„...оние што ги зборуваат словенските јазици се Словени“ – тврди Јоуко Линдстат, славист од Финска, во интервју за „Форум“.
Какви ли сме ние антички Македонци, кога не зборуваме античко македонски јазик? Не ли е крајно време нашата влада да излезе во пресрет на народните барања и да оранизира бесплатни курсеви по античко-македонски јазик?
Но, за жива срамота, нашите антички предци, некаде во 4 век п.н.е се откажале од својот мајчин јазик (14 века пред кирилицата) и го усвоиле атичкиот дијалект кој станал „коине“. Парадоксално, ама нашите потомци на Александар (грчки: заштитник на луѓе) и Филип (грчки: љубител на коњи) треба веднаш да се запишат на курсеви по старогрчки јазик.
Ако е вистинит слоганот „народ без јазик и писмо – нема“ (кампања „моја кирилица“), тогаш античките Македонци престанале да постојат во моментот кога се откажале од својот мајчин јазик.
Нели, само додека зборувале македонски, постоеле како Македонци!
Словенска (анти)теза
9/29/2008Со веронаука против сексот
9/28/2008"(колумна во „Форум“, објавена пред два дена, како коментар на цитатите од постот „Православието и сексот’)
Денеска е 26-ти септември, ден кој грешниците го слават како „Светски ден на контрацепцијата“. Лани го одбележуваа под хедонистичкото мото "Живеј го својот живот пред да за(по)чнеш друг", а оваа година со атеистичкиот слоган "Твој живот, твое тело, твој избор".
Годинава, заблудените „сексперти“ излегоа со еретички барања, покрај веронаука да се воведело и сексуално образование. Според нив, главна причина зошто треба да се воведе сексуално образование била насушната потреба од предмет што ќе ги научел децата како да се заштитат од несакана бременост и од сексуално преносливи болести. Ваквите еретички мисли треба да се сосечат во корен. Па, чеда божји, кој може подобро да ги заштити децата од несакана бременост и од сексуално преносливи болести - благословената православна веронаука или еретичкото сексуално образование? Можат да се наведат барем 10 причини ЗА православната веронаука, а против сексуалното образование:
1. Децата не треба да се едуцираат за сексот затоа што „Сексот ја уништува човечката личност, тој ја ослабнува човековата волја, го прави роб на страстите... Сексот го разорува човечкиот морал.... Во сексот нема ништо благородно и радосно, туку напротив има толку многу понижувачко и вулгарно! “ (повеќе во „Премин“).
2. Затоа што „Последица на сексот не е раѓање, туку убивање на деца... Сексот ја уништува почитта на луѓето едни кон други и кон самите себе.“ (Така вели Архимандрит Рафаил (Карелин) во текстот „Не прељубодејствувај!“) Најпосле, Господ на Адам и Ева не им кажал „Имајте секс“, туку „Плодете се и множете се“.
3. Затоа што децата не треба да се воспитуваат на блудочинство, туку на пост, молитва, покајание и пред сé на воздржаност: „крајниот резултат од блудочинството е т.н. несакана бременост, чија крвава завршница претставува абортусот односно чедоморството“. Децата треба да научат дека за оние што извршиле чин на абортус или помогнале во истиот, каноните на Црквата предвидуваат духовна казна од покајание и отстранување од светата причест во времетраење од 10 години.
4. Затоа што упатствата за употреба на контрацептивните средства и за таканареченото “планирање на семејството” ги наведуваат децата на гревот ракоблуд. Децата треба да научат дека оние кои се занимаваат со вештачко возбудување на своето тело нема да го наследат царството божјо.
5. Затоа што сексот е исто толку погубен колку и идејата за некакво си „сексуално здравје“. Децата треба да ги научиме дека „гревот на блудот е многустран и разновиден“ и дека „блудот е најтежок грев по убиството“. Сексуалното образование проповеда блуд. Борбата против сексуалното образование е борба против блудот. Ние ќе ги научиме децата дека „Желбата во срцето против која човекот не се бори, веќе претставува блуд.“ Оти, „во Новиот Завет Господ бара целомудреност не само во постапките, туку и во мислите: оној кој гледа со желба веќе прави прељуба (Мат. 5, 28)“.
6. Токму затоа, ќе ги научиме децата да се воздржат од гледање на телевизија: „Телевизорот е непријател кој се прикрал во куќата и кој треба да го исфрлиме со шутирање. (...) оние коишто гледаат соблазнителни телевизиски емисии секојдневно ја нарушуваат заповедта не прави прељуба.“ (Затоа, наместо да гледате ТВ, читајте „Премин“).
7. Затоа што сексот и развратот се демонизирачка сила, ѓаволска работа: „Сексот и развратот се атрибути на црната магија, со гревот на развратот се завршуваат празниците на сатанистичките секти.“ Како што предупредува Архимандрит Рафаил (Карелин): „Демоните се собираат на смрдеата на блудот, како гаврани кои слетуваат на трупот.“
8. Затоа што сексот е зависност, исто како алкохолизмот и наркоманијата. Децата треба да знаат дека за време на сексот доаѓа до исклучување на свеста, исто како за време на употреба на дрога и алкохол. Треба да научат дека „се појавува зависност од отровот на овој грев и доаѓа до постепена деградација на личноста на духовно и душевно, па дури и на телесно ниво“.
9. Затоа што сексуалното образование од име на сексуалната различност и еднаквост проповеда содомија. Децата треба да научат дека Господ забранува хомосексуалност: „Не легнувај со маж како што се легнува со жена, тоа е гнасно и одвратно“. Казната за содомија е истребување: „Ако некој ги прави сите тие гадости; душите на тие кои го прават тоа ќе бидат истребени од својот народ.“
10. Најпосле, затоа што библијата ја забранува контрацепцијата. Децата треба да научат дека божјата заповед „Плодете се и множете се“ исклучува употреба на било каква контрацепција, вклучително и coitus interruptus. Децата треба да научат дека Господ го погубил Онан затоа што семето „го истуруваше на земја, секогаш кога ќе и пристапеше на братовата вдовица за да не му даде потомство на брата си.“
Нашето мото е: „Живеј го својот живот за да зачнеш друг“. Ниту животот е твој, ниту телото е твое. Постои само еден избор: православна веронаука!
во 14:58 3 коментари
Играчка-плачка!
9/27/2008Спорот помеѓу Груевски и Црвенковски е поголем отколку спорот со Грција.
Парадоксалноста на нашата ситуација мошне луцидно ја отсликува Горан Михајловски во денешната колумна:
„...најдобар начин да се реши спорот со Грција е Атина да се повлече од преговорите. Да ги пушти Црвенковски и Груевски да преговараат меѓу себе. Оти едниот си се консултира со преговарачот Никола Димитров, а другиот со министерот Милошоски. А Нимиц го примаат во одвоени средби. И "првата страна" не знае што договорила "втората страна".
Ако тоа не е намерна тактика за збунување на непријателот, тогаш вистинскиот проблем за Македонија во спорот не е Грција , туку Црвенковски и Груевски.“
Предноста на Горан Михајловски е што има мали деца, па мошне добро му се познати „стратегиите“ на нашите лидери:
„Кога министерот Милошоски се јави по телевизиите да се жали дека Бранко не го викнал на средбата со Нимиц, ми изгледаше како мало дете што се жали: "Мамо, мамо, овој не ми дава да си играм".“
Да не биде само на крајот: за нив играчка, за нас плачка!
во 13:44 2 коментари
Македонија во ОН
9/26/2008Поводот за овој пост е дел од колумната на Никола Младенов: „Денес, во светскиот катастар, се водиме под БЈРМ. Покрај името на државата, во книгата на ООН, се бележи и државјанството и јазикот. За жал, и во тие графи стои БЈРМ“.
Не знам за која книга зборува Младенов, ама на веб страната на ОН, ситуацијата е ваква:
1) На листата на членки на ОН сме под буквата Т, како The former Yugoslav Republic of Macedonia (8 April 1993). Не сме FYROM! Само не ми е јасно зошто Т со голема буква, а не со мала. Големата буква сугерира име, а малата не. На пример, на листата на делегации на 61-та сесија на Генералното собрание, стои: „Mr. Branko Crvenkovski, President of the former Yugoslav Republic of Macedonia“.
2) На страната „постојани мисии“ во ОН во Њујорк, се наоѓаме под буквата М, како Macedonia, The Former Yugoslav Republic of.... Кога ќе кликнете на страната пишува: „Permanent Mission of the Republic of Macedonia to the United Nations”. На страната на постојани мисии во Женева се наоѓаме под Т, како Permanent Mission of the former Yugoslav Republic of Macedonia to the United Nations Office at Geneva.
3) Пребарувањето на официјалниот пребарувач даде 626 дoкументи во кои се среќава FYROM и 22.900 документи во кои се среќава Macedonia. Има и англиски документи во ОН каде што се користи уставното име. Документот на интернет адресата на картографската мапа е Macedonia.pdf, а на мапата пишува со мали букви „the Former Yugoslav Republic“ а со големи MACEDONIA. Понекогаш се користи само Macedonia. На пример, под фотографијата кога сме потпишале еден договор, стои „Ambassador Extraordinary and Plenipotentiary, Permanent Representative of Macedonia“.
4) Можат да се пронајдат стотици документи на ОН каде што се употребува фразата “Macedonian Language”. Универзалната декларација за човековите права е преведена на Macedonian. Од 122 погодоци за “language” и “FYROM” само во еден документ за УНПРЕДЕП стои „Albanian as FYROM's second official language“.
5) Не успеав да пронајдам документ во ОН каде имa спомнато nationality FYROM. Сепак, во една одлука на Хашкиот трибунал за Љубе Бошкоски стои: “who holds citizenship in both the FYROM and Croatia”.
Кога Груевски го посети ICTY беше објавено соопштение за печат дека „The Prime Minister of the Former Yugoslav Republic of Macedonia, Nikola Gruevski, visited the Tribunal.“
Ако е навистина борец за името, зошто тогаш Груевски не побара да престане да се употребува акронимот FYROM во официјалните документи на трибуналот? Зошто не му испрати писмо на Бан Ки Мун со барање во ОН да не се употребува акронимот FYROM?
во 14:55 0 коментари
Амнестија или не?
„Во однос на четирите хашки случаи, според портпаролката Ермира Мехмети, ставот на ДУИ е јасен, тие се покриени со Законот за амнестија.“ (ДУИ: Хашките случаи се покриени со амнестијата - АЛСАТ)
"Eдно од барањата што ДПА ги побара од ВМРО-ДПМНЕ за заедничка владина коалиција беше да не се процесуираат хашките случаи. Ако се случи, тоа би значело кршење на Законот за амнестија", вели потпретседателот на ДПА. (ДПА бара толкување на амнестијата - ФОРУМ)
А еве што ни препорача Комитетот за човекови права на ОН:
„The State party should ensure that the Law on Amnesty is not applied to the most serious human rights violations or violations that amount to crimes against humanity or war crimes. It should also ensure that human rights violations are thoroughly investigated, those responsible brought to justice and that adequate
reparation is made to the victims and their families.“
Едно е јасно: не може да има амнестија за злосторства против човештвото или воени злосторства.
Останува уште да се разјасни: дали четирите случаи спаѓаат во категориите злосторства против човештвото или воени злосторства.
Ако не, има амнестија.
Ако да, нема амнестија.
во 05:07 0 коментари
„Остваруваме“
Се сеќавате на графитот „Бурек да, ајвар не!“?
„...деновиве настрадаа домаќинки кои правеле ајвар во комплексот згради „Ламели“ во Кичево. Пријави заработиле четири семејства, кои правеле зимница на простор меѓу зградите...“ (Утрински весник)
Колку повеќе јадење бурек, толку помалку јадење ајвар!
во 03:16 4 коментари
Македонија - повеќекратна личност?
9/24/2008Веќе 15 години нашата држава се одѕива на две имиња - уставното и „привременото“. При конституирањето во 1944 се изведуваа две химни. Две химни се интонираа и на конституирањето на првото повеќепартиско Собрание во 1991. Славиме два национални празника и три Илиндени. На јавните манифестации се веат различни национални знамиња. Веќе укажав дека јавното прославување со повеќе „национални“ македонски знамиња може да се толкува како симптом за идентитетска криза на нацијата, како симптом за „нарушување на повеќекратна личност“.
Деновиве, продолжуваме да манифестираме уште поизразени симптоми на „повеќекратна личност“, како во внатрешната, така и во надворешната политика. Премиерот и претседателот на Република Македонија почнаа да се однесуваат како политички идентитети на засебни државни ентитети. Обајцата ја претставуваат Република Македонија, но како различни субјекти. Како да имаат сосем независна и самостојна перцепција, претстава и размисла во однос на политичкото минато, сегашноста и иднината на државата.
Си спомнувам, кога „психијатрите“ од ЕУ ни дијагностицираа недостаток на консензус и политички дијалог, некои реагираа токму како пациентот со „повеќекратна личност“: „Докторите велат дека имам повеќекратна личност, но ние не се согласуваме со тоа“. Паметам, кога го критикуваше извештајот на ЕУ за прогресот во 2006, Боцевски тврдеше дека кај нас има политички дијалог и дека Македонија треба да побара дообјаснување од ЕУ што подразбираат под „политички дијалог“. Во една пригода, Груевски ја прогласи за погрешна тезата дека нема политички дијалог, укажувајќи дека политички дијалог има во парламентот. И како вицепремиер, Боцевски продолжи да ги минимизира забелешките на евроамбасадорот Ерван Фуере во однос на недостигот од политички дијалог, лоцирајќи го недостигот исклучително во Собранието.
Затоа, една од првите демократски лекции што ни ги одржа Фуере на почетокот на учебната година е дека политичкиот дијалог не подразбира само воздржување од бојкот на институциите на системот. По којзнае кој пат тој укажа дека политичкиот дијалог е неопходен за обезбедување натпартиски консензус за сите прашања поврзани со процесот на евроинтеграции. Според Фуере, не станува збор само за дијалог помеѓу партиите туку и со другите сектори во општеството, особено со граѓанското општество, кое честопати воопшто и не беше консултирано при „штанцањето“ на законите.
По наглувистичките реакции на нашите политичари, и европарламентарците почнаа да не' потсетуваат дека во ЕК сите одлуки се носат со консензус до кој се доаѓа преку политички дијалог и усогласување. И од Брисел се гледа дека тука нема политичка клима на меѓусебна доверба и соработка, неопходна за дијалог и градење консензус. Наместо затоплување на односите, нашите политички лидери влегоа во „лоша бесконечност“ од меѓусебни обвинувања и престрелки, со поттекст - кој е вистински Македонец, а кој предавник на националните интереси.
Дури и по загрижувачките предупредувања на Рен дека недоволно цврстиот политички дијалог продолжува да продуцира политичка нестабилност, премиерот и претседателот не вложија дополнителни напори за усогласување на државните ставови. Останавме без изграден консензус и за едно од клучните прашања во нашата надворешна политика - спорот со Грција. Така, наместо да манифестираат единствен политички субјект кој ќе го застапува постигнатиот национален консензус во преговорите, нашите главни политички претставници создаваат имиџ за Република Македонија како земја претставувана од „Доктор Џекил и Мистер Хајд“.
Нарушувањето на повеќекратна личност е идентитетско нарушување, и третманот обично се состои во „реконектирање“ на идентитетите на засебните алтер ега во единствен функционален идентитет. Во моментов, како да има две дисконектирани републики - СДСМ-овска Македонија и ВМРО-вска Македонија, кои можат да се добијат на два различни броја. Напати, Македонија се однесува како познатиот пациент со две дисконектирани хемисфери кој истовремено, со левата рака ја гушкал саканата, а со десната ја туркал со намера да ја отфрли.
Нереални се нашите очекувања дека ќе го подигнеме нивото на политички дијалог со ЕУ и Грција, без претходно да го подигнеме нивото на политички дијалог во Македонија. Такво нешто не е можно ако со едната рака го гушкаме политичкиот дијалог, а со другата го отфрламе. Препораката на Фуере дека „не може да има никакво оправдание за отфрлање на дијалогот“ треба симултано да се почитува од обете политички „хемисфери“. Колку за споредба, независно од жестината на претседателската кампања во САД, и Обама и Мекејн апелираа на подигнување на нивото на политички дијалог. Мекејн дури и потенцираше: „...ќе ги третирам моите противници со респект и ќе барам и тие да ме третираат со респект“.
Меѓусебното почитување е предуслов како за политички дијалог, така и за „фузирање“ на идентитетите на засебните алтер ега во единствен функционален идентитет. По фазата на негација на симптомите, и по долги и макотрпните сеанси на тема „политички дијалог“, преминавме на декларативно афирмирање на политичкиот дијалог. Сега, на прашањето „Дали се чувствуваш излекуван?“, пациентот Македонија експресно одговара „Апсолутно. Ние никогаш не сме се чувствувале подобро.“
Вистинското закрепнување од политичките трауми од идентитетското нарушување ќе настапи дури кога ќе се надмине расколот помеѓу СДСМ-овската и ВМРО-вската Македонија и лажната дилема „или ве-ме-ро или ес-де-ес“! Нема да бидеме повеќекратна личност кога ќе престанеме да се одѕиваме на две имиња и ќе постигнеме натпартиски консензус за веење едно национално знаме, прославување еден национален празник и повеќегласно пеење на една национална химна.
во 20:13 4 коментари
Православието и сексот
9/22/2008Еве неколку цитати од еден преведен текст објавен во „Премин“, каде што се објаснува демонската природа на сексот:
„Значи, мораме да кажеме директно и отворено: сексот во сите свои манифестации го лишува човекот од вечниот живот и од Бога.“
„Сексот ја уништува човечката личност, тој ја ослабнува човековата волја, го прави роб на страстите, сличен на кораб на отворено море за време на бура, кој ја загубил контролата и сецело се нашол во власта на брановите. Сексот го разорува човечкиот морал.“
„ Последица на сексот не е раѓање, туку убивање на деца. Поради тоа сексот по својата природа е неприроден и суров. Сексот ја уништува почитта на луѓето едни кон други и кон самите себе. Сексот и развратот го унижуваат човековиот живот до задоволување на мрачните инстинкти кои живеат некаде на дното на потсвеста, притоа вештачки деформирани.“
„Сексот чии пропагатори и заштитници во значителна мерка се книжевноста и уметноста создадени во последните два века, човековиот живот го прават всушност бесмислен, сив и досаден. (...) во сексот кој се култивира, кој се прикажува речиси на сите телевизиски канали и кој се впил како нечистотија во човечкиот живот, нема ништо благородно и радосно, туку напротив има толку многу понижувачко и вулгарно! Тука доаѓа до исклучување на свеста, исто како за време на употреба на дрога и алкохол, а потоа човекот доживува период на внатрешна опустошеност и одвратност кон себеси. И тука, исто како кај алкохоличарите, се појавува зависност од отровот на овој грев и доаѓа до постепена деградација на личноста на духовно и душевно, па дури и на телесно ниво.“
„Телевизорот е непријател кој се прикрал во куќата и кој треба да го исфрлиме со шутирање. (...) оние коишто гледаат соблазнителни телевизиски емисии секојдневно ја нарушуваат заповедта не прави прељуба.“
„Развратот и сексот се посветување на семето на ѓаволот и тоа не е проста слика или символика. Сексот и развратот се атрибути на црната магија, со гревот на развратот се завршуваат празниците на сатанистичките секти. Демоните се собираат на смрдеата на блудот, како гаврани кои слетуваат на трупот. Затоа сексот и развратот се сила која го демонизира светот, тоа е онаа страшна опасност на која сме заборавиле или пред која намерно се затвораат очите за да не се види нејзиниот вистински, одвратен образ.“
Од текстот: НЕ ПРЕЉУБОДЕЈСТВУВАЈ!, Толкување на Седмата Божја заповед: Архимандрит Рафаил (Карелин)
во 14:23 8 коментари
Оче наш...
9/18/2008Македонија – 2008.
Се разболел наставникот по изборниот предмет „Нашата татковина“.
Немало кој друг да го замени, па го заменила наставничката по веронаука.
Часот започнал со молитвата:
„Македонијо наша,
која си во Библијата,
да свети сонцето Твое,
да дојде пак Кралството Твое,
да се признае името Твое,
како на небото, така на земјата.
Македонските производи (со сметки патриотски) дај ни ги денес,
и не простувај им на непријателите наши,
како што не им проштаваме на нашите кодоши,
и не воведувај не во искушение да пиеме пиво после 19.00,
но избави не од лукавиот Грк,
Зашто Твое е Кралството Античко
и Александар и Славата куќна
во вечни векови.
Амин
Другиот ден се разболел наставникот по информатика.
Немало кој друг да го замени, па го заменила наставничката по веронаука.
Пред да ги вклучат компјутерите, децата требало да ја кажат молитвата:
„Ubuntu наш, кој си на хард дискот,
Да свети логото твое,
Да се множат апликациите твои,
Да биде волјата твоја,
Како on-line, така и off-line,
Систему наш бесплатен подигни се денес,
И прости ни ги рестартирањата наши,
Како што му простувавме на Windows за паѓањата негови,
И не воведувај не во искушение,
Но избави не од лукавиот Microsoft,
Зашто Твоја е мрежата
И софтверот отворен за вечни векови,
Амин
Ем жртви, ем уапсени! Ем уапсени, ем слободни!
9/17/2008На 15 септември, денот на демократијата, МВР соопшти дека во акцијата „Питачење“ биле „спроведени“ „41 малолетни лица, затекнати за време на питачење“. Една куса изјава по повод акцијата „Питачење“, објавена во „Шпиц“ - Полициско решение за социјални проблеми?:
„Како проблематичен момент во целата ситуација е лишувањето од слобода на возрасните и децата кои питачат што е сосема непотребно кога се работи за прекршок, коментира магистерот по човекови права, Жарко Трајановски.
- Апсолутно не ми е јасно зошто лицата се лишени од слобода ако се работи за обичен прекршок. МВР нема одговор зошто е тоа така - вели Трајановски.
МВР, пак, вели дека приведувањето во полициска станица не е лишување од слобода, зашто лицата не се носат со лисици и не се ставаат во притвор, туку се задржуваат во станица не подолго од 12 часа.
- Оваа акција не е цел сама за себе, туку има за цел да им се овозможи на децата подобар живот и контрола - изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.“
Еве мој коментар за одговорот на МВР.
МВР упорно тврди - „приведувањето во полициска станица не е лишување од слобода“. Ем те апсат, ем ти викаат дека си слободен! А зошто не било лишување од слобода? – „...зашто лицата не се носат со лисици и не се ставаат во притвор, туку се задржуваат во станица не подолго од 12 часа.“ Ете зошто полицијата секогаш ставала лисици кога лишува од слобода. Според нив, ако не си носен со лисици, не си ни лишен од слобода. Според нив, ако не си „ставен во притвор“, не си лишен од слобода. Ако си „задржан“ во станица не подолго од 12 часа, не си лишен од слобода (?!?)
Но, да видиме што напишала Моника Маковеј, актуелниот советник на владата, што е лишување од слобода (го давам на англиски, затоа што официјалниот македонски превод е очаен):
„Deprivation of liberty will most obviously have occurred where a person is being forcibly kept in a police or prison cell but there are many other forms of confinement which can lead to Article 5 becoming applicable. Certainly this will be the case where, for example, a law enforcement officer – whether or not force is actually used – makes it clear that a person either cannot leave a particular place or is obliged to come with the officer to some other place. Thus it would cover a person being stopped in the street or being required to stay in a police station after having originally come there of his or her own free will. It is the existence of compulsion that is important (...) Moreover it is probably irrelevant that the person deprived of liberty is unaware of this fact; it is sufficient that he or she is no longer free to leave.“
Очигледно е дека 41 дете биле принудно, а не по своја волја однесени во полициска станица.
Од цитатот на Маковеј е очигледно дека кога некое лице е обврзано да дојде со службеното лице на некое друго место, станува збор за лишување од слобода „без оглед дали е или не е употребена сила“ (значи, без оглед дали се или не се употребени лисици како „средства на присилба“).
Според експертката Маковеј, доволно е лицето „веќе да не може слободно да замине“, за да стане збор за лишување од слобода! Никаде не вели, „да не може слободно да замине по 12 часа поминати во полиција“.
Пред да продолжи да лишува од слобода деца, заради „социопатолошка појава“, и пред да негира дека приведувањето е лишување од слобода, поарно е МВР да ја консултира Моника Маковеј што значи „лишување од слобода“.
Гледам, МВР поднесува кривични пријави за Запуштање и малтретирање на малолетно лице: „Со казната од став 1 [затвор од три месеци до три години] ќе се казни родител, посвоител, старател или друго лице кое присилува малолетно лице на работа што не одговара на неговата возраст и физичка сила или од користољубие го наведува на питање или на вршење други дејствија што се штетни за неговиот развиток.“
Ако децата се жртви на кривично дело „Запуштање и малтретирање на малолетно лице“, тогаш насловот на акцијата „Питачење“ е тотално промашен.
Кога децата се жртви не треба да се апсат, туку да се згрижуваат!
во 16:45 0 коментари
ЕУ - комплетен водич за политичари
„Досетливите луѓе читаат водичи за идиоти“ - тврди издавачката групација „Пингвин“, рекламирајќи ја својата популарна едиција „Водичи за идиоти“. Откако претставникот на ЕУ потврди дека „македонските граѓани не се глупави, тие се интелигентни“, некоја наша издавачка куќа час поскоро треба да објави „ЕУ - комплетен водич за идиоти“. Најверојатно, интелигентниот „Водич за идиоти“ нема да падне во рацете на нашите политичари, поради нивниот хроничен недостиг на проникливост и смисла за хумор. Затоа, решив да поработам на книга со наслов „ЕУ - комплетен водич за македонски политичари“! Којзнае, можеби нашите политичари ќе почнат да ги разбираат пораките од ЕУ ако им бидат упатени на јазик за нив поразбирлив. Така, наместо користење на неразбирливи термини како „аки“, „бенчмарк“, „супсидијарност“, одлучив да пишувам за „Десетте ЕУ-заповеди“. Оти, повеќето наши претставници во „храмот на демократијата“ претпочитаат поучување за „живот вечен“, наместо за вредностите на кои се темели ЕУ.
1. „Јас сум ЕУ, твојот врховен приоритет, да немаш никакви други политички приоритети освен мене“. Поглавје што се занимава со физичката, политичката и културната географија на ЕУ. Несомнено, нашите политичари се географски дезориентирани. Никако да сфатат дека граничиме со ЕУ на југ (Грција) и исток (Бугарија). Никако да сфатат дека на ЕУ-композицијата можеме географски да и' се приклучиме само преку грчкиот и бугарскиот вагон. Треба да им биде објаснето дека „Европа“ не е само шестата месечина на Јупитер, туку и божица од грчката митологија, според која е именувана ЕУ. Треба да им биде објаснето дека името „Европа“ метафорички се поврзува со зборовите „интелигентен“ или
„широкоумен“, а не со зборовите „тврдоглав“ и „малоумен“.
2. „Не почитувај ги лажните идоли, туку Копенхашките критериуми“. Да им влезе в глава на политичарите дека главна задача им е да градат демократски институции, а не цркви, музеи или споменици на Александар Велики, Скендербег, Крали Марко, Итар Пејо или Тарзан... Поклонувањето пред лажните идоли нема да не' приближи кон ЕУ, туку градењето систем во кој ќе владее правото, ќе се заштитуваат човековите права и во кој ќе функционира конкурентна пазарна економија без „патриотски“ фискални сметки.
3. „Не користи го напразно спорот за името со Грција“. Да научат политичарите дека ЕУ настанала како резултат на надминување на конфликтите и споровите меѓу најблиските соседи, и тоа по пат на преговори и меѓусебна соработка. Поентата на првичната заедница за јаглен и челик, според Роберт Шуман, била да се превенира идна војна помеѓу Франција и Германија. Оттаму, самото постоење на долгогодишен меѓународен спор помеѓу една земја кандидат за ЕУ и една земја членка на ЕУ е спротивно на духот и принципите врз кои е изградена Унијата.
4. „Работи на ЕУ-агендата шест дена во неделата, а седмиот ден не давај никакви националистички изјави“. Бездруго, следењето на ЕУ-агендата подразбира воздржување од какви и да е националистички или ксенофобични изјави. Идејата за унификација на Европа потекнува токму од насушната потреба за избегнување на екстремните форми на национализам, кои го разурнаа континентот во двете светски војни.
5. „Не убивај за време на избори, не кради гласови и не лажирај!“ Да се потсетат „свештениците“ од нашиот „храм на демократијата“ дека слободните и фер избори се нешто свето за ЕУ, многу посвето од рејтингот на политичарите. Идејата на „слободни и фер“ избори е неспоива со политички закани со насилство и политичка употреба на какво и да е насилство. На изборите се бројат гласовите на граѓаните, а не загинати и повредени граѓани, полнети и искршени гласачки кутии и број на испукани куршуми.
6. „Негувај ги политичкиот дијалог и консензус. Не врши бојкот на парламентот и политичка прељуба!“ Прво, политичарите треба да научат дека зборовите „политички“ и „дијалог“ се од грчко потекло и дека подразбираат заеднички разговор за општото добро. Второ, дека отфрлањето на дијалогот или бојкотирањето на парламентот и другите институции се симптоми на политичка незрелост. Трето, дека негувањето на духот на консензус и оставањето на тесно-партиските интереси настрана е предуслов за политички напредок кон ЕУ. Најпосле, и клучните одлуки на ЕУ, како што е одлуката за прием на нови членки, се донесуваат по пат на консензус.
7. „Не кради и не гази ги човековите права во борбата против крадците!“ Борбата против организираниот криминал и корупцијата не смее да биде оправдување за прекршување или ограничување на човековите права, кои се дел од копенхашките критериуми.
8. „Не сведочи лажно, особено не за напредокот кон ЕУ!“ Накусо, на лагата и' се кратки нозете, особено ако е кусо чергичето. Кога ЕУ тврди дека критериумите и стандардите не се исполнети, политичките тврдења дека сме изеле три-четвртини од питата бурек се обично јадење бурек.
9. „Не лакоми по историјата и не посакувај ја територијата на својот ближен!“ Кусата историја на ЕУ почнува од 1945 година наваму, со цел честите и крвави територијални војни помеѓу соседите да останат како дел од предисторијата. Ако сакаме да станеме дел од кусата историја на ЕУ, треба да ја оставиме зад нас долгата крвава предисторија.
10. „Љуби го ближниот сосед свој!“ ЕУ е резултат на макотрпна изградба на добрососедски односи, а не на политика на (екви)дистанцирање од соседите. Европската перспектива не се храни со поттикнување омраза, ниту со непријателска пропаганда кон кој и да е сосед. Накусо, ЕУ е симбол за надминување на меѓународната омраза и ривалство во Европа како основа за траен мир. Европската перспектива подразбира надминување на споровите со соседите врз основа на принципите и вредностите на ЕУ.
во 01:17 6 коментари
Каде сте „Македончиња“?
9/16/2008Додека армијата од „карирани“ шкотски килтови ги исцрпуваше алкохолните залихи на нашиот главен град, армијата од македонски обожавателки почна да си го поставува глобалното прашање во врска со „Хајлендерите“: што се крие под карираните „сукњи“? Пред да се обидеме да дадеме каков и да е одговор, не е лошо да предупредиме: Љубопитноста ја убива мачката, независно од тоа колку животи и преостанале!
Доколку прашањето се постави за шкотските војници, одговорот е недвосмислен. Под килтовите на шкотските војници не се крие ништо, затоа што војничките правила строго забрануваат носење на било што друго под килтот. Впрочем, за тоа сведочи и легендарната фотографија од 2004 г., проследена со наслови „Кралицата открива што има под килтот“. Кога во улога на командант на вооружените сили британската кралица се фотографира со добитниците на медали од Ирак, полковникот кој седи веднаш до неа дава очебиен одговор на прашањето со „ненамерно“ подигнување на неговиот килт.
Според едно научно истражување, 69 проценти од неуниформираните килтоносци одговориле дека не носат ништо под килтот. Дали бројката 69 е случајна или не, е прашање на кое треба да даде одговор некое идно истражување за сексуалните афинитети на Шкотите. Како и да е, „Тартаните“ и „килтовите“ сигурно немало да бидат толку популарни во Шкотска, доколку нивното носење не било најстрого забрането од страна на Англичаните во далечната 1746 година. Наместо да го уништи бунтовничкиот национален дух на „Хајлендерите“, и да ги асимилира со „Низинците“, иритирачката забрана само го интензивирала нивното чувство на посебност проследено со гордиот чин на носење на „машките сукњи“. Сепак, килтот станува симбол на националниот (а со време и на сексуалниот идентитет) на сите Шкоти дури во 19 век, особено откако кралицата Викторија почнува да ги облекува своите деца во килтови.
Пред да го му го поставите прашањето „Што носиш под твојот килт?“ на некој „Тартанец“, треба да знаете дека прашањето е родово-чувствително. Според шкотските традиции, ако прашањето го постави некоја девојка, може да ги добие следниве одговори од расположените Шкоти: „Колку ти се топли дланките?“, „Мојата шкотска гордост“, „Кога денот е добар, кармин“ или пак - „Добрите девојки не прашуваат, ама лошите девојки откриваат сами!“ Ако прашањето го постави машко, може да чуе: „Исто како и ти, само поголем“, „Гајди, сакаш да дуваш?“ или „Карминот на сестра ти“.
За жал, Македонците слабо ги познаваат своите вековни традиции. Тоа може да се види и од еден веб-коментар на фамозниот повик на Шеќеринска до Груевски, за време на изборната кампања: „Биди јунак, како што велиш дека си, немој да бегаш од женски фустан“. Еден збунет читател забележува: „Како да има „машки фустан“, па му појаснува да не бега од „женски“.“
Ете колку не си ги познаваме традициите и идентитетот. Набраното здолниште – фустан, од бело ткаено волнено платно, е дел од машката народна носија. Ако не ми верувате мене, прочитајте што велат етнолозите за носиите од Кавадарци и Прилепско: „Карактеристичен облековен елемент на машката летна носија е ткаена волнена скутина украсена со прави, хоризонтални шарки, која се носи само кога се работи во поле“; „Специфичност на носијата од овој регион е употребата на скутина - унечка, како составен дел на машката носија.“ Според една сомнителна прилепска легенда, скутина-унечка почнала да се носи од времето на Крале Марко, кој налутен од неактивноста во војувањата на своите војници, на сите им дал по една скутина, зошто се бореле како жени. Меѓутоа, повеќето од претставите за Александар Велики и за славните војници од неговата фаланга укажуваат дека тие храбро се бореле токму во своите машки фустанчиња.
Така, иако ја добивме битката со Шкотите на фудбалските терени, битката на културен план целосно ја изгубивме. Шкотските килтови, тартани и гајди на градскиот плоштад ни одржаа вистинска лекција како се чува и брани националниот и сексуалниот идентитет. Македонските машки фустани, народни везови и гајди никаде ги немаше да си ги „одмерат“ силите со шкотските.
Да се надеваме дека „Агенцијата за млади и спорт“ ќе ја поправи грешката на нашето гостување во Шкотска, и дека правилно ќе ги воспита навивачите гордо да носат машки мини фустанчиња и да свират на гајда, негувајќи го традиционалниот македонски идентитет. Да се надеваме дека навивачите од „Комити“ и „Фаланга“ исто толку гордо ќе не претстават во земјата на килтовите и гајдите, како што тоа го направија Шкотите во Скопје. Којзнае, можеби и тамошните девојки ќе почнат да се прашуваат „Што носат Македонците под нивните мини фустанчиња?“
во 21:30 4 коментари
Дебата за веронауката
9/15/2008По оддржаната дебата во „Точка“ на тема „Дали воведувањето на веронаука како изборен предмет ќе придонесе за унапредување на човековите права?“, дадов и изјава за BBC на мекедонски. Изјавата е пренесена во текстот „Расправа за веронауката“, каде што можат да се прочитаат изјави и на другите учесници на дебатата.
За време на дебатата се повикував на заклучоците на Европскиот суд за човекови права од пресудата HASAN AND EYLEM ZENGİN v. TURKEY:
„...државата, при исполнувањето на преземените функции во врска со образованието и учењето, мора да се грижи информациите или знаењето вклучени во наставните програми да бидат пренесувани на објективен, критички и плуралистички начин, овозможувајќи им на учениците да развијат критички ум кон религијата (...) во смирена атмосфера лишена од каков било прозелитизам. На државата и е забрането да спроведува цел на индоктринација кој може да се смета како непочитување на религиозните и философските убедувања на родителите.“
Дали нашата веронаука ќе им помогне на учениците да развијат критички ум кон религијата?
Дали веронауката поттикнува прозелитизам (преобратување)?
Дали со веронауката државата спроведува цел на индоктринација?
во 16:12 5 коментари
Непријателска кампања против Грција и ЕУ
Во претходната колумна Ѕвездени ЕУ-патеки предупредив дека не би ме изненадило ако од утре се подзасили отворената кампања против ЕУ. Тоа и се случува, од највисоко ниво: „Груевски: До кога ЕУ ќе ја толерира Грција?“ (А1)
Во сличен стил и Боцевски: „...не смееме да заборавиме дека Р. Македонија, во почетокот кога беше основана како држава, ја виде ЕУ во своето најдобро светло – тоа е Бадинтеровата комисија, што врз основа на реални заклучоци заклучи дека земјата заслужува членство. Но, Р. Македонија веднаш потоа ја виде ЕУ и во своето најлошо светло, кога една мала, европски демократска држава, беше принудена со Лисабонската декларација да го промени своето име.“ (Интервју на вицепремиерот за евроинтеграции Боцевски за Дојче Веле)
Како прво, Бадинтеровата комисија никогаш не заклучила дека земјава заслужува членство во ЕУ! Таа и препорача на Европската комисија да ја признае, притоа истакнувајќи дека употребата на името „Македонија“ не имплицира територијални претензии кон друга држава.
Да потсетиме, тогаш нашиот министер за надворешни работи испраќаше писма уверувајќи ги политичарите на ЕУ дека Македонија ќе се воздржи од каква и да е непријателска пропаганда против соседната земја која е членка на ЕУ. Но, тоа не се случи.
Како второ, врз основа на барањето на „поранешната Југословенска Република Македонија“ да биде признаена како независна држава, во Лисабонската декларација ЕУ „изрази подготвеност да се признае таа република во рамките на постојните граници согласно нивната декларација од 16 декември 1991 год. под име кое што нема да го вклучува терминот Македонија“. Значи, Република Македонија не беше „принудена“ да го промени своето име. И тогаш, а и сега, самата прифати да комуницира со ЕУ и ОН како „поранешната Југословенска Република Македонија“. Никој не не тераше да се осврнуваме кога не нарекуваа така. Да потсетиме, приемот во ОН го прославувавме како „историска победа“. На тоа не потсетува и
Денко Малески: „Значи, тогаш големите сили одлучија. Добро, ќе ги турнеме во ОН и ќе им го залепиме ова привремено име. Нашите политичари напишаа дека ние не се согласуваме, ама го прифативме тоа оти тоа беше едно големо остварување за Македонија - да влезе во една меѓународна организација.“
Во меѓувреме, некои работи се променија, некои останаа исти. И во 1992 г. (пред да не примат во ОН) ЕУ не нарекуваше „поранешната Југословенска Република Македонија“, а така не нарекува и сега!!! Очигледно, и на Боцевски не му пречи кога Оли Рен го именува како заменик премиер на „поранешната Југословенска Република Македонија“. Инаку, зошто не му го каже тоа во лице, на прес конференција, ако има достоинство, интегритет, и „политички р'бет“?
Уште една порака е непроменета од 1992. И сега ни порачуваат да се откажеме од непријателската пропаганда кон нашиот ЕУ сосед. А ние упорно продолжуваме со непријателската кампања против Грција и ЕУ.
Во полза на сопствената штета!
во 05:08 8 коментари
Фали ме усто...
9/12/2008Може им оди економија, ама или не им оди математика, или пак се тапа географија:
Зоран Ставрески: „Македонија според условите за водење бизнис е најдоброрангирана од сите земји во Југоисточна Европа“ (71-во место) (Најдобри во регионот)
Зоран Ставрески: „Бугарија е рангирана подобро од нас, на 45-то место.“ (Најдобри во регионот)
Ако Бугарија е подобро рангирана од нас, како може да сме „најдоброрангирана од сите земји во Југоисточна Европа“? Од кога Бугарија (45), Романија (47) и Словенија (54) не припаѓаат во Југоисточна Европа?
Владата има малку поинаква информација:
„Република Македонија е рангирана подобро скоро од сите земји во регионов - од Албанија (86), Црна Гора (90), Србија (94), Грција (96), Хрватска (106), Црна Гора (90), БиХ (119) и Словенија (54).“ (Македонија 71. на листата Doing business)
Како може да сме подобри од Словенија, кога таа е 54-то место, а ние 71-во? Од кога 71 е подобар пласман од 54?
И кој ќе го објасни парадоксот: како тоа „најдобрата во регионот“, „...има меѓу најмалите економски порасти во регионот“ (Дуинг бизнис со празни џебови)?
во 04:39 5 коментари
Со сила веронаука не бидува
9/11/2008„Ние сме католици, но нашето дете воопшто не се интересира за религија. Се прашувам, од каде знаел и со кое право професорот по веронаука уште на првиот час го посочил моето дете како католик, друго дете како протестант, а другите како православни. Сега сите му велат: „ти си католик, ти си католик...“ како да е тоа престап или дијагноза. Се чувствува обележан, а не знае ни што значи католик, ни протестант ни православен. Детето е истрауматизирано.“ (Дневник, Веронауката ги распнува децата)
Уште пред година и пол, во постот Веронаука за човекови права?, предупредив:
„...верското образование во основните училишта не може да придонесе за изградба на систем на вредности чиј темел се почитувањето на човековите слободи и права, еднаквост, толеранција... Напротив, историјата на религиите покажува дека религиозните догми се извор на нетолеранција, дискриминација, социјално исклучување и непочитување на елементарните разлики.“
Потсетувам и на заклучокот: „Доколку во изготвувањето на програмите за верско образование не бидат вклучени и експерти за човекови права, лесно може да се случи верското образование во основните училишта да придонесе за изградба на систем на вредности чиј темел се непочитувањето на човековите слободи и права, нееднаквост и нетолеранција.“
Уште еднаш се прашувам: кој ќе не' спаси од спасителите што проповедаат дека веронауката ни е единствен спас? (Ајнштајн веронаучник?)
во 02:01 6 коментари
Ѕвездени ЕУ-патеки
9/10/2008Годините си врват, а интеграцијата не ни врви.
Прва година помина, Македонија кандидат остана.
Втора година помина, визи не ни укинаа.
Еве, и трета година помина, а преговори не отпочнаа.
Зошто ли, зошто остана, Македонија неинтегрирана?
Зар влезот наш в ЕУ е сал пуста желба народна?
Да не се залажуваме. Нит Грци ни се виновни нит евроскептици. Остануваме неинтегрирани заради евронаглувите. Македонија не е жртва на евроскептицизмот, туку на евронаглувизмот! Пораките од ЕУ никако да стигнат до нашите уши. Во ретки случаи, ако влезат во едното уво, набргу излегуваат од другото.
Ете, неодамна, оние што имаа уши повторно можеа да чујат, а и да разберат, за нашите сериозни проблеми со политичкиот слух во комуникацијата со Брисел. Оние што имаа уши, можеа да ја чујат изразената загриженост на Оли Рен за нашите неодамнешни политички настани. Оли Рен, небаре капетан на „Ентерпрајс“, со наједноставен јазик ни ги соопшти условите за побрзо интегрирање во „федерацијата“ што му ги повторил на Боцевски: исполнување на добро познатите Копенхашки критериуми, политичка стабилност, правилно функционирање на демократските институции, зајакнување на политичкиот дијалог, создавање услови за идни слободни избори и „натамошни супстанцијални напори“ за исполнување на осумте „репери“. Што се однесува до „реперите“, Оли Рен не' потсети дека се „суштински услови“ за создавање европско општество и дека сме направиле „некаков прогрес во извесни подрачја“, илустрирајќи го со позитивни примери од реформите во правосудството и во полицијата. Исто така, комесарот го поздрави „добриот прогрес“ во однос на условите за либерализирањето на визите, изразувајќи надеж дека тоа ќе стане реалност, откако нашата Влада ќе ги исполни безбедносните услови, за што е потребно вложување „силни напори“.
Меѓутоа, по обраќањето на Боцевски добив впечаток како ушите да му биле под кирија за време на „блиската средба од трет вид“ со комесарот за проширување. Небаре портпарол за време на изборна кампања, Боцевски информираше дека „Македонија ги исполни критериумите за либерализација на визите“, наспроти надежта на комесарот дека уште многу ќе сработиме на тој план. Потоа, тој се пофали дека Македонија исполнила „околу 75 отсто“ од реперите, и дека останатите 25 отсто се во фаза на исполнување. Остана неизвесно: дали нашиот прв „интегративец“ ја чу препораката на комесарот дека се потребни „натамошни супстанцијални напори“ за исполнување на осумте клучни приоритети?
И нашиот премиер почна да се однесува како лидер на изолирана планета на рабовите на цивилизацијата, кој нема слух за (пре)пораките од „федерацијата“. Наместо брзи пруги кон нашата ЕУ-иднина, премиерот продолжува да гради понтонски мостови кон минатото. Во неделата, во улога на кустос на „Музејот на македонската борба и на жртвите на комунизмот“, ја обнароди поразителната „музејска“ вистина дека „не може да се очекува Македонија да добие датум за преговори годинава“. Демек, ноемврискиот извештај на ЕУ немало да зависи од нашето исполнување на „реперите“, туку од тоа како „Баба Рога“ - „Грција ќе ги среди работите во Брисел“. На денот на независноста, во улога на промотор на последното чудо на вмровската технологија - лифтот на „верската атракција“ и „симболот на нашето православно опстојување“ премиерот навести вечен опстанок и развој на нашата библиска земја.
Преку (ре)конструкција на историски и религиозни паметници, премиерот божем промовира култура на „долго паметење“, а всушност се обидува да го замаскира сопственото „кратко паметење“. Да се потсетиме: Уште на почетокот на 2008, Груевски изјавуваше дека не планира предвремени избори и дека е фокусиран на остварувањето на клучните приоритети - поканата за НАТО и преговорите со ЕУ. По македонскиот дебакл во Букурешт, не' убедуваше дека предвремените избори нема да го забават, туку ќе го забрзаат процесот на евроинтеграција. И по изборната победа на катастрофалните избори, на Груевски не му се брзаше да формира влада и да работи на остварување на реперите. Откако летото заврши, штурчето почна да им пее нова песна на мравките: сега не' уверува дека евроинтеграцијата не е пресудна за нашата светла иднина и за неговата вечна „преродба во 100 чекори“. Не би ме изненадило ако од утре ја подзасили отворената кампања против ЕУ преку своите медиумски мегафони, инстант-интелектуалци, пропагандни тинк-тенкови, еднократни невладини организации и вработените во „Препород“- Идризово. Груевски е толку добар глумец што може и да ги убеди луѓето дека е македонскиот Жан-Лук Пикар - чуварот на македонскиот идентитет од наездата на Клингонците и ЕУ-боргите, препознатливи по застрашувачкиот слоган: „Ќе бидете интегрирани. Отпорот е залуден“. Ако вештината на политиката се состои во тоа најголемиот пораз да го претставиш како национална победа, тогаш мора да се признае дека командантот на ѕвездената флота на ВМРО-ДПМНЕ е мошне вешт политичар.
Накусо, ако нашите аспирации кон ЕУ не се само обична сценска глума, тогаш мора да престанеме да испраќаме контрадикторни пораки до „федерацијата“. Со нашето знаме им сигнализираме дека „И Сонцето е ѕвезда“, а со постојаното покажување на грбот како да ги потсетуваме на времето кога „И црвената петокрака беше ѕвезда“.
Трнлив е „најдолгиот пат“ до ЕУ-ѕвездите и тешко се изодува без изграден политички консензус за клучните приоритети. Ако и Сонцето е ѕвезда, тогаш мора конечно и ние да запловиме по ѕвездените ЕУ-патеки. И тоа со „ворп-брзина“!
Прохибиција на „Тајната вечера“?
9/05/2008Од каде пак сега „Амнестија за пивото“?
Зарем пивото не е алкохол?
Какви се овие глупости: „Секаде во светот виното се смета за храна, а не за алкохол, но нормално ако се пие во умерени количества.“
Зарем оние муслимански земји, во кои алкохолот е целосно забранет, не се дел од светот?
Дали со прохибицијата на виното се оневозможува правото на Христијаните да ги следат зборовите на Исус, Евангелие според Јован, глава 6:
„53 Тогаш Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: ако не го јадете телото на Човечкиот Син и не ја пиете Неговата крв, не ќе имате живот во себе.
54 Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има вечен живот; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
55 Зашто Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв - вистинско питие.
56 Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв - останува во Мене и Јас во него.“
Еве го мојот силогизам.
1) Виното е алкохол.
2) Алкохолот е дрога.
3) Библијата ги поттикнува луѓето да се дрогираат.
Ако нашите закони се за забрана на секаква злоупотреба на дрогата, тогаш целосно треба да се забрани поседување и консумирање на алкохол, вклучително и на „Исусовата крв“.
Според Светската здравствена организација, „консумирањето на алкохол носи ризик од штетни здравствени и социјални последици поврзани со неговите својства –интоксицира, токсичен е, и произведува зависност.“
Затоа сум за целосна прохибиција на алкохолот и другите дроги, како што е тутунот.
Сегашната забрана за продажба на алкохол до 19.00 е бесмислена.
Таа може да доведе до зголемување на консумирањето на алкохол во текот на работното време или пак до зголемување на побарувачката на други забранети супстанци, како што се канабисот, екстазито, кокаинот, хероинот.
Со целосната прохибиција на сите дроги ќе се намали дискриминацијата помеѓу оние кои што сега легално се дрогираат со алкохол и никотин и оние што нелегално се дрогираат, а се социјално жигосани и исклучени како „наркомани“.
во 18:22 3 коментари
Веронаука или верско дејствување?
Дали „наставната програма по веронаука не подразбира верско организирање и дејствување“? Еве извадоци од наставните програми. Проценете сами.
Цели на Православна Христијанска Веронаука:
Ученикот/ученичката:
„да се научи правилно да се прекрсти и да го разбере значењето на крстењето“
„да кажува (напише) сопствена благодарна молитва“
„да го доживува радосното искуство на личната молитва и молитвата во заедница“
„да согледа дека научниците се воглавно религиозни луѓе“
Методи и активности:
„Часовите започнуваат со молитвата „Оче наш...“ (за почеток учителот ја кажува молитвата, а во следните часови учениците читаат заедно со него.“
„Часовите завршуваат со песна („Богородице Дево“ или празнична песна од годишниот циклус на празници)“
„Пеење на тропарот на Рождество Христово“
„Икони“
„сликање и боење на велигденски јајца“
„Посета на храмот (по можност на Велики Петок)“
Цели на Исламска веронаука:
Ученикот/ученичката:
„да се воспитува за начинот на одење во џамија, седењето и излегувањето од неа“
„да ги развива комуникативните способности, првин со Алах, а потоа и со сите луѓе“
„да научи како да му се заблагодарува на Алах“
„да ја научи формата на клањање намаз“
„да го научи исламското поздравување – селам“
Методи и активности:
Часовите започнуваат со цитирањето на бесмеле и „раббијессир“
Часот завршува со читање на шехадетот и сурето ихлас бр. 112
„Разговор за начинот на колење на курбани“
„Учат како треба да го изговараат „естагфирулахеладхим““
Цели на Католичка веронаука:
Ученикот/ученичката:
„Да ја објасни важноста на верата во сопствениот живот“
„Да ја согледа убавината и барањата на христијанскиот пат“
„Да каже сопствена молитва и да се објасни што е празноверие“
Методи и активности:
Часовите по веронаука започнуваат секогаш со Господовата молитва „Оче наш...“
Часовите завршуваат со молитвата „Радувај се Маријо“...
Цели на Евангелско-Методистичка Црква Веронаука:
Ученикот/ученичката:
- се поттикнува да ги сфаќа и применува библиските пораки во секојдневниот живот, во семејството, училиштето и општеството
- ги развива духовните и другите комуникативни способности за писмено, усмено, ликовно, музичко, сценско и молитвено изразување
Методи и активности: славење на Бога преку духовни песни со музика
Веронаука - Јудаизам, Активности:
„Презентација на симболи“
„Цртање и изработка на симболите“
„Драматизација на настани од тората“
„Прикажување на алатки за обрежување“
Какви последици можеме да очекуваме од вакви цели, методи, и активности?
Се плашам дека повеќето петтооделенци што ќе изберат веронаука целосно ќе загубат вера во науката.
Да не бидам сфатен погрешно. Немам ништо против веронауката.
Велам да за веронауката, ама не во државните училишта, туку во религиозните храмови или во приватни основни училишта кои, за жал, кај нас не се дозволени.
во 03:09 4 коментари
Ајнштајн веронаучник?
9/03/2008Необични промени се случија во земјата на макот - Македонија. Кога одев на училиште, проповедаа дека религијата е опиум на народот. Сега, комунизмот е опиум на народот, а религијата - лек против злоупотреба на опијати! Но, само доколку родителите го направат вистинскиот избор. За некои црковни пропагандисти, дилемата дали да се одбере веронаука или историја на религиите како изборен предмет е искушение. За други, пак, тоа е избор помеѓу доброто и злото - помеѓу единствениот лек за превенција од дрога и проституција и „отровот за младите“.
Уште пред да почне школската година, проповедниците почнаа да им делат лекции по веронаука на родителите. Еве што проповеда една вероучителка, на трибината за веронаука во Неготино: „Без православна вера и без Црквата, Македонецот е празен Македонец или Македонец на збор, а без содржина и без македонски дух. Затоа на македонската држава и народ, ако им мислиме добро и ако сакаме просперитетна иднина, тогаш, драги Македонци и Македонки, почитувани родители - мајки и татковци, ќе се заложиме нашите деца да учат веронаука во училиштата“.
Признавам, ваквите„аргументи“ме погодија лично,емкако Македонец ем како човек што критички аргументира против воведувањето веронаука во задолжителното образование. Ако не сум православен Македонец, дали тоа значи дека сум празен Македонец? Ако не се залагам децата да учат веронаука во училиштата, дали тогаш не им мислам добро на македонската држава и народ? Дали треба молчешкум да ја прифатам навредата дека сум „Македонец на збор, а без содржина и без македонски дух“, ако укажувам дека е противуставно државата да проповеда православие, а МПЦ да се занимава со државна политика?
Паметам, државата во која се родив се темелеше на идеолошките догми дека без комунистичката партија и без федеративна Југославија нема опстанок на македонскиот народ и на македонската држава. Колку за потсетување - пропаднаа догмите, пропадна комунистичката партија, пропадна и Југославија. Македонскиот народ опстана. Државата во која сега живеам повторно се темели на догми: „Без Македонската црква нема опстанок на народот и на државата“ , проповедаше еден висок архиереј. Се промовира и догмата дека опстојувањето на народот и на државата зависи од воведувањето и изборот на веронауката. Догмите дека без МПЦ и веронаука нема народ и држава создаваат нови расколи помеѓу етничките Македонци: помеѓу оние што се припадници на МПЦ и оние што не се; помеѓу Македонците што се православни верници и оние што се припадници на друга вероисповед; најпосле, помеѓу Македонците што се сметаат за потомци на Александар Македонски и „библиските Македонци“ кои не сакаат да имаат ништо заедничко со античко-македонските пагани. Дали македонскиот народ и овој пат ќе опстане?
Се разбира, прашањево е реторичко, колку да воведеме драмски ефект во колумнава. Македонскиот народ ќе ги издржи и овие расколи, и овие религиозни догматисти што проповедаат „од името на народот“, исто како што ги издржа југо-комунистичките догматисти кои попуваа „од името на народот“.
Ќе ја издржиме и оваа школска година. Порано или подоцна, маските почнуваат да паѓаат. Сега гледаме дека лажеле тие што преку образованието сакаа да проповедаат „Не лажи“. Џабе предлагачите на законот убедуваа дека верското образование „не претставува верско дејствување“. Од МПЦ ни појаснија дека децата ќе ги подготвуваат за верници и за „живот вечен“. Залудно не' уверуваа дека веронаука се воведува за „да се изгради граѓански дух на учениците“ и „космополитски поглед на светот“. Новите вероучители веќе јаваат на националистичкиот коњ и „библиската вистина дека нашава земја Македонија е вратата низ која влезе христијанството и Евангелието во Европа“. Не' уверуваа и дека веронауката ќе промовира „толеранција, граѓанска одговорност, солидарност, правичност, почитување на човековите права...“. Веќе видовме колку новите вероучители се толерантни, граѓански одговорни и правични кон историјата на религијата. Веќе видовме колку го почитуваат човековото право на избор на религија. Црковната пропаганда за избор на веронаука отиде дотаму што и Ајнштајн го прогласија за „веронаучник“. На православниот портал „Премин“ можете да прочитате дека „Ајнштајн е доказот“ дека „меѓу верата и науката нема непремостливи разлики“. Заклучокот е изведен од анегдотата за аргументите на Ајнштајн против аргументите на професорот што сакал да докаже дека верата во бога е само мит. Ваистина, Ајнштајн не бил атеист, туку длабоко религиозен човек. Но, Ајнштајн веројатно би се превртел во гробот ако дознае дека неговиот лик и дело се злоупотребува ем во владините кампањи ем за оправдување на православната веронаука. Барем вероучителите треба да знаат дека Ајнштајн не верувал во богот од библијата, која ја сметал за збирка „примитивни легенди“. Кога во 1929 еден рабин го прашал Ајнштајн дали верува во бог, Ајнштајн му одговорил: „Верувам во богот на Спиноза кој се открива себеси во уредената хармонија на постојното, а не во бог кој е преокупиран со судбините и постапките на луѓето“. Накусо, злоупотребата на ликот на Ајнштајн во кампањата за библиска веронаука е резултат на елементарно непознавање на неговите научни и филозофски гледишта.
Во „безбожниот социјализам“ се прашувавме кој ќе не' чува од чуварите на „придобивките на револуцијата“. Сега се прашуваме кој ќе не' спаси од спасителите што проповедаат дека веронауката ни е единствен спас. Иронија на судбината е што и едните и другите дејствуваа „од името на народот“, доследно спроведувајќи ги народните поговорки: „Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп“, „Сложни калуѓери и во петок мрсат“ и „Врзан поп, мирно село“.
Крстот на Водно – територијален маркер?
9/01/2008во 02:40 3 коментари
Мојот список со блогови
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 3 години
-
Поддршката за СЈО не значи приврзаност кон идоли, туку кон идеали - Држава е збир од институции, а секоја институција е многу повеќе од збирот на поединците што работат во нив. Можеби авторитарните личности на кои им е стра...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 5 години
-
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 13 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 15 години
-
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Архива на блогот
-
▼
2008
(138)
-
▼
септември
(21)
- Словенска (анти)теза
- Со веронаука против сексот
- Играчка-плачка!
- Македонија во ОН
- Амнестија или не?
- „Остваруваме“
- Македонија - повеќекратна личност?
- Православието и сексот
- Оче наш...
- Ем жртви, ем уапсени! Ем уапсени, ем слободни!
- ЕУ - комплетен водич за политичари
- Каде сте „Македончиња“?
- Дебата за веронауката
- Непријателска кампања против Грција и ЕУ
- Фали ме усто...
- Со сила веронаука не бидува
- Ѕвездени ЕУ-патеки
- Прохибиција на „Тајната вечера“?
- Веронаука или верско дејствување?
- Ајнштајн веронаучник?
- Крстот на Водно – територијален маркер?
-
▼
септември
(21)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Демократијата изгуби на конкурс , вклучително и на конкурсот на Министерството за култура. Еве што изјавува еден од одлучувачите: „ Дали...
-
Со статијата ФИРОМ за НАТО , и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“ , нам...
-
Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името: „Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желб...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Демократијата изгуби на конкурс , вклучително и на конкурсот на Министерството за култура. Еве што изјавува еден од одлучувачите: „ Дали...
-
Со статијата ФИРОМ за НАТО , и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“ , нам...
-
Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името: „Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желб...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
Popular Posts this month
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Демократијата изгуби на конкурс , вклучително и на конкурсот на Министерството за култура. Еве што изјавува еден од одлучувачите: „ Дали...
-
Со статијата ФИРОМ за НАТО , и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“ , нам...
-
Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името: „Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желб...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
Popular Posts this week
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Демократијата изгуби на конкурс , вклучително и на конкурсот на Министерството за култура. Еве што изјавува еден од одлучувачите: „ Дали...
-
Со статијата ФИРОМ за НАТО , и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“ , нам...
-
Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името: „Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желб...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...