"Слободата на избор е клучна слобода на човекот од која зависат сите останати слободи и права" - потсетува КНСИС во постот А-либерален либерализам (и покрај наивноста и претенциозноста во пристапот, некои согледби во постот ми беа прилично инспиративни).
Во еден од коментарите потсетив дека „Слободата на избор малку вреди ако немаш слобода на дејствување“. Слично како што човековите права малку вредат на хартија ако не можеш да ги уживаш во секојдневниот живот.
Слободата на избор е во жариштето на тековните политичките дебати за абортусот, слободата на религиозното уверување, слободата да се избере сексуална ориентација...
Колку вреди слободата да избереш да не родиш дете, ако немаш пари да си го платиш абортусот? Колку вреди слободата да избереш да бидеш православен христијанин (но, не припадник на МПЦ), ако во твојата земја таквите се прогонуваат, жигосуваат, малтретираат, и ако не можеш законски да основаш друга православно-христијанска црква? Колку вреди слободата да избереш да имаш сексуални односи со личности од сопствениот пол, кога во твојата земја таквите личности се презрени и дискриминирани, знаејќи дека таквата љубовна врска нема да биде социјално признаена?
Секого го боли по некое ограничување на слободата за избор. Нудистите ги боли тоа што не можат да се соблечат голи на плажа, до некни машките ги болеше тоа што немаат слобода на избор да не одат војска (или да не носат оружје), пушачите ги боли тоа што не можат веќе да пушат насекаде, а „тревкаџиите“ ги боли тоа што мора да дејствуваат илегално за да ја уживаат слободата да изберат со што ќе ја наполнат ризлата.
Мене понекогаш ме боли тоа што во својата земја, Република Македонија, не можам да ја уживам слободата да бидам Македонец (во граѓанска смисла), а притоа да не бидам идентификуван и третиран како Македонец (во етничка смисла).
Преку кур ми е више од тоа другите да ги перципирам како припадници на етнички заедници! Можам ли граѓаните на оваа земја да ги перципирам само како граѓани? Имам ли таква слобода на избор или немам?
Знам дека на хартија имам право на националност (независно од етничкото потекло). Но, дали во практиката можам да го уживам правото на националност, правото да бидам Македонец (во граѓанска смисла), без притоа другите да се чувствуваат загрозени и онеправдани со тоа што некој си зел слобода да избере да не биде припадник на некое етничко трло?
„Ебате предавникот, ебате!“ - зошто претчувствувам дека ќе има и вакви коментари? Ете, и Љубчо го жигосаа како предавник, а човекот само си дејствуваше согласно слободата да си ја избере сопствената националност.
Тие што малку ме познаваат, знаат колку малку ги ценам политичките гледишта на нашиот поранешен премиер. И што, тоа е доволен разлог за да ја оспорувам неговата слобода да си избере националност, и да го жигосувам како предавник?
Очигледно, ни претстои многу макотрпна работа за да се освестат македонските граѓани за слободата на избор и слободата на дејствување.
Дотогаш, некои права ќе останат само на хартија, а некои слободи ќе се плаќаат многу скапо.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
Колку вреди слободата да избереш да бидеш православен христијанин (но, не припадник на МПЦ), ако во твојата земја таквите се прогонуваат, жигосуваат, малтретираат, и ако не можеш законски да основаш друга православно-христијанска црква?
благодарам за човечноста.
Но, дали во практиката можам да го уживам правото на националност, правото да бидам Македонец (во граѓанска смисла)
ако не се лажам, во цивилизираниот свет тоа е едно те исто - nationality означува првенствено државјанство, а и националност. оттаму не е ни чудно што, на пример, и Зидан и Анри се французи. а да не ги спомнуваме САД кадешто кинезите, македонците, црнците, италијаните, германците итн. подеднакво се - американци.
Не знам само како можат да се убедат граѓаните на РМ дека националноста нема врска со етничкото потекло/припадност, туку со државјанството.
Како ќе ги убедиш „етничките Албанци“, наши сограѓани, дека се исто толку Македонци по националност колку и „етничките Македонци“.
Уште потешко, како ќе ги убедиш во тоа „етничките Македонци“ - и дека више не треба да ги „боле гајле“ за Љубе Бошковски и Љубчо Георгиевски, затоа што тие одбрале да не се наши сограѓани - одбрале да плаќаат данок на други држави, пошто „ги боле гајле“ за Република Македонија.
Дури и да го пуштат „брат Љубе“ (која иронија) од Хаг, ќе го пуштат у Хрватска, затоа што тој одбра да биде Хрват, а не Македонец по националност.
еден мој пријетел вели „дај ми ги медиумите на располагање една недела и ќе ги убедам македонците дека се кинези“
доколку олабават медиумите со пропагандата којашто единствено има за цел да го сврти вниманието на јавноста од вистинските проблеми и да и’ обезбеди на актуелната власт „овци за стрижење“, и кога за сè, па и за националноста, историјата и слични „горливи теми“ ќе се зборува отворено и низ вистински дебати - верувам дека нема да треба долго за да се вклопат луѓето во нормалните цивилизацијски токови.
Слободата на дејствување веројатно би спаѓала во една наредна генерација на права (некои од примерите влегуваат во третата генерација на права, економско-социјалните) за чие остварување треба солидна основа на претходната генерација (што ќе рече слободата на избор). Или како што во една прилика беше речено, некои не го гледаат ни платното! :) Што пак не значи дека не треба да се потрудат и да ја видат и сликата!
A имаме ли ПРАВО НА БЕЗБЕДНОСТ?
Објави коментар