Иако имам чувство дека изборната кампања веќе започна, да си кажам што мислам.
Прво да потсетам на некои мои укажувања по повод Букурешкиот нокаут, кога најавив што ни се случува:
„Дојдете како победници, затоа што си ја остваривте целта.
Сега, ем си имате алиби за предвремени избори, ем си имате алиби за да прекинете со реформите. И за секој ваш политички неуспех крива ќе биде Баба Рога – Дора Бакојани.“ (Не не оставајте сами!)
Да потсетам и на моите предупредувања:
„Прекинот на преговорите со Грција не е „единствен излез“, туку аутодафе на желбите за влез во НАТО. Референдумот и/или предвремените избори се аутодафе на желбата за симнување на визниот режим и за отпочнување преговори со ЕУ до крајот на годинава.“ (Политички монструми)
Да потсетам и и на прашањето: „Кој ќе ја понесе одговорноста за тоа што сеуште живееме во аквариум и што вината за тоа постојано ја префрламе на другите?“ (А одговорноста?)
Одговорноста ќе ја понесат љубителите на Политичка контрацепција кои не туркаат во безизбор - „ужасен крај“ или „ужас без крај“. Во таа прилика предупредив: „Граѓаните на Република Македонија повеќе не сакаат ниту ужас, најмалку крај, туку почеток на нова политичка приказна како рамноправни граѓани на ЕУ. Ако некои наши политичари досега не го сфатиле тоа, тогаш нема потреба да губат наше скапоцено време на бесмислени референдуми или предвремени избори, кои напотребно не' оддалечуваат од ЕУ. Да ги потсетиме навреме, за наше и нивно добро - единствениот сигурен начин на политичка контрацепција е трајната политичка апстиненција: давање неотповикливи оставки и повлекување од политичката сцена!“
Иницијативата за распуштање на Собранието е демократско право, но тие што ќе гласаат за неа, практично ќе гласаат против Македонија во НАТО и ЕУ. Практично, ќе гласаат за Дора Бакојани. Со тоа ќе ги изгубиме и оние меѓународни пријатели што ни преостанаа. Ќе ни речат - „Не можеме да ви помогнеме, кога вие самите не сакате да си помогнете. И зошто не ни кажавте на време дека не сте сериозни кандидати за НАТО и ЕУ?“
За кого работат нашите политичари? Баш ме интересира, колку од тие што ќе гласаат имаат резервна татковина?
19 коментари:
Штом ваква приказна кажуваат истите оние кои го блокираа нашето членство, тогаш зошто треба да им веруваме дека ако е така како што велат ќе биде така како што велат, кога она што го велеа не се случи поради екстремен наци-фашизам од Поранешната отоманска провинција.
Предвремените избори ќе значат шамар по уста на квислинзите кои за 5 гроша се накотија ко глувци. Се надевам и дека предвремените избори ќе значат крај на преговорите и ставање на целиот овој случај онаму каде што почна, и таму каде што сме рамноправни - ОН!
Цело време ни викаат да ја играме нивната игра, и дека ако не ја играме нивната игра нема никогаш да ги оствариме нашите цели, а во нивната игра - нема шанси да победиме. Затоа што и кога ќе постигнеме гол, ни велат дека не треба да постигнеме гол, туку автогол. Ќе постигнеме автогол и ни велат дека автоголот не е доволен, треба уште 5. Добнро, постигнуваме уште 5 и ни велат е сега е добро. Арно ама противникот вели, нема шанси и колку автоголови да си постигнете, во оваа игра нема шанси да успеете. Зошто? Така ни чини!
Зошто да си постигнеме уште еден автогол?
Лаву, со сета почит, ама ова со пролетниве избори баш ми личи на автогол. Како што Ламброс си дава автоголови и практично игра за нас, така и парот Ахмети-Груевски и мести пенал на Бакојани.
Нема парламент - нема ЕУ закони. Нема ЕУ закони - нема укинување на визи и преговори за прием во ЕУ.
Тоа значи - остануваме во аквариумов што нагалено си го викам жабокречина.
Наместо да си ги зголемуваме шансите за развој, си ги намалуваме.
Се лажеш, во ОН не сме рамноправни се додека сме „the former Yugoslav...“, односно - додека не постигнеме поволна спогодба со Грција.
За мене најголеми квислинзи се луѓето што не ја вадат од уста Македонија, ама „кур ги заболе“ што ќе биде со неа, затоа што си имаат резервен пасош и резервна татковина.
Затоа сакам да знам. Колку од овие што ќе гласаат за избори имаат албански, бугарски или некои други странски пасоши?
Чекај ај малку логика:
Бакојани и Караманлис - мора да продолжиме со преговорите и тоа веднаш!
Нуланд и ЕУ - решение да се најде во следниве денови и недели, а не месеци.
Мак. 5 колона - Компромис мора да направиме што побрзо
Фрид - Македонска нација и јазик постои!
Реакција во Атина - тие се таканаречени! (проблематизирање на идентитет)
Букурешт почеток на април - Вето за Македонија во НАТО (не се прифаќа ни погубниот за нас пакет од страна на Грција)
Значи да сумирам: Продолжение на преговорите со овие правила им одговара само на Грците и на потплатените мак. новинари и тн. експерти кои навиваат за тоа. Македонија со овие правила и откако Грција прекрши спогодбата само игра една наивна детска игра која нема шанси да ја добие. Појаснив пред малку. Имавме еден куп автоголови за кои секогаш ни велеа Европа сега или никогаш! Ти текнува нели на другарчето Милчин и знаменцата.
А, ЕУ, пасоши и курци - палци се морков за магарињата. Мислам дека доста им е на Македонците да бидат магариња, и доста се понижувавме.
Аман, зарем треба за ова да се дискутира!
Ако имаш малку време, те молам прочитај
http://lavot.blog.com.mk/node/125960
Согледувам неколку сериозни проблеми:
- Сите кои не се согласуваат со меинстрим политиката се автоматски „Петта колона“
- Се е помалку битно од фотелјата, и името, и евро-интеграциите, и стабилноста.
И едно отворено прашање, во идната влада со ДУИ на чело, колку секунди ќе се чека за да се направи компромис? Всушност компромисот е и одговор зошто сега а не после. Некој се плаши од сопственото членство.
Се согласувам кога велиш: „доста им е на Македонците да бидат магариња, и доста се понижувавме.“
Но, не знам колку си информиран.
Јасно беше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на избори со ДУИ уште од „мајскиот договор“, се чекаше само одлуката од самитот.
Тогаш Груевски сакаше триумфално да ги собере гласовите, играјќи на картата - поканата за НАТО.
Но, тоа го знаеја сите, па и нашите соседи Грците.
Една од причините зошто не добивме покана како „Поранешна Југословенска...“ е токму националистичката ароганција на сегашното водство на ВМРО-ДПМНЕ чија политика најмногу потфрли во меѓународните односи.
Ако си ме читал претходно, и самиот знаеш дека имам подеднакво лошо мислење и за СДСМ. Беа лоши, и кога беа на власт, и како опозиција.
Затоа секогаш во иднина ќе гласам за некоја трета опција.
Туку, друга ми беше поентата.
Понижувачки е некој да ти тврди дека изборите нема да ги забават реформите, кога е познато дека клучните државни службеници уште одамна агитираат, наместо да бидат на работните места.
И јас не сакам некој да ме прави магаре - цело време тврди дека сака да влеземе во ЕУ и НАТО, а сега испаѓа дека му е побитна фотељата.
Понижувачки е некој да ми се прави голем патриот за името, а во исто време да моли да не примат во НАТО како „Поранешна Југословенска...“
На крај, уште нешто - секогаш треба да се дискутира, особено кога имаме различни мислења.
Работава со предвремениве избори ме потсеќа на одлуката на Солунскиот конгрес за кревањето на Илинденското востание.
Востанието било кренато, иако и Гоце и Ѓорче биле против, а богами и Мисирков, кој се залагал за реформи. Гледано после 105 години, кој е во право?
И јас сум за предвремени избори, ама да ги организираме кога ќе добиеме покана за НАТО и симнување на визите.
Само нешто ме јаде јанѕа, дека некој не сака да бидат симнати визите, за да не се попречи бугаризацијата.
Пробај пријателе таква „авангардна“ политика да шириш во Франција, Мексико или Грција па да ја видиш апсолутноста на т.н. меинстрим политика.
Има нешто што секоја посериозна држава го нарекува национални вредности и тие се догма без исклучок!
А кај нас се предмет за поткусурување на недоквакани нискомозочни фаци.
И петта колона за таквите гниди е дури и комплимент.
Нема врска бугаризацијата со ништо. Оваа влада толку врска нема со неа, што дури и ако ги забележиш Бугарите апсолутно се фрустрирани и си го бараат назад Бучковски со кого ќе славеа заедно Илинден.
Мотивите на Груевски се дека опозицијата го блокира, ДПА ии НДСП го уценуваат, а тој мора да покаже резултати. Сметај дека како мршојадци на гранка седнати се од СДС и чекаат кога е најболно да мавнат како што мавнаа нивните јуришници преку медиумите.
Тие се мотивите - а фотељите ги имаат и нема логика дека поради фотељи сакаат избори кога ќе ги имаат до 2010 а дотогаш имаат многу поголеми шанси со вакво темпо да добијат и многу повеќе пратеници. Но, само ако не бидат опструирани. А, факт е и ти го знаеш тоа дека се случија прво 1500 амандмани, па 4000 и кусур.
Е, што би направил ти во таква позиција?
Околу преговорите го знаеш мојот став и ти го кажав - нема преговори и радикални мерки, но без да се загрозат односите со големите сили. И мислам дека и тоа ќе го направи Груевски по изборите.
Поздрав до тебе
Многу ми е мило, кога се збори апстрактно за "бугаризация", "Бугарите се фрустрирани" "Бугарите си го бараат назад Бучковски", и тоа без ниеден аргумент!
Яс еднаш не сум видел дефиниция на тоа што е всушност "бугаризация".
Земанье на бг пасош? Зборанье на бугарски язик? Прифакяне на некоя концепция за бугарската история и язик? Возенье на кола со бугарска табличка? Во држава со претензиии за демократия и мултикултура "Бугаризацията" автоматски значи исклучуванье от македонската нация? И зошто е таа опасност?
Колку типично македонски.
Општоприфатено е дека Бугариве соработуваат подобро со ДПМНЕ, него со СДСМ. Може например да се наброят клучните договорености потпишани за време на владите на ДПМНЕ и СДСМ.
А той политички труп Бучковски? Кой воопшто се секява за него во Бугария.
Бугарите се фрустрирани найвеке за тоа што Македония не доби покана за зачленуванье во НАТО.
Ако Македония сака да опстои, мора да постигне компромиси со сите соседи. Со албанците компромисата е веке видна - тоа е Рамковниот договор. Со Грците - името, со Србите - црквата. Со бугарите компромисата е постигната со заедничката декларация од 1999 година, но таа уште мора и да се додржува.
Да и да потсетам уште нешто. Никой воопшто не е слушнал за Мисирков до 45-та година кога е канонизиран от комунистичката власт...
Комита, еден сум од ретките кои се залага за решавање на сите спорови со соседите, но врз основа на меѓусебно почитување на разликите.
Што се однесува до бугаризацијата, прочитај го овој извадок од „Глобус“:
"Јас по државјанство и по националност Македонец, од татко и мајка, исто така, државјани на Република Македонија и по националност Македонци, ја давам оваа изјава при чиста совест, без никакво наметнување или притисок, со цел да се дефинирам себеси сега и во иднина како таков. Изјавата ја давам бидејќи сакам во скора иднина, доколку можностите ми дозволуваат, заради сопствено изградување и натамошна специјализација како стручњак од сопствената бранша, да побарам специјализација во странска држава. Од тие причини, можно е да се појават некои нелогичности во вадењето на странската документација и од мене да се побара да се откажам од сопственото државјанство и посебно од сопственото национално македонско чувство. Ако се случи тоа, со оваа изјава сакам да ги потврдам погоре искажаните реалности за мојата национална припадност, како и на моето семејство, која ја има со децении наназад. Ова го правам само од единствена причина и желба колку што е можно повеќе да се усовршам, но никако и во ниеден случај да се идентификувам како не-Македонец и со туѓо национално чувство".
Оваa изјава - тестамент што ja напишал еден 24-годишен штотуку дипломиран скопјанец, на кого од разбирливи причини не му го споменуваме името, и која ја заверил кај нотар во јануари 2005 година, на најдобар начин ја пренесува интимната драма што ја преживуваат илјадници млади Македонци кои сакаат да се усовршуваат или, пак, бараат излез од сиромаштијата во светот, а тешко можат да го прескокнат високиот шенгенски ѕид околу Македонија.“
Да не се правиме наивни, Бугарската држава мошне умешно го користи Шенгенскиот ѕид за ширење на бугарското чувство кај македонските граѓани. Токму затоа, остранувањето на шенгенската бариера е политички приоритет. После тоа ќе биде појасно колку наши државјани навистина имаат бугарско чувство, а колку од нив сакале само да го прескокнат ѕидот по секоја цена.
Жарко, а защо не се записват за словенско гражданство? Знам, че обожавате Словения, но не съм чул македонците да се записват за словенско гражданство? А и да се запише като словенец – какъв й е проблема на Македония с това?
Всички държави (за САЩ мисля, че е малко по-различно, но там знаеш е съвсем друга системата) когато давата гражданство изискват деклариране на съответните национални чувства и изискват известна лоялност?
Защо македониците не искат масово словенско гражданство?
Словения е част от самата система на Шенген(за разлика от БГ, която още не е) и въпреки това македонците се пишат българи?
Освен това Словения е по-богата страна от БГ, освен това валутата им се казва евро.
И въпреки това македонците се пишат българи, а не словенци или гърци?
Знаеш ли как ще те посрещне Гърция, ако един македонец се декларира като елин? И ако каже – „аз съм потомък на Алекс Великия, а той е грък - значи и аз съм грък“
С радост и отворени обятия!:-)
Можеш да си сигурен, че и пари ще ти дадат, ако го направиш.
Мдаааа, обаче македонците се пишат бугари...
Жарко, веднъж се препънахте заради идентитета – братле, не го правете втори път:-)
Стојчо, не се запишуваат како Словенци, затоа што не е можно да добиеш словенечки пасош само врз основа на тоа што ќе декларираш дека имаш словенечко потекло. Не верувам дека е можно и во Грција.
Но, тоа е можно во Бугарија, меѓу другото, и од бизнис причини - секој „благонадежен Б'лгарин“ од Македонија плаќа по неколку стотини евра за пасош со кој го надминува шенгенскиот ѕид.
А за мотивите, еве ти прагматичен пример:
„Изјавата што ја даваат македонските студенти што се заинтересирани да студираат кај нашиот источен сосед вели: „Изјавувам дека имам бугарско национално чувство“ и како доказ за тоа студентот мора за наведе дека некој од двајцата родители е по потекло Бугарин. Студентите не се директно принудени да се декларираат како такви, но тоа го прават оти, во спротивно, би имале третман на странски студент и цената на студирањето би била многу повисока.“ (Време, број 1336, 08.04.2008)
Оооо, ти декларирай, че си грък – пък да видим кой ще те върне;-) И се наредете на опашка на словенското посолство – те дават истински шенгенски визи:-) Да, и заявете желание за словенско гражданство, че като искате българско нарушавате цялата политика по идентитета;-)
За да не се чувствате прекалено особени – режимът за студентите важи и за студентите идващи от Молдова (бесарабските българи) и от Банат и от Украйна и от Западните покрайнини. Македония все пак не е единственото място, където живеят българи.
Същото се отнася и за всички емигранти (на Запад или другаде), чийто деца евентуално нямат БГ-гражданство.
Така че - не го мисли, че е специална политика да ви вземем хората:-)
Още нещо – след влизането ни в ЕС всички граждани на ЕС се ползват с права като българите и обратното. Или с други думи студентските такси за българи (от БГ или от другаде) станаха същите като за чужденци от ЕС (напр.гърци). Т.е. даже и да се декларираш за българин нямаш повече привилегии от един нормален гръцки студент в София.
И въпреки това - македонската преса (Време, Утрински и т.н.) се изказва сериозно неподготвена (да не казвам манипулаторски)
А въпреки Утриснки § Co. - македонците искат БГ-гражданство. Жарко, ами ако говорим за любов?А?
Друго – вълната за взимане на БГ- гражданство започна още когато Киро Глигоров стана президент:-) А тогава БГ беше в черния Шенгенски списък и на нас изобщо не ни даваха визи, пък ... македонци още тогава искаха гражданство.
Знаеш ли – остави елементарните обяснения на елементарната преса (Време и т.н.) и на марксистите (те обожават да обясняват действията на хората с глада).
Търси малко по-сериозни причини.
Това за парите не го разбрах много - нали не мислиш, че при 1 млрд.лева ПРОфицит на бюджета за миналата година БГ държавата ще й трябват парите от паспортите? предполагам, че някакви „адвокати“ ги взимат, но държавата няма интерес от това.
(1 милиард излишък и това е, след като ЕС ни спря финансирането!)
Друго – ние също имаме интерес от махането на визите (даже в контекста на гражданството) – ако няма визи, много по-лесно ще се подават документите за гражданство в София, нали?;-)
Жарко, не е в това проблема, не е.
Проблемът според мен наистина е в изолацията – изолацията ражда чудовища (динозаври). И чудовищата си мислят, че могат да въртят света (отнася се и за БГ-политиците, виж какво става при нас тия дни...ама вие български вестници и блогове не четете).
Та мисълта ми е следната(бях го писал и по повод независимостта на Косово) – всеки да се обърне към себе си, да види какво иска и какво не иска от този живот, и преди да потърси сламката в окото на другия, да види гредата в собственото си око.
Хайде лека нощ, че стана 100 саата:-)
Жарко, много ти благодаря, че уважаваш мненията ми! Благодаря ти и затова, че с твоя помощ успявам да изчистя мнението си по доста въпроси, без да се налага да спорим за глупости!
Айде лека!
Баш ми е и на мене многу чудно, како така еден асален истражувачки новинар не се найде од Македония да ги опише овие работи. Зарем не е видно дека квалитетот на овие новинарски записи е неприфатливо низок. Еве, ако сакаш дойди тука независно да ги изтражуваш работите околу наводната "бугаризация"...
Комита, благодарам на поканата.
Делумно си во право, за тоа дека нема квалитетно истражувачко новинарство во Македонија.
Меѓутоа, тие што аплицираат за бугарски пасоши се наши сограѓани, некои од нив ги знам и лично, сум зборувал со нив, токму на тема - зошто аплицираат за бугарски пасоши.
Стојчо, се согласувам дека изолацијата раѓа чудовишта.
Ама не само изолацијата.
Деновиве, и од Грција и од Бугарија до моите уши стигнаа многу чудовишни изјави, а не станува збор за изолирани држави - напротив, за членки на ЕУ кои треба да промовираат човекови права - еден од трите столба на ЕУ.
А нема збор за човекови права, ако нема почитување на достоинството на луѓето.
О, имаш пред вид историята с вътрешния министър? Прав си – нашите (БГ) политици още не са разбрали, че са част от ЕС и затова все още реагират като че ли и те са част от „аквариума“... Да, обаче ЕС се намеси и проблемният министър днес си подаде оставката.
Ако беше истиснки европейски политик – щеше да го направи преди 4 седмици, когато излязоха за пръв път данните, че контактува с „оперативно интересни бизнесмени“
Но съгласи се, че (почти) цялата преса и със сигурност цялата българска блогосфера го дъвчеше през цялото време, имаше вот на недоверие – изобщо обществото направи каквото можа срещу властта.
Објави коментар