Еве уште едно поглавје од пародичниот роман „Државата против Жарко“.
Првиот документ е од МВР.
Вториот документ е од Министерството за транспорт и врски.
Еве што вика законот за јавна чистота: „На јавни објекти е забрането испишување графити, цртање и лепење на плакати.“
Ако поминете во моментов покрај истата тараба, ќе забележите дека е комплетно покриена со плакати.
Со години стојат графитите „Ќе го направам Скопје како Благоевград“.
Неколку дена откако го сторив „делото“, стотици луѓе цртаа графити на истите тараби, под заштита на полицајците.
Имам и аудио снимка како им пријавувам на полицајците дека тие ја загрозуваат јавната чистота, а има изјава и на А1:
„Побарав од полицајците да им побара градежна дозвола, дека имаат некое уверение, или дозвола да го окупираат овој простор. Меѓутоа полицијата не сакаше ништо да преземе, иако тука се оставени клинци, има прљавштина, зеленило е уништено, меѓутоа полицијата реагираше против нас, бидејќи ние протестираме против окупирањето на јавниот простор“.
Заклучоците во врска со овој „процес“ ви ги препуштам вам.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
Жаре, какво си писал по стените?
(Не искам да съм пророк, но първо бяха бугарите, после... и накрая стигнаха и до мен :(
Постојано (со години) Тврдам дека законите на оваа држава нееднакво и селективно се применуваат кон нејзините граѓани!Токму тука е проблемот на граѓаните-Нивната Нееднаквост Пред Законите.Имав дури и ситуација за обид на влез на полицијата во мојот дом,без соодветен налог,во обична граѓанска парница (имотно-правен спор)!И тоа на половина половина час пред Нова Година!Во продолжение следуваше нивна полициска навала во раните утрински часови 2,3,4,и 5 часот изутрина и обид за приведување,стражарско спроведување од Работно место (по усна наредба на командир на полициска станица) со намера да ме заплашат...постојани навреди од униформираните лица...Обиди,по крајот на истата парница,на правосилно решение во моја корист,извршен судија да изврши неважечки акт и да ми влезе насилно во домот,а покуќнината да ми ја распродаде на лицитација...Местенки со лажни докторски уверенија за повреди...несторено оштетување врз негово возило...неизречена псовка и што уште не!Сето ова се случуваше во почетокот на осамостојувањето на РМ и тоа во спор со обичен полуписмен граѓанин,се разбира-припадник на партија,кој на моја несреќа имаше силни врски во судството и полицијата.Може да замислам како изгледа спор со оние силници од власта!Колку што приметувам ништо не се изменило!За жал,Нееднаквоста пред законите и притисоците кон единки продолжуваат,особено кон оние кои се осмелуваат да говорат за состојбите во државава,или да ја критикуваат актуелната власт!
Објави коментар