Нов „Мајски манифест“?

5/05/2008

Искрено, мене зборот „интелектуалец“ ништо не ми значи. Го претпочитам поскромниот идентитет „критички промислувач“ на баналното секојдневие.

Познавам и премногу „интелектуалци“ кои се скарани со критичкото мислење: вешти манипулатори; мајстори за лажни дилеми и исклучителни дисјункции; цитатотоксични робови на авторитети; софистички жонглери со реторички фигури, псевдо-дистинкции, ad hominem аргументи и лажни генерализации.

Една од последните манипулации на нашите „интелектуалци“ е обидот да се наметне лажната дистинкција помеѓу некаков си „европски“ и некаков си „патриотски“ политички блок. Божемната дистинкција сугерира лажна дилема и невалидни заклучоци: „Ако си про-европски настроен, тогаш не си патриот“, „Ако си патриот, тогаш не си про-европски настроен.“

Накусо, дистинкцијата помеѓу „европски“ и „патриотски“ политичари (или „интелектуалци“) е дистинкција помеѓу баби и жаби. Таа го содржи себе-колонизирачкиот концепт „европски“, културно монополизиран од ЕУ и некритички присвоен од „интелектулците“ кои не ја вреднуваат македонската култура како дел од европската. Лажната дистинкција се крепи и на редуцирана и извитоперена претстава за тоа што значи да се биде „патриот“. Колку за потсетување, испадна дека многу од „најголемите македонски патриоти“ по осамостојувањето, наместо за својата нација и држава, всушност се залагале за поделба на државава и за интересите на нивните резервни татковини.

Со други зборови, можам да бидам и „европски“ и „патриотски“ настроен, можам да бидам и Македонец и Европјанин истовремено, а влакно да не му фали на мојот идентитет, исто како што не им фали на Грците и на Бугарите. Токму затоа, искрено се надевам дека нашите политичари ќе изнајдат натпартиска платформа за да не губиме повеќе време и енергија во бесплодни препирки кој е поголем македонски патриот, а кој е поголем „Европјанин“.

Мај е одлична прилика да добиеме нов „Мајски манифест“ кој ќе ги обедини „десницата“ и „левицата“ во заедничка платформа за Македонија во ЕУ. Не е ли токму идејата за Македонија во ЕУ (заедно со Грција, Бугарија и другите балкански држави) современа варијација на идејата од „Мајскиот манифест“ (1924) за обединување на раскинатите делови на Македонија во една Балканска федерација?


P.S. Текстов е објавен во денешен „Глобус“. Како што може да се види и од содржината на текстот, тој сосема излегува од рамката на „Глобус“. Немав абер во кое друштво ќе се најдам и дека платформата за која пишувам ќе коинцидира со некоја друга „Платформа“ .


2 коментари:

Анонимен рече...

Браво Жаре! Уште еднаш ја погоди суштината на проблемот! Најголемата манипулација која во моментов се случува во македонската јавност, е обидот на таквите „интелектуалци“ да ги прикажат состојбите на македонската политичка сцена користејќи го српскиот категоријален апарат. Демек, и тука како и таму сме имале еден „европски“ и еден „патриотски“ блок. Шио ми га Џура! Колку што едните се Европејци, толку и другите се патриоти. Барем ние добро си ги знаеме и едните и другите. Ај нас што не сметаат за малоумни кога ни ја продаваат таквата приказна, ама незнам како не им е грев сопствената држава да ја споредуваат со таков изгубен случај каков што во моментов е (за жал) Србија?!? А иначе, полна им е устата со Македонија. И утре пак други ќе бидат криви, ако и следните десет години евробирократите не заглават во некоја нова жива кал која ќе ја замени денешнава наречена Западен Балкан. И ќе се чудат зашто некој не ставал во иста група со Србија.
ПС Го видов Глобусот на Интернет. Глеам, Фрчко „ќе му собирал интелектуалци“ на Грујо. Ова ко за маалска тепачка излезе работата, кој се собере поише, и чии тепачи се појаки :))))
И тебе да не те викна Фрчомир, да му скршите кичма на Грујо? :)
ППС И онака нашиов Глобус поише личи на „Месна индустрија Глобус“, отколку на истоимениот хрватски магазин. Така што, текстот за „собирање интелектиалци“ перфектно се вклопува во таквиот контекст:)))

Unknown рече...

И моево текстче е објавено во контекст на т.н „фронт“ Фрчко-Грујо.
Така ми треба кога не си ги слушам советите на мајка ми - „Сине, внимавај да не западнеш во лошо друштво“!
Кога го читав текстот синоќа, неколку пати си реков: „А бе луѓе, зошто не кажувате вакви работи“ :)
Нејсе, си стои напишано на мојот блог што мислам и за едниот и за другиот.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week