главата на една партизанка. Ни кажаа контрачетниците дека главата била на една партизанка од Скопје и ја викале Дуња (Невена Георгиевска Дуња). Неа на 2 декември 1942 година ја убија Ристо од Ораовец, Апостол од Еловец и Петре од Отишино, а Тоде од Нежилово Ј ја пресекол главата. Тој за ова заедно со своите другари од околискиот полициски началник од Велес добиле 40.000 лева. Главата Ј ја пресекле таму каде што била убиена. Од Нежилово до Богомила јас наредив да ја носат главата на партизанката по целиот пат за коса за да ја гледаат селаните и да се плашат. Во Богомила главата ја предадовме на полицискиот участок (полициска станица - н.з.). Полицијата во еден чевларски дуќан во Велес ја стави во излогот на главната улица за да ја гледа народот и да се плаши. Командирот на контрачетата и другите контрачетници (со исклучок на П. Г. од Велес) се осудени и стрелани.
Ова е вистината за овој настан. (Доказ архивски материјали и сведоци).“

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week