Саде мазохизам?

10/30/2008

Мили браќа и уште помили комшики, доста беше, веќе не се трпи!
Некои од Свирипичино лафат: “Нош је дошаја до коску”! Као културен чоек од Скопиеполис, почујте што ви велам: Дојде јајцето на газот, а нема кој да го извади!
Тенката црвена линија ни пукна како зрела црешна, поточно како грчкиот бог на бракот – Хименај! Малиот (Нимиц) опасно ни го тури “Северна Македонија” и не остаи пацерски да се думаме – шчо требит да праиме за однапред – поточно, шчо требит да праиме за отпозади!
“Ко то каже, ко то лаже” дека предлогот бил непристоен? Не ќе да е непристоен, поскоро ќе да е перверзен! Продумајте малку, мили браќа и премили комшики, и кажете која ќе биде кратенката за Северна Македонија? Кратенката ќе биде – СМ (еС-еМ) – бездруго, една од најперверзните кратенки на светот, кратенката за садомазохизам!
Е, како сега новиот предОлг, пардон – предЛог, ќе се “одрази” на нашиот вековен сексуален идентитет - однапред или отпозади? Несомнено, љубителите на теории на заговор во перверзната кратенка СМ веднаш ќе препознаат уште еден перфиден обид за наше сексуално обезличување – овојпат, во перверзни садомазохисти! И, како и обично, лековерните конспирационисти ќе ја утнат метата.
Да кажеме јасно и гласно: и дење и ноќе да нè работат цели 123 години, нема никакви шанси да го променат нашиот сеирџиски македонски идентитет во садомазохистички. Дефинитивно, тоа го покажуваат резултатите од најновите истражувања на јавното и тајното мислење и сексуално (чино)дејствување, што ги спроведе ВМСО-СПМБЕ (Внатрешната Македонска Сексуална Организација-Сексуална Партија за Македонско Братство и Единство)!
Како прво, истражувањето врз “репрезентативниот примерок” недвосмислено покажа дека убедливото мнозинство од Македонците продолжува ич да не ги боли за ништо (освен за името и идентитетот). А без манифестации на “чувство за осет” на болка, не може воопшто да стане збор за постоење елементарни услови за садомазохистички однос.
Како второ, резултатите од најновите истражувања покажуваат дека мнозинството граѓани ич не се “палат” ниту на најновите садистички дејанија на нашата власт: егзибиционистичко врзување со лисици на уапсените опозиционери, јавно дисциплинирање на “кичмата” на политичките неистомисленици, заканување со казни за сè и сешто, па и “плескањето” по џебовите на сиромашните престапници. Мали сексуални надразнувања се детектирани единствено во случај на еколошкото чистење на домаќинките што обичаат да прават сексуален афродизијак (лут ајвар) пред зграда со идиличен поглед кон мрачните оџаци на фабриките).
Најпосле, резултатите од истражувањата ги побиваат стравувањата на секспертите дека синдромот “кубура за не дај боже” по “пет века турско” оставил неизбришлива трага во македонскиот сексуален геном. Македонскиот сексуален геном е 99,102% отпорен на секакви странски влијанија, вклучително и садомазохистички. Непобитен доказ дека во македонскиот сексуален идентитет нема ништо мазохистичко, е и рамнодушноста со која беа проследени садистичките политички кампањи на владата, особено на кампањата за “трето дете” со која политичарите ги нападнаа спалните соби како единствена незапоседната територија.
Но, колку и да изгледа на прв поглед перверзен предлогот на Нимиц, претпоставките дека има нешто садомазохистичко во “Северна Македонија” се наполно неосновани. Нимиц изгледа имал погрешни сознанија дека и ние уживаме во долготрајното садомазохистичко “танго” на идентитетско понижување што го играат македонските политичари, па чоекот ни понуди сценарио кое треба да ги задоволи нашите мазохистички потреби.
Но, нам одамна ни е сеедно кој е одозгора, а кој одоздола, и дал тоа ќе биде Курто или Мурто. Одамна ич не не интересира што другите ни ги пишуваат и режираат политичките и сексуалните сценарија, одредувајќи ги границите што (не) треба да ги пречекориме. Одамна не сме ни “саде мазохисти” - веќе ништо не нè боли. Станавме рамнодушни сеирџиски ѕиркачи на садомазохистичките консензуални односи помеѓу нашите и грчките политичари.
Спорот со Грција за името и идентитетот успеа да ни влезе и во спалните соби. А, што ти вреди името и идентитетот, ако престане да ти се дига или влажни?

5 коментари:

Анонимен рече...

Кратенката ќе биде РСМ (а на англиски RNM). Само малку поразлична од нашето име од времето на Југославија, СРМ (Социјалистичка Република Македонија). А и многу подобро е РСМ отколку сегашното БЈРМ.

Анонимен рече...

Секако не заборавајте дека и кодот MKD ќе се промени во RNM (или NM) а доменот за веб адреси ќе се промени од .mk во .nm (најверојатно). Или пак и тука грција ќе успее да ургира па повторно да ја уфрли старата варијанта XM.
Искрено Зарко ме разочара малце што намешто последниов пост не пушти повторно некој текст со кој ќе се негираат некои моменти од нашата историја. Ќе беше сосема соодветно во момент кога грција покажува врвен национализам а богами и фашизам ти да пишуваш за нешто сосема спротивно што воедно додатно ќе ги копа темелите на Македонија. Чим ЕУ и НАТО не реагираат на тоа зошто и ти, нели?
Или можеби чекаш нов кикс од ВМРО па да имаш сочна тема за нов пост? Тоа што изгубениот марсовец Заев излегува со навистина зачудувачки изјави дека „економската политика доживеала пораз“ не е никаква провокација за пишување, нормално. Заев е од добрите, против него нема да се пишува.
На крај, поздрави го Фуере од мене кога ќе го видиш во Дал Фуфо, и кажи му дека одвај чекам да бидам примен во ЕУ како северномакедонец од северна македонија (www.republicofnorthernmacedonia.com.nm).

Анонимен рече...

И Заев и Груевски се исто гомно.

Северномакедонец од Северна Македонија ?!

Па, кога бевме СРМ, бевме Социјаломакедонец од Социјалистичка Македонија?!

Бркате етнос и нација. Македонија е држава, нација и таа нација ја сочинуваат сите нејзини граѓани. Македонија не е „национална држава на еден етнос“.

А и за провокациите на Грција. Понекогаш кај нас се дига голем шум и намерно се создава погрешен впечаток. Па, кога Грција пее за Македонија и извикува пароли за Македонија, таа тоа го прави за својот дел од Македонија, а не за нас. И, да не заборавиме, повеќе од 51% од територијата на географска Македонија денес е во Грција. Добро е што досега не се повикале на тој агрумент, зашто секогаш повеќе право на едно нешто има оној којшто има поголем дел (процент). Според тоа би значело дека Грција би имала право на името Македонија, а не ние.

И погрешно е да се тврди дека проблем со името имала Грција, а не ние. Па, ние сме тие кои страдаме, кои сме изолирани од Европа, кои имаме 35% невработени, глад, сиромаштија и еден мал круг на екстремно богаташи. Ние имаме проблем.

hemicarot рече...

ОСТАРУВАМЕ

Анонимен рече...

Се отрезни ли Зарко? :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week