Дебата за шамиитe: Мајка Тереза без македонски пасош?

12/06/2007

Еве што пренесува BBC: „За професорката по уставно право Рената Десковска, спорна е одредбата со која на припадниците на религиозните организации им се дозволува фотографирање со шамии, додека на останатите граѓани тоа право им се оспорува: -„Не би смеело да се прави разликување меѓу луѓето и вие да имате право да си ја изразите верската припадност во зависност од тоа дали имате некаква хиерархија во религиозните организации. Не може на едни да им го ограничувате тоа право заради тоа што немаат некакова позиција во верската хиерархија, додека на други да им го дозволувате." (Шамиите - верско право или проблем?)

Но, дали воопшто има таква одредба?

Еве што вели оспоруваниот правилник:

„При фотографирањето, лицето не треба да носи покривка на главата (капа, шамија и сл.), освен во одредени случаи, кои се однесуваат на посебни околности утврдени од страна на органот кој го издава пасошот (религиозни, медицински или културни).“

Значи, никаде во правилникот не стои дека само на припадниците на религиозните организации им се дозволува фотографирање со шамии.

Спорно е како „органот“ ќе ги утврдува и толкува религиозните, медицинските и културните околности.

Дали ако мајка Тереза поднесеше барање за македонски пасош ќе мораше да се фотографира без шамија?

(поопширно за дебатата „право на шамија?“ читајте во утрешниот број на „Форум“)

3 коментари:

Анонимен рече...

Јас мислам дека нема баш ова врска со човекови права.

Идејата за пасош или лична карта и онака е глупава и сега не ми е јасно зошто баш тука е арената за изборување на религиозните права.

Сликата на пасошот не е наменета за да го претставува ликот и делото на граѓанинот, ниту пак неговиот карактер, туку фацијалните карактеристики за подобра идентификација. Затоа, таа никогаш и за никого нема да обезбеди „комплетна слика“ за човекот.

Лично, мислам дека не ни се потребни сите тие документи.

Анонимен рече...

... а да ... заборавив...

и самата дефиниција за тоа дека религиозните и културни групи имаат право поинаку да се сликаат за на пасош, лесно се хакира...

можам да тврдам дека цело време се шетам со гас маска поради смогот, па од медицински причини цело време ќе ја носам, па и на граница...

можам да припаѓам на културна група или на религија која проповеда постојано носење на превези, маски, шамии кои оддаваат минимален дел од лицето - носот на пример.

... е сега можеш да замислиш ако се појавам во мвр со гас маска и ги убедувам дека така мора да се сликам. Моите човекови права веднаш ќе бидат скршени, ако не и некое ребро. Таквите хакови нема да се прифаќаат, иако правно мора да бидат прифатени.

Анонимен рече...

Жаре дај линк ова вака не мже :) не можам да го најдам текстот никако

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week