Предлагам, улицата Македонија во Скопје, да се преименува во Моника Левински, затоа што така фино го попушивме во Букурешт.
Секаде, улиците Ѓеорѓија Пулески, Ѓорѓи Сугаре и Ѓерѓ Кастриот да се преименуваат во Џорџ Пул, Џорџ Сугар, и Џорџ Кастер. Под итно, дури не им текнало на Грците Света Гора да ја преименуваат во Hollywood.
Исто така, предлагам салата „25 мај“ во Велес, да се преименува во „4 јули“. Со една промена, две муви. Ем Сојузот на борците задоволен (по повод „денот на борецот“, ем американофилите (по повод „денот на независноста на САД“).
Бездруго, во Арачиново некоја улица треба да се крсти МПРИ, а Шипковица треба да му оддаде почест на Питер Фејт.
Покрај „патриотските“ фискални сметки, да се воведат и посебни фискални сметки, како дел од кампањата „Купувајте американски производи“.
Е, да, за малку ќе заборавев. И крстови близначки да се изградат на Водно: Џорџ Буш и Џорџ Буш Јуниор.
3 коментари:
Уште еден преименувачки симптом - магарешката трка во Битола:
„Победник стана 27 годишниот Адуш Ќулафи од ридското село Острец, со неколку години старото магаре „Тито“, за оваа прилика преименувано во „Иблис“.“
Добар пост :).Ама требаше да напишиш дека не е лошо и американскиот орел да го ставиме за официјален грб на Македонија.
Ем Америте ем албанците ќе бидат среќни.
А за трката во Битола шо беше главна награда за победничкото магаре?Посета на кафезот со лавови?хехехе
Посета на кафезот со членови на ВМРО-ДПМНЕ?хехехе
Објави коментар