Одбранбената тактика на ЈНА се темелеше на тоа дека Југославија ќе биде нападната од „надворешниот непријател“ со неколку стотини авиони.
Војска служев во 1988 год., делумно во Шибеник, во ПВО (против-воздушна одбрана), во една дежурна единица. Како нишанџија бев трениран за 8 секунди (по стигнување на наредбата која доаѓаше од специјален црн телефон) да бидам подготвен да нанишанам и да стрелам во непријателски авион што можеше секој момент да дојде од насока на Италија.
Во тоа време, сите мислеа дека ЈНА живее во параноја, дека е заложник на теории на конспирации, дека како во романот „Татарска пустина“, долго го исчекува непријателот кој нема никогаш да дојде.
Ама кога-тогаш, непријателот доаѓа. Дури и во романот на Дино Буцати.
Десетина години подоцна НАТО ја нападна Југославија (додуша, малку поинаквата, мини Југославија), и тоа не со неколку стотини, туку со илјадници авиони - најмногу од Италија! Се остварија најцрните стравувања на „параноичарите“ од ЈНА, кои се најдоа како дел од војската на СРЈ.
Останав да се прашувам - колку параноичниот страв од многубројниот моќен непријател придонесе тој навистина да дојде, уште помоќен и помногуброен?
Ако си цело време воспитан во некој страв, не посакуваш ли потајно да ти се оствари тоа од што најмногу се плашиш? Како некое црно ѓаволче во тебе, скришно да работи токму на тоа што не сакаш никогаш да се случи.
Сеуште се думам - „Море ли се човек борит против силе кад је не зна и не види?“ (парафраза од филмот „Кудуз“). Како се стекнува имунитет од само-остварливи пророштва, како „Она што најмногу го сакаш, и од што најмногу се плашиш, ќе ти се оствари!“
Може ли да ги победиме параноичните стравови, а особено „инженерите на стравот“ - оние кои сакаат политички да манипулираат со „невидливи сили“ и „само-остварливи пророштва“?
Како да се бориме против балканските политички паранои и теории на конспирации, кога многумина веруваат дека конспирациите станаа реалност, и дека параноичноста е симптом за ментално здравје кај политичарите?
Како што поентира Летаргичан, во најновиот му антологиски пост:
„После, на људи им падне криво што су биле у праву.
Пошто оној за што су биле параноични,
не значило дека тој истото стварно не се дешавало.“
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
Аииииииииии... Без навреда, ама темплејтов ти е...
Фала, се вратив на стариот.
Ќе се нафати ли некој да ми напраи (или да ми каже каде да симнам некој) црн, читлив, наједноставен темплејт со три колони? (сум пробал неколку на нет, ама се се тапа)
Пошто сум сиромав блогер, можам да ветам само „компензација“ или вечера у „Галерија 7“ :)
Објави коментар