Приказната за средбата помеѓу филозофот-циник Диоген од Синопа и Александар Велики може малку да ја расветли нашата мрачна политичка ситуација. Љубопитен да го види филозофот што пројавувал толку арогантна независност на духот, Александар отишол во потрага по Диоген и го нашол како се сонча седејќи покрај неговото фамозно буре.
- Јас сум Александар Велики - рекол монархот.
- А јас сум Диоген Циникот - му одвратил филозофот. Александар тогаш се доближил до Диоген и го прашал дали му треба некаква услуга. (На неколку познати уметнички дела што ја отсликуваат оваа прочуена средба, сенката на Александар го покрива лицето на Диоген).
- Тргни се помеѓу мене и сонцето - рекол Циникот. Александар, малку погоден од одговорот, им рекол на своите пријатели, кои веднаш почнале да ја исмеваат каприциозноста на филозофот:
- Ако не бев Александар, ќе сакав да бидам Диоген.
Зошто мислам дека оваа необична анегдота може да фрли малку светлина врз нашето политичко мракобесие? Затоа што имам чувство дека реалните сончеви зраци се' помалку допираат до нас, поради тоа што секојдневно не' засенуваат лажните идеолошки сонца од кои веќе и бел ден не можеме да видиме.
Најголема сенка фрлаат лажните сонца од далечното минато. Станува се' позамрачувачка симболичката сенка што ја фрла „светлиот лик“ на Александар Велики и неговото 16-крако сонце од Кутлеш. Никој веќе не ги слуша добронамерните предупредувања дека симболичкото зрачење на античко-македонското сонце може да предизвика сериозни ментални изгореници и помрачувања на умот. Сонцето од Вергина беше и се' уште останува Гордиевиот јазол на таканаречениот „македонски спор“ помеѓу Република Македонија и Елада. Заслепени од сонцето на Александар, не можеме да согледаме дека не станува веќе збор само за спор помеѓу нас и Грција, туку за спор помеѓу нас и НАТО, за спор помеѓу нас и ЕУ.
Но, одамна е веќе поминато времето на Александар. Заплетканите политички јазли веќе не се решаваат со отсечен удар на мечот. Заслепени од сонцето, некои сугерираат „спасоносни“ решенија: најдобро ќе било да сме ги напуштеле преговорите (за некои се се' уште „разговори“ и „пријателски убедувања“) и да сме повеле судски спор поради непочитувањето на „привремената согласност“ од страна на Грција. Ај, да го оставиме за момент настрана тоа што со судскиот спор може да загубиме уште десетина години, како и неодговорните прашања - на кој начин Македонија ќе опстане во меѓувреме, и што ако најпосле не го добиеме спорот? Најнејасно е против кого ќе поведеме спор - против НАТО и ЕУ, кои ни поставија како услов изнаоѓање на заемно прифатливо решение за името по пат на преговори? Против Обединетите нации кои ќе не' нарекуваат „поранешна југословенска Република Македонија“ се' додека не постигнеме спогодба за „разликите во однос на името“? Треба ли да потсетуваме дека Грција веќе ја доби битката пред ОН во 1993 кога на Македонија не и' беше дозволен прием со нејзиното уставно име и со нејзиното уставно знаме (со спорното сонце), кое не се развиори пред седиштето на ОН? Треба ли да потсетуваме дека Грција веќе ја доби битката за лажното сонце и со „привремената согласност“ од 1995, во која нашата земја се обврза дека ќе престане да го употребува симболот на тогашното национално знаме?
По 1995 , античко-македонското сонце стана симбол на меѓународниот пораз на македонскиот национализам во битката со национализмот на Грција. За жал, тоа беше пораз од кој не извлековме никаква историска поука. Поранешниот претседател, на чии плеќи би требало да падне најголемата одговорност затоа што Македонија во ОН не беше примена со уставното име, пред неколку дена испрати порака дека „за прашањето за името на нашата земја не е можен никаков компромис“. Неговите согледби дека „...грчкото раководство ја согледува сопствената и се' поголема изолираност меѓу сојузниците и дека „само прашање на време е до кога грчките сојузници ќе ја толерираат грчката ирационална и погрешна политика“ покажуваат дека нашите политичари имаат проблем со воспоставување контакт со реалноста.
Наспроти ваквите предубедувања, одлуките од Букурешт и Брисел, како и притисокот за побрзо изнаоѓање на решение од страна на САД, укажуваат на две битни нешта: прво, дека грчките сојузници ќе продолжат да ја толерираат грчката политика (колку и да е за нас ирационална и погрешна); второ, дека ако некому му се заканува меѓународна изолација, тоа не е грчкото раководство, туку македонското раководство кое продолжува тврдоглаво да сурфа на опасните бранови на античко-македонскиот национализам.
Откако практично прифативме да бидеме страна на долгогодишен меѓународен спор, бесмислено е сега да тврдиме дека сиве овие години не сме преговарале, исто како што е бесмислено да тврдиме дека не е можен никаков компромис како исход на преговорите. Компромис е секако можен, доколку наместо александровски, почнеме да претпочитаме диогеновски решенија на Гордиевиот јазол. Пораката до нашите политички „ноеви“ е: „Тргнете се помеѓу нас и сонцето“. Доста ни е веќе од идеолошки сонца на минатото (лажното „сонце од Вергина“ и лажното „ново сонце на слободата“), како и од идеолошки сонца на иднината (илузорното „Сонце“ на следбениците на слоганот „И сонцето е ѕвезда“). Иставете се за да ги почувствуваме зраците на реалното сонце - овде и сега.
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
13 коментари:
Апсолутно погрешен и дефетистички став кој веќе извесно време го промовирате (мислам на групата македонски т.н. интелектуалци).
Македонските (ако можат така да се наречат) душегрижници при своите така наречени анализи намерно или не, забораваат неколку работи.
1. Дека Македонија под нејзиното уставно име е призната од над 120 и кусуро земји и дека трендот е нагорен. Со поагресивна надворешна политика можеме да дојдеме до бројка од да речеме 140 земји (од вкупно 207/8) и тогаш можеме многу лесно да излеземе пред ОН, ЕУ и НАТО и да ги појасниме нашите позиции.
2. Дека имаме предност во однос на историјата
- Прашањето со бегалците
- Доказите за грчкото ословување на Македонија пред 1991 - кои можат да се прикажат секаде. Би можело, да речеме да се направи изложба во Брисел организирана од македонската влада на која ќе бидат изложени факсимили и оригинали од грчки атласи, документи во официјални преписки, Абецедарот, писма од официјални лица од Втора светска војна и Грчката граѓанска војна каде Македонците јасно се ословувани како Македонци и многу други докази.
Значи имаме многу работи што да сработиме освен дефетистичкиот повик да си го натртиме веќе неколку пати натртениот газлак.
Понатаму, околу твојот став во врска со античкото минато на Македонците не мислам да те убедувам (веројатно си учел од таква школа, па тоа е до некаде оправдание), но би те запрашал:
1. Зошто Грците кои тој Александар мамето им го расплакал (им ја разурнал Теба да речеме), според Диоген „копиле“, а неговиот татко „варварин“, според Плутарх, Полибиј, Страбон, Птолемај и ред други антички историчари - Македонец кој врска нема со Хелените, да биде ексклузивно наследство на грчката модерна нацистичка држава, а не и наше?
2. Зошто еден Јане Сандански кој мамето им го расплакувал на Бугарите, им уништувал безброј чети платени од буг. влада денес е обожуван од Бугарите и ретко кој Македонец може да му укаже чест на гробот, а да не биде претепан?
3. Зошто Св. Методиј, кој бил испратен од византискиот владетел да се бори против Бугарите во струмичко денес е „обожуван“ од Бугарите и присвојуван од нивната историја?
4. Зошто Финска, Шведска, Данска, Норвешка, Англија и ред други земји можат да имаат исти знамиња но со различни комбинации на бои, а Македонија не смее да има исто знаме со неофицијалното знаме на грчката територија Македонија, исто така со различни комбинации на бои (едното е црвено со златно сонце, а другото е сино со златно сонце).
5. Зошто еднаш не се сетите дека веќе стотици години се работи за обезличување на македонскиот идентитет и за бришење на македонскиот народ.
Како доказ, писмото на Митрополит Теодосиј Гологанов од 1888 година:
„Егзархијата со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи... Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегаат по духот. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А нашата света Егзархија го убива она другото, постојаното, затоа ние духовниците, по потекло Македонци треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријаршијата и Егзархијата и да се обедини духовно во лоното на Охридската Црква, нивната вистинска мајка црква. НЕ Е ЛИ КРАЈНО ВРЕМЕ ДА СЕ ЗАПРЕ НАЦИОНАЛНОТО ДЕЛЕЊЕ НА ЕДЕН ИСТ НАРОД САМО ПОРАДИ ТОА ШТО ЕДЕН ЈА ПРИЗНАВА ЕГЗАРХИЈАТА, ДРУГ ПАТРИЈАРШИЈАТА, А ТРЕТИОТ МУ СЕ КЛАЊА НА МУХАМЕД.” Љубен Лапе, Одбрани текстови, II ДЕЛ, 293стр
Бугарите тоа не успеаја и не успеваат да го направат....
Понатаму во 1929 година пробаа Србите. Претпоставувам не треба да објаснувам, а ако треба слободно....
Последниве децении се обидуваат Грците. Целта е иста, средствата се различни.
Жално е што само слободна Македонија родила вакви „борци“ кои доблесните начела за секоја нација ги продава небаре се пиперки ....
1) „...Македонија под нејзиното уставно име е призната од над 120 и кусур земји и дека трендот е нагорен.“
Многу од тие земји кои ја признаа Македонија под уставното име (вклучително и САД) најмногу ја притискаат да изнајде заемно прифатливо решение со Грција.
Уставното име може и да си остане, за домашна и билатерална употреба.
Крајно време е веќе да ја тргнеме некрофилската дексрипција „поранешната...“ и обезличувачкиот „некроним“ ФИРОМ.
Во што е проблемот: 15 години македонските политичари ги лажат своите граѓани дека се борат за уставното име, а всушност немаат храброст да им ја пренесат пораката дека истото е продадено уште во 1993 г., кога се откажавме од уставното име и се согласивме да не нарекуваат „поранешната...“ се додека не постигнеме конечна спогодба со Грција во врска со името.
Сите македонски претставници кои што учествуваат во преговорите со Грција, и сите оние кои учествуваат во работата на ОН, Советот на Европа, телата на НАТО итн., каде што не сме примени под уставното име секојдневно го кршат Уставот.
Груевски и Ставревски гордо ја примија наградата за "top ten reformer" каде што во границите на нашата земја беше впишано "FYR Macedonia".
Нели е малку чудно? Премиерот и сите останати македонски политичари цели 15 години не го почитуваат уставното име, а го убедуваат народот дека божем се борат за него.
Груевски дури и ги доби изборите како „борец за името“, за три дена потоа да видиме дека се борел за „FYR Macedonia“.
Зошто не им се нафрлиш на сите нив и не ги наречеш предавници, туку ми се нафрлуваш мене нарекувајќи ме „продадена душа“ кога ги критикувам за нивната дволичност?
2)Прикаските дека „историјата е на наша страна“ се исто така дел од државната пропаганда.
Точно е дека Грците, Бугарите, и сите останати, повеќе или помалку ја конструираат историјата за да им служи на нивните тековни политички интереси.
Од тоа можеш да го извлечеш само заклучокот - историјата е на страната на оној што ја пишува.
Погледни само како Груевски ја пишува историјата, и веднаш ќе ти стане јасно.
Постави си го и следново прашање: кому најмногу му одговараше националистичката еуфорија пред и по Букурешт?
Најголеми добитници беа токму Груевски и Караманлис. Малку од својот углед загуби Грција, но најголем губитник е Македонија. Груевски и Караманлис работат како стратешки партнери кои максимално манипулираат со историските фрустрации на своите граѓани за да останат на власт и за непречено и неодговорно да владеат.
3) „Зошто еднаш не се сетите дека веќе стотици години се работи за обезличување на македонскиот идентитет и за бришење на македонскиот народ.“
Ако меѓународното именување на државата го обезличува македонскиот идентитет, тогаш Груевски (и кој и да е друг македонски политичар) воопшто не треба да патува ниту во Брисел, ниту во Њујорк, затоа што со самата појава во овие организации (каде што ја користат „некрофилската“ дескрипција) тој го доведува под прашање македонскиот идентитет и го понижува македонскиот народ.
Ќе биде фер од твоја страна ако веднаш почнеш да ги обвинуваш македонските политичари со „доблесни начела“ кои 15 години се соучесници во политиката на „обезличување“ на македонскиот идентитет, а кои сега сакаат својата лична одговорност да ја ескивираат, префрлајќи ја на некои „предавници колумнисти“ кои се дрзнале јавно да го изнесат своето мислење.
Биди ми поздравен.
„Многу од тие земји кои ја признаа Македонија под уставното име (вклучително и САД) најмногу ја притискаат да изнајде заемно прифатливо решение со Грција.
Уставното име може и да си остане, за домашна и билатерална употреба.“
Македонија единствено сама ќе, и треба, да одлучи како ќе се вика и како ќе ја ословуваат други земји. Единствен компромис треба да се направи со Грција да не викаат како што сакаат.
Тоа треба секој Македонец да си го всади в глава, па колку и ирационално да им изгледа. Прво, мора да се убедиме себе, а после другите.
Затоа што според сите меѓународни правни норми имаме право да го бараме тоа.
Понатаму, ширењето дефетизам и деморализирање на народот е токму она што најмногу ме иритира, а што го правите вие (добропознатата групација колумнисти). Тоа во услови на војна (специјална и студена војна) е рамно на велепредавство. Но, тоа во некоја нормална држава.
(http://www.taratur.com/node/1739)
Во, земја како нашава не важи.
Некрофилската референца можеме да ја отфрлиме еднострано и да се преземат мерки кои јасно ќе им стават на знаење на сите дека повеќе не сметаме на нејзе.
И ние имаме коњ за трка, не сметајте дека сме толку бедни и дека ќе не изолираат ко на заебанција. Особено не во овој регион. Само никој не се обидел да го стори тоа, а твојот исплукан Груевски факт е дека се труди (иако премалку).
Понатаму, околу примањето на наградата, Грујо направи тежок гаф - според мене, требаше да направи скандал при доделувањето и да покаже дека во иднина името БЈРМакедонија е апсолутно неприфатливо.
За твојата теорија на заговор, дека Караманлис и Груевски биле партнери, ќе кажам само дека може да се смести во рубриката теорија на заговор и ништо повеќе од тоа.
Околу историјата - таа е наука што се студира. Лаиците, политичарите, непознавачите си ја конструираат за нивни интереси, но тоа веќе е квазиисторија и обична пропаганда, а не наука.
Фактите, доказите (материјалните и нематеријалните), аргументите и тн. се нешто што историчарите не го занемаруваат.
И ние имаме дупки во историјата, тоа е факт! Но, да се бара ексклузивитет на Александар Македонски од грчка страна е толку голем апсурд како Кинезите денес да бараат ексклузивитет од Хирохито или пак Русите од Наполеон Бонапарта.
Околу моите обвинувања, не штедам никого, партиски не сум приврзан, единствено националните интереси на Македонија ми се приоритет.
И за крај уште еднаш ќе те замолам, како познаник да речеме, не шири дефетизам и не го спуштај моралот за време на војна (специјална, студена). Барем ако не си платен за тоа! Ако си, тогаш не знам... сам си знаеш!
Поздрав и до тебе
Лаву, и покрај тоа што ми должиш извинување за неоснованите обвинувања (дека сум бил платен да ширам „дефетизам“), ќе ти одговорам на неколку нешта:
1) Никој нема монопол над националните интереси, ниту Груевски, ниту пак ти
2) Не е продуктивно да се бориш за нешто за што веќе си потпишал капитулација во 1995. Бесмислено е:
Article 7 (Interim Accord)
1. Each Party shall promptly take effective measures to prohibit hostile activities or propaganda by State-controlled agencies and to discourage acts by private entities likely to incite violence, hatred or hostility against each other.
2. Upon entry into force of this Interim Accord, the Party of the Second Part shall cease to use in any way the symbol in all its forms displayed on its national flag prior to such entry into force.
3. If either Party believes one or more symbols constituting part of its historic or cultural patrimony is being used by the other Party, it shall bring such alleged use to the attention of the other Party, and the other Party shall take appropriate corrective action or indicate why it does not consider it necessary to do so.
Македонската држава веќе се откажала од сонцето од Кутлеш во 1995. Продолжувањето на загубената симболичка војна од страна на Груевски со неговиот политички партнер Караманлис досега оди само на штета на нашите национални интереси (членство во НАТО и ЕУ).
А рејтингот на Груевски расте.
3) Се согласувам дека е голем „апсурд да се бара ексклузивитет на Александар Македонски од грчка страна“, ама не сум јас тој што го промовира начелото „Верувам, затоа што е апсурдно“, туку Груевски - тој бара да веруваме дека Македонија успеала, и покрај тоа што ниту влеговме во НАТО, ниту почнавме преговори со ЕУ.
Во што Македонија успеа, освен во тоа што не претрка и Албанија?
Биди ми поздравен, и имај малку повеќе почит и верба,
наместо да ме обвинуваш за „велепредавство“, само запрашај се: Зошто Груевски не го услови влегувањето на ДУИ или ДПА со нивно јавно прифаќање на актуелното државно знаме кое сеуште не се вее ниту во Чаир, да не збориме во липковско.
Патиме од комплексот: има премногу Големи Македонци (со резервна татковина), а премалку патриоти свесни за реалните проблемите со кои се соочува државата (како сервис на граѓаните).
Затоа никако сонце да не огрее - поради штетните наци-идеолошки зраци со критично УВ зрачење.
Малку бегаш од контекстот на горенаведената проблематика, без притоа да обратиш внимание на аргументите што ти ги пласирав.
Прво, ќе ти се извинам најдлабоко, темане че ти напрам, ако грешам. Не те обвинив дека си платен никаде, само не ми се јасни побудите да се шири дефетизам. Тоа е се!
Понатаму, капитулација никој никаде не потпишал. Т.н. Привремена спогодба е прекршена од грчка страна со самото вето во НАТО и блокирањето на приемот во ЕУ, а притоа протекоа информации за време на НАТО самитот дека таа не е ни ратификувана, така што сега и губи секаква важност.
Трето, договорите не се Библија. Според кумановскиот договор Србија имаше контрола врз Косово (требаше дури да се врати и српска армија на гранцијата), но Косово денес е независно. Договорот беше потпишан 4 години по т.н. Привремена спогодба и верификуван од целата меѓународна заедница. Според т.н. Рамковен договор не беа предвидени ред прашања, кои се остварија и допрва ќе се остваруваат.
Има еден куп други меѓудржавни договори (мировни и тн) кои понатаму се прекршувани и никому ништо!
Четврто, не сум Боцевски за да го бранам Груевски. Се согласувам за сите твои укажувања за неговите непринципиелни ставови и потези во врска со албанското малцинство и утките во меѓународната политика (тука пред се` мислам на премекиот став во преговорите и тн.). Но, за време на војна (специјална, студена) најмалку што ни треба е да плукаме по државниот врв и да ја нарушуваме позицијата што ја имаме (каква-таква).
Наместо тоа, те замолувам уште еднаш, и ти се извинувам ако сум те навредил, да почнеш да пишуваш за македонцките работи, од наша гледна точка. А, не како што сакаат Грците!
Не заради мене, или заради тебе, барем заради страдалниците кои единствен грев во животот им бил што се родиле 300-400 километри јужно од нас, а се Македонци!
Поздрав
Лъве, тълкуваш фактите по изключително неправилен начин, а даже допускаш фактологически грешки и показваш незнание.
1. България и Гърция имат договор за бегълците от Беломорска Македония през 1925. С този договор бегълците, които са дошли в България са признати за БЪЛГАРИ, а българската държава се е отказала от претенции към Гърция, както и Гърция от такива към България - след втората световна война сме били осъдени да плащаме репарации на Гърция. За по-сетнешните бегълци не мога да кажа нищо.
2.Антична Македония е била само една от МНОГОТО гръцки държави тогава. Тези държави са воювали помежду си, въпреки че са говорели един език и са имали една култура.
Поради това, най-малкото е смешно съвременна Македония да се изкарва наследница на античната.
3.Яне Сандански е бил само един от многото дисиденти във ВМРО. Както знаем повечето вемеровци са имали леви убеждения и са желаели да създадат отделна държава, различна от съседните КАПИТАЛИСТИЧИСКИ И НАЦИОНАЛИСТИЧЕСКИ държави.
Колкото до Сандански, той никъде и никога не се е декларирал като етнически македонец, най-малко защото тогава не е имало още такава нация...Така или иначе Яне Сандански е влязал в противоречие с останалите войводи и е платил със животът си за това. Както знаем от историята в Организацията е имало само едно наказание или по-скоро присъда-смърт. Доста хора са загинали за жалост...
4. Св.Методий, както и брат му Св.Кирил са били високопоставени гръцки служители, които са покръствали неверниците-съседи на Византия. За тази цел са измислили Глаголицата, за да разпространяват Божието слово сред дивите славяни. По-късно Св.Клемент Охридски, родом от Преславско-източна България измисля ново по-пригодно писмо, наречено неправилно Кирилица...и т.н.
4.Охридската екзархия се нарича Българска Екзархия, защото е направена със силите и исканията на целия български народ и обхваща всички български земи...
Това, което цитираш, като писмо на Теодосий Гологанов не е вярно, най-малкото защото тогава той е писал на книжовен български език, а не на формата с която го цитираш. Знаем за "преводите", които се правят при вас...
Хесапов, не ми ја кажувај бугарската квазиисторија, сум ја читал доволно...
1. Децата бегалци се за време на Граѓанската војна во Грција, а тие за што зборуваш и договорот кој Грција го направи со Бугарија е само уште доказ за трагичното минато на Македонците и доказ за еден трагичен геноцид.
2. Македонија била грчка, колку Кина што била Јапонска. Си го читал Демостен? Или некој антички историчар воопшто? Си слушнал за Јуџин Борза?
3. Проблематиката на македонските дејци во предилинденскиот период е премногу комплицирано прашање за да ти објаснам овде и сега. Најдобро ќе биде да ти пишам еден цитат од вашиот кнез Фердинанд:
Во Македонија главната маса на населението ниту се Бугари ниту Срби, туку Словени и Христијани кои зборуваат јазик подеднакво далечен или подеднакво близок на српскиот и бугарскиот јазик, но јазик кој е посебен дијалект ако не и посебен јазик.” Ам.Ф.ПО, мф, 446, пов. бр.228, Цариград, 26.03.1896
Ти препорачувам да ја прочиташ книгата на д-р Ванчо Ѓорѓиев Слобода или смрт (прашај ги историчарите ваши го цитираат во нивните дела), прекрасно дело од над 700 страни во кои има се` за македонското дело од 1892 до 1903. Ќе ти станат појасни работите, се надевам.
4. Св. Методиј бил Македонец, сакал ти или не. Исто како и неговиот брат. Не би биле прогонувани од тријазичниците (ако знаеш што е тоа), ако биле Грци. Тоа е апсолутно неможно!
5. Охридската архиепископија е македонска, а за тоа има милион докази. Теодосиј Гологанов му пишувал и на вашиот поглавар Јосиф (провери си во државниот архив во Софија ги има писмата).
6. Си слушнал за Атанас Шопов, за Славејков, за Шахов, за Чуповски, за Пулевски, за Мисирков???
7. Поздрав ;)
Да се измочам па ќе ти кажам нешто...
Ама глупости изнакажа. Немам време(а и не врди) да се замарам да ти докажувам колку не си во право. За среќа(а на твоја жалост) се повеќе Македонци се освестуваат и светлите денови на Македонија допрва доаѓаат.
Жарко Траяновски, сгреших че писах забележки по отношение на това, което написа Лъвът.
Може би трябваше да напиша коментар, малък, на твоето есе.
...Мисля, че Лъват не е разбрал добре за какво иде реч. Според мен става дума за това, че Македония трябва да изживее своя Катарзис, за да стане наистина нова и здрава страна. Всички в Източна Европа преживяхя този Катарзис - разделиха се с лъжи, илюзии и заблуди. Приеха решения, считани за чужди. Вие все още имате спорове(не живян Катарзис) със съседи, а и помежду си. Траяновски просто пита: "Какво искате хора, нормално демократично общество или химера(комунистическа)?
В нормалното общество ВИНАГИ има възможност за договор. В химеричното общество има СТРАДАНИЕ, за което ВИНАГИ са виновни другите.
Жарко, ќе проштеваш и од мене што го користам просторов за да полемизирам со човек кој е инструиран од буг. политика.
Хесапов, да те прашам нешто, ама искрено да ми кажеш...
Дали не си се запрашал некогаш во животот или дали си се сетил, дека во однос на македонската проблематика, и колку Бугарите и Грците да имаат од старт различни гледишта, си ја имаат наредено работата?
Мислам размисли малку, не треба да докторираш на историски науки за да увидиш....
Што е договорот:
Бугарите - Антиката е ваша (грчка), Александар е Грк (апсурд најголем на светот), Византија е грчка (исто така екстремен апсурд), но словенството (пак апсурд) е наше.
Македонштината по 6-7 век е наша, претходно е ваша.
Договор дотука бидува!
Но, што вели, да речеме Атанас Шопов (би требало да знаеш која функција ја бркал тој, ако веќе се занимаваш со оваа проблематика)
- Па дури ни денес, во 1885 година кога Европа би побарала македонското население да се определи и да каже на која народност и припаѓа, уверени сме, дека поголем дел од Македонија ќе ни летне од раце, со исклучок на две - три околии од северна Македонија . Сите други Македонци се готови да дадат каков сакаш пишан документ дека тие не се Бугари.....” (Офейков (Атанас Б. Шопов ), „Македония въ време на хилядагодишнината на св. Методий“, Пловдив, 1885 г., стр. 109-110)
А можеби и знаеш кој е Демостен. Еве што вели тој:
А и ова знајте го: Што и да трпеле Еллините од Лакедемоните или од нас, трпеле од такви што биле род роден од Еллада, а тоа му доаѓа некако, исто, како ако некој син, прав, а роден во богат дом, нешто не го води домот како што треба, па затоа заслужува укор и приговор, но не може да се рече дека тоа го правел како некој што не е близок и наследник на сето тоа. Но, ако слуга или подметнат син го уништи тоа што не му припаѓа и го растури, о Ираклиј, колку пострашно и заслужно за гнев, би рекле сите дека е. Но спрема Филиппа и спрема она што го прави тој, не се такви, макар што тој не само што не е Еллин, ниту нешто близок на Еллините, туку ниту варварин од земја, за која нешто убаво би можел да кажеш, туку е чума Македонска, од каде порано човек ни роб не би купил.
Поздрав
Жарко Траяноски, прощавай грешно нdписах името ти, за което поднасям извинения.
И пак погрешно му го напиша :)
Трајаноски!
Објави коментар