Ќе ми каже ли некој зошто го славиме 23 октомври - т.н. ден на македонската револуционерна борба?
Иако Владата тврди дека во 1893 г. на тој ден било основано ВМРО, историски тоа не може да се поткрепи. Според спомените на Татарчев, за името на организацијата се расправало дури на средбата пред Водици во 1894: „На истата седница долго се разгледуваше прашањето какво име да носи Револуционерната организација и Комитетот. Ова прашање ни одзеде прилично време, и најпосле, колку што се сеќавам, усвоивме да се наречат: „Македонска револуционерна организација“, а Комитетот - „Централен македонски револуционерен комитет“, а скратено „Ц.М.Р.К.““
Значи, името ВМРО не се користело во 1893 г., а почнало да се користи дури во 1920 г., откако Организацијата била возобновена (претходно, од 1905 била ВМОРО).
Уште еден куриозитет: Ако „Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври 1893 година според стариот календар)“ (тетка Вики), тогаш зошто Илинденското востание не го славиме на 20 јули, туку на 2 август?
Митот за 23 октомври
10/20/2008Ебате аргументите, ебате!
10/18/2008
Прочитајте ги само аргументите што ги застапува Ставрос Лигерос, во интервју за „Форум“:
„Ако сакате вашата националност да ја определите со друга одредница – можете, но не можете вие да бидете Македонците!“
Е, зошто брате Ставросе да не можеме да бидеме Македонци?
Еве зошто – аргументира Ставрос:
„Ако сте вие Македонци, на тој начин ги исклучувате сите други што живеат во регионот на Македонија од тој термин. На тој начин монополизирате. Значи, делот го монополизира целото.“
Е, од каде сега тоа дека ги исклучуваме сите други „Македонци“? Зарем зборот „Македонци“ не може да има повеќе различни значења? Ние ќе си бидеме Македонци во една смисла, вие ќе си останете Македонци во друга смисла. Жителите на градчето Македонија во Алабама ќе си останат Македонци во трета смисла.
Но, "Калимеро" Ставрос тврди, тогаш ќе „нема правда“:
„Не е праведно. Тоа е како Грција да се именува Европа. Грчката нација и јазик да се наречат европска нација и европски јазик. Другите во Европа ќе речеа: во ред, и вие сте дел од Европа, но не сте само вие ексклузивно Европа. Така, и вие сте дел од Македонија, но не сте само вие Македонија.“
Нема правда, друже Ставрос?
Ај, прво пробај да ги убедиш жителите на САД дека немаат право да се нарекуваат Американци, затоа што не се само тие Америка. Пробај да ги убедиш дека делот (САД) го монополизира целото (Америка). Тресни им в лице: „вие сте дел од Америка, ама не сте само вие екслузивно Америка.“
Потоа, друже Ставрос, пробај да ги убедиш твоите колеги од ЕУ дека немаат право да се нарекуваат Европејци, затоа што не се само тие Европа. Пробај да ги убедиш дека делот (ЕУ) го монополизира целото (Европа). Тресни им в лице: „вие сте дел од Европа, ама не сте само вие екслузивно Европа.“
Кога ќе ги убедиш граѓаните на САД дека немаат право да се нарекуваат Американци, и кога ќе ги убедиш граѓаните на ЕУ дека немаат право да се нарекуваат Европејци, тогаш ќе не убедиш и нас дека немаме право да се нарекуваме Македонци!
Митот за 11 Октомври
10/12/2008
11 Октомври – „Денот на народното востание“ го славевме како еден од трите државни празници на Република Македонија, покрај Денот на републиката (2 август) и Денот на независноста (8 септември).
Сега има уште три нови државни празници: 24 Мај, "Св. Кирил и Методиј" - Ден на сесловенските просветители; 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба и 8 Декември, "Св. Климент Охридски".
Моето излагање на вчерашниот настан во „Точка“ по повод 11 октомври беше засновано на следниве размислувања.
Прашањето беше „Зошто востанието го кренале комунисти?“
Јас го поставив прашањето Дали било воопшто кренато народно востание од комунистите во 1941 г. или само симболички започнала организирана вооружена борба против окупаторот?
Накусо, моите аргументи одеа во прилог на тезата дека за народно востание може да се зборува дури во 1943, а дека нема елементи за такво нешто во 1941 и 1942.
Несомнено, на 11 Октомври во Прилеп биле изведени три координирани диверзантско-терористички акции но како резултат на тие „герилски“ акции:
1) Немало масовен одѕив од страна на народот; немало организирање на војска и главен штаб до август 1943 (во 1941 г. имало само три партизански одреди кои не се прославиле со којзнае какви воени успеси; првата регуларна единица на македонската војска била организирана на 18 август 1943 г.)
2) До 1943 г. немало позначајни борби со окупаторот ниту пак бил ослободен некој град (Во текот на 1943 година биле ослободени првите градови во Македонија - Кичево и Дебар и биле формирани првите органи на народната власт).
3) Во 1941 и 1942 г. вооружената борба во Македонија била речиси отсечена од вооружената борба во останатите делови од Југославија. Може ли да зборуваме за народно востание во 1942 г. ако тогаш дејствувале само неколку одреди, со по неколку десетини борци, и ако мнозинството од нив биле разбени?
4) Масовното учество на Македонците во борбата започнува дури по основањето на Комунистичка партија на Македонија (19 март 1943), откако почнува да се пропагира национално ослободување и обединување на сите Македонци.
Народното востание во 1941 година е мит, но во 1943 година е веќе реалност.
Карактерот на востанието бил пред се анти-фашистички и националистички (со надежи за целосно ослободување и обединување на сите Македонци). Ченто и мнозинството од оние што ја создадоа првата македонска држава биле првенствено анти-фашисти и македонски националисти.
Вчера бев сведок на мошне непријатни обвинувања на моја сметка, само затоа што сум се дрзнал да се сомневам во догмата за народното востание од 1941.
Затоа, ќе одговарам само на оние коментатори кои ќе понудат аргументи.
Нема ништо полесно од тоа, во отсуство на било какви аргументи, да прогласиш некого за предавник на македонското дело.
Словенска антитеза
10/08/2008Што има ново во Македонија? Дал’ спорот со Грција се реши? Ил’ почнавме преговори со ЕУ? Нит’ спорот со Грција се реши. Нит’ почнавме преговори со ЕУ. Место идентитет „европски“, си градиме идентитет антички. Ем антички, ем библиски, уште малку и препотопски.
***Инспирациите за пишување доаѓаат кога најмалку очекуваш. Си гледам синоќа „грујовизија“, кога одеднаш ме заплисна веста за епохалното откритие: „Македонците се музикален народ, доказ за тоа е свирчето што е пронајдено при ископувањето на археолошкиот локалитет Кале“. Ех, каква ли загуба за нашиот идентитет ќе беше ненавременото откривање на фамозното свирче од бронзеното време? Без свирчето од пред 33 века, џабе ќе ни беа сите аргументи дека сме музикален народ. А само ден претходно, народот докажа дека е музикален. Без употреба на свирче, го исвирка политичарот со најголем рејтинг кога се обиде да одржи говор на хуманитарен концерт посветен на македонската музичка легенда. А каква ли само шанса испушти премиерот да ја одбрани честа на нашиот музикален идентитет? Какви ли само овации ќе доживееше ако, наместо ливчето, го извадеше препотопското свирче и ја засвиреше омилената „Народе македонски... не знаеш кој си што си, други тебе знаат“?
Пред десетина дена, „грујовизија“ објави уште еден несоборлив доказ дека другите повеќе знаат кои сме и што сме од самите нас. Како ударна вест ги обнароди епохалните откритија на еден профитабилен швајцарски институт, според кои „најголем дел од Македонците се директни потомци на античките, а многу помал дел имаат словенско потекло“. Најпосле, белосветските трагачи по автентичниот македонски ген можат да здивнат. Не мора веќе да трошат галони бензин до Пакистан за да му докажуваат на светот кои сме и што сме. Ете, со швајцарска прецизност е утврдено дека нашето потекло е дури 30 отсто античко-македонско, а само 15 отсто словенско, за разлика од потеклото на жителите на Грција, кое е само 5 отсто античко-македонско, а дури 20 отсто словенско! Резултатите ја поткрепуваат и тезата за „петтата колона“ во нашите редови - дури 15 отсто од нас имаат елинско потекло, исто колку словенско! Според швајцарските генетичари, повеќе има смисла да се зборува за „Славоелини“, отколку за „Славомакедонци“.
Има тука уште неколку куриозитети. На второ место на генетската листа со дури 20 отсто е нашето германско потекло - што дава основа за претолкување на војната против германските фашисти како „братоубиствена војна“. Логично е да се претпостави дека резултатите од генетскиот попис ќе бидат меѓународно оспорени затоа што утврдуваат само 10 отсто илирско потекло. По најновите идентитетски освестувања, прашање на време е кога ќе се појават потомците на Феникијците (5 отсто) и Хуните (5 отсто), а богами и на Хунзите! - барајќи признавање во Преамбулата на Уставот. Најпосле, зар е можно „петте века под турско“ да не оставиле никакви генетски последици?
Сепак, најголемиот идентитетски шок го преживеав лани, кога во Битола ја посетив музејската изложба „Македонски неолит“ (период од 10.000 години до 3.000 години пред нашата ера). Верувале или не, ама таму беше изложен нашиот клучен аргумент за одбрана на името: „Именката Македонија, атрибутот македонски е во секојдневна употреба во младото камено време...“. Ако не сте знаеле, колонизацијата на Европа започнала од „Македонскиот полуостров (кој бил преименуван во „Балкански полуостров“ дури во 1804 година)“. Една од незаборавните пораки на битолската изложба „Македонски неолит“ (поддржана од Министерството за култура) се' уште ми одѕвонува во ушите: „Македонија е основоположник на европската цивилизација“!
Се разбира, ова не се официјални тези на премиерот, кој на манифестацијата Година на македонскиот јазик во Рим порача дека „...во Европа ќе влеземе како Македонци и никако поинаку!“. Минаа месеци, а се' уште лебдат во воздух две неодговорени прашања. Прво, зошто бранителот на нашиот идентитет ја усвои себе-колонизаторската формула „Европа = ЕУ“? Географски му припаѓаме на европскиот континент, членки сме на Советот на Европа и имаме право да негуваме европски идентитет, независно дали сме или не сме членка на ЕУ. Одамна мина времето на патриотската песна „Телеграма дојде од Европа“.
Второ, остана да лебди прашањето што подразбира премиерот под „Македонци“ и под „нашиот идентитет“? По кампањата „Ти си Македонија“, која финишираше со спотот со Александар Македонски, стана појасно кој „наш идентитет“ сака да го одбрани премиерот. Е сега, ако е вистинит слоганот „Народ без јазик и писмо - нема“ (кампања „Моја кирилица“), тогаш античките Македонци престанале да постојат во моментот кога се откажале од својот мајчин јазик (14 века пред кирилицата) и кога го усвоиле атичкиот дијалект што станал „коине“. Парадоксално, ама нашите потомци на Александар (грчки: заштитник на луѓе) и Филип (грчки: љубител на коњи) треба веднаш да се запишат на курсеви по старогрчки јазик.
Накусо, ништо ново во Македонија. Се' по старо, и постаро и постаро... Политичкото бегство во минатото е пат по кој упорно чекорат политичарите што немаат решение на проблемите што не' мачат во сегашноста.
Тра-ла-Ламброс Македонски!
10/03/2008Предлагам да му се додели орден за специјални заслуги на нашиот најголем лобист во САД, „Ламброс Македонски“.
Еве го неговиот вчерашен учинок во прилог на меѓународното афирмирање на нашата држава како „Македонија“:
„MR. MCCORMACK: You referred to them as Skopje, as opposed to your usual FYROM. I’m wondering if you, in fact, are coming a certain distance in your views on the name issue. (Laughter.)
QUESTION: No, no. The name according to the UN --
MR. MCCORMACK: We use Macedonia. Feel free to adopt it.
QUESTION: I said FYROM. You are saying Macedonia. I’m not accepting – I’m accepting what the UN has saying.
MR. MCCORMACK: Okay, all right.
QUESTION: One more question.
MR. MCCORMACK: Okay. (Laughter.)
QUESTION: The Congress last week passed a resolution sponsored by Senator Olympia Snowe and Robert Menendez replacing the so-called “Macedonia” with a legal one under the UN, FYROM. Are you going to honor this resolution, Mr. McCormack, since President Bush’s initiative considers to withdraw the recognition from November 4th, 2004?
MR. MCCORMACK: Lambros, I have not – I have not seen the resolution sponsored by the Senator from my home state. The Executive Branch of the United States Government has made a decision with respect to the name. We refer to that country as Macedonia.“
Колку повеќе Ламброс го форсира некронимот „FYROM“ (кој не е наше „име согласно ОН“!), толку повеќе владата на САД го форсира името „Македонија“.
во 16:28 4 коментари
Борбата за националниот идентитет
10/01/2008„Секоја генерација има своја битка“ - одекнуваше илинденското мото во Пелинце и во Крушево. Два месеца по Илинден, а никако да се ослободам од тегобното чувство дека мојата генерација е заложник на бесмислена борба што се крепи на промашена теза. Тезата беше лансирана во февруари од Будимпешта, ден пред националистичкиот митинг на скопскиот плоштад Пела под мотото „Македонија, македонско, Македонци“. Будимпештанската теза на Груевски беше обландирана како предизборен слоган: „Борбата за уставното име е борба за зачувување на нашиот идентитет!“
Уште во една од мартовските колумни укажав на манипулативниот карактер на оваа теза: Ако „идентитетот е нешто што се градело со векови и илјадници години“ (како што тврдеше Груевски), тогаш каква врска има тој идентитет со уставното име Република Македонија од 1991 година? Неодамнешниот развој на политичките настани ме поттикна да изложам дополнителни противаргументи:
1. Тезата „Борбата за уставното име е борба за зачувување на нашиот идентитет“ им остава простор на нашите оспорувачи да аргументираат дека „нашиот идентитет“ не е постар од актуелното уставно име Република Македонија, затоа што името Република Македонија датира од 1991. Историјата на македонската држава не се исцрпува со историјата на Република Македонија која почнува на 7 јуни 1991. Имено, тогаш Собранието на СРМ донесува одлука за стапување во сила на амандманот на Уставот на СРМ со кој се избриша зборот „Социјалистичка“, и во целиот текст почна да се употребува називот „Република Македонија“. На 11 јуни 1991 година излезе првиот број на „Службен весник на Република Македонија“ (дотогаш „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“). Од историска и правна перспектива, првиот устав на Република Македонија е уставот по усвојувањето на амандманите од 7 јуни 1991, ден што може да се одбележува како ден на името „Република Македонија“.
2. Ако името на државата е суштествено за нашиот идентитет, тогаш испаѓа дека секогаш кога некој го менувал името на државата, го предавал нашиот идентитет. Ако е така, тогаш Методија Андонов Ченто треба повторно да го прогласиме за народен предавник, затоа што на 8 март 1946 го потпишал Законот за името на Народна Република Македонија со кој „досегашното име на нашата федерална единица „Демократска Федерална Македонија“ се менува и гласи „Народна Република Македонија“.“ Бездруго, како предавници на идентитетот и народот треба да се прогласат и оние што потоа го сменија името во „Социјалистичка Република Македонија“ и во „Република Македонија“.
3. Виталната лага дека борбата за зачувување на уставното име е борба за зачувување на националниот идентитет затскрива една тажна вистина. Приемот во ОН во 1993 под „привремената“ референца не беше суспензија, туку практично откажување од уставното име во меѓународната употреба до постигнување заедничка спогодба со Грција. Од нашето уставно име практично се откажаа сите наши политички претставници, независно од партиската и етничката припадност, кои 15 години достоинствено учествуваа во работата на меѓународните организации под некрофилската референца „поранешната југословенска...“. Ако некрофилската дескрипција досега не го загрози нивниот национален идентитет, од каде стравот дека прифаќањето на некоја одредница пред „Република Македонија“ ќе го загрози нашиот национален идентитет?
4. Промашената теза за „националниот идентитет“ не' води во идентитетски ќор-сокак. На пример, кога Црвенковски во Њујорк зборуваше за „фер компромис и за разумно решение што нема да го оспорува нашиот национален и културен идентитет“, истакна и дека нашиот „специфичен модел на функционална мултиетничка демократија... докажува дека е возможна продуктивна коегзистенција на различните нации и култури што делат ист простор.“ Ако ја застапуваме тезата дека во нашата специфична земја коегзистираат повеќе нации и култури, тогаш треба да зборуваме и за повеќе национални и културни идентитети. Барањето изјава за припадност на една етничка заедница, кое е услов за кандидирање за пратеник, оневозможува политичко промовирање и претставување врз основа на еден надетнички национален идентитет. Тиранијата на исклучиви етнички идентитети оневозможува изградба на еден национален и културен идентитет.
5. Промашената теза за „националниот идентитет“ ја продлабочува македонската конфузија помеѓу етнички и национални идентитети, помеѓу народ во смисла на „етнос“ и народ во смисла на „демос“. Претходно веќе укажав дека може да се воспостави логичка врска помеѓу името на државата и националниот идентитет, а не етничкиот. Иако упорно ја поистоветуваме припадноста кон етничката заедница со „националната припадност“, етничкиот и националниот идентитет се два различни поима што не треба да се побркуваат. Кој не верува нека прочита на новата лична карта, каде што терминот „државјанство“ е преведен како „nationality“.
Накусо, борбата за уставното име не е борба за националниот идентитет „Македонец“, затоа што ниту Уставот ниту политичката практика не создаде можност за граѓанска употреба на зборот „Македонец“ без разлика на етничката припадност. Ако сакаме да го браниме нашиот национален идентитет, треба прво да го создадеме, надминувајќи ги бетонираните етнички идентитети. Ако сакаме да градиме демократија, треба да го вратиме македонскиот демос на историската сцена, носителот на суверенитетот на првата македонска држава.
Првата македонска држава беше израз токму на суверената волја и правото на самоопределување на „народот на Македонија“ (не во смисла на „етнос“), а АСНОМ го образуваа народните претставници, без разлика на народност, вероисповед, пол, раса и политичко-партиска припадност.
Словенска (анти)теза
9/29/2008„...оние што ги зборуваат словенските јазици се Словени“ – тврди Јоуко Линдстат, славист од Финска, во интервју за „Форум“.
Какви ли сме ние антички Македонци, кога не зборуваме античко македонски јазик? Не ли е крајно време нашата влада да излезе во пресрет на народните барања и да оранизира бесплатни курсеви по античко-македонски јазик?
Но, за жива срамота, нашите антички предци, некаде во 4 век п.н.е се откажале од својот мајчин јазик (14 века пред кирилицата) и го усвоиле атичкиот дијалект кој станал „коине“. Парадоксално, ама нашите потомци на Александар (грчки: заштитник на луѓе) и Филип (грчки: љубител на коњи) треба веднаш да се запишат на курсеви по старогрчки јазик.
Ако е вистинит слоганот „народ без јазик и писмо – нема“ (кампања „моја кирилица“), тогаш античките Македонци престанале да постојат во моментот кога се откажале од својот мајчин јазик.
Нели, само додека зборувале македонски, постоеле како Македонци!
Со веронаука против сексот
9/28/2008"(колумна во „Форум“, објавена пред два дена, како коментар на цитатите од постот „Православието и сексот’)
Денеска е 26-ти септември, ден кој грешниците го слават како „Светски ден на контрацепцијата“. Лани го одбележуваа под хедонистичкото мото "Живеј го својот живот пред да за(по)чнеш друг", а оваа година со атеистичкиот слоган "Твој живот, твое тело, твој избор".
Годинава, заблудените „сексперти“ излегоа со еретички барања, покрај веронаука да се воведело и сексуално образование. Според нив, главна причина зошто треба да се воведе сексуално образование била насушната потреба од предмет што ќе ги научел децата како да се заштитат од несакана бременост и од сексуално преносливи болести. Ваквите еретички мисли треба да се сосечат во корен. Па, чеда божји, кој може подобро да ги заштити децата од несакана бременост и од сексуално преносливи болести - благословената православна веронаука или еретичкото сексуално образование? Можат да се наведат барем 10 причини ЗА православната веронаука, а против сексуалното образование:
1. Децата не треба да се едуцираат за сексот затоа што „Сексот ја уништува човечката личност, тој ја ослабнува човековата волја, го прави роб на страстите... Сексот го разорува човечкиот морал.... Во сексот нема ништо благородно и радосно, туку напротив има толку многу понижувачко и вулгарно! “ (повеќе во „Премин“).
2. Затоа што „Последица на сексот не е раѓање, туку убивање на деца... Сексот ја уништува почитта на луѓето едни кон други и кон самите себе.“ (Така вели Архимандрит Рафаил (Карелин) во текстот „Не прељубодејствувај!“) Најпосле, Господ на Адам и Ева не им кажал „Имајте секс“, туку „Плодете се и множете се“.
3. Затоа што децата не треба да се воспитуваат на блудочинство, туку на пост, молитва, покајание и пред сé на воздржаност: „крајниот резултат од блудочинството е т.н. несакана бременост, чија крвава завршница претставува абортусот односно чедоморството“. Децата треба да научат дека за оние што извршиле чин на абортус или помогнале во истиот, каноните на Црквата предвидуваат духовна казна од покајание и отстранување од светата причест во времетраење од 10 години.
4. Затоа што упатствата за употреба на контрацептивните средства и за таканареченото “планирање на семејството” ги наведуваат децата на гревот ракоблуд. Децата треба да научат дека оние кои се занимаваат со вештачко возбудување на своето тело нема да го наследат царството божјо.
5. Затоа што сексот е исто толку погубен колку и идејата за некакво си „сексуално здравје“. Децата треба да ги научиме дека „гревот на блудот е многустран и разновиден“ и дека „блудот е најтежок грев по убиството“. Сексуалното образование проповеда блуд. Борбата против сексуалното образование е борба против блудот. Ние ќе ги научиме децата дека „Желбата во срцето против која човекот не се бори, веќе претставува блуд.“ Оти, „во Новиот Завет Господ бара целомудреност не само во постапките, туку и во мислите: оној кој гледа со желба веќе прави прељуба (Мат. 5, 28)“.
6. Токму затоа, ќе ги научиме децата да се воздржат од гледање на телевизија: „Телевизорот е непријател кој се прикрал во куќата и кој треба да го исфрлиме со шутирање. (...) оние коишто гледаат соблазнителни телевизиски емисии секојдневно ја нарушуваат заповедта не прави прељуба.“ (Затоа, наместо да гледате ТВ, читајте „Премин“).
7. Затоа што сексот и развратот се демонизирачка сила, ѓаволска работа: „Сексот и развратот се атрибути на црната магија, со гревот на развратот се завршуваат празниците на сатанистичките секти.“ Како што предупредува Архимандрит Рафаил (Карелин): „Демоните се собираат на смрдеата на блудот, како гаврани кои слетуваат на трупот.“
8. Затоа што сексот е зависност, исто како алкохолизмот и наркоманијата. Децата треба да знаат дека за време на сексот доаѓа до исклучување на свеста, исто како за време на употреба на дрога и алкохол. Треба да научат дека „се појавува зависност од отровот на овој грев и доаѓа до постепена деградација на личноста на духовно и душевно, па дури и на телесно ниво“.
9. Затоа што сексуалното образование од име на сексуалната различност и еднаквост проповеда содомија. Децата треба да научат дека Господ забранува хомосексуалност: „Не легнувај со маж како што се легнува со жена, тоа е гнасно и одвратно“. Казната за содомија е истребување: „Ако некој ги прави сите тие гадости; душите на тие кои го прават тоа ќе бидат истребени од својот народ.“
10. Најпосле, затоа што библијата ја забранува контрацепцијата. Децата треба да научат дека божјата заповед „Плодете се и множете се“ исклучува употреба на било каква контрацепција, вклучително и coitus interruptus. Децата треба да научат дека Господ го погубил Онан затоа што семето „го истуруваше на земја, секогаш кога ќе и пристапеше на братовата вдовица за да не му даде потомство на брата си.“
Нашето мото е: „Живеј го својот живот за да зачнеш друг“. Ниту животот е твој, ниту телото е твое. Постои само еден избор: православна веронаука!
во 14:58 3 коментари
Играчка-плачка!
9/27/2008Спорот помеѓу Груевски и Црвенковски е поголем отколку спорот со Грција.
Парадоксалноста на нашата ситуација мошне луцидно ја отсликува Горан Михајловски во денешната колумна:
„...најдобар начин да се реши спорот со Грција е Атина да се повлече од преговорите. Да ги пушти Црвенковски и Груевски да преговараат меѓу себе. Оти едниот си се консултира со преговарачот Никола Димитров, а другиот со министерот Милошоски. А Нимиц го примаат во одвоени средби. И "првата страна" не знае што договорила "втората страна".
Ако тоа не е намерна тактика за збунување на непријателот, тогаш вистинскиот проблем за Македонија во спорот не е Грција , туку Црвенковски и Груевски.“
Предноста на Горан Михајловски е што има мали деца, па мошне добро му се познати „стратегиите“ на нашите лидери:
„Кога министерот Милошоски се јави по телевизиите да се жали дека Бранко не го викнал на средбата со Нимиц, ми изгледаше како мало дете што се жали: "Мамо, мамо, овој не ми дава да си играм".“
Да не биде само на крајот: за нив играчка, за нас плачка!
во 13:44 2 коментари
Македонија во ОН
9/26/2008Поводот за овој пост е дел од колумната на Никола Младенов: „Денес, во светскиот катастар, се водиме под БЈРМ. Покрај името на државата, во книгата на ООН, се бележи и државјанството и јазикот. За жал, и во тие графи стои БЈРМ“.
Не знам за која книга зборува Младенов, ама на веб страната на ОН, ситуацијата е ваква:
1) На листата на членки на ОН сме под буквата Т, како The former Yugoslav Republic of Macedonia (8 April 1993). Не сме FYROM! Само не ми е јасно зошто Т со голема буква, а не со мала. Големата буква сугерира име, а малата не. На пример, на листата на делегации на 61-та сесија на Генералното собрание, стои: „Mr. Branko Crvenkovski, President of the former Yugoslav Republic of Macedonia“.
2) На страната „постојани мисии“ во ОН во Њујорк, се наоѓаме под буквата М, како Macedonia, The Former Yugoslav Republic of.... Кога ќе кликнете на страната пишува: „Permanent Mission of the Republic of Macedonia to the United Nations”. На страната на постојани мисии во Женева се наоѓаме под Т, како Permanent Mission of the former Yugoslav Republic of Macedonia to the United Nations Office at Geneva.
3) Пребарувањето на официјалниот пребарувач даде 626 дoкументи во кои се среќава FYROM и 22.900 документи во кои се среќава Macedonia. Има и англиски документи во ОН каде што се користи уставното име. Документот на интернет адресата на картографската мапа е Macedonia.pdf, а на мапата пишува со мали букви „the Former Yugoslav Republic“ а со големи MACEDONIA. Понекогаш се користи само Macedonia. На пример, под фотографијата кога сме потпишале еден договор, стои „Ambassador Extraordinary and Plenipotentiary, Permanent Representative of Macedonia“.
4) Можат да се пронајдат стотици документи на ОН каде што се употребува фразата “Macedonian Language”. Универзалната декларација за човековите права е преведена на Macedonian. Од 122 погодоци за “language” и “FYROM” само во еден документ за УНПРЕДЕП стои „Albanian as FYROM's second official language“.
5) Не успеав да пронајдам документ во ОН каде имa спомнато nationality FYROM. Сепак, во една одлука на Хашкиот трибунал за Љубе Бошкоски стои: “who holds citizenship in both the FYROM and Croatia”.
Кога Груевски го посети ICTY беше објавено соопштение за печат дека „The Prime Minister of the Former Yugoslav Republic of Macedonia, Nikola Gruevski, visited the Tribunal.“
Ако е навистина борец за името, зошто тогаш Груевски не побара да престане да се употребува акронимот FYROM во официјалните документи на трибуналот? Зошто не му испрати писмо на Бан Ки Мун со барање во ОН да не се употребува акронимот FYROM?
во 14:55 0 коментари
Мојот список со блогови
-
„Ју Ту“ (U2), Ед Ширан и Тарас Тополиа објавија песна посветена на украинските бранители - [image: Кадар од спотот на „Ју ту“ - „Вечно твој/а“] Ирската рок-група „Ју Ту“ (U2) и украинскиот режисер Иља Михајлус објавија краток документарен фил...Пред 7 месеци
-
-
Hello world! - Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!Пред 1 година
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 7 години
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 15 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 17 години
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
11 Октомври – „Денот на народното востание“ го славевме како еден од трите државни празници на Република Македонија, покрај Денот на републи...
-
„Жарко, те молам да ми објасниш како се признава еден народ од друга држава?“ („ Жарко, моля те обясни ми как се признава един народ от друг...
-
Во опширните коментари на мојот пост Автогол , посветен на колумната на Букарски , ја направив следнава дигресија: „(Еднаш кога ми објавија...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Од еден од моите коментатори го добив следниов мејл: „Жарко, еве ти материјал за пост за цензура. Се состои од два избришани коментари кај А...
-
Tyler Brûlé, колумнистот на престижните Financial Times (каде што милува да се рекламира нашата влада), смета дека рекламирањето на национал...
-
Времето беше прекрасно за шетање вечерва. Воздухот чист и влажен, а температурата идеална. Одејќи по улицата од „Идадија“ накај „Апче“, не...
Популарни објави
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
11 Октомври – „Денот на народното востание“ го славевме како еден од трите државни празници на Република Македонија, покрај Денот на републи...
-
„Жарко, те молам да ми објасниш како се признава еден народ од друга држава?“ („ Жарко, моля те обясни ми как се признава един народ от друг...
-
Во опширните коментари на мојот пост Автогол , посветен на колумната на Букарски , ја направив следнава дигресија: „(Еднаш кога ми објавија...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Од еден од моите коментатори го добив следниов мејл: „Жарко, еве ти материјал за пост за цензура. Се состои од два избришани коментари кај А...
-
Tyler Brûlé, колумнистот на престижните Financial Times (каде што милува да се рекламира нашата влада), смета дека рекламирањето на национал...
-
Времето беше прекрасно за шетање вечерва. Воздухот чист и влажен, а температурата идеална. Одејќи по улицата од „Идадија“ накај „Апче“, не...
Popular Posts this month
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
11 Октомври – „Денот на народното востание“ го славевме како еден од трите државни празници на Република Македонија, покрај Денот на републи...
-
„Жарко, те молам да ми објасниш како се признава еден народ од друга држава?“ („ Жарко, моля те обясни ми как се признава един народ от друг...
-
Во опширните коментари на мојот пост Автогол , посветен на колумната на Букарски , ја направив следнава дигресија: „(Еднаш кога ми објавија...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Од еден од моите коментатори го добив следниов мејл: „Жарко, еве ти материјал за пост за цензура. Се состои од два избришани коментари кај А...
-
Tyler Brûlé, колумнистот на престижните Financial Times (каде што милува да се рекламира нашата влада), смета дека рекламирањето на национал...
-
Времето беше прекрасно за шетање вечерва. Воздухот чист и влажен, а температурата идеална. Одејќи по улицата од „Идадија“ накај „Апче“, не...
Popular Posts this week
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
11 Октомври – „Денот на народното востание“ го славевме како еден од трите државни празници на Република Македонија, покрај Денот на републи...
-
„Жарко, те молам да ми објасниш како се признава еден народ од друга држава?“ („ Жарко, моля те обясни ми как се признава един народ от друг...
-
Во опширните коментари на мојот пост Автогол , посветен на колумната на Букарски , ја направив следнава дигресија: „(Еднаш кога ми објавија...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Од еден од моите коментатори го добив следниов мејл: „Жарко, еве ти материјал за пост за цензура. Се состои од два избришани коментари кај А...
-
Tyler Brûlé, колумнистот на престижните Financial Times (каде што милува да се рекламира нашата влада), смета дека рекламирањето на национал...
-
Времето беше прекрасно за шетање вечерва. Воздухот чист и влажен, а температурата идеална. Одејќи по улицата од „Идадија“ накај „Апче“, не...
