Кампањата на Владата со инквизиторскиот слоган „Знаењето е сила, знаењето е моќ“ необично се преобрази во кампања за веронаука:
„Многу нешта се променија, но едно останува вечно:
не лажи, не кради, не убивај, не врши прељуба, не посакувај туѓо, почитувај ги ближните и богот свој, не создавај идоли, не злоупотребувај го името господово, слави го седмиот ден!
ВЕРОНАУКА! Да ги споделиме и сочуваме вистинските вредности!“
„Питам се питам“:
Дали Милчо Манчевски и Симон Трпчески свесно ја поддржуваат оваа кампања за зачувување на „вистинските вредности“?
Кој создаде од нив идоли?
Не е ли злоупотреба на името господово употребата на изразот „гневот божји“ во рекламна кампања?
Дали нашите министри не лажат, не крадат, не праќаат војници во убиствена војна, не вршат прељуба и не посакуваат туѓо?
Дали Груевски го слави седмиот ден, или пак работи и дава изјави и во недела?
После оваа кампања се обистинува и тврдењето на Љубиша Георгиевски дека Македонија не е секуларна држава!
Но, што обично се случува кога државата почнува да проповеда, а црквата почнува да се занимава со политика?
„100 чекори напред“ - кон мрачниот среден век!
11 коментари:
Денес баш го видов спотот. Ужас, инфилтрираат некои тези за „вечни“ вистини, и религиозни глупости пакуваат во образовна обланда, веројатно за да се голта полесно. Ама на крај изгледа со инјекција ќе го примиме „лекот“, додека со сила ќе не држат за столчето.
Кампањата веќе ги преминува сите граници на вкусот!
Како може со „перење на мозок“ да се стимулира знаење?
Тоа ти е исто како со заповеди да промовираш слободна волја: „Читај и мисли слободно“ :)
Жаре, мислам дека претеруваш...забораваш дека формално сме демократија, нали - владеење на мнозинството, а колку што знам овие на власта се преставници на мнозинството... Гледано од тој агол, ти можеш секоја одлука на било која власт да ја обезвреднуваш со таа логика... А мислам и дека веронауката ќе биде изборна, па затоа, бујрум кој сака...
Жаре сине,
З’ш се занимаваш со политика и религија ко знајш дека та нервират?
З’ш не си се занимаваш со нешто поумно?
На пример - замјоделие и/или сточарство.
Од нервоза мојш да си развиеш психосоматика.
(Препро)Читај си го бате Ниче и неговата “Волја за моќ“ и се’ е јасно.
Остај ги перачите на мозоци нека си ја бркат нивната работа.
Зарем мислиш дека це ги разбудиш заспаните и испраните?
Гнево е опасна емоција, (само)убиствена.
Прости им и продолжи понатаму.
Ако можиш, разбира се.
Бидејки ми оставаш впечаток дека си заглибил во својо гнев, или само мене така ми се чини?
Тие и натаму ќе си продолжат со своите игри, и со тебе и со мене, и без тебе и без мене.
Дај кажи нешто убо, заеби ги нив, зборај нешто за љубовта, за смислата на постоењето, за твоите копнежи и надежи, за твоите мечти и животни интереси, зборај за себе, батали ги нив.
Спроред мен не е лошо децата да учат вероучение – това е един от важните възгледи върху живота.
Најверојатно сега можеш да почувствуваш како им е на некои други кога се бараат права за педери, наркомани, сексуални работнички.
Значи запамти како си се чувствувал сега и како генерално се чувствуваш за прашања врзани со традиционалност и религија и следниот пат кога некој ќе биде против работите кои често ги пропагираш, разбери го како се чувствува.
Или перењето на мозок мислиш дека е еднострано?
Сети се и на плакатите за абортусот колку беа гадни, но сети се и на плакатите за соочување со различноста, за многумина тие беа подеднакво грозни.
Што станува кога НВОа почнуваат да се занимаваат со политика?
вака принципиелно не-им-прави-на-други-она-што-не-сакаш-тебе, се слагам со државникот, освен со една битна нијанса разлика- според устав, државата и црквата се одвоени, а исто според устав, сите граѓани се еднакви во слободите и правата независно од ред разлики кои постојат меѓу нив.
не устав у смисла правнички натегања,него можда устав повеќе во америчка смисла - она,какво општество сакаме и колку либерално сакаме истото да ни биде.
ауф, да, и една друга разликичка- владата не е НВО. вторите, теоретски, можат да бараат и права за следбениците на Star wars (има и такви) - а владата е тука да им го овозможи тоа.
Кога е веќе така --- сакам рамноправност!
Што не ми изм`кнат исти слоганчиња и од Коран-от и Талмуд-от, а?!?
Сакам и њу ејџ паролашења, бе!!!
Која е таа веронаука која се пропагира само со православие?!?
„Која е таа веронаука која се пропагира само со православие?!“
Е, баш така!
„Што не ми изм`кнат исти слоганчиња и од Коран-от и Талмуд-от, а?!?“
Десетте Божји заповеди се од Стариот завет и „важат“ и за Коран-от и за Талмуд-от. Е за Харе Кришна не важат
Схолатиците велеа дека верата е доказ сам по себе дека Бог постои. Односно дека на тој што верува не му трба наука за да верува. Што би се рекло не му треба научен метод да му го потврди верувањето. Затоа што науката е овоземна, а верата исчекор кон бога кој нема рационална подлога. Затоа целата приказна е и тажна и смешна... На оној што верува сто науки нема да му ја поколебаат верата, на оној што не верува сто науки нема да му дадат вера. Самиот термин веронаука е кондрадикторен и со тоа во пракса маскира непостоење на наука.
Но чеда драги, ако нашата мајка црква се потпираше на верата на верните наместо на конформизмот на мнозинството, свештенството одамна од глад ќе ни испоумреше, и храмовите ќе се срушеа.
Оваа веронаука е само регрутен центар за грешните кои што гревот кога ќе пораснат и когас ќе си го препознаат со дарови и црковни ритуали ќе се ја смируваат душата за да може свештенство благоутробието свое да си го одржува како врв на паразитизмот што човечкиот вид може да го изроди.
Драги мои, Бог е еден, Бог е љубов и вербата во него е доволна жртва. Бог не бара чорапи и масло, ами вера. Тоа го вели стариот завет, а и новиот, а и куранот.
А ние ништоверците, скудни со вера, што мислиме дека човекот е самиот причина и последица на своето постење, и што не правиме глупости на овој свет за да дочекаме награда на оној свет. Ние изгубените во љубовта земна и преку тоа од бога допрени, цело време мислевме дека верата е нивна, а науката наша.
Еве и тука сме грешеле, вели најголемото лажно божество на земјава - државата.
Ако бог постои - јас сум среќен што не сум свештеник, и што во црква не одам. Оти помал грев е моето неверување отколку клањеното на идолите. А веќе кога сме овде само уште оваа забелешка - Не може да се изучува Бог затоа што е незавршен, неконечен и жив. Само завршените работи, само работите со граници и име можат да бидат предмет на една наука. Не може некој да се научи на вера... Верата или ја имаш или ја немаш. Затоа стариот завет става табу на изговарањето на името на бога (затоа што е безимен и несознатлив) и се друго е само хула.
И на крајот како атеиста: по ваш аршин одев и по ваш аршин мерев. И по библијата со мојава скудна памет колку што разбра ви аргументирав.
Објави коментар