Прашањето Чив е Солун?, ме потсети на постот Боите на Македонија, на кој може да се погледне контроверзниот документарец на BBC за Македонија и за Солун.
Експертите тврдат дека во турско време Солун (Салоника бил космополитски град, „етнографски хаос“ во кој не може да се дознае кој е кој, меѓу другото, затоа што Турската империја не била заинтересирана за етничките идентитети, туку само за религиозните.
Во историската читанка „Балканските војни“ (приредиле Валери Колев и Христина Кулури) се објавени проценки за населението во покраината Солун во 1911 год.: 604780 Муслимани, 397795 Грци, 271359 Бугари, 62290 Евреи, 87 Ерменци и 11604 други (христијаните кои ја подржувале Вселенската патријаршија биле сметани за Грци, а оние кои ја подржувалеле Егзархијата за Бугари).
Според извештајот на Бугарскиот премиер, во Бугарија во 1914 г. имало околу 150.000 бегалци. По започнувањето на Втората валканска војна во градот Солун и околината имало 135 илјади муслимани – бегалци, принудени да ги напуштат своите огништа од грчката влада.
Во документарецот се тврди дека во 1913 една четвртина од населението на градот Солун биле Муслимани и дека градот бил речиси под опсада од грчките и бугарските војници. Најинтересен момент е кога Грчката историчарка ја објаснува следнава фотографија:
„Ова се критски војници, и тие припаѓаат на грчката армија која го окупираше Солун.“
Што сакате повеќе од признание на грчка историчарка која тврди дека грчката армија го окупирала Солун?
4 коментари:
марк мазовер не тврди, туку нуди еден куп докази (значаен дел и од грчките архиви).
Брилијатен историски запис е книгата, јас пред некоја недела ја завшрив - и препорачувам. Колку ги разнишува грчките небулози, толку и нашите. До средина на 19 век мнозинското население на Солун се Евреи. Колку Балканци го знат тој факт? Јас не го знаев, иако Мазовер не е единствениот кој тоа го тврди. Брдо од историски записи, кои лесно се наоѓаат, доколку некој сака да ги најде, и покрај обидите да се задушат.
Ах да, и доминантен јазик во истиот период е португалски - зашто евреите во Солун се доселеници пребегани од Шпанија и Португалија за време инквизицијата. По Букурешт се раселени, буквално со автобуси по остатоците од империјата. Малиот број кои останале се конечно истребени за време WWII. Она што им помага на денешните грчки обиди да се фрли пепел на тој дел од историјата, е големиот пожар на почетокот на 20 век кога значаен дел од еврејската архитектура гори. Иако во книгата Марк ги води читателите низ остатоците од таа доминантна култура на Солун кои ден-денес може да се видат - ако некој обратни доволно внимание.
Интересното е, че през 1912-13 г. солунските евреи искат градът да бъде в България, а не в Гърция. Те смятали, че гърците също като тях са търговски народ, а в пределите на България ще имат по-малко конкуренция в търговията
аноним., од каде ја набави книгата? ново издание е? може да се купи у книжара или да ја барам у библиотека? фала!
Објави коментар