Утешение грешним

4/05/2008


Во овие „судбоносни“ моменти, не можев а да не ги споделам со вас мудрословијата на нашиот водач:

- „Ако не си подготвен, не влегувај во рингот. Ако си подготвен, влези и победи.“

- „Во рингот ако застанеш, макар и една секунда - ти си готов. Веќе следната секунда си на подот, со можност за тешка повреда, нокаут, па и за здравствени последици во крајна инстанција. Плус срамот и непријатноста пред гледачите.

- „Во боксот ако не победиш, ќе бидеш победен.“

- „Во секоја секунда да си подготвен за напад врз тебе и да одговориш со противнапад. Да оцениш кога е момент да удриш, а кога да тактизираш. Да се снајдеш во дел од секунда, а ако не се снајдеш, те нема, си отишол на подот.“

- „Едноставно, боксот те учи да го респектираш својот противник, да станеш цврст, храбар, одлучен, да победуваш, да умееш да поднесуваш порази и повторно да почнуваш од почеток. Навистина, корисен спорт за млади луѓе што ја градат својата личност.“

- „Политиката не може без боксерски изрази. И во неа има ниски и силни удари, ескивирања, нокдауни и нокаути. Никогаш не знаеш од каде и од која страна ќе добиеш удар. Ќе бидеш нокаутиран. Последниве години јас тоа најдобро сум го почувствувал.“ (Во политиката има повеќе ниски удари отколку во боксот)

Зошто фајтерот Груевски одеднаш необично се преобрази во пасивен примач на сочуства: „Ние направивме се' што можевме“, Грција „не покажа никаква попустливост“, „знаеме што сакаме“, но „таква ни била судбината“ (Ветото не можe да не' скрши)

Мило ми е што поранешниот боксер Груевски, после неколку нокаути, конечно осозна дека мускулите најчесто се контрапродуктивни за решавање на спорот.

Но, зошто воопшто влезе во рингот, ако не бил подготвен – дури и да попие нокаут? И зошто сега отсуствува неопходниот респект кон противникот, со кој сакаме да станеме сојузници во НАТО и ЕУ?

Најмногу од се, ме буни следново: зошто странците упорно ни изразуваат сочуство, кога сеуште сме живи?


1 коментари:

Стойчо рече...

Ако последното НЕ е реторичен въпрос, мога да ти дам отговор.
Защото заради глупост преебахте целата кондика(това е на софийски жаргон), заради глупост си вкарахте автогол с други думи. Защото вие не бяхте проблем (както са Украйна и Грузия) и въпреки това – отговорът беше НЕ. А отговорът НЕ по един елементарен начин можеше да бъде преодолян. Но...„идентитетът“ беше по-важен от интеграцията.

Мене ме е страх, да не се получи така, че да чакате ред със Сърбия, Косово и Черна гора, защото те са следващите в редицата. (да не би да допускате, че Сърбия няма да стане член на НАТО? Ще стане, само че доста късно – когато и Косово е готово). И друго - не забравяйте, че редът е първо НАТО, второ - падат визите, трето - ЕС и чак тогава идава ред на Шенген и еврото. Но НАТО е първо.

Жарко, извинявай, че ти поспамих малко тия дни – няма да се обаждам скоро:-)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week