Кампања за „одлив на мозоци“?

12/10/2007

Прочитајте што вели Милчо Манчевски:

„Кога бев мал сакав да станам филмски режисер. Арно ама, немав врски за да ме примат на филмската академија кај нас. И тогаш се случи една многу убава работа. Добив стипендија од Универзитетот во Јужен Илиноис. Таа стипендија ја добив затоа што бев одличен ученик, Со сите петки. Првенец на генерација! Таа стипендија ми го промени животот и ми овозможи да станам филмски режисер.

Учете. Вреди!“

Но, што всушност поддржува Милчо? Дали поддржува кампања за образование, или кампања за „одлив на мозоци“?

Еве какви пораки испраќа Милчо:

1) Џабе ти е да си тука првенец на генерација, ако немаш врски!

2) Учењето вреди само ако добиеш странска стипендија!

3) Учете за да можете да си ги остварите желбите на Запад!

Наместо да води кампања за да го спречи „одливот на мозоци“, Владата финансира кампања со која го поттикнува одливот на мозоци и го обезвреднува учењето за оние што сакаат да останат тука.

Токму затоа, го поддржувам предлогот на Слаѓана Тасева:

„Предлагам првиот чекор на Владата кон транспарентното, одговорно и отчетно однесување, но и кон зацврстување на владеењето на правото да биде објавувањето на висината на сите трошоци и имињата на сите извршители кои учествуваат во кампањите.“ (Време, 10.12.2007).

Баш ме интересира, колку пари имаат добиено Милчо Манчевски и Симон Трпчевски за поддржувањето на бесмислената кампања.

Ако ништо друго, за да пресметаме колку стипендии можеа да бидат доделени на ученици со сите петки, за да се спречи нивното заминување од македонската жабокречина.

24 коментари:

Комитата рече...

Кампанията е за отваряне на Македония към света, и младите да мислят в световен контекст, а не в локален.
Също така, ако местните университети имат конкуренция от чуждите, може би пък да понамалят корупцията и връзките и да въведат нормални критерии? конкуренцията лекува нали така ;-)

Unknown рече...
Авторот го отстрани коментаров.
Unknown рече...

Комита, прав си до некаде, ама овде колку што гледам се рекламира (и тоа со буџетски пари) само Универзитетот во Јужен Илиноис како институција во која вреди да се учи.
Тоа е голем гаф на Владата.
Секоја чест на Манчевски, ама не гледам дека неговиот пример се вклопува во целта на кампањата.
Поскоро ќе да е искористен неговиот авторитет како поддршка на Владата, отколку заради целта на кампањата.

Photo Volan рече...

Одлив на мозоци е процес кој е застапен во сите неразвиени економиии ... па и нашата ... нема друго чаре - мора да се подобри економијата за да останат мозоците тука ...

Башка нема начин тоа со било какви мерки да го спречиш - во успови кога за исто работно место се нуди десетпати помали примања, во однос на развиените држави ... или уште полошо не се нуди ништо ...

Право е на секоја индивудуа да си го бара чарето што би рекле старите ...

поздрав.

Unknown рече...

Волан, велиш „Башка нема начин тоа со било какви мерки да го спречиш...“
Во случајот на Милчо, да имал тука стипендија и да го примеле на ФДУ прашање е дали ќе заминел.
А ако не заминел, прашање е дали би направил филм во животот, пошто тоа е тука привилегија само на тие што имаат големи врски.
Сакав да кажам - давањето стипендии за талентирани може да биде ефикасна мерка за спречување одлив на мозоци.
Многу поефикасна отколку перењето мозок со кампањи кои ја промашуваат целта.

Анонимен рече...

Како сте ? Прво неколку забелешки :
- секогаш пишувајте на македонски.
- секогаш читајте на македаонски
-никогаш не читејте и не гледајте помеѓу редово.
Сите рекламни кампањи на нашата влада се добри затоа што овој прост народ мора некако да се подучува ВЛАДАТА тоа добро го знае затоа не подучува со спотовите. Авал да им е на кадрите во Владата конечно некој почна да работи !
Иначе не сум партиски војник на ВМРО јас сум Либерал по убедување.

Анонимен рече...

А може и вака: идеш на постдипломски во Италија, па се врачаш овде, па НВО-платичка, па препоручуеш - не идете у странство да учите, идете кај Мухиќ.

Unknown рече...

Да дополнам само: идеш на постдипломски во Босна и Италија, па се врачаш овде, па не ти ја признаваат ЕУ дипломата, па НВО-платичка, (поточно - не „платичка“, туку хонорари - без ниеден ден стаж и без платено осигурување!) „па препоручуеш - не идете у странство да учите, идете кај Мухиќ.“
Е, такво нешто не сум препорачал пријателе - биди пообјективен.
Ни на крај памет не ми паѓа да препорачам некому да студира философија во Скопје, освен ако нема време за губење и не е обезбеден за цел живот со некакво наследство :)
Иако е класичен ad hominem, признавам, ми се допаѓа твојот аргумент. Ми дава шлагворт.
Воопшто немаше да студирам постдипломски за човекови права надвор од Македонија, ако имав можност да студирам човекови права во Македонија.
И токму тоа е поентата на мојата аргументација погоре:
Владата треба да создаде можности за образование и обука тука во Македонија и во тој контекст да го промовира правото на образование.
Со кампањава - Милчо Манчевски и Мајк Зафировски промовираат американско образование со македонски пари, со цел да му порасне рејтингот на Груевски.
Транспарентно (проѕирно), нели? :)

Анонимен рече...

Дали е Милчо во право или не е, што мислиш?

Unknown рече...

Воопшто не спорам дека тоа што го кажува Милчо е вистина.
Само што неговата приказна е сведоштво
1) за корумпираноста и неефикасноста на нашиот образовен систем
2) за непостоењето стратегија за поттикнување на првенците на генерација да останат во својата земја за да покажат на дело што научиле.

Анонимен рече...

Се сложувам, колега. Јас, еве, студирам постдипломски по филозофија во Скопје. (Знам дека сега прво што ти текнува е да ми изразиш сочувство:)) И немам наследство, туку судски покани за неплатени сметки. И ниту еден хонорар, и се помалку желба за образование и „вложување во себеси„, зашто тоа вложување ме чини десетици илјади по семестар, а јас немам ниту за вода. И оваа кампања мене ми се чини дека почнува наопаку. Прво работа за докторите на науки и магистрите, работа за оние со високо образование, и за сите (се наежив самиот од себеси, си прозвучив соц-реалистички), а потоа кампањи дека обрзованието и „вложувањето„ се исплаќа. Така можеби и ќе ме убедат да вложувам.

dasaf рече...

еднаш слушнав изјава на еден германски тип (беше политичар или професор - не ме држете за збор), која беше наменета за ние (малите народи) кои се жалиме на одливот на мозоци. тој рече: вие се жалите дека ви се одливаат дипломци, а нас ни се одливаат нобеловци. тоа е природно...
инаку иако генерално постов ти звучи како да си во право, сепак има и друга страна. демек кај нас иако функционираме на начин тате бате и јас, сепак ако човек се труди ќе се пробие...
а владата многу тешко може да им забрани на сите професори на еден факултет да не стават добри оцени на детето на нивниот колега. тоа го увидов многу пати во моите студии...

Анонимен рече...

Значи ми се крева желудникот од амбициозни неостварени ликови кои серат кај стигнат без да промислат.

Жарко - пред да изблебеташ, ставиш луѓе у некоја ебена рамка, провери си ги информациите и размисли три пати!

Што кажува Милчо: Режисер во МКД на таков начин изграден јок - ФАКТ!

Создавање кариера на основа вредност во МКД - Јок - ФАКТ!

Промоција на излив на мозоци? Што збориш бе?! Кој вели дека ако некој се школува на запад мора да остане на запад, и кој вели дека после слава на запад значи дека ќе се остане на запад? Се` што Милчо вели е учи, образувај се, не се откажувај од желбите, направи се во твоја моќ да ги оствариш - само така се успева во живот! А ти што сакаш да се порача, седи и не мрдај од Драчево и мисли дека си џомба со тоа што си маалски фраер оти татко ти работу у полиција?!

Ал ај, кој го ебе Милчо, мразам да го бранам пошто не е за бранење... ама кој курац ти е со Симон (чие презиме е Трпчески, патем)????

Па ако постои македонски уметник кој го музат од прв до последен, а за кој ништо повратно никој ебено у цела држава нема направено тоа е он. Се измрсулавија сите за Тоше - а 5 дена потоа серат за исти такви како Тоше.

Човек со светска кариера, години пред смрдливата Влада да го увиди тоа, му се клањаат од прв до последен по свет кој ден-денес живее со својата фамилија, ти ќе го ставаш на тапет? Кој има милион шанси да ја здувне ебиветарот ни од земја, а кој сепак седи, како што седеше цел факултет додека некои други лапаа стипендии.

Колку го платиле? Па ако нешто е одвратно не е тоа што ебен динар не му дале, туку тоа што тек ко некој низ трња и камења ќе се издигне, сам, не само што немал помош, туку бил кочен, и се` уште е кочен од таквите, тие ќе го прозиваат како нивен, за да после метузалеми го плукаат како ти овде.

Следниот пат, биди анален како што си, па провери и прочитај дека прво и основно Симон НЕМА прифатено да биде амбасадот на Културата, и никој не го ни прашал пред да го напишат во весници. А гледам ни ти не си поразличен во своите кампањи од тие во нивните.

Следниот пат размисли за кого зборуваш и што знаеш пред да сереш рекла казала муабети, само и само за да си ги поддржиш своите површни тези.

Unknown рече...

За секоја бесмислена кампања од 400.000 евра можеа да се доделат по 100 стипендии од по 4.000 евра годишно за студирање.
За десет бесмислени кампањи, Груевски поарчи околу 1.000 стипендии!
Груевски можеше да спречи одлив од 1.000 мозоци, ама побитно му беше да си го крева рејтингот.
Колку пати треба да повторам дека немам ништо против Милчо и Симон? Ме интересира само дали им е платено за кампањата, и ако им е платено - тогаш колку?
Мислам дека граѓаните имаат право да ги знаат тие информации, особено ако парите за кампањата се платени од државниот буџет.

Анонимен рече...

Можеш слободно да ме лишиш од политички коректниот, наивен тон на „јас не немам ништо против само прашувам“! Доволно имам искусено за да знам колку е поопасен од директното напаѓање, дел кој тебе не ти е јасен.

Не мора да имаш ништо против некој за да го наклеветиш.
Важно е што и како прашуваш, и кого прозиваш, затоа што во обидот да исправиш нечии криминални дела, ти впрочем им помагаш во уништувањето на угледот на оние малку вредни и достоинствени и за почит, кои ги имаме во земјата, иако мислиш дека се бориш за воспоставување на тој ист квалитет.
Во секоја нормална држава ова твоето е клевета. Прво инсинуираш дека некој земал пари, второ уметник клаваш во политички рамки. Иди провери си ги фактите, не треси од ракави.
Едно е да збориш за mанипулативноста на Владата, сосема друго е во обидот да се користиш со истите методи. Пошто очигледно си самозаљубен во своите искри на мисли, да не ни читаш, по втор пат Трпчески НЕ Е „амбасадор“ на Владата. Тебе може имињата кои ги споменуваш не ти се битни, ама и те како се битни, за принципите, моралот и човечките обележја и вредности кои глумиш дека ги промовираш. Пошто изнесувањето невистини за делата на некој без разлика на целите, е казниво по закон. А во овој случај има и еден друг момент. Со една реченица го валкаш името на некој кој волантерски го ставал името на земјата во весници за кои целиот буџет на Мкд не би можел да плати, ја промовирал државата на начин на кој ниедна ебена кампања не може да ја промовира многу пред владините поданици помислат произволно да си ги присвојат, дури и во времето кога тие стипендии за кои повикуваш не оделе кај него, оделе кај некој друг заслужен „талент“... и зошто? За да ти инсинуираш дека сега зема пари од буџетот за тоа, а со тоа малтене индиректно им ги зема шансите на децата?
Таа истата Влада чија работа мислиш дека ја деконструираш, успеала и тебе да те изманипулира, користејќи го неговото име на ист начин на кој ти го користиш. Без основа – изнесуваш непроверени работи, значи непромислено лажеш! за да поентираш. Во постот велиш „Колку пари имаат добиено за поддржувањето на бесмислената кампањата!“ Значи ти си сигурен дека ја поддржува и дека има земено пари, само не знаеш колку!? За да потоа во коментарот речеш „ме интересира дали им е платено, и ако да, тогаш колку?.“ Ти бе правнику ја спознаваш разликата меѓу овие две изјави?

Ама успеа и тебе да те заебе Боцевски? Можда е толку умешен затоа што и тој е еден од оние кадри кои беа спонзорирани со стипендии, за да ни бидат „полни“ знаење и ни „служат“ во земјата за кои ти се залагаш. Индиректно јавно валкаш име на човек кој на сите тие млади за кои ти си загрижен, треба да им се дели на постер како достоен пример за успешен човек кој во походот напред го има и користи само својот талент, само својата работа и посветеност и не чека некој патот да му го расчисти.
Одвратно е успехот и угледот на другите да се користи произволно и непроверено.Ти него у ист кош со Владата, како нивен поддржувач?! Барањето правда захтева гарантирање на основни вредности како што е вистината, мој делителу на правда!

Пред да прашаш јавно и обвиниш, провери дали можеби одговорот веќе не е очигледен. Трпчески сигурно никакви пари нема земено, ниту нечии стипендии отуѓено. Иди види да не се у џебовите на истите оние стипендисти во Влада, кои мислиш дека треба да се множат, ако толку ти е стало. Пред јавно да „обогатиш“ или „осиромашиш“ некој со буџетските пари. Затоа што ако нешто е пострашно од наградување на незаслужните во општеството, тоа е девалвирањето на заслужните. Тоа го чинат политичарите, единствениот начин да се контролира маса овци и да и се избришат мерните единици за вредностИ. Оттука, со вакви твои непромислени натписи и обвинувања на дадени личности, ти Грујо го поддржуваш земајќи ги неговите изјави за веродостојни, без да провериш дали Симон стварно ебено му ја поддржува кампањата.

Ама зошто да проверуваме, кога можеме да ги користиме за да си ги лечиме личните фрустрации на не успех, исто како Грујо! И тоа е одвратната манипулација, која гледам поминува и кај оние кои мислат дека се „аналитични“ и дека поставуваат правилни прашања.

Анонимен рече...

Анонимен, не да го бранам Жаре, ама поентата беше да се постави прашањето дали парите кои се трошат за „промоција на таленти„ треба да се трошат на кампањи без никаков ефект, или на нешто конкретно, како стипендии и награди. Симон и Милчо во приказнава се најмалку важни, иако Жаре глупаво го срочи текстот инсистирајќи на персоната на „манекените„ во спотот.
Ако го клале Симон во кампања без да го прашаат, не е убаво. Фала за исправката, но не е одговорност на новинар да ја проверува секоја информација до најкрајната инстанца, ако има релативно веродостоен извор (како влада на пример?).
Иронично е владата да финансира кампања која апла кажува дека образованието во Макеоднија не се цени, а нели токму спротивното е поентата на кампањата. :) Мада, точно е, за жал. Ќе се сложиш нели дека е утната целта, па и ефектот со ова спотче, како што и јас ќе се сложам дека Симон (и Милчо) се кул и дека немаат никаква вина во сето ова.

Конкретни чекори како можат да се потрошат 400.000 евра на образование:
- стипендии за студенти со добар просек, и тоа во неколку категории, пропорционално со просекот.
- форсирање на технички науки, особено информатика (односно дупло повеќе пари за успешни студенти на ЕТФ и ПМФ)
-финансиска поддршка на натпревари по математика, физика, информатика во основно и средно
-стипендии и поддршка за исклучително талентирани уметници од уметностите.

Нивото на образование во природните науки (како далеку поконкурентни на пазарот) во последните години е многу опаднато, затоа се и овие мерки дотолку понеопходни.

dasaf рече...

хахха, интересно е да се каже: дајте им стипендии на најдобрите!
еве и да речеме дека ќе се случи тој чекор, и ако видиме малку по далеку кој всушност ќе ги земе тие стипендии?!? а?
секако нема да ги земе студент од провинција со просек над 8,5 со родители стечајци и со сместување во стив, туку удостоена персона со моќни амбиции добар бек ап и ауто. кој/а веднаш по завршување на студиите ќе се запише на постдипломски во странство... дали ќе се врати кој знае...
ученичето од погоре ќе остане тука, и ќе пробува да се снајде

Стойчо рече...

Има два, взаимно допълващи се начина да се спре отливът на мозъци:
1.Допускане на конкуренция между университетите - т.е.да се позволи отваряне на чуждестранни университети (завършил съм немски технически университет в София)
2. ШИРОКО отваряне на вратите пред чуждестранните инвестиции

Стойчо рече...

3. Либерална икономика и свобода

Стойчо рече...

и съвсем не на последно място:
свобода

Unknown рече...

До анонимниот коментатор кој укажува:
„Одвратно е успехот и угледот на другите да се користи произволно и непроверено.Ти него у ист кош со Владата, како нивен поддржувач?!“
Само ќе ја цитирам рекламата на стр. 7 од Шпиц, 14.12.2007:
„Јас сум Симон Трпчески и ја поддржувам оваа кампања!“
Анонимен коментатору, ако Владата ме излажала, и ти си во право кога укажуваш дека Симон Трпчески не ја поддржува кампањата (односно, ако без негово знаење и без негова дозвола владата тврди дека тој ја поддржува кампањата), тогаш јавно ќе му се извинам на Симон затоа што сум дозволил да бидам излажан.
И не само тоа, подготвен сум и да напишам посебен текст кој ќе го објавам во некој од дневните весници (ако не ми го објавуваат, ќе си го платам како оглас) - доколку ги докажеш твоите тврдења дека ликот на Симон е злоупотребен во кампањата.
Ако ти си во право, ќе сторам се да ја исправам грешката - но, тогаш главната вина би паднала на Владата.
Сепак, само врз основа на анонимен коментар, не гледам никаква причина за извинување.
Се додека Симон Трпчески не демантира, ќе и верувам на Владата дека Симон Трпчески ја поддржува нејзината кампања.

Анонимен рече...

(Дневник 12.12.2007) Секоја кампања ќе биде поткрепена со мерки за подобрување на живеењето, вели владиниот портпарол Ивица Боцевски

Нели ви се чини ова е доволно како објаснување.

Секој здрав разум би помислил дека треба обратно да иде работава, нели? Епа НЕ ако главната цел ти е еднослојна промоција.

Е сеа Жаре шо мајка бараш ти да чепкаш во подолните слоеви на кампањата, тоа е забрането.

Можеби наскоро и со некој кодекс, закон или сл. :)

Анонимен рече...

Жаре, анонимниот тебе јавно ти се извинува, затоа што по се` изгледа твојот пост го збуни, и тој скокна како прле пред магаре, и помисли дека зборуваш за една друга кампања (толку многу „работи“ Владата да не буни), па се излета. А требаа 10 поста за да замириса на тоа - неспоразум.

Значи извинувањето се надевам ќе го прифатиш, мислев дека зборуваш за онаа претходната, амбасадорската (оттука погоре зборев за тоа, ама никој не примети и не ме исправи), иако не прави сето тоа разлика, сем во односот „факти“ за кое пак, извинење.

Извинување преку весник нема да понудам, евентуално ако сакаш може да ми дадеш име на некој фонд за стипендии, па тие пари да ги префрлам таму за следното едно, индивидуално дете, (по можност син на некој), за кое ќе се искористат и ќе му се каже „дека дипломите се важни“ и ќе му се отвори просторот да се стекне со капацитет, доволен за работа у Влада или некое НВО во Мкд, или кај тато или гуруто на катедра, наместо да им се даде на сите пораката дека образованието е важно и неповрзано со туркањето и стипендиите од Влада, за што пример е Симон, а и Милчо богами, мимо неговите денешни „профити“ (а и тоа зависи - кој како гледа).

Или, ако јас се прашувам, можеби е попаметно да отидат кај такви како нив, со надеж дека тоа нешто ќе им биде доволен поттик да останат во земјата, каде што очигледно не ни фалат стипендии -- ако го земам бројот на луѓе кои светот го прошетаа на сметка на Влада, Сорос, UsAid и си останаа се` уште голи и боси и се` уште само шмукаат од истите организации со помош на нивните професорчиња кои ги користат како моржови да им служат и штанцаат нивни ставови и мислења како папагали,додека чекаат истите тие да умрат евентуално, за да конечно можеби го добијат и тие своето место под небото и си го кажат своето -- туку ни фали професорски кадар, кадар кој е пример, кој поддржува образование, индивидуалност, и креативност базирана на талент, упорност и работа. Фалат институции во кои е вредно некој да се испрати да учи, и во кои уствари за сите петкаши не се потребни стипендии, доколку има совесни професори и кадар кои не си ги користат како лични дувла на креирање своја „политичка армија за поддршка“ истовремено уништувајќи било каква креативност или конкуренција за да го одржат тоа. Доказ за тоа е бројот на нивни наследници = нула! Ако некој мисли дека фалат стипендии, нека отиде да изброи колку од денешните „креативни, млади„ служители во власта ги имале истите, нека процени кој ќар се повратил од нивното финансирање, а потоа нека отиде да ги изброи сите оние талентирани деца кои фатиле џаде не затоа што немале стипендија, туку затоа што немале каде, и со кого да си ги мерат и надградуваат своите желби за знаење на фер и поштен начин - не дипломи и позиции!

Дека аргументот за стипендии е јалов, укажува бројот на луѓе, школувани во мкд, кои после стекнувањето образование фатиле џаде.

Ал перцепцијата и ставовите зависат од аголот од кој се гледа... оној даден нам (или за кој сме се избориле) под небото нели?! Остатокот захтева малку објективно сведочење и изнаоѓање на правите проблеми.

Уште еднаш сос извинење!

Unknown рече...

Прифатено.
Оти баш пред една минута гледав реклама на ТВ, каде што Симон Трпчевски, лично ем персонално изјавува „Јас ја поддржувам оваа кампања“.
Со учеството во вакви сомнителни кампањи Симон и Милчо излегоа од сопствените културни ресори и станаа легитимна цел на мојата политичка критика.
Поздрав.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week