Под црвениот чадор: ден против насилството врз сексуалните работнички

12/17/2007


И денеска е ден на човековите права - Меѓународен ден за запирање на насилството против сексуалните работнички/работници.

Интересно, денов ќе биде јавно одбележан и кај нас.

Можете и вие да им се придружите на сексуалните работнички/работници и активистите за човекови права во денешната улична акција. Понесете со себе црвен чадор (ако имате) и дојдете во 11 часот на скопскиот плоштад.

Што бараат сексуалните работнички/работници:

Бараме сите сексуални работници, како и сите останати, да бидат подеднакво заштитени од државата.
Не вртете го погледот: насилството врз сексуалните работници е неприфатливо! (Х.О.П.С)

Поддржете ја онлине петицијата „Права, не насилство!“

Еве и една пригодна песничка за утре:

„You can stand under red umbrella
You can stand under
red umbrella (ella ella ey ey ey)
Under
red umbrella (ella ella ey ey ey)...“

6 коментари:

Анонимен рече...

И како мина?
Се собравте сите педерчиња да мафтатате со чадорчиња?
Мала шега.
Проституцијата треба да се легализира, жените да се гледаат јасно, да може да си одбере човек, да си плати. Да бидат прегледувани за болести,фирмата кај ќе работат да ти гарантира дека се чисти,ако не да плаќа казна, да се добра роба.
Добро кој има колку да плати, некои ќе бидат згодни и убави, некои циганки.
А зошто само работнички? Зошто не и работници?
ех Жаре, а за еднаквост се залагаш.

Unknown рече...

Има во текстот работнички/работници :) Ја убаво си поминав, следат интересни фотки од настанот и од прекрасната забава во „Холивуд“.

Анонимен рече...

Еве ти тазе информација за Амстердам, како баш и не функционира легализацијата
http://news.yahoo.com/s/nm/
20071217/od_nm/dutch_prostitution1_dc

Анонимен рече...

немогуче дека уште постои локалот холивуд- ако е тоа таа обскура од средина на девеести на која се сеќавам, во трговски.

еве го мојот став на темата, даден и на друго место:

абе све супер, потпишав и ја, ако тоа се важи за нешто - али ваљда јасно е дека прво, сексуалните работници кај нас уопште не се работници, тоест не им се признаени правата од раб. однос, тоест не се признаени уопште, така да насилството врз сексуалните работници како башка кривично дело би било виртуелно во извесна смисла, а и дволично, во ситуација кога истите немаат никакви здравствени поготово, а после и социјални и пензиски права. што е интересно, посто по нашите закони се казнува посредување и наведување на проституција. Иван Анастасовски (за кого вака општо немам никакви симпатии) фино викаше пред 4 години да се легализира проситуцијата, сите му се изнасмејаа дека е неозбилен.

второ, хард кор правнички ако се тумачи, она дека и сексуалните работници имаат права како и сите останати - да, ги имаат, заштитени со истите одредби и конвенции како и на сите останати. али тука не навлагам, пошто имам позитивен пристап кон ранливите групи и у принцип сметам дека вреди за нив да има посебни , привилегирани правила кои појако ги штитат.

тоа што ми смета е што тука нема субјект кој појако ке се штити - така да , за да заштитите одредена група, треба прво да ја признаете дека постои (не вие, него државата). како ке штитиш црнци, хомосексуалци, нарко и алкозависници, жртви на семејно насилство, лица со посебни потреби и слично, ако никаде не ги ни изговараш дека се тука и овде? За последните две групи не важи- за нив државата, бар на папир, фино се произнесе, се останато им прави граѓанското општество. али останатите се у онаа аморфна сива зона на нерегулирни ствари (освен црнците, ставени како метафора :)) за кои "странците" бараат с времена на време да се погрижиме а ние ако се прашаме, сите тие групи сами си се криви за тоа што ги снашло (што ги снашло?) у животу - де што си се дрогирал in the first place, де кој ти е крив, остави го ако те тепа, де гори во пеколот ако сакаш мажи.

пак викам, потпишав и све, и ако тоа вроди со плод, свака част. Се согласувам дека од некаде треба да се почне, ама све ми се чини дека се почнува од наопачки.

Unknown рече...

„пак викам, потпишав и све, и ако тоа вроди со плод, свака част.“
Ефектот во јавноста е мошне битен - од исклучувачките и дискриминаторски ставови произлегуваат две третини од проблемите.
И допрва има да се работи на овој план, ова им беше прво „coming out“ - колку да се охрабрат :)

Анонимен рече...

Zare , I jas bi gi poddrZal am me plashi dosetlivosta na nashite politichari/
Koga fino lepo kje profunkcionira zakonot -ETE TI GI POLITICHKITE PROSTITUTKI KAJ BARAAT TRETMAN I SPECIJALNI PRAVA PRED ZAKONOT povikuvajki se na novinskite napisi i kolumnistichki kvalifikacii za toa kako narodot odamna gi smetal za prostitutki ama takov nepismen narod neznael deka toa da mi ti bilo -SEKSUALNI RABOTNICI(potkategorija -POLITICI)
Kazhuvaj shto togash.
Mirko Hristov

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week