Сонцето изгреа.
Нов пеколен ден се спрема.
Тешко беше да се украде малку свежина, дури и рано пред зори.
Робовите на (секој)дневните навики, кои го преспаа најубавиот дел од летниот ден (ноќта), лека полека почнуваат да се будат.
За неколку часа сонцето ќе се претвори во немилосрден и подмолен убиец.
Сепак, најголем дел од луѓето нема да променат ништо во своите (секој)дневни рутини. Некои по обичај ќе отидат на пазар, земјоделците ќе работат на нивите, а оние што отишле на одмор покрај езеро или море, упорно ќе се изложуваат на опасното УВ зрачење.
Не помагаат ни медицинските совети дека изложувањето на сонце е опасно по живот. Победуваат секојдневните навики, обичајот, традицијата, рутината.
Таков е обичајот на обичните луѓе - да ги следат обичаите.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
1 коментари:
послабо поднесувам обичност...
истиот тој ден се празнува Христовото Преображение. понеобично нешто - здравје!
гледање на несоздадената светлина
за празникот
Објави коментар