Живот без документи

1/16/2008

Можете ли да си го замислите секојдневниот живот без лична карта, пасош, извод, здравствена книшка или државјанство? За жал, она што е речиси незамисливо за мнозинството граѓани е макотрпно секојдневие за дел од припадниците на ромската заедница во Македонија (Живот без документи)

Денеска се јавив по телефон во МВР за да закажам за вадење лична карта и пасош. За лична карта добив термин дури на крајот на февруари!

Притоа, ме информираа дека без лична карта не сум можел да поднесувам документи за нов пасош!

Во редовна постапка, чекањето за пасош е околу два месеца и треба да платиш 2.050 ден. За некого, оваа сума е месечна социјална помош.

Ако опрчиш уште 3.000 ден., тогаш ќе ти закажат за два дена, и ќе добиеш пасош за 48 часа. Ако ова не е легална кражба, тогаш не знам што е!

3 коментари:

Анонимен рече...

А како бонус на итната процедура за сите што не живеат во Скопjе се парите што треба да ги плати човек за да си го земе пасошот од Скопjе, место во градот каj што поднесол документи.

Unknown рече...

Е, сега ако направиме и проценка, дека 1.6 милиони граѓани ќе вадат пасош, и дека една четвртина од нив ќе биде принудена да вади по итна процедура - „силом прилике“ - што вели математиката:
400.000 помножено со 50 евра = 20 милиони евра државата изнудила од граѓаните.
„Знаењето е сила, знаењето е моќ“ :)

Vasil Kirevski рече...

Леле моја тема. Јас сум еден од ретките шо можи да се "пофали" дека бил на суд поради не носење на лична карта. Леле какво искуство. Од милата средба со чичко полицаец до суд. Голгота. Додуша на крајот судијата ме "ослободи од обвинение", арно ама судски трошоци од 1000 ден (+ 500 камата) легнаа на сметка.Парадоксот беше уште поголем затоа што и јас и Агим Красничи бевме ослободени во ист ден:-)Хаос
Зато сега Кирца како лојален граѓанин си закажа си чекаше се истурка и си доби нова лична карта, која е пластифицирана и со ГОРДОСТ СИ ЈА НОСАМ - ова морав да го нагласам:-)
Кирца

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week