Зошто сум против ден на човекови права?
Затоа што на тој ден им се пружа прилика да си ја смират совеста оние кои останатите 364 дена во годината не направиле ништо за промоција и заштита на човековите права.
Секој ден од годината е ден на човековите права!
5 коментари:
Ај поинаква теза. Само еден ден во годината е ден на човековите права, зашто истите (правата) мора некаде и некогаш да се спомнат, онака декларативно, заради маркетиншко-оправдувачки цели. Тој еден ден е симболичен ден, и тоа во буквална смисла на зборот. А во останатите 364 дена од годината се крши барем по едно човеково право на барем едно место на светот. Ниту еден ден не е ден на човековите права, зашто нема исклучок од нивното кршење или нарушување. И уште повеќе: нема човекови права, има преживување. Сето останато е само маркетинг.
Мислам дека и жените имаат сличен став во поглед на 8-ми март. И тие не сакаат само еден ден во годината да се рамнопрани со мажите.
www.psiholog1.wordpress.com
Ај и јас со поинаква теза.
Секој ден може да биде ден на човековите права.
Како што има верско календарче во кое секој ден е светец, така може да има и календарче за човекови права каде што секој ден симболички ќе се слави по едно човеково право.
Тогаш воопшто нема да има потреба од ден на човекови права.
Јас сум за ден на патетично-безполезни блебетања на тема која е во мода. Ако тоа не ми се прифати, тогаш: Ден на храбрите мокачи во снег!
„Ден на храбрите мокачи во снег!“ - ме бендиса.
А што мислиш за идејата еден ден у годината да го славиме ликот и делото на Никола Груевски. Белким останатите 364 дена ќе не остави на раат. :)
Објави коментар