Православието и сексот

9/22/2008

Еве неколку цитати од еден преведен текст објавен во „Премин“, каде што се објаснува демонската природа на сексот:
„Значи, мораме да кажеме директно и отворено: сексот во сите свои манифестации го лишува човекот од вечниот живот и од Бога.“
„Сексот ја уништува човечката личност, тој ја ослабнува човековата волја, го прави роб на страстите, сличен на кораб на отворено море за време на бура, кој ја загубил контролата и сецело се нашол во власта на брановите. Сексот го разорува човечкиот морал.“
„ Последица на сексот не е раѓање, туку убивање на деца. Поради тоа сексот по својата природа е неприроден и суров. Сексот ја уништува почитта на луѓето едни кон други и кон самите себе. Сексот и развратот го унижуваат човековиот живот до задоволување на мрачните инстинкти кои живеат некаде на дното на потсвеста, притоа вештачки деформирани.“
„Сексот чии пропагатори и заштитници во значителна мерка се книжевноста и уметноста создадени во последните два века, човековиот живот го прават всушност бесмислен, сив и досаден. (...) во сексот кој се култивира, кој се прикажува речиси на сите телевизиски канали и кој се впил како нечистотија во човечкиот живот, нема ништо благородно и радосно, туку напротив има толку многу понижувачко и вулгарно! Тука доаѓа до исклучување на свеста, исто како за време на употреба на дрога и алкохол, а потоа човекот доживува период на внатрешна опустошеност и одвратност кон себеси. И тука, исто како кај алкохоличарите, се појавува зависност од отровот на овој грев и доаѓа до постепена деградација на личноста на духовно и душевно, па дури и на телесно ниво.“
„Телевизорот е непријател кој се прикрал во куќата и кој треба да го исфрлиме со шутирање. (...) оние коишто гледаат соблазнителни телевизиски емисии секојдневно ја нарушуваат заповедта не прави прељуба.“
„Развратот и сексот се посветување на семето на ѓаволот и тоа не е проста слика или символика. Сексот и развратот се атрибути на црната магија, со гревот на развратот се завршуваат празниците на сатанистичките секти. Демоните се собираат на смрдеата на блудот, како гаврани кои слетуваат на трупот. Затоа сексот и развратот се сила која го демонизира светот, тоа е онаа страшна опасност на која сме заборавиле или пред која намерно се затвораат очите за да не се види нејзиниот вистински, одвратен образ.“
Од текстот: НЕ ПРЕЉУБОДЕЈСТВУВАЈ!, Толкување на Седмата Божја заповед: Архимандрит Рафаил (Карелин)

8 коментари:

Анонимен рече...

Очигледно авторот не добивал доволно сексуални задоволства кога сакал... Еден гневен, фрустриран човек.

SaskoM рече...

Seuste se kinam od smeenje, odamna nisto ne me iznasmealo vaka dobro, abe solzi pocnaa da mi tecat, prosti mi (izvini Goce Nikolovski), edvaj go pisuvam komentarov, nikogas ne bi pomislil deka eden arhimandrit bi mi pruzil bilo kakvo humoristicno zadovolstvo!

p.s.
Se nadevam sepak deka nema da zavrsime vo nekakva 'pravoslavna dzamahirija' (ima li ovoj termin smisol?), no vo toj slucaj bi te zamolil na vreme da pristapis kon brisenje na komentarite. ;-)

Дамјан рече...

http://www.lustfilms.com/blogEn/2008/09/20/these-guys/

Дамјан рече...

>>>
За манифестација на блуд Светите Отци ја сметале и смеата и шегите. Смеата ја уништува, и како да ја проголтува човечката срамежливост, шегите наведуваат на дрскост, а дрскоста е, по зборовите на преподобниот ава Агатодор, “силен ветер кој пали, и од кој, кога ќе почне да дува, сите бегаат, и кој ги расипува сите плодови на дрвјата”, однос но секое добро во душата.
<<<

GoodBytes рече...

Да ти ги сексам верите кои не' оддалечуваат од Бога!!!

:-)

Ал рече...

Аууу фундаментализам....
во 2008ма. Еј!

Unknown рече...

Децата треба да ги научиме дека „гревот на блудот е многустран и разновиден“ и дека „блудот е најтежок грев по убиството“. Сексуалното образование проповеда блуд. Борбата против сексуалното образование е борба против блудот. Веронауката ќе ги научи децата дека „Желбата во срцето против која човекот не се бори, веќе претставува блуд.“ Оти, „во Новиот Завет Господ бара целомудреност не само во постапките, туку и во мислите: оној кој гледа со желба веќе прави прељуба (Мат. 5, 28)“.

Анонимен рече...

Шaријат законикот со полна пареа се спроведува.
И не им замерам на ова свештениве лица попалени по новиот дефискализиран пазар кој им се отворил туку најболно ми е тоа што вака навидум нормални луѓе, водители на емисии, новинари, граѓани со семејства, гледаат како маѓепсани во овие возвишени биќа и само климаат со клава.
би кажала дека сосема е нормално и да се отвори и Church tv кај нас и се’ што иде со тоа, но да луѓево(толпата) има некаква дистанца..

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week