Урбана блог герила: Новогодишна честитка за Трифун

1/02/2008


Вчера беше прекрасен ден за шетање низ парк.

Чисто, бело, не толку студено - воздух за мерак.

Ама, во Скопје секогаш ќе се најде нешто за да ти го скрши меракот.

Некаде после 14.00, ја здогледав колата оддалеку и ја „штракнав“ со намера да ја пријавам во обезбедувањето на паркот. Последно нешто што го посакував е некој да ме труе со издувни гасови додека дишам со полна плуќа во природа.

Кога, колата застанува пред мене, еден батка отвора вратата и дрско, без „добар ден“, прашува:

„Што сликаш бе?“

- „Го сликам паркот“ - одлучно му одговарам, сеирџиски чекајќи да видам што ќе се случи.

Во истиот момент забележувам дека човекот е во униформа, на која пишува „обезбедување на град Скопје“ (или нешто слично).

Типот ја затвори вратата, и без „извинете“, без „пријатно“, без какво и да е објаснување зошто ме запрел продолжи да вози низ паркот труејќи ги излезените Скопјани.

Останав да се прашувам: Како ќе реагираше ако во истиот момент го пријавев, и тоа кај него, исполнувајќи ја мојата граѓанска должност?

Пред да си замине, му ги фотографирав и табличките. За секој случај.

Којзнае, можеби некој совесен службеник од Град Скопје го чита блогов, па ќе ми го побара бројот на табличките за да го казни несовесниот возач, кој веројатно е дел и од обезбедувањето на паркот.

На излегување од паркот, успеав да фатам уште еден автомобил.

Некои службеници земаат плата за да не се случуваат вакви работи и за да можат Скопјани да уживаат во паркот.

Има ли Скопје власт која што ќе ги казни?

8 коментари:

Анонимен рече...

Да бе, се` тебе нешто ти прават проблеми авторитети, ти бараат лична карта, те рчкаат и се тоа околу парк.
Не маткај народ, како јас на пример никогаш проблеми со полиција сум немал.
Да се пишело само без врска, лоша полиција, тероризира народ.

Unknown рече...

„..како јас на пример никогаш проблеми со полиција сум немал“
Можеби не си „сумњив“ тип ко мене.
И можеби не ја критикуваш власта кога не ги почитува човековите права. :)

Photo Volan рече...

Одлична честитка си направил Жаре ...
Како и што се договоривме твојот пост го пренесов и на мојот блог линк тука ...

Ако не го прочиташ текстот ке мислиш дека се работи за некој заљубен пар - кој ужива во снежната идила ...

За многу години Жаре ...

Анонимен рече...

Жаре ако си некој воајер или некој кој го вади и покажува пред девојки во парк, тогаш најверојатно во очите на многумина си бил сомнителен.
Или едноставно имаш лоша фаца и сомнителен поглед:)

Unknown рече...

Фала Волан.
Државник, воајер сум - се палам на гледање на дрвја! :)
И што сега?
Треба да лежам затвор?

Анонимен рече...

На овој Државников му сече исто ко на другиве државници низ годиниве...

Анонимен рече...

Ако се палиш е една работа, ако си го дркаш во јавност каде секој може да те види е друга.

Проблеми никакви од восхит кон дрјва нема да имаш. Или сакаш вештачки да ги создадеш?
Те чеша нешто?

Unknown рече...

Државнику, ако го прочиташ уште еднаш постот, ќе видиш дека бев запрен од чуварот затоа што сум го фотографирал типот како прави прекршок!
Тоа што си фотографирам у парк е вештачки создавање проблеми?
Или тоа што „Алфите“ ме апсеа заради неносење лична карта, без „добар ден“ и „извинете“ откако се увиде дека нивните „сомненија“ се неосновани? И тоа ли е вештачки создавање проблеми?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week