Првата македонска држава

1/23/2008

Стартуваше и мојата прва редовна колумна во денешен „Дневник“:

Првата македонска држава.

Колумната треба да почне со „Ноќеска сонував необичен сон...“ (Има мала електронска збрка со уводникот.)

Коментарите се добредојдени.

15 коментари:

Комитата рече...

Оставих ти коментар в Дневник, ама ми го цензурираха. Ето ще го повторя отново.

Браво, отлична статия! Голямо облегчение за мен е да виждам че някой все пак мисли рационално по тия въпроси в Македония.

Главната причина за спора с Гърция е точно това — неизясненият генезис и история на Македонската държава. Защото спорът с Гърция е преди всичко спор за античното наследство и после — спор за името.

А тук се вижда, че дори Македония не знае какво и е наследството. Забравил си да добавиш и идеите на Кръсте Мисирков за началото на македонската държавност.

Photo Volan рече...

Честитки - нека се множат ... мислам на парите како хонорар :)

Photo Volan рече...

Повторно во твој стил со право отвараш една теза ... со убав стил лесен за читање ...

Првата МК држава треба да се бара во времето на создавањето на зборот Македоија и Македонец ... Од она што малку го знам од историјата најпрвин се именува територија со името Македонија (од две кованици ...) покасно настанува првата МК држава (на Ацета т.е. таткому ... Филипчо т.е нивните предходници ) со име Македонија ...

Ми е страв да продожам понатаму да не згрешам ... сепак е ова тема за Историчар ...

Недостаток од онаа држава на Ацета (со предходниците ..) е дека го прифатила грчкиот јазик како поразвиен ... и отаму полека се губи државноста на Македонецот - во корист на Грчката држава ...

Уште повеќе се искомплицира ситуацијата со славните МК просветители Кирил и Методи ... тие родени во МК прават азбука која Бугарите велат дека е Бугарска ... Русите имаат своја теорија и така се се плетка се повеќе ...

Елемент на државност е секако и јазикот (Од кога постои МК јазик и писмото ...) - нели не обвинуваат дека е коминтерновски (впрочем како и нацијата ...) и Титоистички и крива творба ...

Како и да е сеуште се прават нови и нови читања на историјата на нашата држава ...

Одкако го напишав овој коментар трипати се премислив дали да го пуштам.

Поздрав.

Анонимен рече...

Aј аирлија колумната. Околу темата, која е ем интересна ем важна - можеби конфузијата не е само во историските факти, а и лични интерпретации, туку и во терминологијата која се користи.Имено:

„Очигледно, постојат повеќе сопернички политички и историски приказни за идентитетот на современата македонска држава и нејзиниот (дис)континуитет.“

Јас овде сум збунета... Што се однесува современата, одговорот е многу лесен, ако се земат само историските, политички факти и дефиниции во обзир, и се иземе личниот став. Крушевската Република не и дала на Македонија држава, ниту АСНОМ. 1991 добивме држава - ако тргнеме по интернационалните, правно-политички дефиниции. Уличните збрки околу тоа можеби не укажуваат толку многу на збунетост и несогаслување, колку на неписменост како основа на таа неконзистентност. Ретко кој уклучува мозок кога зборува по прашањето. Патриотизмот и национализмот мора да се тргнат на страна ако зборуваме на темата. Кога тоа ќе го сториме, одговорите се чинам сосема јасни, барем за мене.

Волан тргнува од името Македонија... еден куп имиња, и територијални племенски одредби - тоа сепак не прави држава. Терминот Курдистан, и Курди знаеме од кога постои, држава таква немаме. Така што можеби треба да почнеме од што подразбираме под држава и како ќе ја дефинираме? Политички? Географски?

Јас ја користам почитичката, која ја користи и современот свет, и кој под современа држава го подразбира следното (претпоследната точка е многу важна во однос Крушевска и АСНОМ):

An independent State:

* Has space or territory which has internationally recognized boundaries (boundary disputes are OK).
* Has people who live there on an ongoing basis.
* Has economic activity and an organized economy. A country regulates foreign and domestic trade and issues money.
* Has the power of social engineering, such as education.
* Has a transportation system for moving goods and people.
* Has a government which provides public services and police power.
* Has sovereignty. No other State should have power over the country's territory.
* Has external recognition. A country has been "voted into the club" by other countries.

Анонимен рече...

мене не ме интересира твојата нова колумна, туку сакам да знам кај се изгуби и зошто никогаш не си дома. на мобилен не те барам од мошне ПРОСТИ (тебе веќе познати) причини.

Анонимен рече...

Може македонците и кур не ги боли дали има држава или нема... што на крају и е добро!

Така треба бе.. држави/мржави - глупости.

Съзерцател рече...

Добра статия.
Честита рубрика и от мен.
Още много твои статии да четем в "Дневник".

Анонимен рече...

сега колумната е тука

Дневник немаат коментари воопшто, не цензурираат него им се затворени ако ја има формата.

И најважното: Жаре ај нека е за арно за убаво

Unknown рече...

Благодарам многу за интересните коментари. Некои од нив ме мотивираат за нови постови, штом украдам малку време :)

Анонимен рече...

Прецизирај Македонска држава, или е држава на територијата на Македонија или држава на Македонската нација. Значи или под а) или под в). Тодор Петров шо фино ти рекол. :)

Комитата рече...

Сатаниел, значи приключваме с идеята за това, че държавата на Самуил е македонска?

Анонимен рече...

Честито Жаре, ме радува и да се потпишуваш под колумните со блогот и во дневник и во форум... ти се думам да ти речам кој знае од кога :)

Анонимен рече...

Не сум историчар, ами само некој кој чепкал по овие прашања во даден период, кога мене лично ме
интересираше Македонија како држава, и уште повеќе, појавувањето на македонската нација. Не сакам да сум тиква без корен :)

Имам две основни премиси за моите ставови:

1. Постои територија која одсекогаш (антика) се вика Македонија. Територијално нема преголеми разлики во гледиштата што се опфаќа, па само ќе наведам дека зборувам за територија која се простира на делови кои во
моментов лежат во 3-4 модерни држави.

2. Државата во модерна, национална смисла е временски поврзана со капитализмот, нејзино чедо, или
измислица, кој како љуби. Нема модерна држава за време на феудализмот, или порано. Сите кои пробуваат да повлечат некој континиутет преку ова временска бариера, пробуваат да украдат парче земја, или да оправдаат некоја кражба на истата.

Прва држава на која можеме да се повикаме за континуетет е АСНОМ-ска Македонија. Границата, јазикот, името... може да се спореди со позицијата на некоја сегашна членка на ЕУ и административните граници во ЕУ?

Будењето на буржуазија/социјалисти и формирање нација, може да се следи во втората половина на 19 век. За разлика од политички подобната смешка од 10 дена република на Илинден, социјалистичка нели, прва на балканот, имаме сериозен обид за време на Македонското (Кресненското) востание, кое е малку потенцирано.
Си има тоа свои крвави борби за превласт меѓу македонистите, и бугарските комитети кои требало да го управуваат, но наследството е недвојбено.
http://en.wikisource.org/wiki/The_first_Constitution_of_Macedonia_-_Kresna_1878

Понатаму, како сто веќе беше спомнат, Мисирков е еден од клучните луѓе кој тие идеи ќе ги стави на хартија како концепт.
http://www.auburn.edu/forlang/macedonia/zmrConcordance/zmr.txt1.htm

Како интересен лик, преставник на овие времиња, може да послужи Александар Караѓуле-Охридски, ликот од песната ‘Послушајте патриоти‘. Обесен е во Софија 1892, од Бугарите, за македонски идеи. После, зашто имало зла крв меѓу нас :>

На кратко, касниме со формирањето на национален кворум 50-100 години, што е доста логично, ако се погледне целиот тој период.

Инаку, лично, смешно ми е колку еден вештачки концепт на нации толку лично се сфаќа :)

Инаку, спорот со Грција, е пред се спор за пари, или поконкретно, земја. На кратко, 500 000 егејци се протерани од земја на која имаат тапии, а пошто во капитализмот правото на лична сопственост е еден од основните постулати, имаме проблем :)
Сигурно никој нормален не смета дека Македонија има моќ да ја побара територијата на егејска Македонија како своја. Последната шанса за такво нешто умре со договорот на Јалта, кога Сталин му попушти на Черчил, и ја остави Грција во британската зона на влијание. Впрочем, Британија, а подоцна и УСА, се главните покровители на модерна Грција. Исто како што Русија ја постави модерна Бугарија, исто како што Титова Југославија, со амин од коминтерната, ја подржа модерна Македонија.
ај доста, забегаф :)

Анонимен рече...

проблем со адресите од претходниот пост ... ќе пробам да ги раздвојам:

http://en.wikisource.org/wiki/
The_first_Constitution_of
_Macedonia_-_Kresna_1878

http://www.auburn.edu/forlang/
macedonia/zmrConcordance/zmr.txt1.htm

Анонимен рече...

Ќе го заборавев Пулевски :) од 1875

http://en.wikipedia.org/wiki/
Image:Trijazicnik.png

“People who are of the same origin and who speak the same words and who live and make friends of each other, who have the same customs and songs and entertainment are what we call a nation, and the place where that people lives is called the people's country. Thus the Macedonians also are a nation and the place which is theirs is called Macedonia.”

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week