Хашкиот трибунал ни пресуди: FYROM!

7/18/2008

Со пресуда на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, станавме FYROM.

Не дозволувајте да ве залажат соопштенијата за печат.

Во едно соопштение за печат стои:

„Двајцата обвинети, Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски се товарат за злосторства наводно починети помеѓу 12. и 15. август 2001 против етнички Албанци од село Љуботен во близина на Скопје, во Поранешната Југословенска Република Македонија (понатаму во текстот Македонија).“

Еве што стои во друго соопштение:

„Судскиот совет II денес го осуди Јохан Тарчуловски на 12 години затвор за кривични дела извршени против етнички Албанци во селото Љуботен, во близина на главниот град на Република Македонија, Скопје, на 12. август 2001. Сообвинетиот, поранешниот министер за внатрешни работи на Република Македонија, Љубе Бошкоски, е ослободен од сите обвиненија.

Но, најбитно е што стои во пресудата на англиски јазик:

“The Indictment charges the Accused, Ljube Boskoski and Johan Tarculovski, with crimes committed between 12 and 15 August 2001 against ethnic Albanians from Ljuboten village in the northern part of the former Yugoslav Republic of Macedonia (“FYROM”).1 ”

Во фуснотата 1, Судот појаснува:

“The Chamber recognizes that by resolution A/RES/47/225 of 8 April 1993, the General Assembly decided to admit as a Member of the United Nations the State provisionally referred to for all purposes within the United Nations as “The former Yugoslav Republic of Macedonia”, pending settlement of the difference that had arisen over its name. ”

Значи, иако Генералното собрание на ОН никаде не ја употребува кратенката FYROM во резолуциите, судот самоволно одлучува да ја употребува постојано во пресудата.

Загубивме уште една битка, а борците за името и идентитетот никаде ги нема да реагираат против нашето преименување од страна на Хашкиот трибунал, спротивно на резолуциите на ОН.

2 коментари:

Анонимен рече...

Хашкиот Трибунал е под надлежност на ОН, а нашето официјално име во ОН е „ПЈР Македонија„. Од каде ти е тоа дека Генералното Собрание на ОН ниекаде не ја употребува таа кратенка? Во документите кои стојат на Интернет секаде стои ПЈР Македонија.

Unknown рече...

Ако подобро прочиташ, тврдам дека никаде во ОН резолуциите не стои кратенката FYROM.
Има голема разлика меѓу тоа дали ќе се употребува FYROM (при што се губи зборот Македонија) или, на пример, FYR Macedonia, каде што фигурира зборот Македонија.
Во пресудата најмногу се употребува FYROM, што значи дека трибуналот ги пречекорил овластувањата и застанал на грчката страна која милува да го употребува овој „некроним“, наместо целата дескрипција.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week