Само што гледав драматизирана емисија на Discovery Channel (на кабелска, пред 23 часот) за фаќањето на Садам Хусеин, со изјави на очевидци и актери вклучени во операцијата.
Она што ме запрепасти е експлицитното прикажување на елементи на тортура врз еден од приврзаниците на Садам, фатен непосредно пред неговото „откривање“.
Си ги триев очите оти не ми се веруваше - беа прикажани неколку неуспешни обиди за изнудување на признание од фатениот: тој не само што беше удиран со тупаници и делови од пушка, туку му беше пуштен и волчјак кој му ги зари забите во нозете. И покрај се, мачениот не призна ништо, туку се обиде да ги оддалечи од бункерот по кој газеа.
Како „десерт“ во емисијата, еден од војниците кој учествувал во фаќањето на Садам Хусеин најискрено си се пофали дека од ќеф неколку пати со боксови го удрил заробениот Садам по лицето, додека овој лежел на земја со рацете врзани зад грб со „лисици“.
Љубезно ги молам коментаторите кои сеуште сметаат дека САД се „најдемократската“ земја во светот, да ми објаснат дали и како е можна „демократија“ при манифестно рекламирање на методите на тортура. Дали демократијата може да оди заедно со флагрантното непочитување на забраната за тортура, свиреп и нечовечки третман - како елементарно човеково право?
Да потсетиме и на нашите постоечки закони: „Со парична казна од 200.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок радиодифузер или друго правно лице, ако емитува програми што содржат прекумерно насилство или други програми кои можат сериозно да го загрозат физичкиот, психичкиот и моралниот развој на децата и младите“ (серијалот беше прикажан пред 23 часот).
Поради флагрантното кршење на програмските стандарди од страна на кабелскиот оператор, упатувам апел до Советот за радиодифузија да ги преземе законските мерки кои му стојат на располагање, имајќи предвид дека прикажаната серија нема ништо заедничко со принципите за чие почитување се грижи Советот:
„- негување и развој на хуманите и морални вредности на човекот и заштита на приватноста и достоинството на личноста;
- еднаквост на слободите и правата независно од полот, расата, националното, етничкото и социјалното потекло, политичкото и верското убедување, имотната и општествената положба на човекот и граѓанинот;
- поттикнување на духот на толеранцијата, заемното почитување и разбирање меѓу индивидуите од различно етничко и културно потекло;“ (чл. 68).
Ако кабелските оператори можат да бидат казнувани заради емитување на порнографски канали (XXL), тогаш зошто да не бидат казнувани и заради пропагандно емитување на методи на тортура?
Torture Channel
8/30/2006во 23:31
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Мојот список со блогови
-
-
Hello world! - Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!Пред 6 месеци
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 4 години
-
Поддршката за СЈО не значи приврзаност кон идоли, туку кон идеали - Држава е збир од институции, а секоја институција е многу повеќе од збирот на поединците што работат во нив. Можеби авторитарните личности на кои им е стра...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 6 години
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 14 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 16 години
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Архива на блогот
-
▼
2006
(466)
-
▼
август
(20)
- Училишта или затвори?
- Правото vs. самоволието
- Torture Channel
- Политички бачила и трла
- Јазикот наш „премиерски“
- Џадето на смртта
- Ужас
- Advocatus diaboli
- Битанги и принцеза
- Балканските паранои и конспирации
- Чекор напред, два назад?
- „Резил!“
- „Каде сте Македончиња?“
- Слободата на избор/дејствување
- Кој е попаметен?
- „Слобода“ за Ирак?
- Обичен пост
- Многу сум скептичен
- Ескопјизам
- Нудистички плажи?
-
▼
август
(20)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Прочитајте што вели Милчо Манчевски: „Кога бев мал сакав да станам филмски режисер. Арно ама, немав врски за да ме примат на филмската ака...
-
Точно за еден месец ќе одбележиме 60 години од Универзалната декларација за човекови права, усвоена на 10 декември 1948. Во првиот член од п...

Popular Posts this month

Popular Posts this week

4 коментари:
Маѓичниот триаголник на САД:
Демократијата гарантира човекови права , човековите права се кршат за да се заштити демократијата.
Нешто слично на маѓичниот квадрат на ДУИ: Власта се добива на демократски избори, демократијата гарантира право на протест, со протести се влегува во власта.
А што се однесува до кабелските оператори, тие често емитуваат програми кои не се наменети за нашата временска зона (со +2 часа по Гринич). Овие програми се најчесто „крадени“, односно без платена лиценца. Порано често се случуваше да „фатам“ порнич по руско време во 10 навечер. Хаос.
Кај мене локалниот кабелски оператор на големо емитува порно филмови и никогаш не бил казнет. Да беше само нашиот. За да е апсурдот поголем на неговиот сервисен канал во исто време со порното врти скенирано соопштението на Советот дека таквите содржини се забранети.
Discovery емитува она што смета дека ќе му донесе гледаност.
Тортурата на најдемократската земја во светов е нормална појава. И тие се сепак само луѓе. Освен тоа кој колку сака нека мисли дека световидот кај луѓето со тек на време се менува, ама онаа библиската “Око за око заб за заб“ е во генот на луѓето.
Тие луѓе од тој документарец својата “цврстина на карактерот“ за мачење верувам дека ја хранат гледајќи снимки на маскирани шиити како колат цивили-волонтери на Црвениот Крст во Ирак или Чеченија.
Тоа е тоа, нема бегање од таквите работи.
„Тортурата на најдемократската земја во светов е нормална појава. И тие се сепак само луѓе.“
Ништо човечко не ми е туѓо?
Тешко ми е да ја прифатам таа хипокризија: да цензурираш порнографија, а да уживаш во мачење „исламисти“; да ги прикажуваш жртвите на непријателот (на пр., браќата на Садам), а да го цензурираш прикажувањето на сопствените жртви (луѓето што скокаа од кулите близначки); да прикажуваш како камерата влегува во ноздрите и отворената уста на Садам (додека му вршат лекарски преглед), и да се залагаш за правото на приватност.
„Discovery емитува она што смета дека ќе му донесе гледаност.“ - не е баш така. И прикажувањето на жртвите на 11 септември ќе значеше повеќе гледаност, како и прикажувањето на убиените маринци во Ирак.

Кога мислев и тие се само луѓе кои својата нечовечност ја хранат од снимките на интернет мислев на мачителите како луѓе. А за хипокризијата на општеството(во овој случај американското) е веќе друга приказна.
Затоа и напишав дека без разлика на се “Око за око заб за заб“ сеуште е една од примарните во намлување на чоековата болка и загуба предизвикана од некој друг.
„Discovery емитува она што смета дека ќе му донесе гледаност.“ - не е баш така. И прикажувањето на жртвите на 11 септември ќе значеше повеќе гледаност, како и прикажувањето на убиените маринци во Ирак.
Неверувам дека 9/11 би им донел поголема гледаност особено во САД. Токму хипокризијата за која збориме е таа која влијае на гледаноста. Тешко дека американците би сакале да гледаат за своите загуби онака како што ги гледаат загубите на непријателот кои им ги нанесуваат тие, па макар тоа е нечовечки и со помош на кучиња и што се не друго.
Објави коментар