„Секоја генерација има своја битка“ - одекнуваше илинденското мото во Пелинце и во Крушево. Два месеца по Илинден, а никако да се ослободам од тегобното чувство дека мојата генерација е заложник на бесмислена борба што се крепи на промашена теза. Тезата беше лансирана во февруари од Будимпешта, ден пред националистичкиот митинг на скопскиот плоштад Пела под мотото „Македонија, македонско, Македонци“. Будимпештанската теза на Груевски беше обландирана како предизборен слоган: „Борбата за уставното име е борба за зачувување на нашиот идентитет!“
Уште во една од мартовските колумни укажав на манипулативниот карактер на оваа теза: Ако „идентитетот е нешто што се градело со векови и илјадници години“ (како што тврдеше Груевски), тогаш каква врска има тој идентитет со уставното име Република Македонија од 1991 година? Неодамнешниот развој на политичките настани ме поттикна да изложам дополнителни противаргументи:
1. Тезата „Борбата за уставното име е борба за зачувување на нашиот идентитет“ им остава простор на нашите оспорувачи да аргументираат дека „нашиот идентитет“ не е постар од актуелното уставно име Република Македонија, затоа што името Република Македонија датира од 1991. Историјата на македонската држава не се исцрпува со историјата на Република Македонија која почнува на 7 јуни 1991. Имено, тогаш Собранието на СРМ донесува одлука за стапување во сила на амандманот на Уставот на СРМ со кој се избриша зборот „Социјалистичка“, и во целиот текст почна да се употребува називот „Република Македонија“. На 11 јуни 1991 година излезе првиот број на „Службен весник на Република Македонија“ (дотогаш „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“). Од историска и правна перспектива, првиот устав на Република Македонија е уставот по усвојувањето на амандманите од 7 јуни 1991, ден што може да се одбележува како ден на името „Република Македонија“.
2. Ако името на државата е суштествено за нашиот идентитет, тогаш испаѓа дека секогаш кога некој го менувал името на државата, го предавал нашиот идентитет. Ако е така, тогаш Методија Андонов Ченто треба повторно да го прогласиме за народен предавник, затоа што на 8 март 1946 го потпишал Законот за името на Народна Република Македонија со кој „досегашното име на нашата федерална единица „Демократска Федерална Македонија“ се менува и гласи „Народна Република Македонија“.“ Бездруго, како предавници на идентитетот и народот треба да се прогласат и оние што потоа го сменија името во „Социјалистичка Република Македонија“ и во „Република Македонија“.
3. Виталната лага дека борбата за зачувување на уставното име е борба за зачувување на националниот идентитет затскрива една тажна вистина. Приемот во ОН во 1993 под „привремената“ референца не беше суспензија, туку практично откажување од уставното име во меѓународната употреба до постигнување заедничка спогодба со Грција. Од нашето уставно име практично се откажаа сите наши политички претставници, независно од партиската и етничката припадност, кои 15 години достоинствено учествуваа во работата на меѓународните организации под некрофилската референца „поранешната југословенска...“. Ако некрофилската дескрипција досега не го загрози нивниот национален идентитет, од каде стравот дека прифаќањето на некоја одредница пред „Република Македонија“ ќе го загрози нашиот национален идентитет?
4. Промашената теза за „националниот идентитет“ не' води во идентитетски ќор-сокак. На пример, кога Црвенковски во Њујорк зборуваше за „фер компромис и за разумно решение што нема да го оспорува нашиот национален и културен идентитет“, истакна и дека нашиот „специфичен модел на функционална мултиетничка демократија... докажува дека е возможна продуктивна коегзистенција на различните нации и култури што делат ист простор.“ Ако ја застапуваме тезата дека во нашата специфична земја коегзистираат повеќе нации и култури, тогаш треба да зборуваме и за повеќе национални и културни идентитети. Барањето изјава за припадност на една етничка заедница, кое е услов за кандидирање за пратеник, оневозможува политичко промовирање и претставување врз основа на еден надетнички национален идентитет. Тиранијата на исклучиви етнички идентитети оневозможува изградба на еден национален и културен идентитет.
5. Промашената теза за „националниот идентитет“ ја продлабочува македонската конфузија помеѓу етнички и национални идентитети, помеѓу народ во смисла на „етнос“ и народ во смисла на „демос“. Претходно веќе укажав дека може да се воспостави логичка врска помеѓу името на државата и националниот идентитет, а не етничкиот. Иако упорно ја поистоветуваме припадноста кон етничката заедница со „националната припадност“, етничкиот и националниот идентитет се два различни поима што не треба да се побркуваат. Кој не верува нека прочита на новата лична карта, каде што терминот „државјанство“ е преведен како „nationality“.
Накусо, борбата за уставното име не е борба за националниот идентитет „Македонец“, затоа што ниту Уставот ниту политичката практика не создаде можност за граѓанска употреба на зборот „Македонец“ без разлика на етничката припадност. Ако сакаме да го браниме нашиот национален идентитет, треба прво да го создадеме, надминувајќи ги бетонираните етнички идентитети. Ако сакаме да градиме демократија, треба да го вратиме македонскиот демос на историската сцена, носителот на суверенитетот на првата македонска држава.
Првата македонска држава беше израз токму на суверената волја и правото на самоопределување на „народот на Македонија“ (не во смисла на „етнос“), а АСНОМ го образуваа народните претставници, без разлика на народност, вероисповед, пол, раса и политичко-партиска припадност.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
11 коментари:
Sade ti se cudam zare i te zalam vakov kakov sto si,se obiduvas nesto da postignes,zapnuvas od petni zili batka,ama dzabe,kako sto vi rece Gruevski tebe i na toj tvojot Brankica.....narodot ke kaze,ni toj Nikola nitu pak najmalku Brankica ke odluci........sto picajzla ke bese gadna,sreka sto mu se toa zavrsni potezi,gad.Ti batka ili si mutav ili se pravis na mutav,pa ne pravis razlika megju dodavkite narodna,socijalisticka,demokratska i dodavkata Severna Ma.......I edno da si zapomnis imeto na drzavata e Makedonija,a dodavkata Republika ne e del od imeto......Talentiran antitalent si batka.
Одлична анализа на еден многу важен проблем. Браво за текстот.
П.
еве и една анализа на Џафери.
Mal odgovor do analizata na Gjaferi - epa steta za nego i za siptarite voopsto sto se dokaza najposle deka tie nemaat ili imaat sosema,sosema nesto zaednicko so "nivnite" Iliri,taka da novokomponovanata drzava sto ja planiraa vo Makedonija nema da im se narekuva ilirida...ha,ha,ha,da si go pobara toj vistinskite siptarski koreni pa posle da analizira a na siptarite ako ne im se svigja vo Makedonija pa i na nego ,toj i taka ne e od Makedonija,kosovar e,patot im e otvoren a toj voopsto ne e merodaven da drka kur makedonski i neka se distancira od Georgija Kastriot,posto batkava ne bil siptar i tocka.
Каде се докажало дека немаат врска Албанците со Илирите?
VO IZVESTAJOT NA SVAJCARSKATA INSTITUCIJA ZA GENETIKA KOJ IZLEZE PRED TRI DENA MISLAM ILI DVA,PA UDARNA VEST BESE NA TV,da gledas poveke televizija gjali....vo koj nie makedoncite sme bile direktni potomci na antickite,ako baba laze trap ne laze ......tuka mu e i odgovorot na onoj kosovarot Gjaferi,ha.
Жаре одамна не сум ти пишал. Некогаш ти се чудам како имаш нерви да се објаснуваш со кретени, па уште аргументираш, бараш докази... Јас не би можел искрено. А сеирџија сум прв. Обожувам да отидам кај коментари и да видам како сега Жаре ќе му одговори на некој лудак кој напишал на пример: Ние сме Антички Македонци и точка, а Жаре пуши кур. А ти брат стварно ќе седнеш и ќе изложиш аргументи, ќе ги поткрепиш со извори и после тоа следи, „глеаш дека си предавник, чим тврдиш дека не сме Антички“. Абе не знам што да кажам, ти се восхитувам.
Во целост ги поддржувам твоите ставови. Браво! Мило ми е што гледам дека во Македонија има луѓе коишто размислуваат така. За жал, поради цензурата кај нас, и во весниците и во телевизиите, па дури и по македонските форуми, се добива погрешен впечаток дека нема луѓе коишто размислуваат како тебе, но, за среќа, ги има. За среќа, на Blogspot никој не може да те цензурира и можеш слободно да го искажеш секој свој став, без разлика дали им се допаѓал на србоманските олигарси во Македонија или не. Прв пат го читам твојот блог и сум воодушевен. Продолжи така, храбро и само напред!
Михајло, ме убеди да му одговорам и на анонимниот „талентиран талент“.
Ако додавката Република не е дел од името, тогаш следува дека Груевски не треба да се бори за уставното име, затоа што уставното име ни е „Република Македонија“.
А за што се бори Груевски е јасно уште од 2005 кога беше опозиционер:
„Груевски верува дека со референдумот граѓаните ќе потврдат дека не прифаѓаат промена на уставното име и дека ваквата порака ќе биде испратена и до Грција и до ОН и до земјите членки на ЕУ.“ (А1, Груевски: „Владата да организира референдум за уставното име“).
Со други зборови, многу јасно е дека ако се организира референдум, тој нема да помине.
Ако би поминал, тогаш Груевски би си ги погазил сопствените зборови.
Според тебе Груевски се бори, но што правиш ти? Кукавички прифаќаш се што ќе ти наметнат, само за некои трошки, за 5 минути слава. Во маката се гледаат предавниците!
Колку мастило се троши на убедување дека МОРАМЕ да го смениме името а ниту еден ред за тоа како би можеле да го ЗАЧУВАМЕ. Што народ ќе бевме...
Објави коментар