ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
Втор манифест на Граѓани за европска Македонија: Против молчењето
Иницијативата „Граѓани за Европска Македонија“ (ГЕМ), на прес-конференцијата која се одржа денеска, 13 јули 2009 година, го промовираше објавувањето на вториот манифест насловен „Против молчењето“.
Иницијаторите на „Граѓани за Европска Македонија“: Бранко Героски, Никола Гелевски, Мерсел Биљали, Роберто Беличанец, Жарко Трајаноски и Владимир Милчин, во вториот манифест го креваат својот глас против молкот на интелектуалците, бизнисмените, професорите, лекарите, писателите, новинарите, архитектите, уметниците, командантите, владиците и отворено прашуваат: „Кој ќе ја дефинира одговорноста на учесниците и соучесниците во грабежот камуфлиран како патриотизам?“
Иницијаторите на ГЕМ го објавија првиот манифест во февруари годинава. По серијата дебати одржани ширум Македонија, како резултат на драматичните средби и разговори со граѓаните, го објавуваат манифестот „Против молчењето“.
Манифестот се објавува со цел да ги повика интелектуалците, слободоумните и сите оние што не се чувствуваат како апологети на власта да се огласат и отворено да проговорат за состојбите во државата.
Иницијаторите на ГЕМ порачуваат: Молкот е штетен за државата. Мора да има дијалог, мора да има соочување, мора да го изградиме и да го негуваме силното јавно мислење; не смееме да дозволиме стравот, преку молчењето, да владее со граѓаните. Македонија е република, со демократско уредување во која граѓаните имаа право гласно да говорат за проблемите.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
16 коментари:
ВМРО ни прости.
Како што Илија Чворовиќ во балкански шпион му објасни на Бора Тодоровиќ.
"Иди фино у полицију, признај, па ќе ти Ѓура опростити што те је туко„.
ABE TELETABITU EDEN,GOVNARU EDEN I SMRDLIVO KOPILE EDNO ZA KAKOV MOLK TROPAS BRE IDIOTU EDEN, PICE LI TI EBAM MAMINO TVOE,KAKOV MOLK KRVTA DA VI EBAM VASA PA ETE CELO VREME MOZETE DA JADITE GOMNA(KAKO I STO JADETE - posto nikoj ni na kur ne ve stava) KOI GLUPOSTI GI TTRESKAS DA I GO TRESNAM NA TAA LEB STO TI DAVA ........ HE,HE ONOJ IDIOTOT GEROSKI PRILEPSKIOT MAJMUN STO KOGA ZBORUVA NEZNAES DALI SHUSHKA ILI MUMLA KAKO MAMLI E, SO CEL PAMET IZLEZE KAJ MILENKO ..... abe vie ste bile zakon be,niza od biseri ste,baska multi etnicka uste eden cigan vi fali:)) ili ne vi fali.......A?
Анонимусот не го цензурирав за неговиот говор на омраза да послужи како потврда за нашите почетни тези: „од Македонија направија плодна почва за преродба на фашизмот“, „Поттикнаа ксенофобија, расизам и нетрпеливост кон маргинализираните“.
Која е разликата помеѓу ВМРО кои го цензурираат секое мислење кое се разликува од нивното и Вас кои секое мислење кое се разликува од Вашето го сметате за провладино или провмровско? Зарем само вие сте во право а сите други се во криво?
Ве молам опаметете се и немојте на владината хистерија да одговарате со антивладина хистерија со подеднаков интензитет. На Македонија тоа и е најмалку потребно во моментов.
Кога бре ќе научиме дека е нормално во демократска земја да се критикува власта со аргументи, а дека не е нормално да се перципираат критичарите како најголеми грешници, на кои милозливата власт ќе им дава прошка?
Прости ми, малку подзаборавив дека ние не сме демократска земја :)
Абе платформерс, зошто реагирате хистерично?
Критикувајте ја власта колку сакате, никој не ве брани, ама оставете простор и вас да ве криткуваме, ние кои имаме поинакво мислење од вашето.
Вие реагирате потполно исто како Црни Грујо, шиканирате се што не се совпаѓа со вашето мислење, обвинувате, етикетирате. Зарем не можите да сватите дека има луге кои размислуваат поинаку од вас, а не припаѓаат или не ја подржуваат власта. Ако не можите тоа да го сватите, еве обидете се, јас сум еден од нив.
Од кај ти е тоа „платформерс“, од „Ќорооки“? :)
Не реагираме исто како и Црни Грујо. „Црни Грујо“ проштева :)
Инаку, секој од нас различно размислува. Она што не обединува е граѓанската идеја за Европска Македонија, напуштена од „преродбениците“.
Велиш, „шиканирате се што не се совпаѓа со вашето мислење, обвинувате, етикетирате“ - дај некој пример, моља ти се :)
Pa da, shikanirash, dopushtash Anonimci da ja izblujat celata svoja omraza na blogov! ;)
Платформерс ми се свиѓа :) ... да од еднооки ... :))
Хахах “Црни Грујо“ проштева, платформерс не проштаваат :)))))
Да точно, не обединува идејата за Европска Македонија, апсолутно сум за Европска Македонија, само не по секоја цена, има некои работи кои не смееме да дозвилиме да ни се случат ( за жал веќе ни се случија одамна ). Него тоа што мене ме иритира е тоа што целата енергија ја насочувате против Црни Грујо,ама не е баш така, има луѓе ( кои не се на власт, а биле ) кои направиле многу поголема штета од Црни Грујо, проширете ја вашата платформа, проговорете и за нив. Замисли Македонија да беше економски силна, просечната плата да беше 500еура, замисли Македонија да имаше стратегија која трае 20години, мислиш Грција ке имаше сила да ни го прави ова пто ни го прави сега? А зошто Македонија нема просечна плата од 500еура или зошто Македонија нема стратегија на подолг рок прашај го Владе платформер, тој многу добро знај...
Жално е да се гледа како дел од домашните интелектуалци го трошат времето на краткорочни проекти. И што ако утре си замине Груевски, што сме постигнале? Кој ќе го замени? Истиот кој што правеше зулуми пред него? Тој пред него? Па зошто тие да бидат имуни од било каква критика? Зарем е навистина толку тешко критички да се обработи целата политича сцена? Се додека размислуваме само за денеска нема да постигнеме ништо. Треба да бидеме реални и да сфатиме дека во Македонија во моментов има две опции и ако не е едната тогаш е другата и треба соодветно внимание да се посвети на двете. Не се сеќавам дека некој од вас господа се пенеше на уста кога бившиот претседател буквално секојдневно помилуваше сопартијци или пак кога последните 5-6 месеци од својот мандат дејствуваше исклучиво партиски. Тој е човекот што ќе го замени Груевски, дали мислите дека треба да биде „олабавен“ од секакви критики се додека не е на власт? Ако критериумот за нечие критикување е само и исклучиво учеството во власта тогаш ништо не сме направиле и ама баш ништо не сме научиле.
(Се извинувам што делумно се повторувам со тоа што го кажа Тодор над мене но дури отпосле го прочитав неговиот текст)
никој не може да биде имун на критика, особено власта.
До овие кои велат:проширете ја критиката. Еден tip: се куди детето кое денес ти моча на глава она што вчреа те измочало, ако не си го искудил тогаш, сега ти е доцна. За да утре биде боље се оправа денес, а не вчера. Колку е тешко тоа да се сфати? Овој граѓанинот жарко, вчера ржеше и против „оние другите“. Ама изгледа новите млади кадри на Вемеро не се сеќаваат на тоа.
Море некои се сеќаваат, па без дозвола презеле дел од критиката во последната изборна кампања против нивните политички опоненти. Замисли, ем те прогласуваат за предавник и едностран критичар, ем те цитираат во партиски памфлети. Па, кај го има тоа? :)
So viznata liberalizacija se ovozmozhi najdobrata mozhnost za vmrovcite-braniteli: sekoj shto ne e za vmrovskata opcija sega ke mozhe slobodno da ja napushti Republika-edinstvenanadezhVMRO-DPMNE-Makedonija i taka vo drzhavava oni (vmrovcite) ke ostanat sami i ke si se shirat i uzhivaat sami so sebe, bez nikoj da im pravi problemi. Idila!
Ништо, ако не ги тапкаш по рамо овие нема да те удостојат со одговор, само ќе добиеш обвинување дека си вмровце (грујовист). Против молчењето?? Лицемерие.
Објави коментар