Партиска кампања со државни пари

4/29/2008

Предвремени избори – предвремена кампања.

Но, има ли етички кодекс кој ќе ја забрани злоупотребата на државните интернет страници финансирани од буџетот?

Еве неколку тазе примери од Владата и МВР:

Премиерот Груевски ги посети археолошките ископувања на Плаошник, каде што ќе се возобнови Светиклиментовниот Универзитет ...

Владата воведува дополнителни мерки за стимулација за отворањето амбуланти во руралните средини ...

Реакција на владиниот портпарол Боцевски на соопштението од СДСМ за новиот Ургентен центар во Куманово ...

„Министерството за внатрешни работи ја изразува својата зачуденост зошто ЛДП се става на страна на криминалците“ (повеќе)

14.04.2008 Реакција на соопштението на СДСМ.

Аман, доста веќе ни перете мозок со државни пари!

4 коментари:

Анонимен рече...

Штета што се она што се работи во Македонија се смета за кампања. Па всушност многумина веднаш по парламантарните избори 2006, многумина беа на мислење дека потезите што ги прави Владата се предизборни. И така, 2 години покасно, платите и пензиите пораснаа, инвестиции започнаа да доаѓаат, Македонија е четврта во светот во doing business, училиштата почнаа да се реновираат, почнаа да се градат патишта, земјоделците и сточарите не фрлија ниту еден производ а веќе ќе започнат и да ги земаат субвенциите.Додека сите чекаа предвремени избори Владата на Груевски работеше. Се надевам дека во иднина сите наредни влади ќе работат на овој начин и ќе градат и вложуваат во Македонија.

Unknown рече...

Убаво е што си оптимист пријателе. И ја би сакал да гледам малку порозово, само уште не знам каде се купуваат такви наочари.
Еве ти само мала отрезнувачка корекција - Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2008 поголема за 9.1% во однос на февруари 2007“,
додека порастот на трошоците за живот во однос на март 2007 изнесува 110.2. (завод за статистика).
Со други зборови, мал чекор наназад.

Анонимен рече...

ОО Повели наочари Жарко. Немора да се розеви, битен е диоптерот и страната од која гледаш.

Unknown рече...

Се согласувам дека е битен диоптерот. Некако ми се чини дека ВМРО-ДПМНЕ шитка наочари за далекугледост, со кои убаво се гледа и на сто чекори.
Но, дали тоа значи дека граѓаните кои ги купуваат се кусогледи? :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week