По денешната вест од Брисел дека Груевски бил уценет со името „Нова Македонија“ како услов за покана за прием во НАТО (според изјавата на Санадер на вестите на „Канал5“), потсетувам на некои мои пишувања во врска со „финиот“ предлог на Нимиц - „Нова Македонија“:
„Студентката на школата за новинарство на Универзитетот Колумбија укажува, исто така, дека „Нимиц досега им предложил десетина имиња на двете страни, но ниту едно не било прифатено. Неговиот личен фаворит е предлогот „Нова Македонија“, за што тој вели дека е „едно фино име“.“ (...)
Што да се каже пак за неговиот „личен фаворит“ - „едно фино име“ од еден „фин господин“ кој мудро ги советува фанатиците со зборовите „Уживајте го животот“? Или пак уште еден симптоматичен гест на пристрасност кон Грција, ако се земе предвид дека прифаќањето на предлогот „Нова Македонија“ би значело и признавање дека Грција има политичка моќ да биде непоканет „кум“ на нашата држава и покрај тоа што:
а) нема друга држава во светот (ниту федерална единица) која го носи името Македонија;
б) со нашето уставно име досега не имаат признаено 115 држави (како што потсети Милошоски);
в) Грција нема никакво право на монопол над името „Македонија“, исто како што и „Европската Унија“ нема никакво право на монопол над името „Европа“.
Изразувањето подготвеност за билатерално решавање на „спорот“ да биде проследено со широкоградо прифаќање на „финиот“ предлог од „финиот“ господин Нимиц, но врз основа на „финиот“ принцип на реципроцитет: Ако „Нова Македонија“, тогаш и „Нова Грција“! Ако ние „Новомакедонци“, тогаш и тие „Новогрци“!
Со тоа ќе покажеме дека сме „фини“ кон „финото име“ од „финиот“ господин Нимиц, но ако и само ако и Грците испаднат барем исто толку „фини“ како нас да прифатат да им бидеме и ние кумови ним, а не само тие нам.“ (Во име на Македонија (1): ем „тешкото“, ем „сиртаки“?)
„Република Македонија (Republic of Macedonia) прифаќа промена на уставното име во Република Нова Македонија (Republic of New Macedonia) ако и само ако Република Грција (Hellenic Republic) го промени уставното име во Република Нова Грција (New Hellenic Republic), и Република Бугарија (Republic of Bulgaria) го промени уставното име во Република Нова Бугарија (Republic of New Bulgaria).“ (Нешто сосема ново!)
Во една прилика укажав дека досега името на нашата држава сме го менувале четири пати, па можеме да го смениме и по пети пат (Името не го менуваме?)
Мојот предлог е самите да го направиме тоа (донесувајќи нов европски Устав), за да не дозволиме други да ни бидат „кумови“.
Моите фаворити: Демократска Република Македонија и Европска Република Македонија
5 коментари:
Ох!!!! Незнам дали Европјаниве немаат попаметна работа туку си ја играат преставата ,,Чорбаџи Теодос ,,.
Ај нека ја прекрстат Р.Грција во Хитлерија ако можат прво ,а после нас дане прекрстуваат.Од мене толку !!!
Еве што вели „Утрински“:
„Прашањето за името го отворил претседателот на групата на народните партии, Вилфред Мартенс, со што му дал можност на Караманлис пред другите европски лидери да глуми конструктивност, предлагајќи име кое според аршините на Атина е голем компромис.
Груевски го одбил предлогот, а според зборовите на хрватскиот лидер Иво Санадер, изјавил дека ќе се направат дополнителни напори тој проблем да се реши. На таквиот одговор Караманлис почнал да се заканува дека, ако не го прифати нивниот предлог, Атина ќе го спречи приемот на Македонија во Алијансата.“
А еве што изјавил Санадер:
„Би било штета ако Македонија не ја искористи приликата и не стане членка на НАТО, заедно со Хрватска“, изјави резигнирано Санадер, откако потврди дека Мартенс го отворил прашањето за името. (Утрински)
Pa i ti be batka si se soglasil za imeto nova makedonija,ne mi jasno sto sakas da kazes so tvojot blog,dali si za novo ime ili kategoricno si protiv,doiskazise,ili si del od istava bagra,na koi im e ama bas sve edno.
Јас сум за Велика Македонија :) шо да не? да покажеме добра волја од една, а да провоцираме од друга страна :) Ако може Велика Британија зш да не може Велика Македонија.
„..i ti be batka si se soglasil za imeto nova makedonija,ne mi jasno sto sakas da kazes so tvojot blog,dali si za novo ime ili kategoricno si protiv...“
Ако читаш повнимателно, ќе видиш дека согласувањето со „Нова Македонија“ е само под услов и Грците да си го сменат името во „Нова Грција“.
Инаку, немам ништо против да си го смениме уставното име, како што сме си го менувале и досега неколку пати - ама сами.
Ниту Грците, ниту било кој друг, нема ништо со тоа.
Објави коментар