Груевски победи, Македонија загуби!

6/04/2008

Груевски победи, Македонија загуби!

Груевски убедливо победи - Македонија уште поубедливо загуби! Накусо, тоа се резултатите од предвремените парламентарни избори 2008. Уште една голема победа на Груевски на домашната политичка сцена, уште еден тежок пораз на Македонија на меѓународната политичка сцена.
Првпат власта не беше изборно казнета од граѓаните, туку неподготвената опозиција која заигра на свадба со празни раце - без убедлива изборна програма, со нереални политички ветувања и со негативна кампања насочена кон лично дискредитирање на противниците. Не ни се повтори историјата, но затоа ни се повтори парадоксалната постбукурешка равенка: интернационален пораз на Македонија = домашна победа на ВМРО-ДПМНЕ.
По предизборната рашомонијада - „Што и' се случи на Македонија на букурешкиот самит?“, преживуваме постизборна „резилијада“ - „Што и' се случи на Македонија на изборите?“
Дефинитивно, како и по Букурешт, некој има изгубено контакт со реалноста! Не се знае само кој, дали нашиве кусогледи политичари или, пак, меѓународните набљудувачи што почнаа да не' „ѕиркаат“ преку очила со ЕУ-диоптер. Од една страна, странските воајери создаваат претстава дека на предвремените избори демократијата на ЕУ-кандидатот била бандитски силувана („gang rape“). Од друга страна, нашите политички егизбиционисти се обидуваат да создадат претстава дека станувало збор за доброволен секс на македонски начин.
Џабе „воајерите“ на ОБСЕ констатираат дека стандардите останале незадоволени. Нашиот премиер веќе обнароди дека имавме фер и демократски избори. Остана да лебди само дилемата колку изборите ни биле демократски, поради нерегуларностите од 1 до 2 процента - дали 98 посто или, пак, 99,102 посто.
Џабе меѓународните „пазачи“ укажуваат на „неуспехот да се превенираат насилните акти“ и на „ограничената и селективна примена на законите“. Интелектуалните мегафони на Груевски веќе разгласија дека инцидентите биле во помал обем од 2006, а дека полицијата била многу поефикасна. Кој не верува, нека го гледа во живо полициското спроведување на Красниќи во судот.
Залудни се предупредувањата на МКГ дека безбедносната ситуација драстично ни се влошила поради предизборното насилство, кое на некои гласачки места се преобрази во вистинска „касапана“. Директорот на Центарот за управување со кризи веќе констатираше дека „по вчерашните инциденти... безбедносната состојба во земјата е подобрена, а не влошена“. Кој не верува, нека гледа Грујовизија.
Залудни се укажувањата на нашите меѓународни пријатели дека силувањето на гласачките кутии е силување на македонската демократија од страна на оружени групи. Во некои случаи дури и пред очите на нашите полицајци, во улога на неми воајери или активни помагачи на „гордите“ насилници. Премиерот со личен чин им покажа на нашите американски партнери дека не е верно оти спроведувањето на предвремените избори „ја дискредитирало оваа земја“. Лично премиерот покажа дека Македонија има вера и ќе докаже дека демократијата и' е света, со тоа што отиде во црква да се поклони во знак на благодарност кон Бога.
На денот на изборите, предизборниот фестивал на лагата се претвори во вистински циркус на вербални акробации. Како да постоеше натпревар помеѓу портпаролите, кој ќе даде изјава што е подалеку од реалноста. Според мене, во финалето влегоа портпаролот на „Сонце“ (кој веднаш по изборите изјави дека Груевски не ја постигнал целта), портпаролот на ДПА (со изјавата дека ги победиле ДУИ со резултати од 2:1 до 4:1), како и портпаролот на Владата кој најжестоко се огради од насилните инциденти како да се случуваат на некоја друга планета, а не во Македонија. Специјална награда за „одлепеност“ би и' доделил на Шекеринска за изјавата за нејзините активисти: „Одговорноста за нереализираното мнозинство е моја, заслугата за одлично водената кампања е ваша“. Како е можно „одлично водената кампања“ да резултира со толку катастрофални резултати? Колку што „Сонце“ е далеку од мнозинството со освоените бедни 28 пратенички места, толку изјавата на нивната лидерка е далеку од реалноста.
Утешната награда за „промисленост“ му ја доделувам на победникот на коалицијата „За подобра Македонија“ за неговата историска изјава: „Тој што вчера се обиде да создаде проблеми, не и' мисли добро на Македонија“. Машала, уште малку ќе испадне и дека насилните инциденти на 1 јуни не биле реални проблеми, туку само обид за создавање проблеми. Се чини залудно насилниците поарчија толку куршуми и силуваа толку изборни кутии. За премиерот, тоа се луѓе што не и' мислат добро, а не луѓе што не и' прават добро на Македонија. Новата народна поговорка „Кој пука - зло не мисли“ изгледа важи само за славениците на победничката коалиција, но не и за „луѓето што не им мислат добро на Албанците“ и на Македонија.
Без разлика какви небулози шириме по дома, јасно е дека на 1 јуни добивме единица по демократија од Фуере, со шанса за поправен испит и одлични изгледи и третпат да ја повторуваме годината во средното училиште „ЕУ-интеграција“. Па што ако уште еднаш ја повторуваме? Нели, повторувањето е мајка на знаењето. Знаењето е моќ. Македонија знае. Преродбата продолжува. А Груевски има се' поголема моќ.

15 коментари:

Анонимен рече...

Да, това е жестоката истина за Македонија.

Анонимен рече...

Много те бива, когато пишеш за неща, от които разбираш;-)

Анонимен рече...

Сега сериозно: Оня ден си говорехме с татко ми за Македония (поводът беше промоцията на Алекс Букарски в София, но естествено минахме на политически теми, защото, без да го съзнава, Алекс е и политическо явление в днешна Македония).
Та от дума на дума си говорехме за ситуацията при вас. Та мурукът каза следното: „Един организъм не може да живее дълго време със сифилис – или ще се излекува, или ще умре“

За тия дето не разбират: удбашите, дето са на власт в Македония и които водят народа (си) до умопомрачение, очевидно, са сифилистичните бактерии. Докато не ги махнете от организма си – ще страдате и ... знаете двете алтернативи.

Айде успех и не си мислете, че ви разказвам вицове

Търновец рече...

Абе явно Mакедонизма се изражда в Национал-Македонизъм ... Heil Grujo!

Анонимен рече...

Кои се тие удбаши на власт во Македонија? Стварно не знам, не прашувам реторички.

Анонимен рече...

да, и сифилистичните бактерии не разбират какво е сифилис;-)

(сори за грубото сравнение, ама си е баш така)

Unknown рече...

Еве, прочитај Брате Драган, удбашите се разбудија

Анонимен рече...

Обаче, откако Бугарите успешно се ослободија од СВОИТЕ удбаши, тргнаа да делат памет наоколу. Дајте малку самокритичност ве молам, па вашиот ПРЕТСЕДАТЕЛ на државата е докажан соработник на комунистичките тајни служби. И што е најтрагично, тој не се срами од тоа. Дури напротив - се гордее! А да не зборуваме за останатиот дел од политичката елита - на двајца политичари ви доаѓа по еден и пол кодош. Полесно по кодошки псевдоними ви се препознаваат политичарите отколку по име и презиме! И оној К.Каракачанов (агент Иван), што на времето прв почна да ги организира патриотическите „интернет бригади“ кои требаше на Македонците да им ја докажуваат „историската вистина“ и да им ги „отвараат“ очите (не велам дека Бугарите на овој блог се дел од нив, но голем дел од Бугарите што секојдневно оставаат коментари по македонски и бугарски весници, форуми и блогови се токму тоа) е докажан соработник на бугарската комунистичка служба ДС. И тоа на Шесто управление - „Идеологическа диверзија“! И да, и тој се гордее со тоа! Муабетот ми беше - Бугарија е жив доказ како еден организам може да биде целосно инфициран со сифилис, а да си живее без проблем. И организмот, и бактериите преживејаа и просперираа...

Анонимен рече...

Никой не отрича влиянието на удбашите в БГ (това си е сериозен проблем).
Един от признаците за инфекцията е намирането на враговете НАВЪН от собствената паничка, анонимен:-) Пък има и различна степен на заразяване, както и различна степен на граждански ИМУНИТЕТ към заразите:-)

Но се радвам, че Жарко ме разбра:-)

Комитата рече...

Наистина ли е толкова трудно да забележите кои са удбашите на власт? Най-забележимите са около в-к Вечер...

Анонимен рече...

Е ајде бе, Комитата. Ти кажи ги кои се?

ПС: Латас е можеби удбаш, ама не е власт. Кажи ги кои се во власта.

Анонимен рече...

Ako LAtas ne e vlast, togash ne znam koj e...

Анонимен рече...

Стојчо, токму за тоа и на мене ми беше муабетот - за степенот на инфекцијата и за степенот на граждански имуитет:)

1. Колкав е степенот на инфекција, ако бактеријата се искачила до највисоката позиција во државната хиерархија - шефот на државата. А да не зборуваме за неговиот кабинет, неформалните советнички групи, Собранието, партиите, медиите? Има ли некој сегмент од наброените во кој инфекцијата не е длабоко навлезена? :)

2. Колкав може да биде гражданскиот имунитет, во ситуација кога шефот на државата вели дека не само што не се срами што е дел од инфекцијата, туку изјавува дека тој СЕ ГОРДЕЕ со тоа. Тој не е единствениот што дава такви изјави, а нема никава реакција од јавноста? Гражданскиот имунитет во случајов се изразува преку безразличие, или преку прикриена подкрепа на таквите изјави?:)

И 1. и 2. колкав е степенот на инфекцијата, во ситуација кога како водечки „јавни интелектиалци“, „експерти“ и „опинион-лидери“ во бугарската јавност по македонските вапроси се токму соработниците на тајните служби? Запрашај се и самиот, дали некогаш се отворила било каква тема во врска со Македонија, а таа да не била соодветно („експертски“) обработена од страна на Божо Димитров (Прво главно управление на ДС), Краси Каракачанов (Шесто управление на ДС) и Краси Узунов (Воена разузнавачка служба на БНА)? И дали гражданскиот имунитет во случајов се изразува преку некритичко и папагалско повторување токму на нивните тези од страна на остатокот од медиите и јавноста?:)

А во врска со паничката, потполно си во право. Со тоа што гледањето во чуждата паничка во случајов е обострано :)

Анонимен рече...

Ето и степента на имунитет:
1. Ние ги извадихме, а вие?
2. Сравни blogosfera.dnevnik.bg с blog.com.mk или megafon.capital.bg с kajgana.com
и ми кажи кой има имунитет към глупсотите на елита си?

Аз не отричам моите проблеми, а ги вадя на показ – а ти даже не се подписваш:-)

Най-голямото изкуство на Дявола е да убеди хората, че не съществува. А и за БГ проблемите е нормално да се говори по БГ-блоговете, за проблемите на МК е нормално да се говори по МК-блоговете.
Сега сме на МК-територия (при Жарко), защо опитваш да отклониш темата?
Или с други думи – идиотщините на МК обществото са причинени и се управляват от МК-удбашите. Ела на „БГ-територия“ - ще обсъдим и БГ-проблемите.

И вземи се подпиши, че ми приличаш на таен агент

Unknown рече...

Интересна тема отворивте, ќе има доста поводи да се пишува, кога законот за лустрација ќе почне да се применува.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week