Секс, дроги и видео ленти

10/30/2007

За повеќе види на Предозираност од осуди!

Ако имате некоја ваша омилена сцена, бујрум, ќе ја разгледаме!

Не се дружам со Шепард!

10/28/2007

Вчера ја предаде револуционерната кауза со т.н. Компромисно решение.

А денеска го покажа своето вистинско лице!

Носи маица со Александар Македонски, човекот кој според Метју Нимиц, е одговорен за животите на илјадници луѓе и кој уништил многу градови.

Не би се изненадил ако утре облече маица со Радован Караџиќ или Ратко Младиќ.

(инспириран од вестите на „Сител“)

Мршојадецот Латас

10/25/2007


Кога е општо познато дека Латас е во отворена војна со МАССО, ваквата злоупотреба на смртта на Тоше е - најблаго речено - скандалозна!
И едно прашање до „НЛБ - Тутунска банка“ и „Alpha Bank“: до кога ќе спонзорираат вакви дискриминирачки пораки?

Голо тело

Последната колумна во „Форум“.

Глупост на неделата

10/23/2007

Веќе не се трпи. Морав да воведам нова рубрика:

„- Некој ќе каже дека Владата и порано била отворена за граѓаните, но јас ќе кажам дека во историјата знаеме дека еден од најдемократските устави во светот бил уставот на Сталин, а демократската практика во тој период била таква каква што ја знаеме. Затоа е нужно Владата да ја отовори вратата за граѓаните, додаде тој.“ (Боцевски: Манифестацијата „Отворена влада“- сигнал за вистинската демократска слобода на граѓаните ...)

Како може Уставот кој прокламира дека е постигната „диктатура на пролетеријатот“ (чл. 2) да се смета за „еден од најдемократските устави во светот“?

Од кога прокламирањето диктатура се смета за нешто „најдемократско“?

P.S.

На најголемиот „реформист“ Груевски, му го честитам денот на револуционерната борба со омилениот стих на неговиот ментор Љубчо Георгиевски: „...делете ја, парчете ја, пак ќе има само една Македонија“.

Газда Трифун - домаќинот!

10/20/2007


Едно нешто ме интересира.
Да беше мостов лично негов, дали за него вака ќе се грижеше?

Кој е македонскиот Че Гевара?

10/19/2007

За жал, после обидот за „демистифицирање на личноста на Че како револуционер и убиец“ (Настан по повод 40 години од смртта на Че Гевара), не уследија и слични обиди за демистифицирање на локалните херои.

Иначе, чуму би не засегал нас ликот на Че Гевара?

Навистина, кој е македонскиот Че – Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански...?

Или некој комунист – можеби Кузман Јосифовски – Питу, „вториот Гоце Делчев“?

Што би се случило ако би се сретнале Ченто и Че?

Дали Че би праел муабет со Ченто?

Или пак Ченто воопшто не би ни доживеал монтиран судски процес, туку веднаш би бил стрелан од Че како непоправлив демократ и предавник?

Македонски икони

10/18/2007


Фотографијава е снимена во август годинава - дел од соба во едно од најзабитите села во Македонија.

Сексот и бракот

10/12/2007

„Сексот започнува после бракот“ - ќе ви потврдат сексуалните конзервативци кои сеуште веруваат дека предбрачниот секс е смртен грев.

„Сексот после бракот прекинува“ - ќе ве убедуваат некои сексуални либерали носталгично потсетувајќи се на прекрасните предбрачни сексуални искуства.

Еволуцијата на односот помеѓу сексот и бракот во развиените општества сведочи за еден необичен парадокс. Пред само неколку века, идејата за секс вон бракот беше речиси незамислива за „моралното“ мнозинство. Денес, пак, идејата за секс во бракот станува се понезамислива за се поголем број сексуално слободни луѓе.

„Никаков секс пред бракот“?

Дали ви е познато дека не само во исламските земји, туку и во САД - земја препознатлива по статуата на слободата - сеуште постојат држави во кои е казнив „(вагиналниот) сексуален однос помеѓу две лица од спротивен пол кои не се во брак“?

Обесхрабрувањето на предбрачниот секс е во основа и на Бушовите програми за „сексуално образование“ кои промовираат само-апстиненција-пред-бракот, наспроти либералните Американци кои ја промовираат сексуалната слобода како човеково право.

Во една популарна интернет-пародија на „сексуалните“ програми спонзорирани од Бушовата администрација машките ученици носат маици со слоганот „Сексот е за педери!“ Учениците се мотивираат со следниве бушовски „аргументи“: „само главните лузери имаат секс - секој знае дека е само за педери“; „не фаќај вагини, затоа што се тотално геј“.

Никаков секс после бракот?

Наспроти сексуалните конзервативци, многу сексуални „мачо“ либерали предупредуваат дека „сексот после бракот прекинува“. Еве неколку приказни од брачните „паталци“ кои ги споделуват сопствените трагични искуства на сајтот „www.No.Мarriаge.com“:

„- Мојата сопруга чита во кујната се додека не заспијам за да избегне секс со мене или, ако не сум уморен, чека да започнам со туширањето за да се фрли во кревет веднаш заспивајќи.“

„- Мојата сопруга го достигна нивото да го користи сексот само за да добие нешто, а во моментов изгледа дека не и е потребно ништо.“

„- Сакаш секс? Оди еби се самиот! Јас сум премногу уморна од премногу грижа за твоите деца, од чистење, готвење и миење на твоите садови откако ќе се испрдиш после ручек заминувајќи на пиво со твоите другари.“

За епидемијата на бракови без секс сведочи и авторката на текстот „Должноста на сопругата“ со мошне експлицитна порака: „Бракот порано обезбедуваше пристап до секс. Сега обезбедува пристап до целибат.“

Бракот и сексуалните права

Колумната е премногу кратка форма за наведување на класичните варијации на традиционалниот аргумент за „бракот како легализирана проституција“. Овде само ќе потсетиме дека во нашите патријархални средини сеуште е зачувана идејата за „бракот како легализирана трговија со жени“. Потпрашувајќи неодамна во некои заборавени македонски села за разликата помеѓу „грабани невести“ и „бегалки“, една постара бабичка ми раскажа како меѓусебно се оговарале нејзините сосетки: „Лазејца не вреди ништо, земена е без пари. Трпана е земена за шест франги, а за мене дале дури седум!“

Иако правото на слободен избор на брачен партнер спаѓа во корпусот на сексуалните права, противниците на бракот забележуваат дека ова право го доведува под прашање остварувањето на повеќето други сексуални права.

Бездруго, брачната заповед „Не прави прељуба!“ го минимизира правото на сексуална слобода кое е ограничено единствено со согласноста на сексуалниот партнер - на било кој партнер, не само брачниот! Бракот е погубен и за правото на сексуална автономија - правото на избор со кого, како, кога и колку често да се има сексуални односи. Традиционалниот хетеросексуален брак го загрозува и правото на сексуална еднаквост - оневозможувајќи им и на лицата од ист пол да ја искусат „брачната постела“ како легло на сексуалната досада.

Исто така, противниците на бракот се убедени дека во брак е речиси невозможно остварување на правото на сексуална приватност. И правото на слободно сексуално здружување е сериозно загрозено во општества каде што разведувањето на браковите е отежнато од религиозни, морални, и правни причини.

Сепак, најсериозни се забелешките во однос на правото на изразување на љубовта и правото на сексуално задоволство (станува збор за две засебни сексуални права). Љубителите на романот „Љубовта трае три години“ забележуваат дека институцијата брак се темели на погрешна претпоставка - дека оние што се земаат „вечно ќе се љубат“. Слични временски аргументи даваат и оние кои наместо романтичниот збор „љубов“ претпочитаат да зборуваат за „сексуална хемија“.

Оттаму, наизглед шокантниот предлог на лидерката на германската конзервативна христијанска партија Габриеле Паули - бракот да трае седум години - на брачните скептици им изгледа премногу оптимистички. Седум години се сосема доволно време не само за љубов, туку и за прељуба.

Бракот како афродизијак?

Радикалните аргументи на противниците на бракот, дека оваа институција е смрт за сексуалното задоволство и за сексуалната жед, се побиени од следниве огласи што можат да се прочитаат во нашите огласници: „Брачен пар бара брачни парови за размена на искуства“; „Би сакала да го изневерам сопругот со некој кој е спремен да ја изневери сопругата“; „Сакам да ја гледам сопругата како води љубов со друг... Ако не ти пречи мое присуство, те очекуваме...“.

Брачните граници постојат - само за да се пречекоруваат?

Огласите ги разбиваат и сомнежите на сексуалните скептици околу можноста за остварување на сексуалните желби во бракот.

Секако, нема да можете да ги остварите сите свои сексуални желби во брак.

Сепак, некои сексуални желби можат да се остварат исклучиво ако сте во брак.

Македонија: зелена земја?

10/08/2007

Иако Бугарија е членка на ЕУ, Македонија (46) е едно место пред неа на листата The World's Greenest Countries .

Од другите земји од регионот пред нас се „само“ Словенија (15), Грција (20), Хрватска (28), Албанија (31), Босна и Херцеговина (39).

Што е битно што сме 15 места зад Албанија и седум места зад воено опустошената БиХ?

Битно е дека сме пред Бугарија и Романија!

Му предлагам на Груевски под итно да откупи рекламен простор во сите медиуми.

Народот мора да биде информиран: Македонија е „попристојно место за живеење“ и од Бугарија и од Романија, иако тие влегоа во ЕУ!

Македонски геном?

10/04/2007

„...религијата е лична определба, а нацијата е генетско наследство“ – тврди Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија. (Лична определба, а не делегирано право)

Предлагам во законот за заштита на пациенти да се додаде експлицитна одредба со која ќе се забрани било какво чепкање во македонскиот геном.

Со ЕУ криви краставици не се садат!

10/01/2007

Објавените Митови за ЕУ сеуште провоцираат реакции, не само во бугарските, туку и во нашите медиуми. Уз разобличувањето на митовите ни се шитка и дневна доза од ЕУ-пропаганда:
„За разлика од британските евроскептици, кои кои пред неколку години ја уплашија јавноста со тврдењето дека Европската Комисија ќе забрани продажба на криви банани, во Македонија во моментов најактуелна е приказната, според која, влезот во ЕУ ќе донесе забрана за печење домашна ракија.
Информациите за оваа урбана легенда беа увезени од Бугарија каде, пред владата да објасни дека забраната се однесува само на продажба на домашна ракија на пазарите, илјадници граѓани ги продадоа своите бакарни казани.“ (
Митови и легенди за ЕУ во Македонија)
„Урбана“, или пак „рурална“ легенда? Како и да е, и во „митовите и легендите“ изгледа има понекоја вистина.
Иако не сите, сепак некои ЕУ-службеници добиле делумен надомест за шесте пилули вијагра месечно. Луѓето можеби ги продале своите казани не заради забраната за печење домашна ракија, туку затоа што не им се исплатело да поседуваат казан за печење ракија што не можат да ја продаваат.
Чекај малку - ако домашните производители нема да смеат да ја продаваат испечената ракија на пазар, како тогаш забраната ќе се одрази на употребата на алкохол по глава на жител во селските средини?
Потоа, ако не е забрането производство на домашна ракија за сопствена употреба, зошто тогаш да биде забрането производство на домашна „тревка“ за сопствена употреба? Не е ли домашната ракија барем исто толку штетна колку и домашната „тревка“?
Но, да не бидеме преголеми оптимисти.
Оти, со ваква евро-оптимистичка младина, Грујо не треба да се плаши за својата иднина:
Македонците најоптимисти во Европа, и покрај тоа што „Дури 72 отсто од нив невработеноста ја гледаат како најголем проблем“.
На колку ли проценти треба да се зголеми невработеноста за да почнеме да стануваме песимисти?

Овцата - национален симбол?

Еден пригоден цитат, у чест на враќањето од егзил на Шепард:

„Кога се разви полемиката околу симболите на државата, Јордан Мирковски напиша: „предлагам за национален симбол да земеме овца, стрижена со срп и со гордо крената опашка“.“ (Замина хроничарот на глупоста и на лицемерството)

Мее... меее... донија?

Во име на Македонија: компромис или компромитација?

Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името:

„Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желбата на Македонците да влезат во Алијансата може да дејствува како катализатор за изнаоѓање компромисно решение.“ (Нимиц: Влезот на Македонија во НАТО шанса за решавање на спорот)

Како прво, не сакаат да влезат во Алијансата „Македонците“, туку „Република Македонија“. Во НАТО не влегуваат народи, туку држави.

Како второ, што е поскоро „катализатор“ - нашата желба за влез или грчката уцена со вето?

Најпосле, можен ли е воопшто компромис за „спорот околу името“ кој не е истовремено и наша компромитација?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week