Кога група грчки силеџии се обиде да ја попречи промоцијата на речникот во Атина, истите беа јавно и едногласно етикетирани од нашите медиуми како фашисти, неонацисти и вандали. Инцидентот го осудија сите наши пратеници барајќи силеџиите да се пронајдат и казнат. Владејачката партија оцени дека таквиот начин на однесување на одредени групи на грчката држава е голем проблем за нејзината демократија.Кога група македонски силеџии ја спречи трибината во Струга, ниту беа едногласно осудени како фашисти, неонацисти и вандали, ниту пак некого интересираше зошто немало полиција за да го спречи насилството. Откако „спонтаната“ разулавена толпа го разби мирниот протест на скопскиот плоштад, оценките дека станува збор за фашистички чин беа критикувани како неумесни и претерани. И кога т.н. Македонска студентска унија почна јавно да обвинува наши сограѓани за „хајка против МПЦ и македонскиот народ“, не беше политички коректно тие да бидат прогласени за фашисти. Разбира се, дури и фотографиите на кои маскирани и вооружени „македонски синови“ демонстрираа патриотизам во „црни качулки“ требаше да ги перципираме како обичен маскенбал: „Вие одете на карневал во Вевчани, има и знамиња од Хитлер, па никој не кажува дека луѓето се фашисти“ - ни објасни водачот на Македонската студентска унија.
Зошто сме толку кадарни да препознаваме двојни стандарди само кај другите, а не и кај нас? Очигледно, некои етикети (како „геј“, „атеисти“, „соросоиди“...) може слободно да се лепат, но не и етикетата „фашисти“, за да не би западнале случајно во депресија некои од нашите „демохристијански“ тепачишта. Она што во Грција го препознаваме како чин на фашизам, се' уште дома наивно го перципираме како чин на патриотизам. Повеќе не' боли кога на етничките Македонци во Грција им се повредува правото на слобода на изразување, отколку кога се тепаат мирни протестанти во Скопје, со асистенција на „нашата“ полиција. Реакцијата на македонските институции на насилството во Скопје посочува на следниов заклучок - Македонија станува силеџиска држава. Наместо сервис на граѓаните, државата ни станува сервис на силеџиите. Досега, сите државни институции практично застанаа на страната на силеџиите, наместо на страната на жртвите на насилството, кои се подложени на секундарна виктимизација. Народниот правобранител се направи слеп при очи, а Собранието ги потури со пепел заклучоците на собраниската комисија за човекови права.
Сепак, улогата на МВР е најскандалозна. Откако асистираше во процесот на силување на основните демократски права (правото на мирен протест и правото на слобода на изразување), МВР почна да ги прогонува жртвите на насилството ставајќи ги во ист кош со „спонтаните“ силеџии. Прво почна да наоѓа греди во очите на мирните протестанти, а раски во очите на нивните тепачи. Потоа, МВР почна и да ги прогонува протестантите кои со употреба на физичка сила и закани беа буквално истерани од плоштадот, затоа што не го прекинале протестот?! Имено, МВР се повикува на законската должност организаторот „да го прекине одржувањето на јавниот собир, ако дојде до загрозување на животот и здравјето, безбедноста и личната сигурност на луѓето и имотот.“ Но, чиј живот и здравје, чија безбедност и лична сигурност беше загрозена, и од кого?
Законот за јавните собири утврдува дека токму МВР „ќе го прекине одржувањето на јавен собир во случаите кога истиот е насочен кон загрозување на животот, здравјето, безбедноста, личната сигурност и имотот на граѓаните.“ Зошто МВР не поднесе прекршочни пријави против полицајците кои не го прекинаа одржувањето на јавниот собир, туку рамнодушно набљудуваа како се загрозува животот, безбедноста и личната сигурност на организаторите на мирниот протест? Најновата ујдурма е обидот да се прогласат за виновни организаторите на мирниот протест, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир „со карање, викање и непристојно однесување“. Ова веќе не е само симптом на полициска држава, туку симптом на фашистичка диктатура. Како поинаку да се определи државата која ги прогонува жртвите на насилство затоа што викале и „непристојно“ се однесувале на граѓански протест против декретот на водачот за изградба на црковен храм на плоштадот со државни пари?
На 28 март во Скопје, сите што протестиравме против самоволието на водачот бевме сведоци како на Македонија и се случува башибозук поддржан од редовните полициски сили. Наместо да го разоружа „демохристијанскиот“ башибозук, МВР се стави во улога на негов заштитник и прогонител на жртвите на насилството. Најновиот инструмент за перфиден прогон на непослушните граѓани кои се дрзнале мирно да протестираат против силувањето на Скопје е „Барањето за поведување на прекршочна постапка“ во кое транспарентно се наведени не само имињата и презимињата, туку и матичните броеви и адреси на жртвите, заедно со личните податоци на предводниците на башибозукот. Пораката е испратена: Ако се дрзнете да викате и непристојно да се однесувате на протест против власта, може „спонатно“ да ви се случи посета на фашистичкиот башибозук со полициска асистенција.
Чекор по чекор, во Македонија се создава плодна почва за „преродба“ на фашизмот и тоталитаризмот. Преку ноќ, стана забрането да се вика против власта на јавни протести. Се поттикнува милитаристички менталитет на параполициски формации. Се разгорува ксенофобијата, расизмот и дискриминацијата кон повеќето маргинализирани групи. Се развива генетски култ кон чисто етничко потекло. Државата почна да ги перципира жените како машини за раѓање. Царуваат теории на конспирација. За се ни се виновни Грците и „влашкото лоби“.Државната пропаганда станува се повеќе инструмент за контрола на масите. Расте омразата и нетрпеливоста кон индивидуалноста и поинаквото мислење. Се разгоруваат конфликтите по секаква основа. Луѓето одамна се плашат јавно да зборуваат. Накусо, созреани се условите за антифашистички отпор.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
11 коментари:
Навистина ме интересира дали авторот целиот живот го поминал во (Северна) Македонија или пак е новодојденец тука? Да се тврди дека „преку ноќ стана забрането да се вика против власта на јавни протести“ е во најмала рака несериозно а многу други би употребиле и погруби зборови. Дали е тоа некое ново читање на историјата (во стил на ВМРО) при што одредени делови се забораваат или игнорираат?
„преку ноќ стана забрането да се вика против власта на јавни протести“
Тоа е ујдурмата на МВР, кое им поднесе на студентите протестанти прекршочни пријави за „карање, викање и непристојно однесување“.
Кога на полицијата и се остава можност да определува што е „непристојно однесување“ за време на мирен јавен протест против власта, и да врши прогон на жртвите заедно со силувачите на демократијата, тоа значи дека сме ја преминале „црвената линија“.
Замисли си само како би се чувствувала жртвата на силување да добие покана за на суд во која е наведена нејзината домашна адреса, знаејќи дека до неа ќе има пристап и силувачот.
Инаку, авторот е роден во Македонски Брод, и е новодојденец во Република Скопје, во која владее пиреј од политичари кои, од една страна, „гордо“ го кршат уставот претставувајќи не со некрофилската референца а, од друга страна, се најголеми „патриоти“ кога станува збор за одбрана на „името и идентитетот“.
Смачено ми е веќе од тоа. Најди прво место каде што сум се залагал за ебаната „Северна“, па после шири клевети „револтиран“ анонимусу.
http://www.flickr.com/photos/novica/3649866077/
prekrasno napishano: ednostavno i jasno. Shto ne mu e jasno na anonimniot? Ili sekoj si chita kako saka?
Neshto drugo me interesira: si go videl li ovoj apel na srpskite intelektualci? http://www.pescanik.net/content/view/3316/58/
Shto stanaso nashite intelektualci i nivnata borba za sloboda i progresivna drzhava?
Една информација дали организаторот на протестот Никола Наумов е братучед на Радмила Шеќеринска? Т.е. не ми треба информација знам дека е точна само коментар ми треба од антифашистот и борецот за демократија Жаре.
Новица, фотката е веќе објавена кај мене и искористена во колумната „Силеџии“: „На скопскиот плоштад МВР постави нов сообраќаен знак: „Забрането протестирање - освен за силеџии“.“ :)
Анонимусу, еве ти коментар, поточно интересен цитат на тема „братучед“:
„- Ова е втор братучед на премиерот Груевски. Се вика Спиро Николаидис – ни рекоа селаните, покажувајќи кон човекот што во дворот го миеше својот џип.
- Вистина ли е дека вие сте роднина со македонскиот премиер Никола Груевски - го прашавме.
- Да, вистина е – ни рече.
Не знаеше да зборува добро македонски, па разговорот го продолживме на англиски јазик. Ни објасни дека таткото на Груевски, Тало Груевски, живеел во селото Крушоради до неговата 9-та година. Потоа се преселил и сега живее во Скопје.
Дедото на Груевски, пак, Николас Грујос (или Коле Груевски) целиот живот го поминал во тоа село и таму е погребен. Се борел за грчката армија во војната меѓу Грција и Италија и загинал во 1939 година.“
И што сега?
A drug organizator e prv bratuced na Vladimir Zdravev, pretsedavac na sovet na Opstina Centar. I sega anonimen, tvoj komentar na ova?
Зошто фрустрации? Авторот на текстот никаде не беше ставен во контекст со Северна Македонија. Тоа беше моја лична фрустрација кон обидите на силување на мојата држава и нема ама баш никаков напад кон господинот Трајаноски.
Муабетот ми е, ова не е нешто ново туку се случува во континуитет последниве 18 (па и повеќе) години, но авторот некако се концентрира само и исклучиво на политичката сцена во периодот од кога постои блогот - како се што било пред тоа да не постои. Авторот го прави истото што и ВМРО со некаквиси „пречитувања“ и апсурдна антиквизација на историјата, се разбира концентрирајќи се на политичкото поле. Се надевам никој не ги заборавил катарзичните избори од 1998ма и причините поради кои тие беа такви?
Инаку чисто информативно: Во Америка при случај на силување и во случај кога на силувачот му се забранува да се доближи до одреден радиус од жртвата, на дотичниот силувач му се доставуваат домашната адреса како и адресата од фирмата каде што работи жртвата, со цел да знае кои места да ги одбегнува.
"Во Америка при случај на силување и во случај кога на силувачот му се забранува да се доближи до одреден радиус од жртвата, на дотичниот силувач му се доставуваат домашната адреса како и адресата од фирмата каде што работи жртвата, со цел да знае кои места да ги одбегнува."
Revortiran - ti aren vo toa lejkata? vo slucaj na siluvanje vo sad siluvacot e na ulica, samo so predupreduvanje za nepriblizuvanje na zrtvata, pa i adresa mu davaat!
Zare, so kogo ti opstish brat. Ova e za vo humor i satira. Al so seta serioznost ti objasnuva batkava hahahahaha Dal je moguce ej!
Добар напис, само за жал песимист сум дека овде може да се развие некаков отпор. Радо би учествувал, ама што да правам, не ми се верува дека има свест за тоа.
Текстот на Жарко е полн погодок и секаков дополнителен коментар би бил излишен. Целиов настан наликува на настаните во германија од 30-те години кога ќотек јадеа Евреите но сепак истите тие беа обвинувани за ‘виновни‘
Објави коментар