Паметам кога еден познат колумнист радосно објави дека му се остварила желбата од времето на комунизмот: „Еден ден ќе живееме во држава во која луѓето нема да ги казнуваат за изразено мислење“. Ех, пусти желби колумнистички! Еден убав ден, можеби и ќе живееме. Дотогаш, мора да го преживееме политичкиот лов на непослушни новинари и колумнисти за „хуманитарни цели“. Чудна е нашата ловократија: некои животни воопшто не смеат да се ловат, некои можат само во ловна сезона, но сезоната на „хуманитарен“ лов на новинари трае 24 часа, 365 дена во годината!
Барем децата без родители не треба да се плашат за својата иднина, се' додека нашите „независни“ судии експресно ги осудуваат „клеветниците“ штитејќи го ликот и делото на другарите Бане и Никола. Несомнено, обајцата можат да се пофалат со ретки ловечки „трофеи“. Првиот, со едно чифте улови два зајака - ем пресуда од 25.000 евра за клевета од познат уредник ем судски докажа дека немал сметки во швајцарски банки. Вториот улови уште побогат плен, а притоа и судски докажа како станал премиер: „...благодарение на угледот и честа јас уживам доверба кај граѓаните, на таа основа станав и премиер.“
Но, дали (и како) беа повредени угледот и честа на почитуваниот Груевски, толку што судот изрече драконска казна од над 100 просечни плати? Дали можеби поранешниот министер Груевски бил наклеветен со изразеното мислење дека „Одговорност треба да се бара за премиер, министри и претседател на Собрание“ за неспроведување на одлука на Уставниот суд? Дали, пак, со укажувањето дека „во правна држава одлука на Уставен суд има сила на уставна норма и над неа е само Господ“? Или, можеби, клевета е да поставиш прашање „дали е склучен штетен договор и дали е тоа направено од глупост, корупција или двете заедно“?
Секој што има малку познавање на човековите права знае дека правото на слобода на изразување ужива врвно ниво на заштита од судот во Стразбур. Особено за теми од општ интерес, како што се почитувањето на принципот на владеењето на правото или борбата против корупцијата. Слободата на печатот се штити дури и кога објавените фактички искази се невистинити - ако публикацијата има легитимна цел, ако прашањето е од јавен интерес и се прават разумни напори за верификување на фактите.
Да потсетиме, новинарската легенда Менде Петковски беше осуден на 4 месеци затвор (2 години условно) за клевета поради текстот „Димитар Црномаров му го одзеде „фордот“ и на апелацискиот судија Неџат Ајро“, иако статијата имаше легитимна цел: „Во сообраќајот сите сме еднакви - од шефот на државата до најобичниот граѓанин. Затоа во Битола никој не смее да вози автомобил без таблички.“ Новинарот беше осуден за бенигна пропуст: „фордот“ не бил одземен, иако возилото било исклучено од сообраќај и била поднесена прекршочна пријава за возење автомобил без таблички!
И оспорената колумна имаше легитимна цел, но во јавноста се доби впечаток дека авторот е осуден за бенигни фактички пропусти. За колумната битно е кој е одговорен за непочитување на одлуката на Уставниот суд (Владата на Георгиевски и Владата на Црвенковски!), а споредно дали сегашниот премиер бил тогаш министер за финансии или министер за економија. Главната интенција е да се отвори „сериозна дебата за лоцирање на политичката и правна одговорност на сторителите“. Споредно е дали министерот за економија тогаш потпишал анекс-договор или две писма (со статус „виша сила“, кои можат да се најдат во анексот на пресудата Мамидоил в. Окта објавена на интернет).
Во случајов, суштествено е дали судот зел предвид дека колумнистот истапува и во својство на „стручен консултант на подготвителните седници на Уставниот суд“ за споменатата одлука. Оваа околност значително го подигнува нивото на заштита на правото на слобода на изразување, како и околноста дека станува збор за професор по човекови права и нивни бранител.
За високиот степен на заштита на слободата на изразување сведочи и пресудата на судот од Стразбур против Словачка, во случајот на радиото „Твист“. Радиото било казнето за објавување телефонски снимки на функционер, со кои наводно му биле повредени честа и угледот. Судот заклучил дека репутацијата на засегнатиот функционер не била повредена со емитувањето на снимките (кои биле незаконски добиени), затоа што истиот набрзо бил избран како судија на Уставниот суд. По аналогија, и нашиот суд требаше да заклучи дека репутацијата на Груевски не беше повредена со објавувањето на колумната, откако беше реизбран за премиер, освојувајќи значително повеќе гласови од претходните избори.
За разлика од нашите судови, судот во Стразбур многу помалку ја цени репутацијата на политичарите од слободата на изразување. За тоа сведочи случајот на еден австриски уметник, кој бил судски казнет со 1.450 евра поради излагање на уметничкото дело „Апокалипса“ во кое биле портретирани 34 јавни личности, голи и во сексуални пози. Инаку, бил тужен од еден пратеник, прикажан на сликата како „му го стиска ејакулирачкиот пенис на господинот Јерг Хајдер, истовремено допиран од други двајца политичари, и како ејакулира врз Мајка Тереза“. Укажувајќи дека сатирата е намерно провокативна форма на уметнички израз, која ја преувеличува и извртува реалноста, судот заклучува дека казната не била нужна во едно демократско општество. Имено, сликата не го засегала приватниот живот на политичарот, туку неговиот јавен статус како политичар!
Накусо, колку и да е сатирична колумната „Окта“ вис-а-вис Кољо Дијамантот“, таа не го засега приватниот живот на Груевски, туку неговиот јавен статус како министер инволвиран во случајот „Окта“. Ама, прозните дела од Стразбур се' уште не ги тангираат нашите судии кои уште ги рецитираат фамозните стихови од песната „Уз маршала Тита“: „Тко друкчије каже, тај клевеќе и лаже!“
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
9 коментари:
Внимавајте при изговарањето на Курварант - Преварант, акцентот да го ставите на Кур... Ако го нагласите преваранр, ви се еба мајчето.
Zhare,bate,zamisli se samo onaka, slucajno da si na mestoto na premierov i edna promasena licnost koj sebesi se precenuva premnogu, go pisuva toa sto go napisal,demek po tebe "prasanjeto"drn,drn,drn.........ili dvete zaedno",kakva bi bila tvojata reakcija,dali bi mu prekutel,a???? Ako prekutis,togas si vinoven........i kakva pravna drzava baras bre ti covece,pa do nekni celoto sudstvo bese vo racete na sdsm,sto mislis ovie se tolku naivni pa ke demonstriraat demokratija?Pak ke te podsetam batka na....r e j t i n g o t.....a sporeduvanjeto so onoj avstriskiot umetnik ti e "fenomenalno"......talentiran si batka, nema sto.
Браво Жарко, одличен пост, иако лично не го поднесувам пишувањето на Фрчко.
Сега Фрчко ќе се консултира со ромите и ќе ја тужи државата во Стразбур :)))... теорија на заговор?!?
Ништо чудно, самиот случај ОКТА е едно големо правно местење од кое профитираа сите наши влади од 1998-а па наваму.
Патем, до каде е текстот за патриотските сметки што го најави?
Ја гледам одлуката на уставниот суд и наместо да ја ПОНИШТИ, судот ја УКИНУВА, што значи нема враќање пари назад ;). Сега за ново програмирање ќе треба пак да се плати... и ај сега не гледај местење на релација:
Влада->Уставен-суд->лиценцирани фирми за фискални апарати(најголем дел избрани кога министер беше Грујо)
Фала на прашање, текстот веќе беше напишан, ама ова со пресудата ми изгледаше поприоритетно. Ама не бери гајле, ќе го биде белким во следнава колумна.
Инаку, очекував укинувачка одлука.
На сајтот на А1 налетав на интересен текст (не го фатив на вестите на ТВ) во врска со сумата која ЕУ годишно ја троши на своја себепромоција. Тоа фрла сосема поинакво светло врз сите промотивни потези на владата и практично им ги пере рацете а истовремено и устите на сите што на цел глас трубеа против таквите кампањи. Или пак во случајов се работи за нешто што ЕУ смее да го прави а ние не смееме? Го молам авторот на блогот за коментар на таа тема.
А од таа вест се отвараат и нови прашања. Колку од тие суми завршуваат во џеб на нашиве самонаречени „експерти“, како компензација за нивното секојдневно трубење за „ЕУ или смрт“, за сите кнедли кои мораме да ги проголтаме за да влеземе „таму каде што мора да се влезе“. Сега се гледа дека некој (можеби не сите, но верувам повеќето) земал пари за тој вложен „труд“ и се поставува прашањето колкумина го прават тоа искрено, не поради финансиска придобивка. Мислам дека темава заслужува посериозно истражување и секоја чест за A1 што ја потегнаа темата!
Патем, ова некако се совпадна со одлуката на ЕУ веќе да не доделува пари на балканските медиумски куќи, пари со кои повеќе новинари на A1 во изминатите години престојуваа и известуваа од ЕУ на подолги периоди. Коинциденција? :)
Текстот на A1:
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102312
Секоја чест на makfax, а не на А1. Никој не е против владини медиумски кампањи, проблемот е во две работи:
1. Кампањите кои вршат потценување на интелектот на гласачот и служат само за солење памет. Од такви кампањи владата испраќа порака дека изборното гласање во оваа држава е привилегија, а не право.
2. ЕУ кажа колку потрошила, и сигурно ако некој го интересира, може да дојде до фактурите кои самите претставуваат уметност во перење пари. Кај нас никој не ја кажува сумата, а слободен пристап до информации е само "на папиру лепо слово".
Истото може да се каже и за ЕУ парите што ги добиваат нашите т.н. „експерти“, односно и тие служат само за солење памет а конкретен ќар од тоа немаме. За второто си апсолутно во право.
Објави коментар