ДПМНЕ се претвора во клеветничка партија за македонско национално разединување.
Не е прв пат да ме клеветат и да лажат.
Јавно ме клеветеа заради учество на претседателските „Дијалози за Македонија“ како „...гласен поддржувач на сите политики на опозицијата...“, иако таму ги критикував тезите на СДСМ, докажувајќи дека „изолацијата беше нешто што ни се случуваше и ни се случува од почетокот на осамостојувањето на Македонија.“
Јавно ме клеветеа дека сум „партиско-независен новинар“, иако ниту сум новинар, ниту сум член на која и да е партија.
Сега почнаа да ме клеветат и на Facebook. Илија Димовски, пратеник и директор на Центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ, клевети дека „пола македонска нација, а можеби повеќе, од страна на дотичниот Трајановски е квалификувана како фашистичка“. Клевети дека „Жарко е СДСМ и користи, дури можеби и смислува речник кој го користи СДСМ
како на пример:
прото-фашисти
лигуши
забегани...лудаци
сељаци
националсоцијалисти и слично...“
Побарав од Димовски да посочи каде сум тврдел дека „пола македонска нација, а можеби повеќе“ е фашистичка. Не ми одговори, ниту пак посочи каде сум ги користел термините што ги смета за навредливи.
Jавно го повикувам да даде цитати и аргументи или да се извини за клеветите и лагите.
Еве неколку фотки за партиските интернет-војници, кои се потпишуваат како Грци, а ме клеветат дека сум грчки платеник и предавник на името и идентитетот.
Точно, имам еднаш службено соработувано со Грците, како претставник на Хелсиншки комитет на Република Македонија пред неколку години.
Излезе и книга по соработката.
Главен спонзор на книгата беше Министерството за надворешни работи на Грција.
Како и обично, Грците се обидоа да не фиромизираат, ама по битката, резултатот е евидентен.
Да, зедов некој мал хонорар како автор на извештајот за „Република Македонија“, објавен во Грција.
Ги молам борците за некрофилската референца и за некронимот FYROM да ми ги посочат резултатите од нивната „борба“.
Успеал ли некој од „борците“, во проект спонзориран од Министерството за надворешни работи на Грција, да се избори за употреба на уставното име Republic of Macedonia и на придавката Macedonian?
2 коментари:
Дали ќе ги тужиш?
Премногу клеветници има, а премалку енергија и пари имам за толку многу тужби.
Но, некои ќе ги тужам.
Објави коментар