Возењето точак е опасно по живот во Скопје и околината.
Затоа, отворено ги поддржувам жителите на Трубарево и околните села во нивното легитимно демократско барање за проширување на патот и изградба на велосипедска патека:
„На патот во последните осум месеци починале осум луѓе. Три сообраќајни несреќи се случиле на местото каде беа поставени блокадите.“ (А1)
Пофалби за А1 за покривањето на темата, и покуди за МРТ на чиј сајт „радиодифузната такса“ е сеуште вест на денот.
Кога ќе формираме „бициклистичка герила“ која ќе им ги дупи гумите на автомобилите кои паркираат на велосипедски патеки?
Можеби тогаш нашите полицајци ќе се сетат што им е работа.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
Нема да биде.
Полицајци кои пишуваат казни за непрописно паркирање, ги прескокнуваат скапите коли со затемнети стакла.
Тоа се луѓе кои толерираат мулиња (четворотркални мотоцикли) на плоштади и крескаво-децибелски неограничено-брзински мотори спортажи по градските улици.
Без гајле за ред, мир, безбедност, пријатност.
Без никаква опасност по нивното службување.
"To serve and to protect"
Да, но кому и кого?
За да се смени менталитетот на нашите полицајци (но, и нашите наставници, професори, и др. буџетски корисници) - за да сфатат дека тие земаат плата за да ги опслужуваат граѓаните (учениците, студентите...), а не нивните претпоставени - потребна ќе е долготрајна „бихевиорална терапија“, односно, мавање по џебот и други посериозни дисциплински мерки - од најодозгора.
Ќе почнеме да се оправуваме дури кога полицијата ќе почне неселективно да казнува за поминување на црвено (и возила и пешаци), за фрлање пикавци по улица, за паркирање по тротоари, за праење муабет со мобилен за време на возење, и за останати „ситници“.
Ќе почнеме да се оправуваме дури кога тие што треба да казнуваат ќе почнат да си ја вршат работата, и кога ќе бидат и самите казнувани ако не си ја вршат работата, или ако си ја вршат непрописно.
На ваквите разузданости им е потребно наметнување дисциплина и санкционирање како во Сингапур (барем среднорочно), ама санкционерите би биле со растегливи скрупули во однос на оние кои треба да ги казнат.
Така, без асален морал НИШТО не се постига.
Објави коментар