Има само една Македонија?

1/30/2008

Линк до колумната во „Дневник“

Има само една Македонија?

Бујрум коментари.

Животните и сексот (2)

1/25/2008

Конечно, украдов малку време да му одговорам на „Жак Кусто“, кој ме критикува:

„Она за слонот и носорогот ти е смешка невидена. Де дај линк молим те. Ти гарантирам не само јас туку и медицината дека парењето помеѓу животни од различни видови е практично невозможно. Кога велам парење мислам на добивање плодно потомство или добивање воопшто на било какво потомство.“ (Животните и сексот)

Еве го линкот со слонот и носорогот, со импресивните коментари.

Не се само маските доказ дека парењето помеѓу животни од различни видови е практично возможно. Доказ е и постоењето на лигар („бебе“ од лав и тигрица) и тигав („бебе“ од тигар и лавица). Женките од овие хибриди се фертилни.

Еве и како кучињата можат да си го дркаат стоејќи на две нозе, и како кенгурите практикуваат аутофелацио.

Повеќе аргументи - во денешната колумна во „Форум“.

Првата македонска држава

1/23/2008

Стартуваше и мојата прва редовна колумна во денешен „Дневник“:

Првата македонска држава.

Колумната треба да почне со „Ноќеска сонував необичен сон...“ (Има мала електронска збрка со уводникот.)

Коментарите се добредојдени.

Животните и сексот

1/20/2008

Последната колумна во „Форум“ - Животните и сексот.

Живот без документи

1/16/2008

Можете ли да си го замислите секојдневниот живот без лична карта, пасош, извод, здравствена книшка или државјанство? За жал, она што е речиси незамисливо за мнозинството граѓани е макотрпно секојдневие за дел од припадниците на ромската заедница во Македонија (Живот без документи)

Денеска се јавив по телефон во МВР за да закажам за вадење лична карта и пасош. За лична карта добив термин дури на крајот на февруари!

Притоа, ме информираа дека без лична карта не сум можел да поднесувам документи за нов пасош!

Во редовна постапка, чекањето за пасош е околу два месеца и треба да платиш 2.050 ден. За некого, оваа сума е месечна социјална помош.

Ако опрчиш уште 3.000 ден., тогаш ќе ти закажат за два дена, и ќе добиеш пасош за 48 часа. Ако ова не е легална кражба, тогаш не знам што е!

Кампања за веронаука?

1/06/2008

Кампањата на Владата со инквизиторскиот слоган „Знаењето е сила, знаењето е моќ“ необично се преобрази во кампања за веронаука:

„Многу нешта се променија, но едно останува вечно:

не лажи, не кради, не убивај, не врши прељуба, не посакувај туѓо, почитувај ги ближните и богот свој, не создавај идоли, не злоупотребувај го името господово, слави го седмиот ден!

ВЕРОНАУКА! Да ги споделиме и сочуваме вистинските вредности!“

„Питам се питам“:

Дали Милчо Манчевски и Симон Трпчески свесно ја поддржуваат оваа кампања за зачувување на „вистинските вредности“?

Кој создаде од нив идоли?

Не е ли злоупотреба на името господово употребата на изразот „гневот божји“ во рекламна кампања?

Дали нашите министри не лажат, не крадат, не праќаат војници во убиствена војна, не вршат прељуба и не посакуваат туѓо?

Дали Груевски го слави седмиот ден, или пак работи и дава изјави и во недела?

После оваа кампања се обистинува и тврдењето на Љубиша Георгиевски дека Македонија не е секуларна држава!

Но, што обично се случува кога државата почнува да проповеда, а црквата почнува да се занимава со политика?

„100 чекори напред“ - кон мрачниот среден век!

Баба Мразулка?

1/04/2008

Зошто новогодишни подароци дели само Дедо Мраз, а не и Баба Мразулка?

Што се случило со Баба Мразулка, ако воопшто некогаш и ја имало?

За да ја разрешиме мистеријата за Дедо Мраз и Баба Мразулка прашањава им ги поставивме на неколку познати експерти и експертки од нашиот невладиниот сектор.

Еве што ни одговорија тие.

1. "Феминистички" конспирации
Една активистка од "Сојузот на дезорганизирани жени" ни појасни дека идејата за Дедо Мраз е патријархална завера против жените:

"Ликот на Дедо Мраз испраќа многу негативна патријархална порака: среќа и подароци можат да носат само мажите - жените се синоним за "баксуз" и тие можат да ви донесат само несреќа".

Но, феминистките се препираат во однос на тоа дали Дедо Мраз имал некогаш сопруга: "Баба Мразулка никогаш ја немало затоа што Дедо Мраз е закоравен женомрзец и импотентен пијаница" - ни изјавија од здружението на жени "Очајни домаќинки".

Здружението "Оџачарка" вели дека Баба Мразулка го напуштила Дедо Мраз со оџачарот затоа што не и носел доволно среќа: "Баба Мразулка е првата жена оџачарка што почнала да им носи среќа на другите" - гордо тврдат либералните феминистки.

2. Хомофобични конспирации
Еден активист од "Здружението за хетеросексуални права" не убедуваше дека идејата за Дедо Мраз е хомосексуална завера против хетеросексуалците: "Дедо Мраз не е женомрзец, туку едноставно не ги сака жените. Баба Мразулка никогаш и ја немало затоа што Дедо Мраз е геј!"

Според "Здружението на радикалните хомофоби", Дедо Мраз треба да се забрани со закон заради лошото влијание врз децата: "Ликот на Дедо Мраз е поголема геј закана од ликот на телетабисот Тинки Винки".

За ова здружение сомнително е и тоа што градот Скопје годинава одлучи да избере само двајца Дедо Мразовци: "Се сомневаме дека зад таквата одлука стои смислено сценарио за популаризација на геј заедниците" - тврдат експерти од здружението.

3. Перверзни сценарија
Активистите од "Здружението за хетеросексуално здравје" предупредуваат дека идејата за Дедо Мраз е завера на сексуално перверзните против нормалните: "Дедо Мраз е сексуално настрана и перверзна личност. Тој не е ниту женомрзец, ниту геј, туку е зоофил. Не е ли крајно сомнително тоа што Дедо Мраз е секогаш во друштво со згодни елени, наместо со згодни жени?"

Активистите од "Друштвото за заштита на елените - Ловец" бараат елените да не се злоупотребуваат во телевизиските реклами со Дедо Мраз: "Чиста инсинуација е тврдењето дека помеѓу Дедо Мраз и елените постои заемна сексуална наклонетост. Елените немаат никаква врска со сексуалните перверзии на Дедо Мраз" - ни демантираа од здружението.

4. "Прикаски" за мали деца
"Коалицијата за заштита на детските права" најостро ја осудува идејата за "Дедо Мраз" како чиста манипулација насочена против правата на децата: "Дедо Мраз е симбол на лагата. Крајно време е да престанеме да ги лажеме нашите деца. Тие не треба да добиваат подароци само за Нова година, туку барем еднаш во седмицата."

Од здружението "Несреќно детство" бараат на Дедо Мраз да му се забрани влез во училиштата: "Стравуваме дека многумина педофили маскирани како Дедо Мраз повторно ќе ја искористат Новата Година".

5. Дедо Мраз - секс симбол?
За можноста од најразновидни злоупотреби на ликот и делото на Дедо Мраз предупреди и "Здружението на чесни Дедо Мразовци": "Оваа година, нашето здружение ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги оневозможи обидите за злоупотреба на ликот на Дедо Мраз. Во заедничка акција со полицијата нашите активисти ќе ги ловат сите крадци, травестити, манијаци и проститутки кои ќе се обидат да ја искористат униформата на Дедо Мраз за нивните криминални и неморални дејанија."

Од "Здружението на сексуалните работнички" демантираат дека ја користат униформата на Дедо Мраз за криминални дејанија: "Во многу ретки случаи, некои клиенти бараат од сексуалните работници да бидат облечени како Дедо Мраз, но тогаш униформата се користи исклучиво за да се задоволат сексуалните потреби на клиентот" - ни појаснија од здружението. Сексуалните работнички и работници не кријат дека нафатираните Дедо Мразовци им се омилена клиентела за време на новогодишните празници.

***

Владата мошне сериозно ги сфати предупредувањата и пораките на невладиниот сектор: "Прашањето дали покрај Дедо Мраз треба да има и Баба Мразулка која ќе им дели подароци на децата ќе го решиме со организирање на референдум" - изјави Владиниот портпарол.

Додека граѓаните не се изјаснат за Дедо Мраз и Баба Мразулка, новогодишни пакетчиња во семејствата кои имаат повеќе од три деца ќе делат лично Премиерот и Министерката за внатрешни работи.

Дебата за абортусот

1/02/2008

Абортусот - право или грев?

(Фотографиите се на редакцијата на „Форум“)

Во меѓувреме, откако не шокираа со Нови плакати низ Скопје од извори блиски на „Радио Милева“ Зомбификација беше информиран (или дезинформиран?) дека кампањата против абортусот ја координираат народни пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Има ли некој релевантни информации кој стои зад агресивната кампања?

Урбана блог герила: Новогодишна честитка за Трифун


Вчера беше прекрасен ден за шетање низ парк.

Чисто, бело, не толку студено - воздух за мерак.

Ама, во Скопје секогаш ќе се најде нешто за да ти го скрши меракот.

Некаде после 14.00, ја здогледав колата оддалеку и ја „штракнав“ со намера да ја пријавам во обезбедувањето на паркот. Последно нешто што го посакував е некој да ме труе со издувни гасови додека дишам со полна плуќа во природа.

Кога, колата застанува пред мене, еден батка отвора вратата и дрско, без „добар ден“, прашува:

„Што сликаш бе?“

- „Го сликам паркот“ - одлучно му одговарам, сеирџиски чекајќи да видам што ќе се случи.

Во истиот момент забележувам дека човекот е во униформа, на која пишува „обезбедување на град Скопје“ (или нешто слично).

Типот ја затвори вратата, и без „извинете“, без „пријатно“, без какво и да е објаснување зошто ме запрел продолжи да вози низ паркот труејќи ги излезените Скопјани.

Останав да се прашувам: Како ќе реагираше ако во истиот момент го пријавев, и тоа кај него, исполнувајќи ја мојата граѓанска должност?

Пред да си замине, му ги фотографирав и табличките. За секој случај.

Којзнае, можеби некој совесен службеник од Град Скопје го чита блогов, па ќе ми го побара бројот на табличките за да го казни несовесниот возач, кој веројатно е дел и од обезбедувањето на паркот.

На излегување од паркот, успеав да фатам уште еден автомобил.

Некои службеници земаат плата за да не се случуваат вакви работи и за да можат Скопјани да уживаат во паркот.

Има ли Скопје власт која што ќе ги казни?

Македонија: ем зелена, ем ѓубросана!


Новогодишен подарок за верните читател(к)и:
македонска десктоп тема
(предел во штипско снимен во декември)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week