Незнаењето е моќ!

12/29/2007

Покрај моите изјави, малку претолкувани, во написот Владата создава кодоши и криминалци?, можат да се прочита и следново:

- Пред десет години во Скопје имаше педесетина тешки зависници, а денес имаме 15.000 зависници. Го сакам Скопје од пред дваесет години, а не денешниот град што личи на Амстердам во кој повеќето млади се повремени корисници на дрога - изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Ех, Ѓорчев, Ѓорчев, кога Скопје би било како Амстердам, тогаш би било пристојно место за живеење и младите не би фаќале џенем при прва прилика.

Најпосле, каде сака да не однесе ВМРО-ДПМНЕ? „100 чекори напред“ или 20 години назад? Во некое „комунистичко“ Скопје каде што секој втор гостин во кафеана беше кодош, или во слободно и гостопримливо Скопје кое ќе биде туристички посетувано како и Амстердам?

Читам и се чудам:

- Разликата меѓу корисниците и дилерите некогаш е тешко да се направи.

Проблемот во предложениот закон е што тоа „некогаш“ се претвора во „секогаш“. Според законската дефиниција на „злоупотреба“ на дрога, секогаш во ист кош ќе се ставаат и дилерите и повремените уживатели.

Еве уште една манипулација на Ѓорчев:

Улогата на полицијата е неопходна во борбата против дрогата и таа понатаму треба да се зголеми.

Никој не го спори тоа дека улогата на полицијата е неопходна, и дека „треба да се зголеми“, меѓутоа не во „борбата против дрогата“ – туку во борбата против недозволеното производство и промет на дрога! Бесмислено е да се бориш против дрогата, особено во ситуација кога донесуваш Закон за контрола на дрогата! Полицијата треба да ги гони тешките криминалци кои произведуваат и пуштаат во промет дрога, а не ситните прекршители да ги претвора во криминалци!

На крај, не знам дали да се смеам или да плачам:

Предлозите на опозицијата и забелешките на лидерите на ЛДП и на СДСМ, Јован Манасиевски и Радмила Шеќеринска, нема да бидат прифатени затоа што водат кон легализација на дрогата – категоричен е Ѓорчев.

Очигледно, идниот правник Ѓорчев не го научиле да прави разлика помеѓу „легализација“ и „декриминализација“ (во случај на „лична употреба“).

„Знаењето е моќ“ – пратенику!

Учи, образувај се!

6 коментари:

Анонимен рече...

Убаво му кажа ај сега да пашнеме по еден Џ а братче? Ова џандариве сакаат насиље ание сме мирен народ пашкаме се боцкаме ама не им пречиме на другите. Ти викам имаш еден Џ од мене за ова море каков Џ табла цела имаш!

Unknown рече...

Фала на понудата пријателе, ама претпочитам да останам повремен уживател на домашна препеченица (мали количини, за лична употреба). :)

Анонимен рече...

Ѓорчев is in da house, we're fucked!!!!

Wow каква аргуметнација...На човек на кој Скопје му личи на Амседердам или 1. не бил никогаш во Амсдердам 2. сериозно има проблеми со личната перцепција и резонирање 3. е новопечен болеснички амбициозен „блад трсти“ политичар кој не поседува основен сенс за аргуметација и мисли дека со упореба на софизми и еуфемизими ќе се обиде да докаже нешто што не е точно...

Ајде ќе бидам инклузивен ќе кажам дека момаков ги има сите три проблеми...

Скопје е како Амсдердам=Трифун Костовски е гениј и треба да биде доживотен градоначалник.
Сериозно треба некој да го праша Трифун како успеал во оваа урбанистичка трасформација?:)))

Нил Постман вели дека денешното општество повеќе е блиско кон Хаксклиевата визија, отколку кон Орвеловата. Нашево, засекогаш транзициско, општество просто не може да биде плод на нечија визија. Добро можеби онаа на Кустурица во некои негови филмови, ама не би сакал да ги навредам Ромите во државава(O.K. I already did)...

А тек за пропагадата за веронанука, не сакам ни да почнувам...

We're fucking doomed...

Анонимен рече...

Законите кои се во сила во моментов и предложените се многу меки.
Сингапур е успешна држава и го има ефикасно решено овој проблем.
http://en.wikipedia.org/wiki/Criminal_law_of_Singapore

Треба да учиме од нив.

Анонимен рече...

Само би ти посакал среќна нова и се најубаво во неа пријателе :)

Unknown рече...

Благодарам на честитката, и да ни се множат постови, и што повеќе за пријатни настани :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week