Секогаш кога ќе има можност треба да го збогатуваме нашиот политичко/политолошки вокабулар со нови изрази. Мојот скромен придонес за денес ќе биде воведувањето на дистинкцијата помеѓу изразите „политичко бачило“ и „политичко трло“.
„Политичко бачило“ – скандалозна проневера на буџетски пари која предизвикува тектонски медиумски потреси за одредена политичка гарнитура. На пример, проценката дека дадено „политичко бачило“ предизвикало-медиумско политички земјотрес од околу 3 степени според Иснифариевата скала, значи дека околу 2 милиона ЕВРА буџетски пари „ги изел волкот“. Со мала припомош на корумпираните „шар-планинци“, разбира се.
„Политичко трло“ – институција/организација/јавно претпријатие кое служи за удомување и „презимување“ на заслужните политички „-овци“, откако нивната партија ќе дојде на власт. Најпопуларни „политички трла“ беа ЕСМ, Поштата, Македонски телекомуникации, пред да се приватизираат. На времето, МТВ и НИП-от беа долгогодишни политички трла, пред да се пренаселат и раскрчмат. Општините и јавните претпријатија станаа популарни „политички трла“ со процесот на децентрализација. Наесен, популарни политички трла стануваат и основните и средните училишта. (Можда треба да размислиме и за приватизирање на општините и училиштата.)
И „политичките бачила“, и „политичките“ трла, им служат само на политичките „Овчари“ (секоја сличност со Shepard е случајна) за да ги „нафатираат“ своите послушни партиски „-овци“, со маста што секојдневно им ја вадат на послушните работни луѓе и граѓани на Република Македонија кои, нели, се среќни и задоволни што „Секој петок урда јадат!“
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
:))))))
Добра идеа. Изработување на специјален речник за политички изрази. Фразеологија и идеологија. И ко илустрација на секој термин - по една слика од одреден политичар кој имал учество во креирањето на терминот.
Ко сликовница ќе биде, еј!
Е да - транзиционен речник не е лоша идеја.
Само уште да можеше да се најде илустрација за лустрација :)
Објави коментар