Хелсиншкиот комитет анализира повеќе случаи на флагрантно прекршување на права на децата во извештајот: Најдобриот интерес на детето во Република Македонија.
По повеќето изнесени случаи од кои се крева коса на главата, е изведен генерален заклучок дека „јавните службеници во контактите со децата и во работата на случаи поврзани со деца не ги почитуваат минималните стандарди дефинирани во Конвенцијата (за правата на детето).“
Во извештајот се изведува и заклучокот дека „Случајот на Трајан Беќиров е само драстичен пример на несоодветно постапување на полицијата кон децата (најголем дел од случаите кои не завршиле со вака тешка последица, вообичаено не се пријавуваат или не добиваат судска завршница).“
Во извештајот се тврди и дека „најмалку 15 000 деца на возраст од 6-14 години голем дел од својот живот го поминуваат во простор кој не ги задоволува минималните затворски услови дадени во стандардите на ООН и Советот на Европа.“
Е, па, стварно нема смисла, вака ли се честита почетокот на новата учебна година?
Училишта или затвори?
8/31/2006во 17:18 0 коментари
Правото vs. самоволието
Новата Влада мора уште на почетокот да упати јасни сигнали дека во Република Македонија ќе владее правото, а не самоволието.
Во таа насока, се надевам дека претседателот на Владата веднаш ќе го исправи фалсификатот: самоволното прогласување на „Рамковниот договор“ за глава X на Уставот, што го направи претходната гарнитура на официјалната страница на Владата.
Ако сака да владее правото, новата Влада мора да го почитува решението на Уставниот суд (според кое „Рамковниот договор“ не е правен, туку политички акт) и повеќе да не ги оправдува своите одлуки со повикување на „Рамковниот“, туку со повикување на Уставот. (За разликите, види тука, и тука)
Исто така, се надевам дека и претседателот на Собранието ќе го исправи погрешниот превод на Уставот на англиски јазик, кој сеуште ги доведува во заблуда читателите дека уставните амандмани од 2001 год. се идентични со одредбите од „Framework Agreement“.
Кога, најпосле, Собранието ќе изготви пречистен текст на Уставот, и официјален превод на јазиците што се употребуваат во ОН?
во 12:17 4 коментари
Torture Channel
8/30/2006Само што гледав драматизирана емисија на Discovery Channel (на кабелска, пред 23 часот) за фаќањето на Садам Хусеин, со изјави на очевидци и актери вклучени во операцијата.
Она што ме запрепасти е експлицитното прикажување на елементи на тортура врз еден од приврзаниците на Садам, фатен непосредно пред неговото „откривање“.
Си ги триев очите оти не ми се веруваше - беа прикажани неколку неуспешни обиди за изнудување на признание од фатениот: тој не само што беше удиран со тупаници и делови од пушка, туку му беше пуштен и волчјак кој му ги зари забите во нозете. И покрај се, мачениот не призна ништо, туку се обиде да ги оддалечи од бункерот по кој газеа.
Како „десерт“ во емисијата, еден од војниците кој учествувал во фаќањето на Садам Хусеин најискрено си се пофали дека од ќеф неколку пати со боксови го удрил заробениот Садам по лицето, додека овој лежел на земја со рацете врзани зад грб со „лисици“.
Љубезно ги молам коментаторите кои сеуште сметаат дека САД се „најдемократската“ земја во светот, да ми објаснат дали и како е можна „демократија“ при манифестно рекламирање на методите на тортура. Дали демократијата може да оди заедно со флагрантното непочитување на забраната за тортура, свиреп и нечовечки третман - како елементарно човеково право?
Да потсетиме и на нашите постоечки закони: „Со парична казна од 200.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок радиодифузер или друго правно лице, ако емитува програми што содржат прекумерно насилство или други програми кои можат сериозно да го загрозат физичкиот, психичкиот и моралниот развој на децата и младите“ (серијалот беше прикажан пред 23 часот).
Поради флагрантното кршење на програмските стандарди од страна на кабелскиот оператор, упатувам апел до Советот за радиодифузија да ги преземе законските мерки кои му стојат на располагање, имајќи предвид дека прикажаната серија нема ништо заедничко со принципите за чие почитување се грижи Советот:
„- негување и развој на хуманите и морални вредности на човекот и заштита на приватноста и достоинството на личноста;
- еднаквост на слободите и правата независно од полот, расата, националното, етничкото и социјалното потекло, политичкото и верското убедување, имотната и општествената положба на човекот и граѓанинот;
- поттикнување на духот на толеранцијата, заемното почитување и разбирање меѓу индивидуите од различно етничко и културно потекло;“ (чл. 68).
Ако кабелските оператори можат да бидат казнувани заради емитување на порнографски канали (XXL), тогаш зошто да не бидат казнувани и заради пропагандно емитување на методи на тортура?
во 23:31 4 коментари
Политички бачила и трла
Секогаш кога ќе има можност треба да го збогатуваме нашиот политичко/политолошки вокабулар со нови изрази. Мојот скромен придонес за денес ќе биде воведувањето на дистинкцијата помеѓу изразите „политичко бачило“ и „политичко трло“.
„Политичко бачило“ – скандалозна проневера на буџетски пари која предизвикува тектонски медиумски потреси за одредена политичка гарнитура. На пример, проценката дека дадено „политичко бачило“ предизвикало-медиумско политички земјотрес од околу 3 степени според Иснифариевата скала, значи дека околу 2 милиона ЕВРА буџетски пари „ги изел волкот“. Со мала припомош на корумпираните „шар-планинци“, разбира се.
„Политичко трло“ – институција/организација/јавно претпријатие кое служи за удомување и „презимување“ на заслужните политички „-овци“, откако нивната партија ќе дојде на власт. Најпопуларни „политички трла“ беа ЕСМ, Поштата, Македонски телекомуникации, пред да се приватизираат. На времето, МТВ и НИП-от беа долгогодишни политички трла, пред да се пренаселат и раскрчмат. Општините и јавните претпријатија станаа популарни „политички трла“ со процесот на децентрализација. Наесен, популарни политички трла стануваат и основните и средните училишта. (Можда треба да размислиме и за приватизирање на општините и училиштата.)
И „политичките бачила“, и „политичките“ трла, им служат само на политичките „Овчари“ (секоја сличност со Shepard е случајна) за да ги „нафатираат“ своите послушни партиски „-овци“, со маста што секојдневно им ја вадат на послушните работни луѓе и граѓани на Република Македонија кои, нели, се среќни и задоволни што „Секој петок урда јадат!“
во 13:01 2 коментари
Јазикот наш „премиерски“
Дали нашиот „Премиер“ во боксерски стил почна да ги „ескивира“ законите?
Неколку забелешки од техничка природа на објавеното „експозе“ на „Премиерот“:
- „Собранието на РМ“: ако ние самите користиме акроними и не го употребуваме уставното име „Република Македонија“, можеме ли да очекуваме другите да не користат акроними?
- „Дами и Господа“ – зошто со голема буква?
- низ целиот текст се појавува некое мистериозно „A“, а и некое „€“
- „цертификати“, „цертификација“?!?
- „поефтини“?
- „Европската Унија“ или „Европката унија“?
- „македонците, албанците, турците, ромите, србите, власите, бошњаците“ (со мала буква?)
Да се надеваме дека другите работи што ќе бидат објавувани на владината страница ќе ги прочита лектор, согласно Законот за употребата на македонскиот јазик.
И тоа е закон, нели, и треба да се почитува.
во 00:02 2 коментари
Џадето на смртта
8/29/2006Возењето точак е опасно по живот во Скопје и околината.
Затоа, отворено ги поддржувам жителите на Трубарево и околните села во нивното легитимно демократско барање за проширување на патот и изградба на велосипедска патека:
„На патот во последните осум месеци починале осум луѓе. Три сообраќајни несреќи се случиле на местото каде беа поставени блокадите.“ (А1)
Пофалби за А1 за покривањето на темата, и покуди за МРТ на чиј сајт „радиодифузната такса“ е сеуште вест на денот.
Кога ќе формираме „бициклистичка герила“ која ќе им ги дупи гумите на автомобилите кои паркираат на велосипедски патеки?
Можеби тогаш нашите полицајци ќе се сетат што им е работа.
во 14:17 3 коментари
Ужас
8/28/2006Пофалби за Шпиц кој известува за потресната сторија Војник се уби за да не убива деца:
„- Не можам да отидам таму и да пукам во мали деца. Навистина не можам да отидам во Ирак. Нема смисла на која страна си. Не сакам да го правам тоа - се вели во прошталното писмо на војникот до неговата мајка.
Според неа, воените инструктори му кажувале на нејзиниот син дека во Ирак двегодишни деца носат бомби и на војниците може да им се нареди да пукаат во нив за да се заштитат, вели мајката во изјава за лондонскиот весник „Гардијан“.“
The Independent објаснува дека „Веројатно ова било обид на постарите офицери ментално да ги зајакнат нивните нови регрути.“ Прво пукај, па после поставувај прашања?
Дали и нашите војници во Ирак, како дел од британскиот контингент, биле на овој начин „ментално зајакнувани“? Дали и тие биле обучувани да пукаат и во двегодишни деца, ако затреба?
Британското министерство за одбрана соопшти дека 1,541 војници кои служеле во Ирак страдаат од психијатриски нарушувања (BBC). Досега имаат извршено самоубиство 6 британски војници кои служеле во Ирак.
Колку од нашите војници кои служеле во Ирак и Авганистан страдаат од психијатриски нарушувања?
Не ми е јасно, како можат мирно да спијат оние што дигаа раце во собранието за испраќање на наши војници во Ирак.
во 10:29 0 коментари
Advocatus diaboli
8/27/2006Ајде да си играме малку „ѓаволов адвокат“ (advocatus diaboli), во функција на развивање на критичко мислење и дебатирање.
Во време кога нашето Собрание ја срозува политичката дебата на најниско можно ниво, Ивица Боцевски излегува со анализа во која се обидува да докаже дека „Македонија треба да го напушти полу-претседателскиот систем и да еволуира кон чиста парламентарна демократија, со силни институционални механизми за спречување на политичките кризи.“ („Претседател на Република Македонија - извор на нестабилност“ - 26 август 2006 година).
Боцевски се повикува на фактот дека функцијата Претседател на Републиката е „извориште на нестабилност и една од кочниците за демократскиот развој на државата“, иако токму благодарение на напорите на Претседателот на Републиката (Борис Трајковски) дојде до потпишување на примирје по конфликтот во 2001 год. и до сериозни уставни и структурни реформи кои придонесоа за стабилизирање на државата и за развој кој беше награден со добивањето на статусот „кандидат земја членка на ЕУ“.
За Боцевски е спорен „непосредниот избор на шефот на државата во услови на поделено општество“, затоа што „непосредно избраниот претседател секогаш ќе биде Македонец“ и „функцијата претседател на Македонија досега само ја зголемуваше етничката поларизација на македонското општество.“
Ако размислуваме вака, тогаш се спорни и сите досегашни избори, оти немаше избори кои не ја зголемија етничката поларизација. Дали тоа значи дека треба да ги укинеме изборите затоа што ја зголемуваат етничката поларизација?
Зарем предлогот на Боцевски - собраниско избирање на листа (претседател и потпретседател во пакет) - е подемократски од непосредниот избор? И зошто не се земени предвид можностите:
- непосреден избор на претседател и потпретседател во пакет;
- некој припадник на друга етничка заедница да може да стане претседател или потпретседател;
- некој кој воопшто не се чувствува како „припадник на (етничка) заедница“, туку како Македонец (во смисла на граѓанин на Република Македонија) да може да стане претседател или потпретседател.
Не ми е јасно, зошто Боцевски ја нарекува „надуена“ легитимноста на Претседателот, а не легитимноста на Премиерот, кој не е избран на непосредни избори, туку од страна на Собранието?
Што да се каже за аргументот: „Досега македонските претседатели промовираа луѓе од своето непосредно опкружување за клучни државни функции и со ова сериозно го уриваа демократскиот принцип за избор на политички функционери.“? Ако самото уставно решение (за предлагање и именување функционери) го урива „демократскиот принцип за избор на политички функционери“ тогаш, зарем е битен начинот на кое решението се практикувало?
Аргументот дека „клучните партии од опозицијата никогаш досега не го признаа изборот на претседателот за легален и легитимен чин“ може да говори и во прилог на тоа дека на Македонија и е неопходна непартиска (или натпартиска) функција со широки овластувања која ќе има на располагање ефикасни механизми за разрешување на партиските (и други) конфликти. Зошто да не размислуваме во насока на усвојување дополнителна одредба дека кандидатите за непосреден избор на Претседател (еве, и за Потпретседател - во пакет) треба да бидат непартиски личности?
Клучниот аргумент на Боцевски (во прилог на предлогот Собранието да го бира Претседателот) е дека „Силниот парламент... овозможува силна контрола врз избраните функционери.“ Ако земеме предвид дека досега нашето Собрание генерално потфрлаше во контролата на избраните функционери, тогаш не би требало туку-така да ја отфрламе идејата за не-партиска институција која ќе има изворен легитимитет, и која нема да биде контролирана од партиски инструментализираниот парламент. Таквата институција не може да се нарече „уставен и политички „франкенштајн" без демократска контрола“, како што не може да се нарече ни институцијата „пратеник“ која демократски се контролира на непосредни избори. Згора на тоа, за одговорноста на Претседателот на Републиката одлучува и Уставниот суд.
Боцевски се прашува и која е целисходноста на „правото на вето“ за законите донесени во парламентот, иако имавме мошне свеж позитивен пример за тоа - стопирањето на законот со кој „силниот парламент“ сакаше да си обезбеди доживотни привилегии.
Затоа, во наши услови, треба да бидеме мошне скептични во однос на аргументите дека „силниот парламент ги охрабрува граѓаните да градат силни и одговорни партии“, во услови кога партиите се неспоредливо посилни (и понеодговорни) од граѓанското општество и медиумите семени заедно, и кога нивото на партиска политичка култура не овозможува плодотворна и критичка парламентарна дебата.
во 15:00 4 коментари
Битанги и принцеза
8/26/2006Редно е со песна да го испратиме досегашниот премиер. Што викате за „Кад заборавиш, јууули...“ од Бијело Дугме?
На кутриот Буч сигурно не му е до песна после таков изборен дебакл. Но, и покрај катастрофата, верувале или не, Во СДСМ никој не е одговорен за поразот?!?
Да, бе, криви се Хари и Б.Ц., крив ми ти бил „Охридскиот договор“, крив бил „референдумот“, крива била децентрализацијата, криви биле коалициските партнери, крива била Анти-корупциската комисија, криви биле медиумите, крив бил и „стаорецот“ Тито Петковски затоа што на време киднал од бродот што тоне...
Замислете, криви биле и неопределените граѓани што некако успеале да се доберат до гласачките места, иако СДСМ ги закажале изборите токму на 5-ти јули затоа што се претпоставувало дека тогаш ќе биде „мал одѕив на неопределените гласачи кои традиционално гласаат за опозицијата“ (Дневник).
Мора некој астролог на Бучко да му го одредил изборниот датум, оти теоријата дека неопределените гласачи традиционално гласаат за опозицијата држи вода исто колку и ланскиот снег.
Црно му се пише на СДСМ. Ако не изберат комплет ново и подмладено раководство, пола членови има да им пребегаат во НСДП.
Најпосле, кој сака да биде „лузер“ покрај толку неодговорни, самобендисани и арогантни политиканти?
Ќе сфатат ли конечно „розите“ дека Буч е „момак на лошем гласу у овом граду“, и дека е крајно време „битангите“ на СДСМ да и го отстапат раководното место на нивната ЕУ-„принцеза“?
во 19:24 2 коментари
Балканските паранои и конспирации
8/25/2006Одбранбената тактика на ЈНА се темелеше на тоа дека Југославија ќе биде нападната од „надворешниот непријател“ со неколку стотини авиони.
Војска служев во 1988 год., делумно во Шибеник, во ПВО (против-воздушна одбрана), во една дежурна единица. Како нишанџија бев трениран за 8 секунди (по стигнување на наредбата која доаѓаше од специјален црн телефон) да бидам подготвен да нанишанам и да стрелам во непријателски авион што можеше секој момент да дојде од насока на Италија.
Во тоа време, сите мислеа дека ЈНА живее во параноја, дека е заложник на теории на конспирации, дека како во романот „Татарска пустина“, долго го исчекува непријателот кој нема никогаш да дојде.
Ама кога-тогаш, непријателот доаѓа. Дури и во романот на Дино Буцати.
Десетина години подоцна НАТО ја нападна Југославија (додуша, малку поинаквата, мини Југославија), и тоа не со неколку стотини, туку со илјадници авиони - најмногу од Италија! Се остварија најцрните стравувања на „параноичарите“ од ЈНА, кои се најдоа како дел од војската на СРЈ.
Останав да се прашувам - колку параноичниот страв од многубројниот моќен непријател придонесе тој навистина да дојде, уште помоќен и помногуброен?
Ако си цело време воспитан во некој страв, не посакуваш ли потајно да ти се оствари тоа од што најмногу се плашиш? Како некое црно ѓаволче во тебе, скришно да работи токму на тоа што не сакаш никогаш да се случи.
Сеуште се думам - „Море ли се човек борит против силе кад је не зна и не види?“ (парафраза од филмот „Кудуз“). Како се стекнува имунитет од само-остварливи пророштва, како „Она што најмногу го сакаш, и од што најмногу се плашиш, ќе ти се оствари!“
Може ли да ги победиме параноичните стравови, а особено „инженерите на стравот“ - оние кои сакаат политички да манипулираат со „невидливи сили“ и „само-остварливи пророштва“?
Како да се бориме против балканските политички паранои и теории на конспирации, кога многумина веруваат дека конспирациите станаа реалност, и дека параноичноста е симптом за ментално здравје кај политичарите?
Како што поентира Летаргичан, во најновиот му антологиски пост:
„После, на људи им падне криво што су биле у праву.
Пошто оној за што су биле параноични,
не значило дека тој истото стварно не се дешавало.“
во 14:10 2 коментари
Мојот список со блогови
-
„Ју Ту“ (U2), Ед Ширан и Тарас Тополиа објавија песна посветена на украинските бранители - [image: Кадар од спотот на „Ју ту“ - „Вечно твој/а“] Ирската рок-група „Ју Ту“ (U2) и украинскиот режисер Иља Михајлус објавија краток документарен фил...Пред 7 месеци
-
-
Hello world! - Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!Пред 1 година
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 7 години
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 15 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 17 години
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
11 Октомври – „Денот на народното востание“ го славевме како еден од трите државни празници на Република Македонија, покрај Денот на републи...
-
„Жарко, те молам да ми објасниш како се признава еден народ од друга држава?“ („ Жарко, моля те обясни ми как се признава един народ от друг...
-
Во опширните коментари на мојот пост Автогол , посветен на колумната на Букарски , ја направив следнава дигресија: „(Еднаш кога ми објавија...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Од еден од моите коментатори го добив следниов мејл: „Жарко, еве ти материјал за пост за цензура. Се состои од два избришани коментари кај А...
-
Tyler Brûlé, колумнистот на престижните Financial Times (каде што милува да се рекламира нашата влада), смета дека рекламирањето на национал...
-
Времето беше прекрасно за шетање вечерва. Воздухот чист и влажен, а температурата идеална. Одејќи по улицата од „Идадија“ накај „Апче“, не...

Popular Posts this month

Popular Posts this week