Јанко во „Вечер“ тврди дека „Распеани Скопјани“ на крајот на најновата изведба „Мерцедес бенз“ му порачале на Бога „Еби се“.Ги прочистив ушите, ја слушнав песната и последната порака е - „Amen to that“.
Што е финтата: Јанко не разбира англиски, не слушнал никогаш госпел, му се слушаат гласови, или намерно сведочи лажно?
Еве му неколку цитати, нека медитира, можеби ќе сфати дека ако е вистински христијанин треба да се покае и да побара прошка:
„Не судете, за да не бидете судени. Оти, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени“ (Мат. 7, 1).
„Лажниот сведок нема да остане неказнет“ (Изрек. 19, 5).
Сатаната е лажго и татко на лагата (Јован 8, 44).
Отфрлете ја лагата, кажувајте вистина... Не кажувајте лаги еден на друг (Ефес. 4, 24; Кол. 3, 9).
Во идниот град Ерусалим нема да влезе оној кој лаже (Откр. 21, 27). (за повеќе види тука)