Не не оставајте сами!

4/03/2008

Кутрите ние.

Останавме сами, дома.

Не не оставајте сами, Антонио и Никола, Бане наш мил!

Елајте побргу ваму од мрачниот Букурешт, кој не унесреќи ем во 1913, ем во 2008. Дојдете си побргу во Република Скопје, за да бидете со вашиот народ, кој во овие тешки моменти не може да издржи ни пет минути без вас.

И немојте ни случајно да сте поднеле оставки од морални причини, поради тоа што не успеавме да станеме дел од „фамилијата“.

Дојдете како победници, затоа што си ја остваривте целта.

Сега, ем си имате алиби за предвремени избори, ем си имате алиби за да прекинете со реформите. И за секој ваш политички неуспех крива ќе биде Баба Рога – Дора Бакојани.

Да не се лажеме. Не сме мали деца. Не сакате вие да ни ги укинат визите, за да можеме слободно да се движиме каде ќе посакаме во Европа и во светот.

Не сакате да станеме членки ниту на НАТО, ниту на ЕУ.

Ако добиеме визи, пола од граѓаните ќе посакаат да избегаат што подалеку од вас, а пола ќе сфатат дека заслужуваат подобри политичари од непоколебливите борци за „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

Во право си Бане, разочарани сме!

Разочарани сме од тебе, од Груевски, од Милошоски и од сите други политички идиоти кои ќе се вадат на „фрустрациите на нашиот јужен сосед“ за да си ја сочуваат сопствената политичка фотелја.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week