„Зошто не пишуваш за новата влада?“ - ме прашуваат некои читатели.
Па, нели забележувате дека се обидувам да пишувам за бајаги постабилни и потрајни работи у животот?
Се шегувале ние или не, партискиот карван си врви, без оглед на тоа колку новинарите, блогерите, и другите „watch-dogs“ милуваат да лаат.
Можеби ќе испадне дека зборам „пред рука“, ама како што велат, политиката е премногу сериозна работа за да им ја препуштиме само на политичарите.
Затоа, да го потсетиме на некои работи мандаторот, кој тврдоглаво се „понаша“ како да не сака да извлече никаква поука од изборните „резилтати“.
Ако составот на новата влада биде изгласан од Собранието наредната седмица, во владата ќе седат министри/министерки кои не добиле доверба од мнозинството излезени гласачи!
Имено, новите министри/министерки ќе имаат доверба само од 47,19% од граѓан(к)ите кои излегоа да гласаат (31,24% - ВМРО-ДПМНЕ итн., 7,21% - ДПА, 5,81% - НСДП, 1,78% -ДОМ, 1,15% - ПЕИ).
Ако новата влада, со предложениот состав биде изгласана од Собранието, таа ќе биде политички израз на волјата на 460.076 гласачи (35 илјади и кусур помалку, од гласовите што на претходните избори ги освои коалицијата на СДСМ), што претставува само околу 26,4% од вкупниот број на гласачки запишани во избирачкиот список.
Колку за споредба, зад претходната влада на СДСМ и ДУИ стоеја околу 38,6% од вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список.
Значи, во услови кога изборниот модел почнува да ја „гуши“ политичката (не)волја на граѓаните, оправдано се поставува прашањето дали оваа Влада е демократски легитимна, и дали ќе може да ја зачува политичката стабилност која е неопходна за економски развој.
Да потсетиме, претходната владејачка гарнитура покажа дека обезбедувањето на релативно стабилни меѓуетнички односи не е доволен услов за брз економски развој.
Да се надеваме дека оваа владејачка гарнитура нема да заборави дека обезбедувањето на релативно стабилни меѓуетнички односи е неопходен услов не само за економски развој, туку и за политичка стабилност и добро владеење.
Што да се каже на крај? Имајќи ги предвид трапавите чекори на мандаторот за време на обезбедувањето „доверба“ во Собранието, медитирајќи за изгледите на идната влада да ги оствари ветените програмски цели (фамозната „преродба во 100 чекори“), не можам да ги оттргнам од главата зборовите на мудриот старец од последниот филм на Кустурица:
„Врло сам скептичан!“
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
Е, ногу си скептик, бре!
При пресметката на процентите за подршка на новата влада, си ги превидел ВМРО-НП. Иако нема да имаат министерски позиции, сепак тие изјавија дека даваат подршка на новата Влада (со тоа и нивните гласачи, кој нели им ја дале довербата да одлучуваат за нив).
Така да, новата влада сепак ќе има подршка од над 50% излезени гласачи ;)
Инаку, јас сеа за сеа сум оптимистички расположена у однос на новата влада. Има млади, способни, едуцирани кадри кои допрва треба да ги покажат и докажат своите умеења.
п.с. ај добредојде :)
Не издржа срце јуначко, а? штрајкбрејкер :-P
Не сум ги превидел ВМРО-НП, оти тие не се претставени во Владата. Можеби треваше да бидам појасен со укажувањето дека составот на Владата не е израз на мнозинството од оние што гласале, иако може да добие доверба од мнозинството.
Убаво е што си оптимистички расположена, иако тоа може да се должи на недоволна информираност :)
Што се однесува до вечната дебата меѓу песимистите и оптимистите, еве едно пригодно бисерче од новиот филм на Вуди Ален (парафраза):
- Јас не ја гледам чашата како да е половина празна, туку како да е половина полна, ама полна со отров :)
А ти мислиш народот знае што сака? Па штоако претходната влада имала мнозинска поддршка од народот? Виде што бидна од нив. Тоа е дури и полошо. Можат одговорноста да ја префрлаат на народот - демек вие не избравте, вие така сакавте, вие не поддржавте кога се пучевме, кога праќавме војници во Ирак, ко ја пропаѓавме земјата економски духовно и интелектуално. Тоа довербата и поддршката е само манипулација. Зар искрено Жаре веруваш во народот? Во неговиот избор?? :)
„Тоа довербата и поддршката е само манипулација.“
А да не претеруваш малку со откривање манипулации и кај што треба и кај што не треба? :)
Се согласувам дека со се може да се манипулира, и дека довербата и поддршката може да биде дадена и за ужасни работи, како што е војната во Ирак.
Ама, да не претеруваме Bi, сепак значаен фактор во политичката анализа е дали Владата има доверба, и колку доверба има.
Е, сега, како ја користи таа доверба - тоа е друго прашање.
Претходната влада не ја искористи, и граѓаните не и дадоа пак доверба.
Објави коментар