Соочување со сегашноста

4/30/2008

Колумна за парадоксите кои ги преживуваме по Букурешт 2008.

Партиска кампања со државни пари

4/29/2008

Предвремени избори – предвремена кампања.

Но, има ли етички кодекс кој ќе ја забрани злоупотребата на државните интернет страници финансирани од буџетот?

Еве неколку тазе примери од Владата и МВР:

Премиерот Груевски ги посети археолошките ископувања на Плаошник, каде што ќе се возобнови Светиклиментовниот Универзитет ...

Владата воведува дополнителни мерки за стимулација за отворањето амбуланти во руралните средини ...

Реакција на владиниот портпарол Боцевски на соопштението од СДСМ за новиот Ургентен центар во Куманово ...

„Министерството за внатрешни работи ја изразува својата зачуденост зошто ЛДП се става на страна на криминалците“ (повеќе)

14.04.2008 Реакција на соопштението на СДСМ.

Аман, доста веќе ни перете мозок со државни пари!

Кој има право да прогласува предавници?

4/28/2008

Веќе се отвори и блог „дебата“ за Македонија – пред и по Букурешт.

На кајмакуваниот пост на Оги Синко се надоврза „потентниот мислител“ - Нервирањето и плашливоста на невладините ташаци.

Стигна и одговор на прашањето „Кој се плаши од дебата?“:

„Сега тука е интересен превратот што го направија некои сомнителни активисти, секако, по нарачка и за да им се додворат на своите господари. Слушам, тие што учествувале во дебатата биле предавници!? Е како тоа? Баш не ми е јасно. Мене ми се чини дека тие што бегаат од дебата се тоа. Имено, уредно беа поканети повеќе претставници на цела една структура, ама не дојдоа. Нивни проблем. Јас дојдов. И кажав мое мислење. (...)

Секој ангажиран поединец, патриот, има сериозна обврска да го стори тоа. Да не бега од дебата. Наместо тоа, се прогласуваат предавници и патриоти.“ (Патриоти и предавници)

Ќе се отвори ли конечно критичка и аргументирана блог дебата за иднината на Република Македонија? Или, пак, предизборната контаминација ќе ја зафати и македонската блогосфера, исто како што ги зафати нашите „независни“ медиуми.

Македонија – пред и по Букурешт

4/24/2008

Аудио запис од вчерашната трибина на која учествував како модератор – „Дилемите на Република Македонија – пред и по Букурешт 2008“.

Воведни излагања имаа Бранко Геровски, Слободан Чашуле, Ѓорѓи Оровчанец, Ѓунер Исмаил, Андреј Жерновски, Владо Бучковски, Роберт Поповски, Љубомир Данаилов Фрчкоски и Владимир Милчин.

Свои ставови, мислења и размисли преставија и Стојан Андов, Филип Петровски, Иван Анастасовски, Зоран Витанов, Мерсел Биљали, Каролина Ристова Астервуд, Дане Талески, Ирена Стефоска, Лидија Димова, Никола Гелевски, Гоце Тодоровски.

Неколку медиумски одгласи:

До Букурешт лошо, по Букурешт полошо

Трибина на „Сорос“: Македонија мора да влезе во НАТО

Експертите тврдат- идентитет се гради само преку државата

Македонија – пред и по Букурешт

На трибината беа поканети три блогери (не сметајќи го Боцевски), ама учествуваше само Филип Петровски.

Divine intervention

Македонски железници - наша тажна приказна

4/23/2008


Македонски железници - тажна приказна, Бујрум коментари.

Брилијантен автогол на Милошоски

4/21/2008

„Лесно е за Грција да се фали со туѓи европски пари, но нашиот коментар е дека ние не сме трговци, ние сме Македонци и ќе останеме Македонци, и тоа не зависи од грчките пари“, изјави Антонио Милошоски. (Милошоски: Грција се фали со туѓи пари)

Внимавајте, на почетокот Милошоски зборува за „туѓи европски пари“, а на крајот за „грчките пари“. Како одеднаш „туѓите европски пари“ станаа „грчки пари“?

Ако ние „не сме трговци, ние сме Македонци“, тогаш чуму воведување посебни фискални сметки за македонски производи?

Работава испадна, не дај боже да си ем трговец ем Македонец.


Жи-ва брашно – ништо страшно!

Мистеријата на фамозното куферче од Pulp Fiction е конечно разрешена.

Верувале или не, во него има „Жи-ва“ брашно, „екстра-бело“.

Ете, се отвори блог-полемика што чудо од маркетинг ќе е „you tube“ клипчето ZI-VA Flour Commercial (Parody of "True Romance").

Многу просто - „you tube“ маркетинг! Секој медиум е и простор за рекламирање.

Не само „you tube“, туку и блоговите се медиумски простор за рекламирање – само треба малку да пораснеме за да го сфатиме тоа.

„Дали е етички оправдана рекламата?“ – прашува Фем во постот Кој пробал знае. Герила? Од аспект на “drug content”, колку што е етички оправдан филмот „Вистинска романса“, толку е оправдана и рекламата. Едно од значењата на зборот „flour“ е токму кокаин - „Yo, yo, I need a bag of flour.“

Зошто тогаш да не се прикажува на ТВ исто како „Вистинска романса“? Одговорот е многу едноставен – затоа што телевизијата умира, а „you tube“ станува се поЖИВА и поЖИВА! За само три дена, рекламата има над 14.000 гледања!

Наоѓајте маани колку што сакате, ама рекламата е нешто досега невидено.

Бошко е стварно легенда, а буквалниот превод на „read my lips“ е антологиски.

Уште само да им текнело во субтитлот да стои оригиналниот текст од „True Romanca“, преведен на лош македонски сленг (види коментар 1).

Ете, започнува нова ера во македонскиот адвертајзинг, а и ние блогерите сме дел од приказната! Се ќе сториме за успех на кампањата - „Купувајте македонски производи!“

Идентитетот на Македонките

4/18/2008


Првата фотографија (исечок) е од празнувањето на АСНОМ. Можат да се видат жени фатени на оро со шамија (во цивил), и без шамија (во униформа). Сите жени што не носат униформа, носат шамија.

Втората фотографија е од празнување на антифашистичкиот сојуз на другарките. Жените фатени на оро носат традиционални носии, но никоја од нив не носи шамија.

Дали процесот на „декомунизација“ и враќање кон „традиционалните вредности“ ќе значи и враќање на шамиите кај Македонките?

Чиј идентитет?

Официјален демант - спорот за името не е спор за идентитетот:

„Никој до сега не го довел под сомневање идентитетот на народот на оваа земја", рече посредникот на Обединетите Нации. („Идентитетот не е доведен под сомневање“)

Само, што подразбира Нимиц под „народот на оваа земја“ – етносот или демосот?

Колку за потсетување, АСНОМ-ската држава е израз на „суверената волја и правата на самоопределеније на народот на Македонија“, а „АСНОМ го образујат народните претставители без разлика на народност, вероисповедание, пол, раса, и политичко-партијска припадност...“


Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week