Етничко македонско знаме?

11/28/2007

„Све је исто ко и лани...?“
Во ланскиот пост Албанско знаме, Iacovibus поентираше:

„И не случајно, кога еден другар, Албанец (кој денес го славеше денот на неговото знаме) ме праша: „Кога е Денот на македонското знаме?“ јас останав без одговор. Сакав да прашам кое знаме. Ѕвездата, Лавот, или Пропелерот?
Ма, не е важно...“

Важно е, или не е важно, прашање е сега!?!

За „Македонската студентска унија“ прашањето е поважно од бедниот студентски стандард. Со нивниот проект „Зајакнување на македонската национална свест, тие ќе доделуваат „бесплатно знаме за секој студент со индекс“, кој ќе се појави на 1 декември 2007 година во 12 часот во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“.

„Разбуди се“ - со кое знаме?
Но, кое знаме ќе се дели - прашање е сега?

На нивниот плакат се прикажани три знамиња: црвено знаме со сонцето од Кутлеш (најгоре), црвено знаме со жолт лав со круна и две опашки (во средина) и државното знаме (најдолу).

Текстот на плакатот отвора неколку дилеми:

Како да се интерпретира изразот „Македонска национална свест“ - во етничка или во граѓанска смисла?

На кој „народ“ се мисли во песната „Народе македонски...“ - на етносот, или на демосот?

Што бара ликот на Александар Велики?

Ако претпоставиме дека „Македонската студентска унија“ сака да ја зајакне „националната свест“ на сите студенти независно од нивната етничка припадност, тогаш зошто на плакатот не стои само државното знаме на Република Македонија?

Ако претпоставиме дека „Македонската студентска унија“ сака да ја зајакне етно-националната свест на студентите со македонска етничка припадност, тогаш логично се поставува прашањето кое е етничкото македонско знаме?

Еве што вика „тетка вики“:

„Етничкото македонско знаме кое се користи од Македонците во Македонија и насекаде низ светот е приказ на 16 зрачното сонце од Кутлеш на црвена основа.“ (Етничко македонско знаме)“

Да се потсетиме, тоа знаме беше државно знаме до 1995 година.

Дали сите етнички Македонци го прифаќаат ова знаме како свое етничко знаме?

Еве, јас не го прифаќам тоа знаме како мое етничко знаме. Познавам многу други Македонци кои не го прифаќаат ова знаме како етничко македонско знаме. Познавам и етнички Македонци кои не би се определиле за ниту едно од понудените три знамиња. За некои, етничкото македонско знаме е црвено-црно, за некои, знамето што се веело на Крушевската Република. И меѓу оние кои се определуваат за знаме со лав, постојат разијдувања во однос на положбата и изгледот на лавот.

Не го прифаќам како мое етничко знаме ниту државното знаме на Република Македонија. Тоа е државно знаме, знаме на сите граѓани независно од нивната етничка припадност.

И, како сега да се реши постојниот парадокс - сите етнички заедници можат да си вејат свои знамиња, освен македонската етничка заедница?

Уставни дилеми и небулози
Според Уставот, „Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особеностите на своите заедници и да ги употребуваат симболите на својата заедница“. (чл. 48).

Дали тоа значи дека како припадник на македонската заедница, имам право слободно да ги употребувам симболите на својата заедница?

Интерпретацијата на Уставниот суд е дека „припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија имаат уставно утврдено право заради изразување, негување и развој на својот идентитет и особеностите на своите заедници да ги употребуваат симболите на својата заедница.“

Меѓутоа, во уставот не пишува „припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“, туку само „припадниците на заедниците“!!!

Впрочем, еве што вели Уставниот суд во истата одлука:

„Тргнувајќи повторно од содржината на Амандманот VIII на Уставот, произлегува дека во него не се предвидува право на употреба на симболи на припадниците на заедниците според нивната процентуална застапеност на ниво на единицата на локална самоуправа, туку такво право е дадено на сите припадници на заедниците без оглед на нивната процентуална застапеност.“

Дали и јас како етнички Македонец, независно колку етничките Македонци се процентуално застапени на општинско ниво, можам да се повикам на правото на употреба на етнички симболи?

Иако Уставниот суд ги признава „правата на сите припадници на заедниците да ги употребуваат симболите на својата заедница со цел изразување, негување и развој на својот идентитет“, во истата одлука на едно место судот ги поистоветува „припадниците на заедниците“ со „националните малцинства“:

„Судот имаше предвид дека почитувањето на општоприфатените норми на меѓународното право е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија, од каде произлегува и правото на националните малцинства, односно кај нас припадниците на заедниците слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особености.“

Во истата одлука, Судот ги противставува „припадниците на заедниците во Република Македонија“ со „припадниците на мнозинството“ при што се добива впечаток дека „припадници на заедници“ се само „припадници на малцинствата“:

„...неспорно е дека припадниците на заедниците во Република Македонија можат да го уживаат уставно утврденото право, на начин што ќе овозможи почитување на националното законодавство и правата на другите, посебно правата на припадниците на мнозинството...“

Што значи „заедница“?
Но, во нашиот Устав изразите „заедници“ и „припадници на заедници“ не се користат исклучиво во смисла на „малцинства“ и „припадници на малцинства“: „Соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници...“; „Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и уметничкото богатство на Македонија и на сите заедници во Македонија...“

Ако терминот „заедници“ би се користел исклучиво во смисла на „малцинства“, тогаш би бил плеоназам изразот „заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“.

Ако терминот „заедници“ би се користел исклучиво во смисла на „малцинства“, тогаш што бараат седум етнички Македонци во „Комитетот за односи меѓу заедниците“?

Зошто не се вее знамето на македонската етничка заедница?
За да се даде одговор на ова прашање, се чини, треба прво да се одговори на прашањето: Кое е знамето на македонската етничка заедница?

Кој одредува кое ќе биде знамето на одредена етничка заедница?

Што ако дел од припадниците на етничката заедница претпочитаат едно знаме, а други делови други знамиња?

Идејата на оваа колумна беше да покаже дека воспоставената тиранија на етничкиот идентитет доведува до бројни парадокси и поделби.

Измисливме со закон етнички знамиња и онаму каде што претходно ги немаше.

Логиката на етничката симболичка диференцијација налага и етничките Македонци да изберат знаме на својата заедница кое ќе се разликува од државното.

И тоа не само знаме, туку и други етнички симболи.

Што ќе се случи ако мнозинството етнички Македонци го изберат како свое црвеното знаме со сонцето од Кутлеш?

За инат на комшиите, се е можно?

10 коментари:

Анонимен рече...

Накрая някой да започне да поставя истински въпроси.

redfinger рече...

Веќе некаде пишував за потребата од Македонско национално знаме, меѓу другото и поради дуализмот кај албанците и другите заедници во МКД - едно државно и едно национално.
Националното знаме не треба да биде официјално прогласено ниту пак избрано, тоа знаме ќе треба да биде одраз на историскиот континиуитет кај ЦЕЛИОТ македонски НАРОД (Вардар, Егеј, Пирин). Така, можеби, ќе го решиме проблемот со НАМЕТНАТОТО знаме.
А за изгледот - ех, испуштивме идеална шанса во деведесетите - па можеби требаше да се размисли за црвено-црна комбинација, со или без апликација, кое знаме како т.н. народно ќе се вееше насекаде каде има Македонци. Впрочем, не случајно Вардар 40 и која таму е основан со црвено-црна боја... Тоа шо татарите ни ги превземаат симболите, тоа не е наша грижа и не треба да биде.
Жаре, знаме е битно, на долги патеки... Кохезија на еден народ се создава околу заеднички елементи, а без кохезија нема напредок.
Продолжува...

Photo Volan рече...

Премногу дилеми ... а постов ти наликува на научен труд ... од сите аспекти ...

браво.

Unknown рече...

redfinger, гледам дека правиш разлика помеѓу државно и национално знаме.
Јас не правам таква разлика.
За мене, национално знаме е државното знаме.
Кога велам дека по националност сум Македонец, притоа не ја подразбирам мојата етничка припадност.
Моето национално знаме е македонското државно знаме.
Прашањето е кое е моето етничко знаме, затоа што се чувствувам како Македонец и во етничка смисла.
И јас сум за комбинацијата црвено-црно, наместо црвено-жолто.
Комита, имате ли вие етнички знамиња во Бугарија? :)
Волан, фала за пофалбите.
Денес бев на митингот за албанското знаме, па спремам репортажа и за тоа.

redfinger рече...

Ок, ЕТНИЧКО, а не национално знаме...како милувате...
Најпрвин, сакам да истакнам дека сум за враќање на Кутлеш, како прв чекор, а ова од принцип, бидејќи е сменето под ПРИСИЛБА - абе од кал да е, наше си е, не го менувам засекогаш... И пиперка да имаше на него, и магаре, не требаше да се смени.
Затоа не ги разбирам оние кои ПРЕКУ НОЌ го заборавија, прогласувајќи го за ВМРО-овско или не знам какво... Бог да чува... А до вчера го бакнуваа на заклетва или на натпревар...Стоеше пред Влада и институциите...
Жаре, на твоето прашање кое е твоето етничко знаме, одговор е сеуште тешко да се даде. Затоа и реков - знаме кое има корени кај ЦЕЛИОТ македонски народ... затоа што не може Македонец од Беломорска Македонија да има различно ЕТНИЧКО знаме од Македонец од Пиринска или Вардарска МКД.
Ако такво нема или не може да се има, тогаш да се прифати она кое е најраширено... Кутлеш е прифанат и во Вардарска, и во Пиринска МКД и во Мала Преспа и ширум светот... Останува проблемот со Беломорската каде Македонците ќе наидат на жесток отпор од Грците ако го употребат тоа знаме... за жал...
Значи останува отворено прашањето, а по истото треба да се произнесат и највисоките академски и интелектуални кругови на Македонската интелигенција...
Ако ние сега измислиме „ново“ ЕТНИЧКО знаме, како ќе им го наметнеме на останатите Македонци низ светот? Не треба и не смееме да измислуваме, Знамето е веќе меѓу нас, само треба да го
препознаеме...
Ќе напишам и јас нешто околу ова, кое за мене е од битно значење како Македонец (во секоја смисла). Симболиката е значајна за народите, претставува код за идентификација...
Впрочем, ќе се повторам - во битка доколку знаменосецот бил погоден, веднаш друг го превземал знамето, не се дозволувало да падне на земја...

Треба да се отвори темата, затоа што тајмингот секогаш ќе биде проблем...
А тука е и грбот...

Поздрав

Стойчо рече...

@Жарко: не, няма етнически знамена. Има национално знаме. Има и знаме на ЕС.

В кръга на шегата - футболните агитки (навиячи;-)) имат разноцветни знамена - червени, сини; политическите партии - също (червени, сини, жълти, червено-черни)

Съгласен съм с Комитата, че въпросът, който поставяш пред македонските читатели е доста сериозен.

Поздрави.

Стойчо рече...

@Жарко, като добавка: градовете имат гербове, но не съм сигурен, дали имат знамена. София има герб, но знаме - не знам??? Май - не.

Unknown рече...

Е, Стојчо, кај нас има ептен многу знамиња: државни, етнички, градски, општински, партиски, навивачки, историски, дури и секоја втора невладина организација си има свое знаме.
Прашањата се поставени, ама кој да ги даде одговорите :)

Стойчо рече...

На въпросите, които мога аз да ти отговоря - мисля, че ти отговорих:-)

Да заповядат следващите:-)

Хесапов рече...

Много баби, хилаво дете-много знамена, хилава държава...Честно казано, мисля че няма да искарате дълго заедно с албанците. Дядо ми все повтаряше, че от арнаутите по-големи разбойници няма.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week