Пред некој ден бев на конференцијата Quo Vadis , Македонијо?. Се надевав ќе разберам од владините претставници „Зошто и оваа година Македонија остана без препорака за почеток на преговори за пристапување?“ За жал на присутните пратеници, амбасадори, експерти, новинари и граѓански активисти, никој не се појави од Владата. Владата не покажа интерес да чуе што ќе каже Фуере „Што ни носи новата стратегија за проширувањето на ЕУ?“, ниту што ќе кажат политичките и економските експерти „Кои се следните чекори што Македонија треба да ги направи на патот на пристапувањето?“ Очигледно, нашата влада продолжува да работи „24 часа, седум дена во неделата“ и нема време да се занимава со прашања што не заслужуваат одговор.
Џабе Фуере сугерира дека политичкиот дијалог не е само „дијалог меѓу сите партии туку и со другите сектори на општеството, особено со граѓанското општество“. Џабе ЕК изрази „сериозна загриженост за ефективното функционирање на политичките институции“. Глумењето дијалог продолжува, и тоа посветено. Доказ за тоа е „политичкиот дијалог“ помеѓу премиерот и претседателот. Наместо предлог за нов преговарач за името, премиерот го известил претседателот дека Владата ќе поднесе тужба против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг за прекршување на Привремената спогодба од 1995 година. Претседателот, пак, не сака да навлегува во „оправданоста и целисходноста на одлуката на Владата“, жалејќи се дека одлуката била донесена без каква било претходна консултација со него за „едно клучно прашање во сферата на надворешната политика“. Но, ако Владата работела спротивно на Уставот и Законот за надворешните работи, тогаш претседателот требало да направи се' што е во негова моќ тужбата да не биде поднесена. Наместо тоа, тој како одвај да дочека можност да го отфрли тешкото бреме на политичката одговорност не само за решавањето на спорот, туку и за „успехот или неуспехот на процесот на нашето интегрирање во ЕУ и во НАТО“.
Додека премиерот и претседателот си играат пинг-понг со одговорноста и продолжуваат да манифестираат државен раскол, меѓународната агонија на Македонија продолжува. Тужбата само и даде повод на Грција да ја обвини нашата држава дека не е заинтересирана за брзо решавање на спорот за името, дека ги доведува преговорите во ќор-сокак, и дека новиот потег е заради „внатрешнополитички потреби“. И Грците не испуштаат можност да глумат кооперативни преговарачи, користејќи ги омилените аргументи на нашиот актер Милошоски.
А има ли нешто попроѕирно од глумата дека „остануваме цврсто посветени на сите аспекти од Привремената спогодба, особено на преговарачкиот процес со Грција“? Каква ли е таа цврста посветеност на преговорите без преговарач во „разговорите за разликите околу името“? Каква ли е таа цврста посветеност на спогодбата без ефективни мерки за забрана на растечката непријателска пропаганда против Грција? Дали „цврстата посветеност“ значи дека Владата конечно ќе престане да го употребува симболот од нашето прво знаме, упорно форсиран од Агенцијата за млади, спорт и античко-македонска пропаганда?
Несомнено, по политичкиот нокаут во Букурешт, Македонија има правни основи за тужба против Грција заради попречување на членството. За да го добие спорот, Македонија не треба да докажува дека Грција ставила вето на нашата апликација за НАТО, како што е наведено во тужбата (според првичното соопштение на судот). Согласно со член 11 од „Привремената согласност“, доволно е да докажеме дека Грција ја прекршила согласноста да не приговара за нашето членство во НАТО (со референцата во која не' примија во ОН). Меѓутоа, со нашата апликација ќе се отвори и прашањето дали самите ние ја почитуваме „согласноста“ или, пак, се повикуваме на неа само во случај кога ни одговара.
Да претпоставиме дека се во право тие што тврдат дека тужбата е вистински потег во вистинско време. Да претпоставиме дека ќе биде прифатена и дека за две, три, пет или десет години (времето работи за нас) ќе добиеме позитивна пресуда од Хаг. (Вчера судот ја објави пресудата за тужбата на Хрватска против Србија поднесена уште на 2 јули 1999!) Но, уште сега се поставува прашањето: Што ќе правиме со правдата в раце? Дали со поволната пресуда ќе ги оствариме нашите стратешки приоритети (од 2005 до 2008) да станеме членки на НАТО и да добиеме датум за почнување преговори со ЕУ?
Да потсетиме, во Букурешт сите членки на НАТО побараа час поскоро преговорите да завршат со постигнување „заемно прифатливо решение за проблемот со името“ како последен услов за нашиот прием. Евентуалната позитивна пресуда од Хаг нема да значи и автоматска промена на овој политички услов затоа што пресудата ќе биде обврзувачка само за Грција, а не и за другите земји што се согласиле со условот. Доволно е само еден НАТО-партнер на Грција да се повика на условот и тој нема да биде променет. Доволно е само еден ЕУ-партнер на Грција да го блокира процесот повикувајќи се на суштинскиот услов за решавање на проблемот со името.
Иако тужбата се перципира како дел од „битката за уставното име“, последица од добиената тужба би било задржување на референцата „поранешната југословенска Република Македонија“ во меѓународната комуникација. Дојдовме во ситуација да водиме ем политичка „битка за уставното име“ во Њујорк ем правна битка за референцата во Хаг. Останува да видиме дали правниот спор ќе се користи само како политички адут во преговорите или ќе послужи како алиби за нивно натамошно одлагање, на заедничка радост на македонските и на грчките националисти.
Хашкиот маратон почна и засега води Грција. И Меѓународниот суд на правдата, како и Хашкиот трибунал во пресудата против Тарчуловски, почна да го користи илегалниот „некроним“ FYROM наместо официјалната референца the former Yugoslav Republic of Macedonia. Парадоксално, колку што пожестоко Владата се бори за уставното име дома, толку повеќе се продлабочува меѓународната „фиромизација“ на Македонија.
-
14 коментари:
Интернетов ми рикна деновиве, па со мало задоцнување ја постирам вчерашната колумна.
Nisto od pregovorite. Vo germansko intervju, Milososki ja obvini Atina deka e dva veka zad nas.
Аз продължавам да се чудя, дали македонските власти (и елит) в действителност искат да влязат в НАТО и ЕС... Имам подозрението, че те умишлено правят всичко възможно Македония да НЕ бъде член нито на Алианса, нито на Общността. Или поне НЕ преди Сърбия... ;-)
Толкова много автоголове? И то все във важни моменти? Дали играчите от „отбора“ не са купени?
Имайте пред вид, че мачът вече е скучен за публиката
Во денешната изјава, Милошоски е позитивен кон Грција: „Ги цениме како корисни изјавите на високи претставници на грчката Влада дека ја признаваат полноважноста на Времената спогодба чиј многу важен дел е членот 11...“ (Милошоски: Тужбата во Хаг не се однесува на прашањето за името).
Како што напишав - битката во Хаг не е битка за името, туку за некрофилската референца.
Инаку, во посоченото интервју, Милошоски појаснува: „Ние сакаме добри односи со соседот, но го сакаме и нашето право на самоопределување како мала држава. Тоа го вклучува и нашиот идентитет како Европејци и Македонци. Името Македонија е камен-темелникот на националниот идентитет на македонскиот народ. Ние со тоа никого не загрозуваме и никому не му земаме нешто.“
Ако нашиот идентитет е „Европејци и Македонци“, тогаш зошто не си го смениме името (независно што ќе каже Грција или кој и да е друг) во „Европска Република Македонија“ или „Република Европска Македонија“? (види го мојот пост од март 2007, “Пак за името: Европска Република Македонија?“)
„Европска“ е ем политичка, ем географска додавка, и не подразбира никакви територијални претензии, оти во спротивно ЕУ би требало да ја обвиниме дека има територијални претензии кон целиот континент Европа. :)
Стојчо, и мене ми се смачи - не само од автоголовите, туку и од здодевниот меч. Крајно време е да го надминеме спор(т)от лузерски.
A da si odgovoris bre Zhare,sto e toa sto te tera da go promenis imeto i zosto bas mora da se smeni istoto,so nacinot na koj razmisluvas gi opravduvas grcistava vo nivnoto baranje.......tuku sto tropam pak jas.....pa toa e normalno za tebe....izvini druze......a ti bre Stojce bugarsko makedonce, dobar si batka,cvrsto stois po trasiranata ti drzavna pateka,gledaj da ne otstapis od nea,po toa se prepoznavate site.Dvajcata ste idealen par,imate nesto zaednicko,dobro e.
Најново сознание!!!
По моето укажување во колумната дека „И Меѓународниот суд на правдата, како и Хашкиот трибунал во пресудата против Тарчуловски, почна да го користи илегалниот „некроним“ FYROM наместо официјалната референца the former Yugoslav Republic of Macedonia“, текстот од соопштението на судот со ист датум 17 ноември е комплетно променето! Сега никаде не стои ФYROM туку долгата референца која наместо со мало the почнува со The. За среќа, ја имам сочувано првата копија па ќе ставам исечок како поткрепа.
Според мене, ваквото однесување е скандалозно, како во бугарскиот виц „тази дупка не е дупка“.
Чесно ќе беше судот јавно да го демантира првото соопштение, и да се извини за употребата на FYROM.
Благодарение на „орвеловската интервенција“ испаѓа дека судот во Хаг никогаш не не именувал како FYROM, што е апсолутна невистина!
Новата верзија од соопштението, во која наместо FYROM се употребува The former Yugoslav Republic of Macedonia, можете да ја најдете на сајтот на МСП
Tochno e deka ima nova verzija na dokumentot, koja shto e promeneta na 19 noemvri. Eve shto vika web serverot, primetete ja linijata Last-Modified. Koj saka moze da proba i sam (ako razbira razbira sto e telnet i http protokol)
telnet www.icj-cij.org 80
Trying 194.109.207.182...
Connected to dh142.xs4all.nl.
Escape character is '^]'.
HEAD /docket/files/142/14881.pdf HTTP/1.1
Host: www.icj-cij.org
HTTP/1.1 200 OK
Date: Thu, 20 Nov 2008 16:17:33 GMT
Server: Apache/1.3.33 (Unix) AuthMySQL/3.1 (mod_pcgi2/2.0.0; PCGI/2.0a5)
Last-Modified: Wed, 19 Nov 2008 10:08:36 GMT
ETag: "43604b-13fc1-4923e5a4"
Accept-Ranges: bytes
Content-Length: 81857
Content-Type: application/pdf
Коза лаже, ама лог не лаже! :)
I sega sto......?
Сега ќе си седиме во ќош и ќе чекаме да се смилува наставничката или да заѕвони. Јас мислам дека овие што се на власт кај нас (оние официјалните и оние во сенка), во содејство со грчките власти (исто официјални и неофицијални) така убаво нé дриблаат што не ни знаеме што ни се случува. Зошто би влегле во ЕУ кога може да црнчиме за евтини пари и да си ги истураат своите несреќни его трипови врз нас? Во моментов најголемиот шљам во РМ владее со нас, а нам ни преостанува или да се служиме со секаков вид пасивен (не активен, затоа што тоа би им одговарало) но умен отпор или да престанеме да кукаме, оти и тоа им одговара.
Јас само се чудам кое име браниме и кое име не менуваме. Нашето меѓународно име е Бивша Југословенска Република Македонија и под тоа име настапуваме насекаде. Со таа тужба Владата се жали зошто не сме влегле во НАТО под тоа име. Значи, Владата упорно работи на тоа името БЈРМ да ни остане засекогаш. Тоа не ме изненадува воопшто. Следејќи што се случува во Македонија и како преку сите медиуми се шири просрпство, т.е. пројугословенство, очигледно е дека некои работат Македонија да ја вратат во некаква си Југославија, па затоа за нив секое друго име освен Бивша Југословенска Република Македонија е лошо решение. Кога ќе не втурнат во таа некаква си Нова Југославија само ќе го избришат тоа „бивша“ и ќе си останеме Југословенска Република Македонија. Со тоа и Грците ќе бидат сити и нашите југомани и србомани кои за жал владеат со државата.
Зарко тотално оф топик, али едно време имеше колумни у фоерум ако не се лажам на тема секс, мислам дека клипов ќе те интересира...
http://www.youtube.com/watch?v=IYppDmt9Q9A :)
поздрав друже
Жарко тотално оф топик, али едно време имеше колумни у фоерум ако не се лажам на тема секс, мислам дека клипов ќе те интересира...
http://www.youtube.com/watch?v=IYppDmt9Q9A :)
поздрав друже
Објави коментар