Зошто било распуштено собранието? Еве, само што чув на Ѕинговизија од Латас лично. Собранието било, демек, демократски распуштено, за да се оневозможи СДСМ заедно со ДУИ и ДПА да свикаат собраниска седница на која ќе го сменат името. Мегафонот на Груевски предвиде: Уставното име нема да се смени за следните четири години, барем додека тој ќе бил на власт.
А зошто да не го укинеме трајно собранието, за да се обезбедиме од ризикот некои пратеници/платеници во иднина да го сменат името? Што е сигурно, сигурно е. Зарем парламентарната демократија да ни стои на патот во „вековната“ борба за зачување на нашето уставно име од 1991 год.? Што ќе ни е парламент, да трошиме по илјада евра за пратеник месечно, кога тие се жива брука за државата? Ем брука, ем главен кочничар на реформите.
Ако судиме според изјавите на ѕинговизискиот портпарол на Груевски, тогаш кампањата на Груевски ќе биде негативна од самиот почеток и фокусирана врз името. Вината за нокаутот, дебаклот, поразот од Букурешт ќе се бара во Грција и во непринципиелноста на НАТО. Вината за неуспехот на „Преродбата во 100 чекори“ ќе се бара во Собранието и во неконструктивната опозиција. Груевски ќе се себе-промовира како бранител на уставното име и чувар на македонскиот идентитет.
Ќе продолжи политиката на јавни черечења на виновници и предавници, за да се засити народната жед за одговорност, да се зголеми стравот во однос на власта, и за да се потисне секое поинакво мислење од она што ќе го сервира владината пропаганда - омилениот инструмент на современите диктатори.
Да потсетиме, диктаторите „најчесто ги оправдуваат своите постапки велејќи дека ја користат силата и моќта која што ја поседуваат како би се справиле со некои тешкотии односно опасности, без разлика дали тие опасност биле реални или измислени. Диктаторите меѓутоа, многу ретко се откажувале од своите моќи и власта дури и тогаш и кога кризата односно опасноста ќе поминела. Понекогаш во недостаток од вакви кризи, диктаторите и нивните влади измислувале нови проблеми да би можеле да останат на власт.“ (Диктатура - Википедија)
Диктаторите милуваат да сурфаат на брановите на стравот, неизвесноста, авантурата. Диктаторите се експерти за креирање на проблеми и опасности, но и експерти да го убедат јавното мнение дека токму тие се единствените што можат да го решат проблемот и да ја отстранат опасноста.
Диктатурата е израз на политичко самоволие и политичка неодговорност. Уставот, законите, изборите и Парламентот се само формални препреки кои му стојат на патот на диктаторот.
11 коментари:
Жарко, не мога да преценя дали е диктатура, но БЕЗ КОМПРОМИС по името –> аквариум, визи, изолация. Или с други думи: Белорусия с американски бази
(не че американските бази са лошо нещо)
„Диктаторите милуваат да сурфаат на брановите на стравот, неизвесноста, авантурата. Диктаторите се експерти за креирање на проблеми и опасности, но и експерти да го убедат јавното мнение дека токму тие се единствените што можат да го решат проблемот и да ја отстранат опасноста.“
Па не мислам дека го имаме тој случај кај нас...
Нели опозиционите медиумски врхушки сееја и сеат се уште страв дека ако не влеземе во НАТО ќе дојдат четирите јавачи на апокалипсата. Нели икс-точка, Героски, Ризаов и да не ги редам, по три пати дневно откако прво сами се убедуваа, переа народен мозок дека ќе не уништеле соседите, или ќе не нападнела некоја виша сила ако не го смениме името.
Нели и Едвард Џозеф ни предвиде уште 10 години без НАТО.
http://www.taratur.com/node/2704
Нели и опозицијата пред избориве, а и ти, не знам зошто, си на ставот дека ќе пропаднеме оти има избори? Ве плати Грујоски за да сеете страв?
Изборите во секоја нормална земја се најнормална работа, но бидејќи кај нас не и одговара на опозицијата е крај на светот.
Мислам дека си ги помешал лончињата малку. Ако некој сее страв во државава, тоа сигурно не е власта, а и таа сигурно не сака уплашен народ. Особено не пред избори!
Поздрав до тебе!
Тресеш...едноставно и без замарање, демократско право во една држава е да се оди на предвремени избори. Во секоја нормална демократија (а, нели тежнееме да бидеме тоа) кога власта има рејтинг каков што има, нормално е да распише предвремени избори за да си го капитализира рејтингот. Стварно не разбирам зошто се крева толкава врева околу тоа. Мора СДСМ да свати дека треба нешто да смени кај себе, а не само лидерот за да се врати некогаш на власт. Заврши времето кога беше потребно да почекаш 4 години, па потоа гарантирано да се вратиш на власт.
А, што се однесува до името... сите сме свесни кој што заговара во оваа држава, кој во кои моменти и по која цена заговара нови парламентарни мнозонства...затоа батали.
Добро е да ја играш играта ЛОГИКА, ако имаш ЛОГИКА. Но, ЛОГИКАТА САМА ПО СЕБЕ е само МЕНТАЛНА МАСТУРБАЦИЈА.
ДИКТАТУРА!!!
Ха,ха, ха !!!
Јако, нема шо !!!
Еве ТРО ЛОГИКА.
За диктатура - ПРЕД СЕ’- е потребна СИЛНА ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА ( и тро поддршка од UNCLE SAM ), а не ПРЕДВРАМЕНИ ИЗБОРИ.
Диктатурата НЕ ДАВА ИЗБОР, ТАА САМАТА СЕБЕСИ СЕ НАМЕТНУВА КАКО ЕДИНСТВЕН ИЗБОР (преку ширење на ЛАГА И СТРАВ).
Жаре, Жаре, овој пат си ја промашил
темата на домашната работа.
Македонскиот проблем е во македонскиот ум, ТЕШКО НА ОНОЈ ШТО ЌЕ ПОКАЖИ ЦВРСТ СТАВ ВО ВРСКА СО НЕШТО ( па макар бил и погрешен).
Македонскиот ум СЕ ПЛАШИ од ЦВРСТИ СТАВОВИ, ОД ДОСЛЕДНОСТ И ИСТРАЈНОСТ, ОД НАПОР И ПРИТИСОК.
А “ГОЛЕМИТЕ“ сили ТОКМУ ТОА И ГО ТЕСТИРААТ.
DO YOU HAVE GUTS/BALLS?
За Сотичо - прочитај ја зен прикаската за ШИШЕТО ( аквариумот ) , МЕДИТИРАЈ ТРО !!!
Р.Ѕ.
ЖИВОТОТ Е ПАРАДОКС, И СЕ ХРАНИ СО ПАРАДОКСИ.
УМОТ Е ДВОЈСТВО И ТВОРЕЦ НА СИТЕ ДВОЈСТВА.
ПРОЕКЦИЈАТА НА СОПСТВЕНИОТ СТРАВ (од диктатура) Е ЗАЧЕТОК НА ПАРАНОЈА.
Параноја е проекција на длабоко потисната (несвесна) агресија.
Ако продолжам да ви цртам ќе треба да ви наплатам по 100$ за психотераписка сеанса.
Ај доста е, HAJL HITLER, HA,HA,HA.
Лаву, велиш - „Изборите во секоја нормална земја се најнормална работа“.
Се сложувам, само погрешна ти е претпоставката дека сме нормална земја.
By Jove, велиш „ПРОЕКЦИЈАТА НА СОПСТВЕНИОТ СТРАВ (од диктатура) Е ЗАЧЕТОК НА ПАРАНОЈА.“
Можеби сум малку параноичен, но тоа не значи и дека не ме следат :)
Наместо психоаналитички интерпретации, препорачувам толкување на македонската поговорка - „Стравот лозјето го чува.“
А тоа што не сме нормална е аргумент да продолжиме да се однесуваме како да не сме нормална?
Мислам дека треба да си го промениме малку фокусот и похрабро да се движиме.
Не ми е јасно, оние што заговараат поделби, апокалипси и слично, дали сметаат дека овде има некои жители воопшто или сметаат дека сите се мекотели?
Има и жители мекотели, ама и политичарите ни се такви. Ај објасни ми, те молам, каква храброст има во тоа што премиерот го распушти парламентот, само за да ја ескивира седницата на која требаше да се соочи со сите кои бараа негова одговорност за дебаклот во Букурешт?
Се извртија тезите во полза на опозицијата. Откако цел свет објави дека Македонија направи се` за да влезе во НАТО и единствена пречка е Грција, опозицијата и нејзите медиуми ја свртија тезата дека Груевски е крив за киксот во НАТО.
Не се работи за храброст или не, се работи за проценка. Ти текнува за време на изборите 2002 кога Љубчо како премиер бараше дуел со Црвенковски како опозиционер?
Бранко беше првиот кој не прифати. Обично опозиционерите молат, а власта прифаќа или не, да се оди на јавен ТВ дуел, затоа што опозицијата има предност поради тоа што може полесно да напаѓа.
Во тој случај Бранко според тебе испадна мекотел и кукавица, според мене одигра паметно политички, затоа што не му требаше таков дуел, што и се покажа со изборните резултати од кобниот 15 септември.
Поздрав до тебе!
Е, да. Се е прашање на стратегија.
Велиш: „Откако цел свет објави дека Македонија направи се` за да влезе во НАТО и единствена пречка е Грција“.
Мала, но мошне симптоматична, корекција: единствена пречка е спорот со Грција. За да се разреши спорот се потребни двајца. Следствено, не е пречка само Грција.
Биди поздравен
Па не би се согласил со корекцијата. Од причини што нам тој спор ни е наметнат, додуша дел од една поранешна владејачка гарнитура така лесно си го натовари и без оглед на сето. Грција има спор со името, а ние имаме проблем со тоа.
Како и да е, мојот став е дека мора радикално да дејствуваме до степен дека ги откажува преговорите. Само така можеме да победиме од овој натпревар. Ако не се натпреваруваме. Ти појаснив и зошто - имаме нечесни насилни противници, судии кои не санкционираат фаул и кога противникот трча со пиштол, принуда да си дадеме 5 автоголови, и откако си ги дадовме не тераат уште.
Ако грчкото е садизам, ова нашево е мазохизам. Особено опозиционерскиот став. Додуша тие отсекогаш биле такви.
ПОздрав!
„Ако грчкото е садизам, ова нашево е мазохизам.“
Тука си у право - врската ни е СМ.
Објави коментар