Ајнштајн веронаучник?

9/03/2008

Необични промени се случија во земјата на макот - Македонија. Кога одев на училиште, проповедаа дека религијата е опиум на народот. Сега, комунизмот е опиум на народот, а религијата - лек против злоупотреба на опијати! Но, само доколку родителите го направат вистинскиот избор. За некои црковни пропагандисти, дилемата дали да се одбере веронаука или историја на религиите како изборен предмет е искушение. За други, пак, тоа е избор помеѓу доброто и злото - помеѓу единствениот лек за превенција од дрога и проституција и „отровот за младите“.
Уште пред да почне школската година, проповедниците почнаа да им делат лекции по веронаука на родителите. Еве што проповеда една вероучителка, на трибината за веронаука во Неготино: „Без православна вера и без Црквата, Македонецот е празен Македонец или Македонец на збор, а без содржина и без македонски дух. Затоа на македонската држава и народ, ако им мислиме добро и ако сакаме просперитетна иднина, тогаш, драги Македонци и Македонки, почитувани родители - мајки и татковци, ќе се заложиме нашите деца да учат веронаука во училиштата“.
Признавам, ваквите„аргументи“ме погодија лично,емкако Македонец ем како човек што критички аргументира против воведувањето веронаука во задолжителното образование. Ако не сум православен Македонец, дали тоа значи дека сум празен Македонец? Ако не се залагам децата да учат веронаука во училиштата, дали тогаш не им мислам добро на македонската држава и народ? Дали треба молчешкум да ја прифатам навредата дека сум „Македонец на збор, а без содржина и без македонски дух“, ако укажувам дека е противуставно државата да проповеда православие, а МПЦ да се занимава со државна политика?
Паметам, државата во која се родив се темелеше на идеолошките догми дека без комунистичката партија и без федеративна Југославија нема опстанок на македонскиот народ и на македонската држава. Колку за потсетување - пропаднаа догмите, пропадна комунистичката партија, пропадна и Југославија. Македонскиот народ опстана. Државата во која сега живеам повторно се темели на догми: „Без Македонската црква нема опстанок на народот и на државата“ , проповедаше еден висок архиереј. Се промовира и догмата дека опстојувањето на народот и на државата зависи од воведувањето и изборот на веронауката. Догмите дека без МПЦ и веронаука нема народ и држава создаваат нови расколи помеѓу етничките Македонци: помеѓу оние што се припадници на МПЦ и оние што не се; помеѓу Македонците што се православни верници и оние што се припадници на друга вероисповед; најпосле, помеѓу Македонците што се сметаат за потомци на Александар Македонски и „библиските Македонци“ кои не сакаат да имаат ништо заедничко со античко-македонските пагани. Дали македонскиот народ и овој пат ќе опстане?
Се разбира, прашањево е реторичко, колку да воведеме драмски ефект во колумнава. Македонскиот народ ќе ги издржи и овие расколи, и овие религиозни догматисти што проповедаат „од името на народот“, исто како што ги издржа југо-комунистичките догматисти кои попуваа „од името на народот“.
Ќе ја издржиме и оваа школска година. Порано или подоцна, маските почнуваат да паѓаат. Сега гледаме дека лажеле тие што преку образованието сакаа да проповедаат „Не лажи“. Џабе предлагачите на законот убедуваа дека верското образование „не претставува верско дејствување“. Од МПЦ ни појаснија дека децата ќе ги подготвуваат за верници и за „живот вечен“. Залудно не' уверуваа дека веронаука се воведува за „да се изгради граѓански дух на учениците“ и „космополитски поглед на светот“. Новите вероучители веќе јаваат на националистичкиот коњ и „библиската вистина дека нашава земја Македонија е вратата низ која влезе христијанството и Евангелието во Европа“. Не' уверуваа и дека веронауката ќе промовира „толеранција, граѓанска одговорност, солидарност, правичност, почитување на човековите права...“. Веќе видовме колку новите вероучители се толерантни, граѓански одговорни и правични кон историјата на религијата. Веќе видовме колку го почитуваат човековото право на избор на религија. Црковната пропаганда за избор на веронаука отиде дотаму што и Ајнштајн го прогласија за „веронаучник“. На православниот портал „Премин“ можете да прочитате дека „Ајнштајн е доказот“ дека „меѓу верата и науката нема непремостливи разлики“. Заклучокот е изведен од анегдотата за аргументите на Ајнштајн против аргументите на професорот што сакал да докаже дека верата во бога е само мит. Ваистина, Ајнштајн не бил атеист, туку длабоко религиозен човек. Но, Ајнштајн веројатно би се превртел во гробот ако дознае дека неговиот лик и дело се злоупотребува ем во владините кампањи ем за оправдување на православната веронаука. Барем вероучителите треба да знаат дека Ајнштајн не верувал во богот од библијата, која ја сметал за збирка „примитивни легенди“. Кога во 1929 еден рабин го прашал Ајнштајн дали верува во бог, Ајнштајн му одговорил: „Верувам во богот на Спиноза кој се открива себеси во уредената хармонија на постојното, а не во бог кој е преокупиран со судбините и постапките на луѓето“. Накусо, злоупотребата на ликот на Ајнштајн во кампањата за библиска веронаука е резултат на елементарно непознавање на неговите научни и филозофски гледишта.
Во „безбожниот социјализам“ се прашувавме кој ќе не' чува од чуварите на „придобивките на револуцијата“. Сега се прашуваме кој ќе не' спаси од спасителите што проповедаат дека веронауката ни е единствен спас. Иронија на судбината е што и едните и другите дејствуваа „од името на народот“, доследно спроведувајќи ги народните поговорки: „Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп“, „Сложни калуѓери и во петок мрсат“ и „Врзан поп, мирно село“.

13 коментари:

Unknown рече...

Ајнштајн ќе да бил атеист:

The word god is for me nothing more than the expression and product of human weaknesses, the Bible a collection of honourable, but still primitive legends which are nevertheless pretty childish. No interpretation no matter how subtle can (for me) change this.
http://www.guardian.co.uk/science/2008/may/12/peopleinscience.religion

Анонимен рече...

Пък аз бях чел, че Айнщайн е дълбоко вярващ. И когато го питали, защо се занимава с физика, той отговорил: Защото искам да знам дали Бог е имал избор

Добре е да има вероучение в училище, но това трябва да бъде свободно-избираема дисциплина и в никой случай да не е задължителен предмет.

Като цяло си прав обаче – фундаментализмът никого не е докарал до добро

Unknown рече...

Гоце, тоа што Ајнштајн не верувал во библискиот бог, не значи и дека бил атеист. Несомнено, Ајнштајн бил религиозен, како што изјавува и во неговиот есеј "The World As I See It":
"The most beautiful experience we can have is the mysterious. It is the fundamental emotion that stands at the cradle of true art and true science. Whoever does not know it and can no longer wonder, no longer marvel, is as good as dead, and his eyes are dimmed. It was the experience of mystery -- even if mixed with fear -- that engendered religion. A knowledge of the existence of something we cannot penetrate, our perceptions of the profoundest reason and the most radiant beauty, which only in their most primitive forms are accessible to our minds: it is this knowledge and this emotion that constitute true religiosity. In this sense, and only this sense, I am a deeply religious man...“
Стојчо, веронауката не е задолжителен предмет, ама слободниот избор на алтернативата е сериозно доведен под прашање.

Анонимен рече...

„веронауката не е задолжителен предмет, ама слободниот избор на алтернативата е сериозно доведен под прашање.“

Това вече си е проблем, така е. Защото ако вероучението е задължителен предмет ще бъде скучен и досаден точно, както на времето беше дисциплината „Обществознание“ и „Морал и право“ в българските училища – пълен ужас и безумие, в което се разсъждаваше на морала, според Маркс и постулатите на класиците на марксизма.

С вероучението не бива да е така – трябва да е свободно, така както и самата вяра (или атеизмът) са свободно избираеми от всеки човек.

Unknown рече...

Нема што да се зборува повеќе ОВА Е ПОПУЛИЗАМ. ВЕРОНАУКА бРЕ БРЕ... ДАЛИ ПРАШАЛЕ КАКО СЕ ПОДГОТВЕНИ ОБРАЗОВНИТЕ ПРОГРАМИ (посебно ИНФОРМАТИКА) и КОЛКУ Е ПОДГОТВЕН ПОСТОЈНИОТ КАДАР НАМЕСТО ВЕРОНАУКА.
ШТО ЌЕ СИ ПОСАДИМЕ ТОА ЌЕ ЖНЕЕЕМЕ.
поздрав

Анонимен рече...

Џабе коментари.Рајата нив не ги чита.И ако ги прочита, само ќе се изнервира. "Обновата" продолжува со несмалено темпо.Само кога ќе се соберат последиците од овие "благочестиви и богупријатни" потези и тивкиот граѓански терор, кој патем станува се погласен, е тогаш . . .биќе журке!

Анонимен рече...

НО!

Ако закачиме два електромагнети на Ајнштајн можеме да добиеме гага струја!

Така ем витезот сит, ем ламјите на број :)

- uber.blog.com.mk

Анонимен рече...

Znaes sto? Ako vo nekoe prethodno vreme nemalo izbor/alternativa da se posetuva veronauka, sega se nema izbopr/alternativa da ne se posetuva. Posle nekoe vreme, se nadevam deka ke se postigne balans so toa sto ke se ima izbor/alternativa. Se nadevam deka ke e taka!
Od druga strana poglednato, ako religijata e taa koja silno go drzi narodot, sekade vo svetot, togas zosto informiranjeto za site niv da ne se smeta i za pozitivno?
Ne sum nikako za fundamentalizam! :-(

Unknown рече...

Мислам дека прилично треба да се помачи човек за да докаже дека „религијата е таа која силно го држи народот, секаде во светот“.
Македонскиот народ не беше опседнат со религија во времето на социјализмот, и не беа загрозени ниту неговото единство, ниту неговиот опстанок. Тезата дека без религија нема народ е погрешна, како и тезата дека без идеологија нема народ.
Токму ваквите тези создаваат разединување.
Можат да се наведат бројни примери, секаде во светот, на единствени народи и нации со припадници на различни религии.

Анонимен рече...

Кога одев на училиште, проповедаа дека религијата е опиум на народот. Сега, комунизмот е опиум на народот, а религијата - лек против злоупотреба на опијати!
haaa антологиско, бравурозно... туку што се однесува за „празниот Македонец„, можеби ќе ја нарушам етиката на етнографијата, ама баш би сакала да објавам дел од она што ни* го кажа (и не само таа, практично сите во реканскиот регион, каде што живеат и муслимани и православни Македонци) една жена, Македонка - Муслиманка, која е омажена со Македонец-Православен... од Ростуше, село каде што џамијата и црквата се бек-ту-бек, а Муслиманите и Православните не живеат едните на едниот дел од ритчето, другите - на другиот... Воглавно, гостопримството беше невидено, а пораката иста - кажете им дека сме и ние Македонци!

Анонимен рече...

Околу Ајштајн, како што самиот има изјавено, неговата позиција најдобро може да се опише со агностик.

"My position concerning God is that of an agnostic. I am convinced that a vivid consciousness of the primary importance of moral principles for the betterment and ennoblement of life does not need the idea of a law-giver, especially a law-giver who works on the basis of reward and punishment."

Но, ова е цитат од неговите јавни zjavi. Ако се земат предвид околностите во периодот, прашање е дали неговиот јавен имиџ и поддршка на неговите истражувања ќе била на нивото на кои биле, доколку јавно истапел со блатантно анти божји тези?! На ова наведуваат неколку негови искази во приватни писма - многу поразлични од јавните:

"From the viewpoint of a Jesuit priest I am, of course, and have always been an atheist.... I have repeatedly said that in my opinion the idea of a personal God is a childlike one. You may call me an agnostic, but I do not share the crusading spirit of the professional atheist whose fervor is mostly due to a painful act of liberation from the fetters of religious indoctrination received in youth. I prefer an attitude of humility corresponding to the weakness of our intellectual understanding of nature and of our being."

Значи не е атеист, само зашто наместо да се бори против идејата, тој едноставно го прифаќа интелектуалниот недостаток од капацитет кај некои.

Значи во принцип, човекот бил многу пофин во искажувањето на несогласувањето со оние кои веруваат :)

Анонимен рече...

http://jovansblog.dobroutro.com/opsto/mythbusted/

Unknown рече...

Еве уште еден цитат од Ајнштајн кој можете да го пронајдете ако притиснете на линковите што ги предлага Јован Раскрстител (со митови):
„It was, of course, a lie what you read about my religious convictions, a lie which is being systematically repeated. I do not believe in a personal God and I have never denied this but have expressed it clearly. If something is in me which can be called religious then it is the unbounded admiration for the structure of the world so far as our science can reveal it.“

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week